На 02.04.2025 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.И. (43) од Радовиш, поради сомнение дека на 29/30.03.2025 во Радовиш извршил обљуба врз жителка на радовишко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што била пронајдена зелена растителна материја. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно ...

Народните избраници не дадоа поддршка да се изгласаат измени на Законот за работни односи. 18 пратеници беа „за“, никој не гласаше против и немаше воздржани. Крмов од Левица образложи дека со ова предложиле да се воведе можноста за исплаќање на патни трошоци и за работниците. „Имаат право но не е задолжително туку добра воља на работодавачот. Пред Уставот сите сме еднакви но некои работници не се. Ова право на патни трошоци завработниците беше ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на ...

Украинската министерка за економија Јулија Свириденко денеска изјави дека новите американски царини се тешки, но не и критични за Украина, пренесува Anadolu. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави царини од најмалку 10 отсто на увозот од сите земји, додека царинската стапка на стоките од Европската унија ќе биде 20 отсто. Новите мерки стапуваат на сила на 5 април. Трамп рече дека овие одлуки се „декларација за економска ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не даде конкретен одговор, какви документи поседувал обезбедувачот на премиерот Христијан Мицкоски којн заврши во притвор во затворот во Шутка. Остана неодгатнато прашањето, кој му ги давал документите, а со оглед дека лицето немало директен допир со службени тајни. Според Тошковски, тоа ќе треба да го покаже истрагата. Познато е дека Ангел Сарамандов, бил пријавен, па постапувала Внатрешна ...

Неизвесна иднина има бизнис објектот „Соравиа“ кој е во строгиот центар на Скопје. Објектот е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин Ахмети, внукот на досега недопирливиот Али Ахмети, оперираше со овој имот. Тој пред една година, односно во март лани, објави дека „Тор индустрис“, компанијата што го купи трговскиот центар „Соравија“, ќе се повлече од раководната функција во компанијата до крајот ...

Дописникот на SkyNews од Азија од Пекинг пишува дека Кина ги очекувала новите царини и најверојатно се подготвувала за нив, но ниту едно ниво на подготовка не може да го ублажи моменталниот удар што овој последен бран царини ќе и го нанесе на кинеската економија. „Кога ќе ги додадете тарифите воведени претходно оваа година на оние кои се уште важат од првиот мандат на Трамп, сите кинески производи сега ќе бидат оптоварени со повеќе од 50% ...

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година. „Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да ...

Истрагата за дискотеката во Кочани е во тек, а се проверуваат како поранешните раководни лица во МВР, така и сегашните. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека Јавното обвинителство го води процесот, а за секој за кого има докази, ќе одговара. Без раководните структури во МВР, било невозможно, дискотеката „Пулс“ да добие дозвола за работа. „Истрагата е во тек. Секој еден кој што без оглед дали сторил или не сторил одредено ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера објави царини од 10 отсто за целиот увоз во Соединетите држави, како и повисоки царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата. За Македонија царините се 33%. Оваа објава претставува интензивирање на трговската војна што започна по враќањето на Трамп во Белата куќа. Неговите советници велат дека царините ќе го вратат стратешки важниот производствен капацитет во САД. Други економисти ...

Пред лидерската средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ДУИ излезе со обвинување дека на средбата ќе биде демонстрирана моноетничка коалиција која има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија. „Предупредувањата на Демократската Унија за Интеграција, денес во 14 часот ќе добијат облик“, велат од ДУИ. Овој план, според ДУИ не е нов, туку е скорен пред три ...

Македонија се најде на листата на американскиот претседател Доналд Трамп на која и се воведуваат царини. Стапките на царини што ги воведува Трамп се движат од 10 до 50 отсто, а за Македонија, според она што го објави се 33 отсто, односно половина од она што, според табелите, земјата го има како царина кон САД, а тоа е 65 отсто. Трамп во својот говор изјави дека ќе воведе царини врз основа на принципот на пресметување на „тарифи за американски ...

Актерката Весна Бејби Петрушевска во ,, Претрес со Ландов” вели дека катастрофата во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 59, млади луѓе е грозоморно убиство. ,,Ова е колективна траума од која тешко ќе се извлечеме. Ги познавав сите членови на ДНК. Сите ги имам гушнато и сум им кажала дека ги сакам”, вели Петрушевска. Ја потресла сликата од дрон од странска телевизија на која се гледа како се копаат гробовите за починатите. Ова вели, не ...

Весна Петрушевска во Претрес со Ландов отворено говори за случувањата со нејзината ќерка Мина која како девојче беше злоставувана. „Мора на нозе да останеш во битката за правда”, вели Весна Петрушевска. Открива дека како последица од траумата Мина е биполарна. Таа е самохрана мајка, отплаќа кредити, сама се грижи за се.Данокот посочува е преголем. Таа говори и за нејзината битка со ракот, еден дел е успешно завршен, но ја очекува се уште борба ...

Целен руски ракетен напад врз Криви Рих бил изведен денеска, објави украинскиот претседател, Волдомир Зеленски. „Сите потребни служби се на лице место, ги елиминираат последиците од гранатирањето и им помагаат на луѓето. Има жртви. Им се обезбедува медицинска нега. Засега се знае дека четири лица за жал го загубиле животот во овој напад. Сите загинати се цивили. Моето сочувство до семејството и најблиските. Секаде во светот ваквите напади се ...

Ѓоко Поповски, експомошникот на министерот за јавни набавки во МВР, излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана од македонската претседателка, Гордана Силановска Давкова, осудениот за „Триста“ и „Тенк“ во предметите на СЈО е после 9 години на слобода. Screenshot „Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржан дел од казната затвор осудените …. Ѓоко Поповски“, стои во одлуката за помилување. „Мерцедесот“ за ...

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Оваа герила акција доаѓа откако Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови. „Да ги оставиме ...

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по ...

Првообвинетиот за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше вратен во судница откако обвинетиот Влатко Кешишев заврши со давање одбрана и одговарање на прашањата од судијата Ивица Стефановски и адвокатот Игор Ефтимов. Час и 10 минути, траеше читањето на исказот на Кешишев, а Палевски запишуваше рачно. Палевски побара судијата Стефановски да чита пополека за да може да запише сѐ, па судијата продолжи со ...

„Апелираме до синдикатот да не ја злоупотребува ситуацијата во државата и да не се обидува да ја извитопери дебатата со нешто кое е еднакво важно и за нас како влада, а тоа е состојбата на работниците“, велат од Владата и додаваат: Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада ...

Во Вашингтон помина 8 часот наутро, а американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат се обрати на јавноста. На својата платформа Truth Social тој напиша: „Денес е ден на ослободување во Америка“ Да потсетиме, Трамп го прогласи денешниот датум – 2 април – „Ден на ослободувањето“, тврдејќи дека објавувањето на одмазднички тарифи ќе ги ослободи САД од зависноста од странски увоз на стоки. Сè уште не се познати сите детали од неговата ...

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор. Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на зголемувањето на платите на полицајците, изјави: „Веќе вработените во Министерството за внатрешни работи добија за 10% повисока плата, на 1 април. Уште едно од ветувањата е реализирано. Пензионерите веќе добија 2.500 денари линеарно зголемување со оние 2.500 од минатата година, го заокружуваме циклусот на 5.000, линеарно ...

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека денеска Град Скопје го чисти коритото на река Серава. „По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава, реката се чисти пределот каде што е под ГУП, со тоа согласно закон и надлежност на Град Скопје. Благодарност за реакцијата, со ова спасивме потенцијално излевање на реката во овој дел на Општина Бутел“, напиша Костовски. ...

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше прозван од синдикалиот водач Слободан Трендафилов од ССМ, одговори на социјалните мрежи со фотографија направена од еден од прозорците на собраниската зграда. „Еве на што го сведоа некогашниот синдикален гигант ССМ. Долго најавуваниот протест, кој собра едвај педесетина луѓе, покажа дека овие таму насадени ‘татини синчиња’ одамна ја загубија довербата на работниците. Синдикатот треба да биде ...

Сојузот на синдикати на Македонија, кои преку протест го повторија барањето дека очекуваат 500 евра минимална плата во Македонија, пред Собранието, илустрирајќи јавна седница, донесоа одлука со која пратениците треба да си ги намалат платите и да земаат минималец цела наредна година. Со ова испратија порака дека очекуваат измени на законите со цел, нивните барања да бидат исполнети. „Непочитувани пратеници, 120 вие, 300 ние, трипати повеќе од ...

„Царот“, ова бил псевдонимот под кој бројот на Љупчо Палевски-Палчо бил заведен во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишов. Тој не криеше дека правел сѐ што Палчо ќе побарал од него, односно извршувал секкава наредба. „По навика му бев послушен. Палчо ми каже да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, сведочеше Кешишов кој претходно побара Палевски да излезе од судницата за да може да сведочи за убиствата на Вања и Панче, без да се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. „Владата на вчерашната седница донесе одлука за ...

Обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања Ѓорчевска беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче. Адвокатот Игор Ефремов: Дали знаевте колку пари треба да се земат и кој треба да ги земе? Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, еднаш му кажав на Палчо дека е непотребно такви работи. Меѓу ...

На 01.04.2025 во 14.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во село Делогожда, струшко, при извршување на работни задачи се здобил со повреди С.Г. (63) од Охрид, вработен во фирма од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што С.Г. се здобил со повреди ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
21%
1006
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
51%
1008
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
32%
1008
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.46
21%
1007
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
54%
1012
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.02
36%
1008
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
23%
1009
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
4.12
29%
1008
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
2.57
57%
1010
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.75
51%
1007
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048