Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Германскиот тенисер Александер Зверев и Италијанецот Флавио Коболи ќе се сретнат во финалето на Ролан Гарос. Двајцата играчи ќе се борат за својот прв грен трофеј во кариерата, а мечот на теренот „Филип Шатрие“ нема да започне пред 15.00 часот. Зверев го игра своето четврто финале на грен слем турнирите како голем фаворит. Откако загуби во финалето на Отвореното првенство на САД во 2020 година, Ролан Гарос во 2024 година и Отвореното ...
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо веќе потврди дека ова ќе биде неговото последно Светско фудбалско првенство. Дури и ако повеќе не е во својот врв физички, нема сомнение дека играта на Португалија ќе се врти околу него почнувајќи од првиот натпревар против ДР Конго на 17 јуни. – Кристијано ги разбира големите моменти подобро од скоро кој било друг во фудбалот. Тоа искуство може да биде одлучувачко на Светското првенство. ...
Непалскиот водич Дава Шерпа (57) кој беше пронајден како лази по падините на Еверест цели шест дена откако последен пат беше виден жив, за „Би-би-си“ откри дека преживеал благодарение на тоа што „џвакал мраз“ и изел неколку чоколатца што случајно ги нашол во џебот. Дава е дециден дека воопшто не се „изгубил“ за време на спуштањето, туку едноставно бил принуден да „остане зад групата“ откако сакал малку да се одмори. Бидејќи сите ...
Педесет и осумгодишен жител на тетовско село е уапсен поради демнење на поранешната невенчана сопруга, соопшти тетовската полиција. Според информациите, тој ја следел и ѝ се заканувал, барајќи од неа повторно да живеат заедно. „На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Полицијата постапила по пријава од неговата ...
33-годишен кумановец бил нападнат во Центар, откако при доставување на нарачка на храна, човекот кој ја нарачал му рекол дека нема пари да плати, по што физички го нападнал и му ја зел нарачката, информираат од МВР. -На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Куманово пријави дека на 04.06.2026 околу 14:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки, С.С., кој имал нарачано ...
Повеќе од еден милион луѓе се собраа на улиците на Мадрид за да го поздрават папата Лав XIV, кој во неделата ја предводеше големата миса на отворено во рамките на својата прва посета на Шпанија, објави Би-би-си. Верниците мавтаа со знамиња и извикуваа пораки за добредојде додека папата се движеше со папамобил низ главната улица „Пасео де ла Кастелјана“ кон плоштадот Сибелес, каде што ја одржа мисата. Дел од присутните фрлаа и цветни ливчиња ...
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац, со која наскоро ќе стане родител. Веста за свадбата брзо се прошири на социјалните мрежи, а првите фотографии ја илустрираа романтичната церемонија. Невестата беше во елегантна бела венчаница, додека пејачот не ја криеше среќата за време на церемонијата. Насмеани и видливо среќни, младенците постојано разменуваа нежности, а внимателно ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против селекцијата на САД до 20 години. Натпреварот ќе биде одигран на 8 јуни во Петрич, Бугарија и претставува одлична можност за проверка на формата и потенцијалот на младите македонски фудбалери против квалитетен противник. На списокот на Таневски се наоѓаат 22 фудбалери: Голмани: ...
Американската војска објави дека соборила два ирански дрона кои, според Централната команда на САД, претставувале закана за меѓународниот поморски сообраќај во Ормускиот теснец, објави АП. Централната команда на САД објави на X дека американските сили на Блискиот Исток одговориле откако беспилотните летала биле оценети како закана за бродовите во една од најважните поморски линии во светот. Во соопштението се вели: „Американските сили на ...
Фудбалерите на Аргентина ја победија Хондурас со 2:0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство. Аргентина рутински стигна до победата, во првото полувреме Лаутаро Мартинез беше сигурен од пенал за да им донесе водство на „гаучосите“ во 37 минута. Потоа во второто полувреме Џулијано Симеоне ја потврди победата во 54 минута, кога постигна гол за 2:0, а беше и асистент на првиот гол. Најдобриот играч на Аргентина, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на отворањето на 32. програмски конгрес на партијата порача дека целта на собирот не е само усвојување нова идеолошка платформа, туку преиспитување на политичката улога на СДСМ и враќање кон основните вредности на социјалдемократијата. Конгресот беше најавен како програмски собир на кој треба да се разгледаат новата идеолошка платформа и програмската рамка на партијата. „Целта на овој Конгрес не е да ...
Детално смислен концепт и интензивни подготовки претходеа на реализацијата на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а тоа беше голем предизвик за уметничкиот директор и селектор Ана Стојаноска. Јубилејното издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почна на 5 јуни и ќе трае до 12 јуни, кога ќе бидат доделени наградите и ќе настапи Београдско народно позориште со претставата „Црно ...
Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението. Иако банките веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или речиси никакви реални трошоци, изјави пратеникот од ...
Хари Кејн го постигна својот 79 гол во кариерата на меѓународната сцена со кој ја одведе Англија до победа од 1:0 над Нов Зеланд, во пријателски натпревар како подготовка пред настапот на Светското првенство. Избраниците на селекторот Томас Тухел доста се мачеа против репрезентацијата која е 81 место на светската ранг-листа. – Тука сме повеќе за подготовки отколку за резултат – рече Кејн по неговиот 67 гол во сезоната за клубот и ...
