Во скопското село Орман, избил пожар кој брзо се проширил. Првиот пламен започнал во близина на бандерите, при силен ветер. Мештаните се сомневаат дека имало искри, кои го предизвикале брзо да пламне. Во близина има пруга, а за брзо, започнало да гори од двете страни. Мештаните се под стрес и страв дека пожарите можат да ги зафатат и нивните куќи, бидејќи се во непосредна близина. Дел од нив, прскаат со црева околу дворовите, за да спречат ...

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија. Документот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на ...

На територијата на државата, заклучно со 18:00 часот на 9 јули 2025 година, евидентирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се сè уште активни, а 4 се изгаснати, информираат надлежните служби. Најкритични се локациите во Општина Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и ниска вегетација на неколку различни точки, како и во Општина Чучер-Сандево, каде пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер зафаќа мешана шума и ...

Пожарот кој избувна во Визбегово од рано утрово, и натаму се гасне. Дел од лицата кои работат во близина и го знаат просторот, зад камерите посочуваат дека се сомневаат дека пожарот е подметнат. Велат дека разговарале со вработени на плацот, кои им кажале дека уште во 08:30 утринава, пред да започнат со работа, имало црн чад, а потоа, сѐ се одвивало брзо. Неофицијалните информации, сѐ дека потпалувањето било од една точка, а бидејќи станува ...

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати јасна порака дека ново предавство врз Македонија и македонските граѓани, нема да биде дозволено. „Сакам да потенцирам и нашиот народ да биде на чисто, дека нема да дозволиме да се случи ново предавство! Нема да дозволиме да се отстапи од македонските национални интереси и тоа е завет кој ВМРО го има во својот код. ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека тоа е нивната агенда години наназад. „Токму затоа и потсетувам на она признавање на Бугарија од 90та како прв сосед. Тоа поврзано со сите нивни активности и дејствија сите овие децении наназад, но и историски гледано во крајот на 19тиот и 20 век, нам ние јасен показател дека тие имаат ...

Во близина на населеното место Лозаново, во општина Крива Паланка, беснее голем шумски пожар кој се приближува до куќите и претставува закана за локалното население. Градоначалникот Сашко Митовски повика на смиреност и внимателност кај граѓаните, но истовремено упати апел за поддршка од надлежните институции и соседните општини. „Градот се наоѓа под досега најголема огнена стихија. Алармирам и апелирам за помош од соседните општини, за ...

Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија веднаш изрази задоволство од документот. ,,Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот ...

По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија. „Македонската историја е втемелена врз предавства и неправди. Тоа не е ексклузивитет на современата Македонија, туку болка која ја носиме низ вековите. ...

Хеликоптерот „Аугуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи, кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај отпадот во реонот на Визбегово, е повлечен од теренот поради влошени услови за летање – засилен ветер и густ чад. „Хеликоптерот беше испратен како поддршка во справување со пожарот и изврши неколку фрлања на вода. Но поради засилениот ветер и намалената видливост од чадот, одлучено е да се повлече во базата“, соопштија од МВР. ...

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет. „Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ...

Министерството за внатрешни работи информира дека едно лице е повредено за време на интервенцијата, односно геснењето на пожарот во Визбегово и е пренесено во болница. „Денеска во 09.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје има пожар, односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирани плински уреди и се слушаат детонации од истите. Досега нема зафатено приватен имот – куќи. Се ...

Пожарот што избувна во близина на дивата депонија меѓу скопските населби Визбегово и Шуто Оризари сè уште е активен и претставува закана за околните населени места. Поради сериозноста на ситуацијата и ризикот од ширење кон станбени објекти, веќе е вклучена и воздушна поддршка. Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), по нивно барање, авион Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе интервенира ...

Пожарот што избувна во близина на дивата депонија меѓу Визбегово и Шуто Оризари брзо се шири и претставува сериозен ризик за околните површини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Опасноста е уште поголема бидејќи во непосредна близина се наоѓаат станбени објекти. По барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со огнената стихија. ЦУК веднаш го процесуираше барањето до ...

