Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Црвениот крст се огласи со статус на социјалните мрежи: „Почитувани, Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16.03.2025, досега се собрани 156.542.967,00 денари. Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. Со овие средства досега е обесбедена финансиска поддршка на семејствата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување царина од 50% врз Европската Унија почнувајќи од 1 јуни. „Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нивните високи трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, манипулација со валути, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго ...
Туристичкиот водич Васко Марковски реагира поради многуте бездомни кучиња кои се групирани низ Скопје, а од кои, туристите се плашат да поминат. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Ова веќе не се поднесува, нема никаква смисла, да се работи како туристички водич во Градот Скопје со сите овие кучиња, секојднвно да се надвикуваш, да ги трпиш проблемите кои другите луѓе ги имаат со кучињата кои се ...
Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упати апел до пациентите и нивните блиски да останат смирени и да имаат доверба во работата на клиниката, уверувајќи дека по отворањето на случајот „Онкологија“ се воведени драстични реформи. „Воведени се редовни онколошки конзилиуми и третманите се усогласени со меѓународни протоколи. Персоналот вложува максимални напори за здравјето и благосостојбата на пациентите,“ информираат од ...
Двајца мажи, на возраст од 40 и 44 години, од Скопје се новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани во земјава. Според податоците на здравствените власти, случаите не се поврзани меѓусебно, а ниту еден од пациентите не патувал во странство во последниот период. Како што информира директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, еден од пациентите е веќе хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје и се следи ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас рече дека има механизми за да се надминат пречките за Македонија на патот кон Унијата. „Јасно е дека сакаме Северна Македонија да се привдижи кон овој пат и знаеме дека има пречки на него, го дискутиравме тоа, за да најдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор каде може да направиме нешто, не ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање на неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок. „Комисијата по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци ...
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а ...
Доналд Трамп и Белата куќа речиси престанаа да зборуваат за Илон Маск, човекот кого многумина го нарекуваа „најмоќниот неизбран лидер во светот“ пред неколку месеци. Откако потроши милиони долари за поддршка на изборната кампања на Трамп, Маск изгледаше како втор најмоќен човек во Белата куќа по победата на Трамп: ги намали владините трошоци и бројот на вработени, ги навреди советниците на Трамп и го донесе неговиот мал син во Овалната соба. ...
Случајот „Скопски пазар“ каде се пресудило во корист на сопругот на Весна Дамева, казната за „ќебапите“, но и партиската обоеност на сопругот се најспоменувани изминатиов период, кога во прашање е судијката Габриела Гајдова. Таа е предлог за да биде судија во Стразбур, кој ќе се најде на владина седница. Истовремено, највисокиот суд за човекови права, прво што бара е висок морален интегритет. Судијката смета дека истиот го поседува и дека е ...
Независните кандидати и невладиниот сектор се изборија да немаат обврска, која тешко се постигнува, да соберат по 1 процент од вкупно запишаните избирачи во одделни општини и во Градот Скопје, за да се кандидираат за градоначалници и за советници во општинските совети. Ваква одлука донесоа заеднички поголемите партии во 2024 година, бидејќи ним им одговара независните да не им се мешаат во поделбата на „изборниот колач”. Според изборните ...
Денеска не очекува убав сончен и топол ден. Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура до 13 степен, а максималната 30 степени. ...
Брачен пар од Бања Лука, развил свој бизнис, па според сведоци, продавале кокаин во киоск каде што продавале и крофни. Брацо Кота (55) од Бања Лука и неговата сопруга Анѓелија Кота (33) со години продавале кокаин на подрачјето на Челинац и Бања Лука, а на судењето сега се откриени деталите од нарко бизнисот. Ова го потврдија сведоците на обвинителството пред Окружниот суд во Бања Лука, на судењето на брачниот пар, на кои им се суди за ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во рамки на нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан. Таа од Белград порача дека ги разбира фрустрациите на Западниот Балкан. Изјави дека турнејата низ регионот е со јасна мисија, да ги охрабри кандидатките и најави дека ќе се ангажира со владите во ...
Денеска се обележува националниот ден на Власите. Во Македонскиот народен театар, вечер со почеток во 18 часот ќе биде одржана Свечена академија по повод одбележувањето на 120 години од Националниот ден на Власите. Настанот под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“ е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации. Оваа ...