Домашниот сладолед е веројатно највкусниот начин да се разладите во текот на жешките летни денови. И да – домашниот сладолед може да биде повкусен од купениот! Само треба да знаете како да го направите. Освен тоа, правењето домашен сладолед ви овозможува сами да ги изберете состојките и вкусовите, правејќи го сладоледот поздрав и поприлагодлив десерт. Подгответе си го ова слатко, домашно задоволство и не заборавајте да го споделите со вашите ...
Победата од 9:0 на репрезентацијата на Југославија против Заир на Мундијалот во 1974 година и денес се вбројува меѓу најубедливите во историјата на Светските првенства, а воедно претставува и највисока победа што ја остварила југословенската репрезентација на завршните турнири. Светското првенство во 1974 година во Западна Германија беше посебно по повеќе основи. Тоа беше првиот турнир на кој беше доделен денешниот трофеј на Светското ...
Министерството за дигитална трансформација денеска претстави целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции. Министерот Стефан Андоновски рече дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. ...
Општина Тетово ѝ донираше на Исламската верска заедница (ИВЗ) 1.444.484 денари (над 23.000 евра), износ што го дала како данок на промет откако откупи дел од комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, објави СДК. „Имајќи го предвид фактот дека износот за откуп на делови од комплексот ‘Арабати‘ од компанијата ‘Тетекс‘ е висок, што резултираше со плаќање на значителни даночни износи кон вашата институција, Муфтиството на ИВЗ Тетово бара од вас ...
„Алекса, може ли да нѐ вратиш во најубавите години на македонската поп-музика и повторно да направиш илјадници луѓе да се чувствуваат како да е 2008 година?“. Токму така изгледаше желбата на публиката која вчеравечер ја исполни арената „Борис Трајковски“ за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ. Заедно со своите долгогодишни пријатели и соработници, двајцата музичари приредија спектакл исполнет со хитови, носталгија за едно минато време и ...
Рускиот маникир, кој е сè попопуларен меѓу познатите личности, користи електрична брусилка за целосно отстранување на кожичката (кутикулата) околу ноктите, што може да го зголеми ризикот од инфекции и други проблеми со ноктите. Иако оваа техника може да создаде беспрекорен изглед на ноктите, дерматолозите предупредуваат на можните последици и препорачуваат побезбедни методи за нега на ноктите. Што е руски маникир? Клучна карактеристика на ...
Сестрата и заменик-претседателката на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, денес изјави дека САД можат само да сонуваат за денуклеаризација на Пјонгјанг и нагласи дека ќе го прошири својот арсенал од ова оружје и покрај заканите од Вашингтон, пренесува „Вашингтон пост“. „Ставот на САД нема правно обврзувачка сила и никој нема да биде обврзан од едностраната реторика на САД“, рече Ким. Таа го отфрли како „лажна информација“ ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...
Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Од денеска па се до почетокот на првенството ќе ви ги претставиме сите 48 учесника кои се распоредени во 12 групи. Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место БРАЗИЛ Најдобри пласмани: Шампиони (1958, 1962, 1970, 1994, 2002) Учества: 22 Рангирање на ФИФА: 6 Бразил ...
Повторно голем успех на македонските борци на џиу џица турнирот што во саботата се одржа во Јахорина, Босна и Херцеговина. Од 16 настапи освоени се вкупно 12 медали од кои 7 златни и 5 сребрени и тоа: • Дамјан Белевски злато, сребро борби и пехар за најдобар млад борец на турнирот • Ана Ацевска злато борби • Антонио Трајковски злато борби и злато БЈЈ • Данил Николиски злато јуниори и злато сениори борби • Катерина Ацевска сребро борби • ...
Германија и Португалија со победи ги завршија подготовките за Светското првенство, совладувајќи ги САД и Чиле во последните контролни натпревари пред стартот на Мундијалот. Германците славеа со 2:1 против САД откако одлично го отворија натпреварот, а главна фигура беше Каи Хаверц кој, по примерот од финалето во Лигата на шампионите, повторно се запиша во листата на стрелците уште во втората минута за водство од 1:0. Американците возвратија ...
Повеќе од една деценија, Џеси Риџвеј заработува објавувајќи видеа на Јутјуб. Дел од нив се и многу лични и ги гледаат неговите милион следбеници. Затоа, како што вели, му изгледало природно јавно да сподели дека тој и неговата сопруга Ешли одлучиле да ја прекинат бременоста откако тестовите покажале присуство на тризомија 21, најчестата форма на Даунов синдром, пишува „Њујорк тајмс“. „Оваа одлука не беше донесена лесно“, напиша 33-годишниот ...
Македонската тениска Дејвис куп репрезентација денеска патува за Молдавија ќе од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. – Во Кишињев ќе ...
Во воздушен напад врз градот Џеди Куја на Крим, кој е под руска окупација, рано утрово беше погоден магацин за нафта, објавија проукраински канали на социјалните мрежи. Според информациите, како резултат на нападот избувнал пожар во магацинот за нафта во Семиколодјанск. Украинските беспилотни летала ја погодиле и енергетската и железничката инфраструктура во окупираните области Луганск и Донецк, пишува „Киев Индепендент“. Ширењето на ...
Кина објави дека започнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Овие две земји планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, објави „Блумберг“. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ во ...
Тимскиот шеф на Ферари, Фред Васер, нема да присуствува на квалификациите за Големата награда на Монако поради здравствени причини, потврдија од италијанскиот тим. Французинот ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи, по што се очекува да бидат објавени повеќе информации за неговата здравствена состојба. Од Ферари му посакаа брзо закрепнување и изразија надеж дека наскоро повторно ќе се врати на своите обврски покрај патеката. ...