Доколку еден граѓанин дневно следи што објавуваат политичките актери на партиските интернет-страници и фејсбук-профили, а истото го чита и го гледа на телевизија и на онлајн медиумите, дневно би бил изложен на 33 штетни наративи. Ваквата доминантна токсична реторика не само што остава последици за граѓаните туку го загадува комуникацискиот простор и сериозно атакува на демократските процеси. Ова се посочува во монографијата „Наративна стапица: ...

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт потврди дека три лица загинале. „Три лица загинаа во главниот град на Тајланд поради штети предизвикани од силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар“, рече тој. Ситипунт предупреди на можни последователни потреси, но ги повика граѓаните да останат смирени и рече дека ситуацијата е главно под контрола, пренесува Ројтерс. Властите примиле 169 пријави за оштетувања на згради во Бангкок, рече тој. ...

Прес-службата на руската национална гарда соопшти дека мајорот Марат Тибилов загинал во борбите во областа Курск. Изјавата е објавена на каналот Телеграм на агенцијата за безбедност. „Раководството и целиот персонал на Федералната служба на Националната гарда на Руската Федерација изразуваат сочувство до семејството и пријателите на офицерот“, се вели во соопштението. Не е прецизирано во која борбена мисија загинал Тибилов. Инаку, рускиот ...

Украинските сили соборија руски повеќенаменски беспилотно летало Zala Kub со помош на беспилотно летало FPV (приказ на прво лице), а снимката од акцијата беше споделена на социјалните мрежи од украинскиот доброволец Серхи Стерненко, пренесува Militaryi. „Таквото летало можеше да предизвика голема штета, па затоа е одлично што беше уништен во воздух“, рече Стерненко. Zala Kub е дизајниран за прецизни удари на копнени цели – откако ќе ги открие, ...

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс. Според Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS), епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по ...

Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина Кулакова, смета дека организаторите на „Кој е следен“, ја злоупотребиле нивната доверба, која ја дале како семејство. Посочува дека на собирите имало чесен народ, а дека зборовите ги насочува само кон организаторите. Нејзината објава во целост: Зошто бев тивка и зошто повеќе не можам да бидам. Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, општина Босилово, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Во периодот од 01.12.2020 до 31.12.2020, согласно пријавената состојба од вкупно 11.755.927 денари, пријавените имале обврска да пресметаат и уплатат данок на друг ...

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди Тајланд, вклучително и главниот град Бангкок. Ова го соопшти германскиот центар за географски истражувања Хелмхолц. Американската опсерваторија за земјотреси (УСГС) исто така извести за јачина од 7,7 степени. Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од мјанмарскиот град Сагаинг на длабочина од десет километри. Вториот земјотрес, дванаесет минути подоцна ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека се во постојана комуникација со останатите партии од коалицијата ВЛЕН за тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори. Тој рече дека оние како Алијанса за Албанци инсистираат да се изготват посебни листи за советници, а додаде дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик. „Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се подготвуваме за локални избори, така што мислам дека наскоро ...

По вторпат се одложи почетокот на повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Теодора Ристовска. Семејството е разочарано порачаа дека ќе се борат за правдата. „Срамота за државата, нека размисли државата. Ќерка од 22 години ја изгубив, ја убија. Четврта година на Машински факултет. За правда јас плачам, не плачам за друго“, рече таткото на Теодора Ристовска. Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора, ...

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на 19-годишниот средношколец Јован Костадинов од Виница, кој во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ спаси 21 лице. Јован во наредните четири години ќе добива стипенција за студии од „Алкалоид“ во висина од 18.000 денари месечно. Јован е матурант, во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница.Тој при пожарот во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени, ставил мокра маица на уста и нос и влегол во ...

Софтвер ќе треба да следи какви вести се објавуваат по медиумите, а ќе бидат класифицирани како позитивни, негативни, неутрални. Ова го открива новиот распишан тендер на Владата, преку кој се бара компанија која што ќе може ова да го изработи. Се работи за популарно наречен „прес-клипинг“ софтвер, кој веќе постои ширум светот, а Владата сака да го има во свој посед. Од него, преку извештаи, Владата, министерствата и други државни институции ќе ...

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул. Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски “ Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно ...

Кочанскиот суд одлучли само 19 осомничени да останат во притвор, а откако Обвинителството почна да собира докази и да се сомнева дека тие дека со постапување или непостапување придонеле кон пожарот во дискотеката „Пулс“ или пак преку (не)правење надзор не го спречиле клубот да работи. За поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, мерката ...