Институтот за јавно здравје синоќа потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни болести како сомнителни случаи, а истовремено било побарано да се извршат и испитувања за ХИВ, сифилис и херпес. По извршени анализи со три различни методи, Институтот потврди дека кај двајцата пациенти е детектиран вирусот на мајмунски сипаници. ...
Се заострува јавната реакција по трагедијата во Кочани. Мајка на едно од починатите деца, Габриела Наунова, јавно му се обрати на премиерот, Христијан Мицкоски, со емотивна и остра порака објавена на Фејсбук. Таа го повика да дојде лично во Кочани, да запали свеќа на гробовите на загинатите и да се соочи лице в лице со болката на семејствата. Време е да покажете одговорност и човечност. Дојдете лично во Кочани. Запалете свеќа на гробовите на ...
Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика. Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер. Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на ...
„Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија? Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту бара алтернативи, само ги зајакнува дипломатските врски со држави значајни за нас. Истовремено Бујар Османи е најмалку повикан да говори на оваа тема откако како негово наследство имаме продадени интереси и идентитет на Македонците и пар фризерки испратени во дипломатија заедно со распадната и крајно партизирана мрежа во која ...
По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на ...
Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, посочува дека истрагата за пожарот во Кочани, од кој животите ги загубија 62 лица, е при крај. Засега, нема нови лица кои се осомничени. Распити се направени на над 300 лица, тврди тој. „За десет дена треба да заврши истрагата, а кон средината на јуни, се очекува јавно обвинителска одлука. Во моментов се испрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 лица“, рече ...
ФОТО Илустрација Возач на „БМВ“ се судрило со лице кое управивало електричен тротинет. Несреќата се случила на улицата „Јордан Мијалков“, зад Рамстор. Очевидци за „Скопје1“ велат дека ударот бил силен, па по кусо време итно дошла и Брза помош. „Страшен беше моментот, автомобилот удри во тротинетот на кој беше девојка“, велат очевидци. Од МВР со куса информација. „Пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со ...
Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најавува дека ќе оди да ги поддржи родителите во Кочани, за што организира и превоз. „Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај ...
Рускиот претседател Владимир Путин, на очигледно инсцениран состанок со претставници на Курската област на 20 мај, се обиде да ги оправда обновените напори за освојување на градот Суми и евентуално анектирање на регионот Суми, според Институтот за проучување на војната (ISW). Градот Суми се наоѓа само на 25 километри од украинската граница, а тампон-зоната што би го вклучила би ја намалила способноста на Киев да лансира артилериски или ...
Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“, откри денеска шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Тој рече дека се гонат лицата кои направиле финансиски импликации кои биле направени врз Клиниката за онкологија. Засебно, ќе се гони и начинот на кој се лекувале пациентите. „Се задржавме на злоупотребите кои беа видливи, во делот на финансиските злоупотреби. Но, Обвинителството му даде и друг пристап. Пристап во насока на ...
„Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава: Филипче се појави на ...
Одново повик од премиерот Христијан Мицкоски до Обвинителството, за да се преиспитаат случаите за пожарот во Модуларната болница во Тетово, несреќата кај Ласкарци, но и случајот со пожарот на автобус на Беса транс. За него очекувана била казната која е изречена на директорите во тетовската болница, меѓу кои е и братот на Фатмир Бесими. „Истрагата не ја води Владата, туку Обвинителството. Пресудата ја носат судовите. Ние сме кажале дека немаат ...
Полицајци биле предмет на претреси во домови и возила. МВР спроведе нова акција во Скопје и Штип. Засега е познато само дека лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и примање поткуп. „На подрачје на Скопје и Штип извршени се претреси на осум локации во домови, возила и во службени простории во Регионалниот центар за гранични работи Север, при што се пронајдени и одземени документација, мобилни телефони, една воздушна пушка ...
За потезите на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако е точно дека има дивоградби, таа треба да постапува. Според него, од филозофирање – нема фајде. „Па таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, рече Мицкоски. Ова доаѓа откако вчера од изутрина Арсовска одеше низ Чаир за да лоцира дивоградби, ...