Доктор Драган Јакимовски, специјалист од одделението за малигни генитални тумори кај жени, пред судот изјави дека воопшто не се чувствува виновен за делото што му се става на товар. „Како лекар од 1998 година сум вработен на Клиниката за онкологија и од самиот почеток најавив дека најодговорно ќе ги извршувам моите професионални задачи. Секогаш се борам за секој човечки живот како за мој најблизок. Никогаш не сум имал финансиски мотив или ...

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски „уште еднаш го покажале вистинското лице“ – заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење. Партијата наведува дека со изјавата оти нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно признал дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје, туку и понатаму ќе ги штити. „Ова е истата матрица која ...

Специјалист докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“, додека поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар. „Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“, изјави Васев. Неговиот адвокат, Никола Ставров, оцени дека постапката се ...

На отворањето на постапката за случајот Онкологија, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска изјави дека Нино Васев и тројца онколози не направиле само грешки, туку „криминално несовесно лекувале“. Таа посочи дека пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите, очекувале соодветна грижа и терапија, а „не ни помислувале“ дека нивното здравје ќе биде нарушено. Според обвинителството, доказите ќе покажат дека Васев – како лекар, ...

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени ...

ДУИ реагира дека во комисијата за доделување на државната награда „8 Септември“, составена од 12 члена, има само еден Албанец – Хамид Бакија – кој, наместо да предложи албански спортист, одлучил наградата да си ја додели на самиот себеси. Партијата вели дека станува збор за „невиден скандал“ и „флагрантен судир на интереси“ кој ја понижува правичноста на највисокото спортско признание во државата. „Денеска сакаме да ја алармираме јавноста ...

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, побара од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски, веднаш да ја започнат процедурата за декласификација на документите поврзани со аферата за наводно прислушкување. „Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто после речиси една недела од објавувањето на ...

Од рано утринава, започнаа гужвите за излез од Македонија кон Грција преку граничниот премин „Богородица“. Граѓаните објавуваат фотографии на кои се гледаат колони возила како чекаат да поминат граница. Оваа фотографија е направена утрово во 08 часот: Screenshot Следната снимка е направена во 10:30 минути: View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Ова навестува дека голем број Македонци, продолжениот ...

Кривични пријави за градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, и претседателот на Советот на општината Ристо Јошев. Против Николов е поднесена пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ како и поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење “, додека за Јошев е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело ...

Старата депонија Вардариште повторно е зафатена од пожар, ширијќи густ чад кон населбите во Скопје и претставувајќи сериозна закана за здравјето на граѓаните. Жителите на општина Аеродром веќе три дена го блокираат пристапот до депонијата, во обид да спречат дополнителен истовар на отпад и да го насочат вниманието кон проблемот. И покрај нивните протести, институциите не преземаат мерки, па загадувањето продолжува да расте. Граѓаните се ...

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најавата на СДС за прес-конференција, обвинувајќи ја партијата за обид да ги „спаси нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата“ и да го дефокусира јавното мислење. „Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи,“ соопштија од ...

По снимката со тепачката, на „Тик-ток“ се појави и снимка со сексуална содржина каде една од главните протагонистки е истата тиктокерка. Снимката е вирална и ја гледаат деца. Доколку Ви се појави, ова е процедурата за „репорт“ односно пријавување. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Најчесто, овие содржини ги гледаат најмладите на кои мрежата „Тик-ток“ им е главна занимација. Некои се исмејуваат, ...

На 5 септември 2009 година, туристичкиот брод „Илинден“ со 57 бугарски туристи потона во Охридското Езеро, при што животите ги загубија 15 лица. Трагедијата се смета за најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија. Несреќата се случила околу 11 часот наутро, на стотина метри од брегот кај кампот Елешец. Бродот, изграден во 1924 година со дозволен капацитет од 45 патници, потонал за само неколку минути. Повеќето од патниците биле ...

Поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на меѓународниот форум „Местото на Шкотска во Европа: Поттикнување на меѓународната соработка и разбирање“ (Scotland Forum 2025), кој се одржа од 1 до 4 септември во Единбург. Настанот се реализираше на Универзитетот Хериот-Ват, а дел од сесиите беа одржани и во шкотскиот парламент и замокот Единбург, градби кои симболизираат дијалог, демократија и ...

Студентите кои веќе неколку дена блокираат факултети на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните на Србија вечерва во 19 часот да им се придружат на голем протест во градот. Тие предупредуваат дека со неодамнешните упади на деканите и полицијата во факултетските објекти е сериозно нарушена автономијата на Универзитетот. „Србија, можеме ли да се слушнеме?“ – гласи пораката што студентите ја споделија на социјалните мрежи. Како што ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади. „Ако се појават некакви трупи таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување,“ рече Путин на економскиот форум во Владивосток. „А доколку се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не ...

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека македонската економија во вториот квартал од годинава бележи раст на бруто домашниот производ од 3,4 проценти. „Особено ми е драго што секторите градежништво, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија,“ напиша Николоски. Податоците покажуваат дека секторот градежништво пораснал за 7,3 проценти, што е посилен раст од првиот квартал кога ...

