„Од внатре, сè што можев да слушнам беа девојчиња како врескаат. Ја фатив масата, го скршив прозорецот и почнав да прскам вода внатре со цревото. Тие внатре врескаа, а ние ги прскавме со вода најмалку 2-3 минути. Ова го раскажува 19-годишниот Јован, кој стана еден од хероите на трагичната ноќ во дискотеката Пулс. Младиот човек ги опишува драматичните моменти во кои, ризикувајќи го сопствениот живот, се обидел да им помогне на настраданите. ...

„Со искрени желби за мир, среќа и благосостојба, ВМРО-ДПМНЕ го честита Рамазан Бајрам на сите верници што го слават! Овој празник нека биде потсетник на хуманоста, солидарноста и меѓусебното разбирање“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Овие денови се потсетник дека вистинската сила на едно општество се мери преку меѓусебната почит, разбирање и грижата за другите, вредности кои се втемелени во нашето општество и кои нè обединуваат без разлика на вера, ...

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Верниците го слават празникот по завршување на постите кои траеја цел месец кога не се јаде и не се пие ништо од изгрејсонце до зајдисонце, а на крајот на дневниот пост се подготвува ифтарска вечера. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот. Денешното празнување ...

Српската пејачка Барбара Бобак, настапи синоќа, на 28 март, во Загреб. За време на нејзиниот настап во клубот, додека беа вклучени огнените прскалки, Барбара реагираше и меѓу стиховите рече: „Исклучете го ова“. „Реакцијата е поради трагедијата во Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар во дискотека. Меѓу загинатите има и членови на популарниот бенд ДНК, пишува српски „Телеграф“. Со оглед на сериозноста на настанот, Барбара ...

Пет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани заминуваат на домашно лекување, двајца пак, се враќаат од странство. Четворица пациенти се критични, од кои, кај двајца има влошување на состојбата. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Таравари вели дека за пациентите кои се надвор од државата има кои се интубирани и во тешка, но не и живото загрозувачка состојба. Многу се префрлени на одделенија за понатамошен ...

Според военото раководство на Мјанмар, бројот на загинати се искачи на 1.644, додека бројот на повредени се искачи на 3.408. Уште 139 лица се водат како исчезнати. Спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на урната станбена зграда во Мандалеј, 30 часа по разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар, јавија новинарите на агенцијата Франс прес (Франс прес). Според АФП, Фју Леј Каинг (30) била извлечена од становите на Скај Вила, по што ...

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР. „37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат кусо од МВР. ...

На 28.03.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(24) од с. Грчец, скопско, удрило во пешакот Т.Н.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на СВР ...

Лимузината „Аурус“ од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодирала на улица северно од седиштето на московската тајна служба ФСБ во Лубјанка, вели Б92. На видеата се гледа дека пожарот кој избувнал во моторот на „аурус сенат“ вреден близу 330.000 евра се проширил и во внатрешноста на возилото. Се уште не е познато кој управувал со автомобилот кога се случил инцидентот. Се верува дека лимузината е во сопственост на ...

Борјан Ефтимов, дел од иницијативата „Кој е следен“, го искоментира статусот на Росица Кулавкова, сестра на загинатата Фросина Кулавкова. Откако Росица, објави дека борбата на иницијативата не е за за вистината и правдата, ги праша: „Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“. Ефтимов рече дека г „Го имаме видено (статусот), сметаме дека секој граѓанин, колку и да не се согласуваме, има право да го искаже мислењето. Секогаш ...

На т.н. народно Собрание, иницијативата „Кој е следен?“, бара институциите да ги објават сите документи поврзани со проверките на дискотеката „Пулс“, но и транспарентно да се објави документацијата за „Беса Транс“, „Дурмо турс“, „Онкологија“, „Тетовската модуларна болница“. Ова е прилично ново барање, бидејќи до пред една недела, тие ја бараа документацијата само за дискотеката во која загинаа 59 лица. Според Борјан Ефтимов, дел од ...

На социјалните мрежи се појави видео од Бангкок по вчерашниот земјотрес. Немаше возови и имаше многу малку такси возила, па луѓето мораа да пешачат. Погледнете како тоа изгледаше: Bangkok on Friday afternoon after the severe earthquake. Trains aren't running and taxis are scarce. So people have to walk home: pic.twitter.com/mr4zyFxdmh — ฿คຖgk๐k-฿๐y – หนุ่มบางกอก 🇹🇭 (@Bangkokboy17) March 28, 2025 Предвидливото моделирање на Американскиот ...