Густ црн чад и силни пламени јазици утринава повторно ја зафатија депонијата што се наоѓа меѓу скопските населби Шуто Оризари и Визбегово. Според информациите од терен, се запалиле стари гуми, а чадот брзо се проширил, прекривајќи делови од околината. Од снимките може да се види дека главно горат гуми. На лице место интервенираат четири возила на Противпожарната единица на Град Скопје, потврдил командантот Звонко Томески за ТВ21. Во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен. „Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа испрати јасна порака од Европскиот парламент: за Северна Македонија да продолжи по патот кон ЕУ, мора да ги усвои уставните амандмани. Во обраќањето за време на дебатата за Извештајот за напредокот на земјава што го подготви европратеникот Томас Вајц, Кос нагласи дека пристапувањето кон Европската Унија е главен двигател на клучните реформи и дека Скопје има историска можност да направи ...

Во Европскиот парламент денеска се гласа за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. Расправата за документот започна уште вчера, а дебатата доби силна димензија поради амандманите поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Словенечката европратеничка Ирена Јовева, членка на партијата „Движење за слобода“ и дел од парламентарната група „Обнова на ...

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, остро реагираше на изјавата на поранешниот бугарски амбасадор и европратеник Александар Јорданов, кој во интервју за „Дојче Веле“ го нарече македонскиот идентитет „политички зап’рт’к“ – термин што во бугарскиот јазик означува нешто неразвиено и неуспешно уште во зародиш. Димитров ваквата изјава ја оцени како „ужасен говор на омраза“, инспириран од „антиевопска ...

Во гаснењето на пожарот во Скопско, кој траеше во текот на вчерашниот и денешниот ден, се вклучија и две специјални противпожарни возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС): еден „Хермелин“ со цистерна од 6 тона и еден „Пинцгауер“ со капацитет од 1,5 тон вода. Како што објасни директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, употребата на БТР-80 била исклучена поради специфичната конфигурација на теренот: „Бидејќи се оперираше низ населени ...

Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе денес е доставена на Општата болница во Кочани. ...

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Оваа информација ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски. Иван вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар. Пожарот избувна во ридско-планинскиот предел во општина Чучер-Сандево. Се задушил од чад по 24-часовна борба со огнот. Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. ...

Мита Тасева, мајката на трагично загинатиот диџеј Стефан Тасески, кој ја загуби својата младост во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, напиша потресна објава во пресрет на празникот Петровден. Во својата порака, таа сподели болка, гнев и неизмерна љубов кон својот син: „Сине мој, додека градот се подготвува за Петровден – без вас, знам дека ако бевте тука, ќе бевте дел од таа прослава. Но ве убија, сине, не ви дозволија да го живеете животот. ...

“Сакам да ве информирам дека на денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена”, вели Марија Митева, портпаролка на Влада и додава: Оваа одлука е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи поради сложената состојба на теренот, високите ...

Маж од село Чегране, гостиварско, е приведен поради сомнение дека полово вознемирувал 12-годишно девојче во подрумска просторија на зграда во Гостивар. Случајот го пријавил таткото на девојчето, кој навел дека осомничениот ја допирал неговата ќерка и ѝ ветил пари за да не каже никому. По интервенција на полицијата, 72-годишниот А.Д. е задржан во станица, а известени се и јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар. Во билтенот ...

На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало ...

Пожарот што веќе трет ден беснее на подрачјето на општина Чучер Сандево предизвика сериозна материјална штета и опасни услови за жителите. Градоначалникот Сашко Комненовиќ посочува дека досега се опожарени седум викенд-куќи на местото викано Голиово, а едно лице побарало лекарска помош поради вдишување чад. Контра изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој за медиумите тврдеше дека нема опожарени ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека дел од европратениците најавиле оти нема да го поддржат амандманот со кој се бара бришење на споменувањето на македонскиот идентитет и јазик во нацрт-извештајот на Европскиот парламент. Според него, ова е првпат од осамостојувањето на Македонија нејзиниот идентитет и јазик да бидат вклучени во ваков документ, а обидите тоа да се избрише ги спореди со „талибански начин на делување“. ...

Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп. Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое ...

На 7 јули 2025 година, околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Р.Р. од Тетово, поради основи на сомнение дека извршил кривично дело уцена врз малолетничка од тетовско село. Случајот бил пријавен од мајката на оштетената, која навела дека осомничениот, со кого нејзината ќерка била во љубовна врска изминатите три години, барал пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1009
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
67%
1012
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
84%
1009
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
8.75
74%
1015
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
5.41
96%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.12
75%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1007
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
7.72
76%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
87%
1012
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
9.77
83%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.84

Злато

163216.16

Платина

68416.79

Сребро

2677.51

Иридиум

215504.98

Родиум

334367.76

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Паладиум

55363.59

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Калај

46.04