Новиот министер за правда Јетон Шасивари влезе во полемика со лидерот на Левица Димитар Апасаиев откако тој го искритикува дека како министер се сренал со претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и со тоа ја сведува во прашање независноста на двете институции. Според Апасаиев, не е ни уставно, ни законски, ни етички министерот и претседателот на Уставниот суд да се среќаваат ниту јавно, ниту приватно. Шасивари пак, му одговори дека ...

По реакцијата на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија за неинтонирањето на албанската химна на вчерашниот фолклорен фестивал во Пустец, каде што присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, со објава преку социјалната мрежа „X“ се огласи премиерот на Република Албанија, Еди Рама. Според Рама, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, побарал да се изведе и албанската химна, но бил игнориран, по што се извинил за грешката ...

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во Австралија на осум години затвор откако се изјасни за виновна за убиство од небрежност на 85-годишната сосетка Лолин Вајтхенд, пренесува Еј-еј-пи њуз. Овој случај е од јули 2024 година во Мелбурн. Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Телото било пронајдено два дена подоцна од рибар. По смртта на сосетката, Богојевска од нејзиниот ...

Партијата на пензионерите во Хрватска предупреди дека сиромаштијата на возрасните лица систематски се турка надвор од фокусот додека партиите се занимаваат со работи и борба за власт, и побара итни промени во пензискиот систем и посилни мерки против сиромаштијата, наведувајќи го фактот дека еден од пет Хрвати е „официјално сиромашен“, објави Пословни. Во соопштение за медиумите, од партијата велат дека не сакаат да ја намалат одговорноста на ...

Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово ја освои главната награда (Гран при) на меѓународниот хорски фестивал „Свети Стефан“, кој се одржа од 15 до 19 август во црногорскиот град Будва. Хорот, со кој раководи истакнатата хорска диригентка Јасмина Ѓорѓеска-Каро, постои неполна година, а ова му е второ признание, по освоената прва награда на меѓународниот фестивал „Астибо“ во Штип годинава. Во Будва, во конкуренција со седум други хорови, ...

Русија издаде меѓународна потерница по Конор Кенеди, 32-годишниот син на американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот и поранешен партнер на пејачката Тејлор Свифт. Кенеди е ставен на списокот на барани лица поради обвинувања дека учествувал во војната во Украина на страната на украинските сили. View this post on Instagram A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani) Кенеди, кој немал претходно воено искуство, ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче побара од премиерот Христијан Мицкоски да им се извини на семејствата на 14-те загинати во пожарот во модуларната болница во Тетово, откако сега како што рече, јавното обвинителство ја кажало вистината. „Сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Мене не мора да ми се извинат, јас тоа од нив не го барам. Многу добро знам со какви луѓе си имам работа. Криминалната група и Христијан Мицкоски да ...

Откако онколошки пациенти реагираа дека со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање од кое зависи процената дали нивната терапија делува и како треба да продолжи лекувањето, министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека од денеска скенерот проработел и се закажани девет снимања. Без функционален ПЕТ-скенер, онколошките пациентите мораа да бараа решение во странство или во приватните болници, каде што едно снимање чини ...

Црвена звезда на најдобар можен начин ја започна новата ера под водство на Алберт Риера. Српскиот шампион ја совлада Викторија Плзен со убедливи 3:0 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на Европа и си создаде огромна предност пред реваншот. По болниот елиминациски удар од Хапоел Бер Шева во квалификациите за Лигата на шампионите, на „Маракана“ беше потребна реакција. Риера успеа да донесе свежа енергија во соблекувалната, да ...

Младинскиот македонски репрезентативец Михаил Талевски кариерата ја продолжува во Босна и Херцеговина, откако потпиша едногодишен договор со новиот прволигаш БСК Бања Лука. Дваесет и двегодишниот напаѓач денеска може да дебитира за новиот клуб на гостувањето кај Сараево. Талевски минатата сезона остави силен впечаток во дресот на Вардар, особено со двата гола во финалето на Купот на Македонија против Струга Трим Љум. „Потпишав на една година ...