Пет лица, од кои едно од Куманово, а по двајца од Кочани и Виница се уапсени вчера попладнето при рутинска контрола. Полицајците извршиле проверка во автомобилот „мерцедес“ со кој се возеле. „Лицата .С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле ...

Во недела ќе ги поместиме стрелките на часовникот и ќе се свртиме кон летно сметање на времето. Летното сметање ќе почне 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот. И повторно експертите ја доведуваат во прашање таквата пракса укажувајќи на здравствени ризици и економска штета. Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се ...

Жена се породила на улица во Бангкок, откако вчера болницата во која била била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар. Footage during the earthquake in #Bangkok a baby was born in the park 😭 Waht a story to tell ‘’ I was born during the earthquake ‘’ #แผ่นดินไหว #earthquake #myanmarearthquake #bangkokearthquake #ตึกถล่ม pic.twitter.com/7E0FdzfPEf — Miia 🩵 (@i30199) March 28, 2025 Потсетуваме дека поради тресењето на земјата ...

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-Ен-Ен. Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци. „Моќта ослободена од ваков земјотрес е околу 334 атомски бомби“, рече Феникс. Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската ...

144 мртви, 732 повредени во Мјанмар Најмалку 144 лица загинаа во Мјанмар, објави државната телевизиска мрежа на Телеграм. Оттаму додаваат и дека 732 лица се повредени во земјотресот и последователните потреси што се случија утринава. Ова е прва официјална бројка што ја објави воената хунта во Мјанмар, а лидерот на хунтата додаде дека бројот на загинати и повредени ќе продолжи да расте. Воениот водач вели дека 96 лица загинале во Неј Пи Тав, 18 ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „На 27 март, при вршење семејно насилство, тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РСМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. Поврзани вести преку ознаки: мвр ...

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик. На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски ...

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека сите трошоци се покриени од Владата, а парите се префрлени во вторникот и средата. Според него, средства не добиле само тие кои не оставиле сметки. „Уште еднаш ќе повторам, за сите пациенти лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти по ...

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку општина Карпош има 820 згради и 1.500 ...

Осум повредени од дискотеката „Пулс“ ќе бидат пуштени на домашно лекување, а девет кои се лекуваат во странство се враќаат денеска. На клиниките во Скопје ќе останат 22 пациенти, а во странство остануваат 99 пациенти. „И за критичните пациенти добиваме добри вести, дека иако се во тешка состојба, се во подобрена состојба од вчера. Оптимисти сме дека и тие ќе е подобруваат, иако треба да бидеме внимателни за да нема други евентуални ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела (30.03.2025) со почеток од 10.00 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите ...

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје. Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид ...

Русија тврди дека клучната транзитна точка на гас во градот Сужи, во руската област Курск, е практично уништена. Москва го обвинува Киев, за „двоен напад“ на мерна станица за гас што предизвика голем пожар и „виртуелно уништување“. Но, претставник на украинската национална безбедност рече дека Русија повторно го нападнала системот за транспорт на гас Суџа, кој не го контролира. Станицата во Суџа за прв пат беше нападната на 21 март. Тогаш беше ...

Во Бангкок, 70 градежни работници се водат за исчезнати на местото на урната зграда, соопшти тајландскиот Национален институт за итна медицина. Тие претходно објавија дека 43 лица се сметаат за исчезнати. Во соопштението се додава дека во моментот на уривањето на градилиштето биле околу 320 работници, а 20 од нив останале затрупани во шахтите на лифтот. Бројот на загинатите се уште не е познат, а на терен е поставена теренска болница додека ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека лидерите на Европската унија се подготвуваат за воен конфликт со Русија и покрај немањето какво било оправдување за таквите акции. Говорејќи во утринската програма на Радио Кошут, Орбан тврди дека Унгарија нема да учествува во таков конфликт, јави руската државна новинска агенција ТАСС. „Гледам дека Брисел се подготвува за војна. Најстрашно е што се случува во главите на овие луѓе“, рече Орбан, ...

Водата во Крива Река е опасност по здравјето на луѓето откако избила хаварија во рудник. Според градоначалникот Сашко Митовски, во неа има десеткратно повеќе присуство на метали. Рече дека ќе поднесат кривична пријава. Според него, Државниот инспекторат нема постапено согласно законите. „Извештајот на акредитирана лабораторија покажа дека водата во Крива Река, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница, е сериозно загадена и претставува ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
74%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.38
60%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
58%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
41%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
61%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
35%
1007
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
53%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
73%
1009
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048