Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Џорџ Расел стигна до победата на спринтерската трка на патеката Зандворт, во рамките на Големата награда на Холандија во Формула 1. Возачот на Мерцедес немаше поголеми проблеми на патот до триумфот и прв ја мина целта, оставајќи го зад себе Шарл Леклер од Ферари. На третото место заврши актуелниот светски шампион Ландо Норис со Мекларен. Лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, го освои четвртото место, додека во најдобрите десет се ...
Работењето на далечина сè повеќе го менува начинот на кој луѓето го избираат местото за живеење. За оние кои можат да работат од каде било, канцеларијата денес може да биде стан во друг град, кафуле покрај езеро или место на море – сè додека има добар интернет и услови за работа, пишува „Еуроњуз“. Токму затоа, европските земји сè повеќе се натпреваруваат за дигиталните номади, нудејќи им комбинација од прифатливи трошоци за живот, добра ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 344, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-23.8.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Елена Чемерска, авторка на документарниот филм „Руини“, чија македонска премиера ќе се случи на „МакеДокс“: Мотивот дојде од исклучително длабоко место – разговор со Билјана Туторов, која заедно со Петар Гломазиќ е авторка на ...
Тикток се согласи да плати 400 милиони долари на САД за да стави крај на тужбата во која се тврди дека неговата платформа ја прекршила приватноста на децата, што претставува една од најголемите правни спорови досега за ова прашање. Договорот произлегува од тужбата од 2024 година поднесена од Министерството за правда под поранешниот претседател Џо Бајден, во која се тврди дека Тикток и неговата матична компанија „ByteDance“ собирале „големи ...
Ирска е во шок по трагичната сообраќајна несреќа во која пет тинејџери загинале додека се снимале себеси како возат во спротивна насока на автопат. Несреќата повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на Тикток и други социјални мрежи, но и за одговорноста на полицијата, судството и технолошките компании, пишува „Гардијан“. Во раните утрински часови на 16 август, група млади мажи провалиле во домови и ...
Џејми Карагер по натпреварот меѓу Арсенал и Ковентри (3-0) не штедеше пофалби за својот поранешен соиграч Френк Лампард кој минатата сезона го освои Чемпионшип и обезбеди место на овој тим во елитното друштво. Ковентри вчера не можеше да се спротистива на актуелниот шампион кој доминираше од почетокот до крајот на средбата, сепак Карагер верува во Лампард. „Тоа е ролеркостер, без разлика дали сте играч или менаџер. Освен ако не сте елита и ...
Поранешниот британски рагби играч, Даниел (Дени) Кипријани (38), е постојано под лупа на јавноста, но не поради неговите спортски успеси, туку поради бурниот приватен живот, кој редовно ги полни медиумските рубрики. Овој пат станува збор за неговата нова венчавка со девојката, холивудската актерка АнаЛин Мекорд позната од серијата „Беверли Хилс 90210“, со која беше во врска додека се разведуваше од поранешната сопруга, а во меѓувреме раскинаа ...
Зад планирањето на прославите што ги одбележуваат нашите важни животни моменти, стојат многу детали, креативност и љубов кон она што се создава. Рачно изработените декорации секогаш внесуваат посебна магија на роденденските забави, семејните прослави и сите оние моменти што сакаме да ги паметиме. Александра Радеска Јосимовска, мајка на две деца, поттикната од љубовта кон креативната работа и желбата да создава нешто што ќе донесе насмевка ...
Полицијата во Хрватска ја пријавила како исчезната Бојана Пешевска (33), родена во Штип, жена која минатата година била обвинета за фалсификување документи, потврдување на лажна содржина и непријавување кривично дело поврзано со бруталното убиство на маж од Зеница во Карловац, објави Индекс.хр. Според податоците објавени на страницата Nestali.hr, Пешевска исчезнала на 17 август, а според досегашните информации, со себе го зела и своето ...
Ненадејната смрт на актерката Хејден Панетиер на само 36 години, го отвори прашањето за судбината на нејзиниот имот. Панетиер не беше мажена, а зад себе ја остави 11-годишната ќерка Каја. Девојчето живее во Европа со својот татко и поранешен свршеник на актерката, Владимир Кличко, кој има старателство над неа. Бидејќи не е познато дали Панетиер составила тестамент или основала фондација, неизвесно е кој ќе го наследи нејзиниот имот и ...