Елвис Мекиќ, постариот брат на пејачот Елвир Мекиќ, кој ненадејно почина на 18 август на 45-годишна возраст, не беше дел од естрадата како неговиот брат, но од неговите објави на социјалните мрежи може да се види дека бил посветен на семејството, работата и промоцијата на Македонија и македонските производи во странство. На неговиот профил на Фејсбук може да се најдат бројни фотографии со членовите на семејството. Во октомври 2022 година ...

Пензионерите се во очекување на новото зголемување на пензиите што според Законот за пензиско и инвалидско осигурување им следува со септемвриската пензија. Многумина очекуваат продолжување на „линеарката“ од 1.000 денари, но бранот на линеарни зголемувања беше со цел да се зголемат минималните пензии што беа многу ниски и засега нема најава дека ќе има ново такво зголемување надвор од законското решение. Според законот, пак, сите видови ...

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира зошто покрај македонската не е изведена и албанската химна на вчерашниот фолклорен настан во Пустец – „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. Во соопштението за медиумите, Министерството вели дека иако настанот бил организиран од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери му ...

Роналдињо повторно е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност. Бразилската легенда пристигна во Равена, каде што ќе биде дел од амбициозен проект на клубот од Серија Ц. На 46-годишна возраст, по пауза од повеќе од десет години од официјалниот фудбал, поранешниот освојувач на „Златната топка“ повторно се врати во Италија. Тој беше пречекан на аеродромот во Форли, а потоа се упати кон Равена за официјалното претставување. ...

Јунската просечна нето-плата изнесува 48.381 денари, објави Државниот завод за статистика. Но, во мај таа изнесуваше 49.544 денари, што значи дека се намалила за 1.163 денари, или за 2,3 проценти на месечно ниво. На годишно ниво, статистичарите пресметаа раст од 6,4 проценти во однос на ланскиот јуни. Статистичарите го пресметуваат и влијанието на инфлацијата врз платите и даваат стапки за реален раст, односно пад на платите. На месечно ...

Меѓународните новинарски организации денеска изразија загриженост поради, како што наведоа, спиралата на насилство врз новинарите во Србија, која се засили во изминатите неколку недели, предупредувајќи дека заканите кон новинарите и нивните семејства речиси целосно остануваат неказнети. Во заедничкото соопштение, седумте организации наведуваат дека по нивната меѓународна мисија во Белград во март, сè почести се смртните закани преку ...

Лијам Делап би можел да го напушти Челси само една година по трансферот од Ипсвич, откако за неговиот потпис се појави сериозен интерес од неколку премиерлигаши. Нотингем Форест и Лидс Јунајтед се меѓу клубовите кои сакаат да го ангажираат 23-годишниот напаѓач, додека интересот на Евертон за него исто така останува актуелен. Форест во моментов се споменува како фаворит за неговиот потпис. Челси за Делап бара околу 50 милиони фунти, но ...

Фолк-пејачот Ефто Пупиноски повторно искритикува на Фејсбук во врска со одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, откако претходно реагираше на изборот на пејачи во музичкиот караван „Силно светнал ден“. Овојпат Пупиноски се наврати 35 години наназад и потсети дека пеел на скопскиот плоштад во времето на осамостојувањето на Македонија. Тој направи споредба меѓу тогашното време и денешните прослави, тврдејќи дека настапил ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со Џи-пи-ес уреди и се следат преку современ мониторинг-центар, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Системот, како што вели, овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршрута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. – Дополнително, преку специјални сонди се ...

Регистрирана е првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, што е прв случај, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој рече дека се регистрирани и први случаи на заболени во скопските општини Центар и Чаир. Досега во државата се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е ...