Иницијативата „Кој е следен“, најави нов собир, овојпат, пред Собранието. Тие рекоа дека темата е „Народно Собрание“. „Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на ...

Има многу суперхерои кои вечерта кога избил пожарот, биле дома, но станале и излегле да помогнат, а сега доаѓаат да помагаат во „SupportKocani“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата. „Оделе таму за да помагаат. Луѓе со гас маски дошле, влегле внатре свесно во огин за да ги вадат луѓето. Некои од тие што влегле да ги спасуваат другарите се починати. Ќе го споменам Александар кој ми е колега. Тој раскажа како отишле до шанкот да пијат ...

Од 24 пациенти повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, девет ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба. Вчера се вратија пет пациенти од надвор од државата. Еден од Атина и четири од Шпанија. Надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денеска се најавени да се вратат осум пациенти. Два во Белгија, два во Турција, два во Австраија и два во Хрватска. Од утре, остануваат 101 пациент на лекување. „Имаме најави за ...

На социјалните медиуми се продаваат мелеми за изгореници, но не знаеме дали се стерилни, а раните мора да се третираат соодветно, посочи Јасмина Ѓоргиевска Павловска директорка и докторка на Клиниката за пластична хирургија. Таа посочи дека треба да се внимава, посочувајќи дека инфекции може да се појават во секоја фаза додека има рани. „За инфекции не може никој да каже, тоа може да го има во секоја фаза додека не зарасне раната. Првиот и ...

„Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 луѓе, повикува на неселективна и темелна истрага за лоцирање на одговорност“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ и додава: За жал, од досегашниот тек на истрагата гледаме дека се води селективно и не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата. Како тоа тие што се директно одговорни за безбедноста на самиот настан, во БЈБ ...

На 26.03.2025 во 16.25 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од П.М. (71) од Македонска Каменица, удрило во пешакот И.Ј.(80). Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево. Поврзани ...

На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) ...

„Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода. Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по ...

Нова снимка која трае 25 секунди покажува каква гужва, која резултирала со стампедо, настанала во моментот кога се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во првите секунди од снимката. дел од присутните се уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат. За тоа време, пожарот се шири. Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте ...

Најблиските безбедносни соработници на американскиот претседател Доналд Трамп ја користеа апликацијата Сигнал за да разменуваат пораки за претстојниот воен напад. Но, истрагата на Der Spiegel откри дека нивните приватни податоци – вклучувајќи ги и броевите на мобилните телефони – се слободно достапни на интернет. Приватните информации на клучните советници за безбедност на претседателот Доналд Трамп може да се најдат на интернет без многу ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за две нови големи пролетни офанзиви во регионите Суми и Харков. Во интервју за „Фигаро“, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да „купи време“ за да се подготви за нова фаза од војната. „Можам да потврдам дека Путин се обидува да добие време и се подготвува за пролетна офанзива. Гледаме како се одвиваат подготовките за оваа идна операција“, ...

Тешка тишина, гата, лутина владее од каде има повредени и загинати во трагедијата во Кочани, вели психотерапевтот, Розалија Секулоска во „Претрес“, која изминативе денови беше на терен. „Често не сум одела во тие градови, не можам да споредам, меѓутоа првото нешто е тишина, една тешка тишина. Потоа ги има сите тага, лутина, безнадежност. Како да застанало времето, како еден вакум“, вели психотерапевтот Секулоска. Таа посочува дека е потребно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе „многу повисоки“ тарифи за Европската унија (ЕУ) и Канада, доколку соработуваат во борбата против царините. „Доколку Европската унија ги здружи силите со Канада за да им нанесе економска штета на Соединетите држави, ќе им бидат наметнати огромни царини, многу поголеми од тековно планираните, за да го заштитат најдобриот пријател што секоја од овие две земји некогаш го имала“, ...

Откако Русија и Украина се договорија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД поради нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море, украинскиот претседател Володимир Зеленски даде изјава за вестите на Евровизија. Тој смета дека е клучно САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација. „Многу е важно Америка да не му помогне на Путин да излезе од оваа ...

По иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Париз се одржува самит на европските лидери на кој ќе се разговара за идниот формат на безбедносни гаранции за Украина, како и за координација на актуелните теми кои се разгледуваат паралелно во преговорите предводени од САД – вклучително и контроверзното руско барање за ублажување на постоечките санкции. Зборувајќи заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Макрон ...

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи. Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства. Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
74%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.38
60%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
58%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
41%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
61%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
35%
1007
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
53%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
73%
1009
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048