Дитмир Хоџа го направи големиот чекор во кариерата и потпиша тригодишен договор со Лидс јунајтед. Младиот македонски напаѓач во првото интервју за клупската веб-страница ги спомена и Езѓан Алиоски кој исто така во еден период беше дел од славниот англиски клуб. „Да, го сакав Алиоски! Тој беше многу страствен и вреден играч“, изјави Хоџа. Доколку во иднина успее да се избори за место во првиот тим, 18-годишниот напаѓач би можел да стане ...
Две туристки што деновиве престојуваат во Охрид беа изненадени од цената што ја платиле за кратко возење со чамец од градското пристаниште до црквата „Св. Јован Канео“. За превозот во еден правец им биле наплатени по 600 денари, односно вкупно 1.200 денари за двете. Како што раскажуваат за „Слободен печат“, станува збор за релативно кратка релација, па цената особено ги изненадила кога ја споредиле со цените за други туристички тури со брод ...
Жителите на неколку скопски приградски населби и села денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа. Најдолгиот прекин, до седум часа, ќе ги опфати Огњанци, Чојлија, Бадар, Кожле и Катлановско Блаце, како и делови од Петровец. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, без струја ќе се остане од 07:55 до 14:55 часот. Прекинот ќе ги опфати и локалниот водовод во Кожле, објектите кај фазанеријата ...
Џорџ Расел ќе стартува од првата позиција во спринт-трката за Големата награда на Холандија, откако беше најбрз во возбудливата завршница на квалификациите. Возачот на Мерцедес дојде до пол-позицијата со време од 1:11,567, оставајќи го Ландо Норис зад себе за само 41 илјадитинка. Британецот извозе речиси совршен последен круг и го искористи моментот кога ривалите се обидуваа да ги пронајдат последните стотинки. Норис мораше да се задоволи со ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 17-то издание беше отворен на 20 август во Куршумли ан со традиционалниот поздрав со кромид в рака од екипата кон публиката, која објектот Куршумли ан го исполни до последно место. Пред почетокот на филмската програма се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков во име на целата екипа на „МакеДокс“. – Од 20 до 27 август повторно сме заедно под мотото „Само сонот е стварност“. Можеби ...
Почина Бери Мичел, поранешниот басист на легендарната група „Квин“. Оваа тажна вест прв ја соопшти Грег Брукс, официјалниот архивар на бендот, преку објава на Фејсбук. Мичел влезе во историјата како втор басист на „Квин“, наследувајќи го Мајк Гроуз, пишува „Дејли мејл“. Тој одржа 13 концерти со бендот во периодот меѓу август 1970 и јануари 1971 година, по што го напушти составот. По неговото заминување, позицијата накратко ја презеде Даг ...
Полицијата синоќа спровела засилена сообраќајна контрола во Скопје, а фокус биле мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. За само седум часа биле казнети 262 возачи. Контролата ја спровеле Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, во периодот од 18 до 01 часот. Од вкупниот број санкции, 102 мерки биле изречени на возачи на мопеди и мотоцикли. Најголем број од нив, односно 93 ...
Голманот на Стоук, Виктор Јохансон, се надева дека неговиот тим сезонава ќе стане шампион на Чемпионшип и дека следната сезона ќе игра во Премиер лигата, а на навивачите им вети дека тој ќе го плати пивото доколку тоа навистина се случи. Пред две години, Виктор Јохансон им купи 600 големи кригли пиво на навивачите на Ротерам, како благодарност за поддршката што му ја дадоа во тежок период. Сега доколку се остварат неговите сегашни желби, ...
При силно сончево зрачење ниту кремата со заштитен фактор не е доволна ако предолго останете на сонце. А кога кожата ќе изгори, најважно е да ја разладите, наместо да посегнувате по домашни „лекови“, пишува „Н1“. Летото носи долги денови на плажа, покрај базен или во природа, но предолгото изложување на сонце може да заврши со болни и непријатни изгореници. Особено при многу висок индекс на ултравиолетово зрачење, ризикот значително се ...