На денешен ден, 21 август, во 1923 година е родена Оливера Вера Јоциќ – народна хероина, партизанка и една од младите жени кои оставија силна трага во Народноослободителната борба. Нејзиниот живот заврши трагично на само 20 години, но споменот за неа живее во македонската поезија, пред сè преку стиховите на Ацо Шопов. Вера потекнувала од семејство кое се преселило од Србија во Македонија. Нејзиниот татко Младен Јоциќ бил музички надарен и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека сака да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун подоцна годинава. Но, неговата иницијатива наиде на студен одговор од Пјонгјанг, што укажува дека Северна Кореја ќе постави тешки услови за одржување на средбата, и покрај „одличниот однос“ меѓу двајцата лидери, пишува „Ројтерс“. Претходно неделава, Трамп ненадејно го намали обемот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, ...

Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, да се затвори предметот за набавката на модуларните болници, а најостри критики имаше за шефот на Обвинителството, Ислам Абази за кого рече дека постапува по наредби на претходната власт. – Треба јавноста да знае дека ова е процес кој трае веќе пет години и кој во изминативе години околу себе мобилизираше различни ...

Џејмс Харден останува во Кливленд, откако со Кавалирс договори нов тригодишен договор вреден 97 милиони долари, пренесува Шамс Шаранија. Новиот договор вклучува опција на играчот за сезоната 2028/29, како и бонус во случај на размена, а Харден со неговото потпишување ќе обезбеди место во одбраното друштво на НБА-великаните. Заработката на 11-кратниот Ол-стар играч во кариерата ќе достигне 511 милиони долари, со што ќе стане само четвртиот ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) упати повик до сопствениците и операторите на дронови соодветно да ги користат за време додека полицијата има зголемен ангажман на хеликоптерите и гасењето на пожарите. „Поради природата и итноста на задачите, местото, времето и маршрутата на движење на полициските хеликоптери не секогаш можат однапред да бидат предвидени, особено при интервенции поврзани со пожари и други итни настани“, соопштуваат ...

Хрватска ги укинува наплатните куќички, кревањето на рампите и долготрајните чекања на автопатиштата низ државата. Наместо да запираат на патарините, возилата ќе возат преку систем со слободен проток, додека патарината ќе се пресметува електронски, пишува Пословни. За оние кои веќе користат ETC уред, нема да мора да го менуваат начинот на кој го користат системот само затоа што се укинуваат патарините. Новиот систем ќе се базира на ...

По тешката ноќ со пожарите во Прилепско, утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој ги поздрави прилепските пожарникари кои како што рече со контра пожар успеале да го прекинат огнот и не му дозволиле да го загрози селото Подмоље. „Пожарната линија која беше видлива од регионалниот пат Прилеп Битола е целосно изгасната, активен е само уште еден крак ...

Ладен туш за македонското високо образовение се случи деновиве откако беше објавено новото Академско рангирање на светските универзитети (ARWU). Репризно, ниту еден универзитет од Македонија не се најде меѓу најдобрите 1.000 високообразовни институции во светот на Шангајската листа за 2026 година, што повторно отвора прашања за тоа какво е студирањето на младите, кои се критериумите што нè оддалечуваат од повисоко рангирање, но и дали се ...

Четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига носи интересна програма, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди и арбитрите за сите пет натпревари. Колото ќе се игра во петок, сабота и понеделник, додека недела е резервирана без прволигашки фудбал. Фудбалскиот викенд започнува денеска со два натпревари. На теренот на ФФМ, од 17 часот, Скопје ќе го пречека Тиквеш, а главен судија ќе биде Фуркан Идризи. Два часа подоцна, во Штип, ...

Кражбата на „Мона Лиза“ е позната како „уметнички грабеж на векот“, но самиот грабеж бил прилично едноставен. Во вечерните часови во недела, 20 август 1911 година, низок маж со мустаќи влегол во музејот „Лувр“ во Париз и се упатил кон Салон Каре (Salon Carré), каде што сликата на Леонардо да Винчи била изложена заедно со неколку други ремек-дела. Обезбедувањето во музејот било слабо, па човекот лесно успеал да се скрие во еден магацински ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76