Државната компанија АД ЕСМ систематски работела со загуби бидејќи била принудена да ја продава произведената електрична енергија на универзалниот снабдувач по цени значително пониски од производствените, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај за енергетската транзиција. Ревизорите наведуваат дека најдраматични се податоците за 2024 година: Производствената цена на електричната енергија изнесувала 113 евра за ...

Партијата Левица денеска обвини дека Министерството за финансии, предводено од Гордана Кочоска Димитриеска, донело одлука со која на вработените во јавниот сектор ќе им бидат укинати сите додатоци и надоместоци на плата до завршување на локалните избори. Според нивното соопштение, оваа мерка ќе ги погоди работниците кои треба да добијат исплати за работа на празници, недела, ноќна работа, прекувремена работа, како и за јубилејни награди, ...

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се товарат за организирана продажба на дрога, продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на вешти лица на Обвинителството за психолошката состојба на обвинетиот Раде Трајковски. На претходното рочиште сведочеше вештакот на одбраната, психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој оцени дека Трајковски – Штекли покажува психотични симптоми со шизофрени карактеристики. Според ...

Колумбиецот Јанко одамна го освои вниманието со својата љубов кон македонската песна. Со секое негово изведување ја носи нашата музика поблиску до срцата на луѓето, потсетувајќи нè колку е убава и уникатна нашата култура. Неговата искреност и посветеност се причина што многумина со восхит го следат – и не случајно, бидејќи навистина стана амбасадор на македонската песна далеку од татковината. Поврзани вести преку ознаки: грција, јанко, ...

Целосна конфузија завладе во Бугарија откако Владата во Софија неколку пати го смени официјалниот став околу наводното руско електронско мешање во GPS сигналот на авионот со кој патуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Прво, премиерот Росен Жељазков изјави во Парламентот дека не станувало збор за намерно мешање, туку за вообичаен прекин на сигнал во густо населени области. Истото го потврди и вицепремиерот и ...

Гласноговорникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека Владимир Путин високо ги цени напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина. Тој нагласи дека Кремљ го гледа Трамп единствено како претседател на САД, без дополнителни атрибути. „Путин е благодарен на претседателот Трамп за неговите мировни напори и конструктивната природа на односите што ...

СДСМ соопшти дека започнува со објавување на „Вистината за случајот АНБ“, прашувајќи зошто власта, и по речиси една недела од изнесувањето на наводите за незаконско следење, сè уште не ја започнала процедурата за декласификација на документите. „Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од ...

По шест месеци неуморна работа, волонтерите од ‘Супорт Кочани’ велат дека нема да застанат – и покрај заморот, нивната љубов, мотивација и истрајност остануваат силни во борбата Кочани никогаш да не биде заборавено. -Сакаме да им се заблагодариме на сите хумани луѓе кои покажаа солидарност и емпатија во нашите најтешки моменти. Вие ни дававте сила и храброст сите овие месеци да помагаме на нашите сограѓани. Ние иако уморни, психички и ...

Џорџо Армани, дизајнерот кој остави неизбришлива трага и двапати ја промени светската мода, почина во својот дом во Милано, на 91-годишна возраст. Неговата компанија „Armani Group“ соопшти дека работел „до своите последни денови“. Иако на почетокот бил неволен дизајнер, Армани инстинктивно изгради модна империја. Во 1980-тите стана симбол на новата машка елеганција, кога ги омекна строгите линии на традиционалното машко одело – ги тргна ...

Главниот државен обвинител на Дистрикт Колумбија, Брајан Швалб, поднесе тужба до федералниот суд со која бара да се запре распоредувањето на Националната гарда во американската престолнина, што, според него, претставува неуставен потег и кршење на повеќе федерални закони. „Наоружани војници не треба да ги надгледуваат американските граѓани на американска територија. Присилната воена окупација на Вашингтон е прекршување на нашата локална ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските лидери дека мора да го прекинат увозот на руска нафта, затоа што на тој начин ѝ помагаат на Москва да го финансира војувањето во Украина, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на висок претставник на Белата куќа. Републиканскиот претседател се приклучи на состанокот на „коалицијата на подготвени“, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон, на кој тема беа безбедносните ...

Со воведни зборови на Обвинителството денеска во судницата на затворот „Идризово“ започна судењето против деветмината водачи и членови на криминалната група „Беланоца–Барон“. Тие се товарат за повеќе убиства, изнуди и нарушување на јавната безбедност во периодот од 2020 до 2024 година. Јавната обвинителка во своето излагање наведе дека групата во рамки на злосторничко здружение извршила најмалку осум убиства, дел од нив двојни, како и ...

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето,“ порача кандидатот за градоначалник на Скопје проф. д-р Горан Марковски на денешната прес-конференција во Парк Авионче, спроти депонијата Вардариште, која повторно гори и денеска. Заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатската листа за советници од граѓанската платформа „Независни заедно“, Марковски истакна дека постојат бројни студии, акциски планови и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1005
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
57%
1001
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
62%
999
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1006
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.48
78%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
97%
1000
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
4.02
65%
1006
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1006
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
78%
1006
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
52%
1001
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
1007
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Рутениум

51376.89

Злато

151413.64

Сребро

2812.48

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.64

Платина

68577.54

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

55.99

Бакар

13.22