Поради високите летни температури, денеска е воведено превентивно ограничување на брзината во железничкиот сообраќај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје. Железничкиот сообраќај се одвива редовно, но во периодот од 11 до 17 часот брзината на возовите е ограничена на најмногу 50 километри на час. Мерката е воведена со цел да се спречат деформации на пругата и евентуални инциденти поради екстремните температури. ...
Голема потрага вечерва е во тек по мал авион кој се урнал на планината Велебит во Хрватска, а во него, според неофицијални информации, се наоѓале двајца луѓе, јавуваат хрватските медиуми. Несреќата била пријавена откако Хрватската контрола на летање го изгубила сигналот од авионот. Дирекцијата за цивилна заштита при хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 16:14 часот бил изгубен сигналот од мал авион кој летал од Чешка ...
Кристијано Роналдо се врати на теренот и веднаш ја затресе мрежата, докажувајќи дека ниту на 41-годишна возраст нема намера да забави. Португалскиот напаѓач постигна гол во убедливата победа на Ал Наср над Ал Ријад со 4:0, што беше негов 977. гол во професионалната кариера. Роналдо ги пропушти воведните натпревари од сезоната бидејќи подоцна му се приклучи на тимот поради репрезентативните обврски на Светското првенство, но и неодамнешната ...
Македонската кинематографија забележа значаен успех на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, каде два македонски филма освоија вкупно пет награди. Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири признанија – Специјалната награда за промовирање на родовата еднаквост, „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка, која ѝ припадна на Ева Костиќ, наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката на „УниКредит“. Успех оствари и филмот ...
Кертис Џонс е нов фудбалер на Интер, потврди италијанскиот гигант. Англискиот репрезентативец по седум години во првиот тим на Ливерпул реши да направи нов чекор во кариерата и за првпат ќе игра надвор од Англија. Џонс е дете на школата на Ливерпул, во која пристигна уште на шестгодишна возраст. За сениорскиот тим дебитираше во 2019 година, а во периодот на „Енфилд“ запиша 228 настапи и постигна 22 гола. Со клубот освои две титули во Премиер ...
Од 40 минути до еден час се чека на граничниот премин Табановце за влез и излез од државата и на граничниот премин Богородица за излез од државата, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања, соопшти утрово АМСМ. АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена ...
Додавањето парчиња туна во познатиот италијански класичен „аглио е олио“ го претвора тоа скромно јадење во заситен и здрав ручек за кој не ви требаат многу пари. Иако туната од маслиново масло ќе даде посебна полнота на вкус, одлично ќе послужи и туната од саламура. Тајната на одличниот вкус лежи во едноставниот кулинарски трик за маринирање на рибата во сок од лимон, што ќе го неутрализира специфичниот мирис од конзервата. Овој брз и ...
1485 – Англискиот крал Ричард III загинал во Битката кај Босворт, во судир со силите на Хенри Тјудор. Неговата смрт го означила крајот на владеењето на династијата Јорк, а Хенри Тјудор го презел престолот како Хенри VII, првиот англиски крал од династијата Тудор. Битката се смета за пресвртница во Војната на розите. 1642 – Англискиот крал Чарлс I го кренал кралскиот стандард во Нотингем, настан што традиционално се смета за почеток на ...
Актуелниот шампион на Англија, Арсенал, со убедлив триумф ја отвори новата сезона во Премиерлигата. Тимот на Микел Артета на домашен терен славеше со 3-0 против Ковентри, кој оваа сезона се врати во елитата. „Топчиите“ од самиот почеток ја презедоа иницијативата и постојано ја контролираа играта. Притисокот вроди со плод во 15. минута, кога Каи Хаверц ја затресе мрежата за водство на домаќините. Арсенал продолжи да напаѓа, а во 23. минута ...
Германската полиција денес уапси 26-годишен маж под сомнение дека ги убил своите мајка и татко, кои биле пронајдени мртви со бројни убодни рани во својот стан во градот Бад Нојенар-Арвајлер, објави весникот „Вестервалд курир“. Осомничениот рано во средата сам се јавил во полиција и пријавил дека неговата мајка е повредена, а за татко му рекол дека „спие“. Кога полицајците пристигнале на местото, ги пронашле 55-годишниот маж и неговата ...
Температури над 40 степени Целзиусови најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), а на цела територија важи жолт метеоаларм за високи темепратури. Според најавите, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната ...