Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Вработените во подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје се привремено иселени од зградата на Македонската радио-телевизија (МРТ) поради долготрајниот проблем со водоснабдувањето, објави „Мета“. Од Агенцијата потврдуваат дека од денеска, 21 јули, инспекциската служба и архивата се преселени во централата на АХВ на улица „3-та Македонска бригада“. „Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува граѓаните и ...
„Ер-трактор“ е вклучен во гаснењето на пожарот во Паркот на природата Езерани во Преспа, но огнот сѐ уште не е ставен под контрола. Гори веќе четири дена, огнот има зафатено околу 300 хектари трска од заштитеното подрачје. Нема опасност по домовите на околните население места, но загрозен е животинскиот свет во Паркот. На терен се излезени Територијалната противпожарна единица од Ресен, вработени во Паркот, Општина Ресен, Националниот парк ...
Не се гледа крај на политичката криза во Косово откако парламентот не беше конституиран и од 50. обид, а пратениците продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат. Поминаа пет месеци од одржувањето на парламентарните избори во Косово. Во март беа потврдени конечните резултати, но косовскиот парламент и натаму е без претседател и потпретседател. Причината за тоа е што опозицијата одбива со тајно гласање да ја избере кандидатката на Самоопределување ...
Пратеничките групи во Собранието ги држат и натаму независните кандидати за градоначалници и за советници надвор од учеството во локалните избори и не го решаваат нивниот статус, откако Уставниот суд во март ги укина одредбите со кои големите партии им набија илјадници потписи за да можат да се кандидираат на избори. Вака, без регулатива и правила, независните не може да се кандидираат и да учествуваат на престојните избори. Претседателот на ...
Милиони патници во САД во иднина ќе треба да платат дополнителни 250 долари за виза, што е предвидено со таканаречениот Голем прекрасен закон за буџетот, што Доналд Трамп го потпиша на 4 јули. Давачката важи за сегашната фискална година, која почна на 1 октомври 2024 и трае до 30 септември 2025. Сепак, новата цена на визата сѐ уште не се применува и не се знае кога ќе почне. За следните години, сумата ќе биде прилагодена на инфлацијата, ...
Собранието е надлежната институција што одлучува за разрешување на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), додека евентуалната оставка е лична и морална одлука на самата претседателка, соопшти денеска Антикорупциската комисија. Од ДКСК велат дека нивната претседателка, Татјана Димитровска, не доаѓа на работа во изминатиот период поради изречените мерки од надлежен суд. „Имајќи предвид дека во конкретниот случај ...
Доналд Трамп се закани дека ќе блокира договор за изградба на нов стадион во Вашингтон доколку локалниот фудбалски тим Командерс не го врати своето старо име Редскинс. НФЛ тимот се откажа од ова име во 2020 по децении критики дека е расистичко. Покрај Командерс, Трамп го повика и бејзбол тимот Кливленд Гардијанс да си го врати името Индијанс и најави дека ако не го послушаат, ќе преземе официјална акција. „Би можел да им воведам ограничувања ако ...
Дваесетина дена не работат семафорите во Велес, лоцирани на крстосницата кај бензинската на „Макпетрол“ и ЕВН. Иако претходно имаше периоди кога само трепкаа, сега се сосем исклучени. Времето ја прегазило технологијата која ја користат и таа не може да биде заменета, потребни се средства за набавка на нови, велат од локалната власт. „Постојните семафори се поставени пред 20-тина години. Стара техника користена во ново време. Технологијата која ...
Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род и мајчинство во областа на работата и работните односи, и тоа врз вработена во приватна фирма, која на 17 јуни 2024 година кажала дека е бремена, а веќе следниот ден добила отказ. Младата жена била ...
Еден загинат, едно тешко повредено дете и повреден возач е билансот од две сообраќајни несреќи што се случиле во рок од само еден месец на новиот експресен пат Градско – Фариш. Дополнително, во истиот период, регистрирано е и излетување на шлепер, поради што сообраќајот беше во прекин пет часа. Жителите од населбата Стопанство, која се наоѓа веднаш до критичниот свиок на исклучокот од патот, на влез кон автопатот за Скопје од правецот на Прилеп, ...
Русија е отворена за разговори со Украина, но остварувањето на целите останува приоритет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, откако Доналд Трамп ѝ постави ултиматум на Москва да прифати прекин на огнот во рок од 50 дена или ќе се соочи со посилни санкции. И Володимир Зеленски вчера ѝ предложи на Русија одржување на нова рунда мировни разговори. „Претседателот Владимир Путин постојано зборува за неговата желба што поскоро да се постигне ...
Помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк во Велес, проект на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), веќе две години е недовршено и запуштено, без градежни активности и без стопан. Градоначалникот на Велес, Марко Колев, изјави дека општината не може да го прими објектот бидејќи изграденото значително отстапува од првичниот проект. „Тоа е проект на ФФМ. Не можеме да примиме нефункционално спортско игралиште. Формирана е комисија во ...
Јетон Селмани од Струга нема пристап до својот дом откако соседот пред три години го узурпирал државниот пат поставувајќи метална ограда и со тоа ја блокирал неговата влезна дворна врата. Вели дека колите ги паркира надвор оти не ги собира во делот кој е оставен слободен. Узурпирани се околу 15 метри квадратни пред самиот влез од куќата на Јетон со што половина од вратата е блокирана. Вели дека е револтиран и од несовесноста на соседот, но и од ...
Пред многубројнапублика синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ на Енис Хилми, добитничка на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година. „Книгата оддишува со шарм, но и со духовност, што е навистина редок зачин во нашата книжевност. Пишувана од лезет, со хумор и искуство, во мераклиски ритам, која исто така со лезет и се чита. После ...
Поради голем напад со украински беспилотни летала врз Русија, големите аеродроми во Москва беа привремено затворени, што доведе до откажување на најмалку 140 летови, соопштија официјални лица. Според руското Министерство за одбрана, од саботата наутро биле соборени повеќе од 230 украински беспилотни летала над руска територија, од кои 27 над главниот град. Руската агенција за воздухопловство соопшти дека биле погодени четирите главни аеродроми ...
Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР) обезбеди 400.000 евра за реализација на четири проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година. Проектите, кои опфаќаат речиси сите општини во регионот, треба да бидат завршени до крајот на годинава. Според директорот на Центарот на ИПР, Трајче Здравков, меѓу проектите е и првата фаза за изградба на ски-центар на Царев Врв на Осоговските Планини. За оваа фаза, која ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација од страна на директорка на конфекција, која избркала од работа вработена кога кажала дека ќе мора да отвори боледување, зашто детето ѝ фатило сипаници. КСЗД утврди дека работничката е дискриминирана затоа што била членка на синдикатот. Подносителката навела во претставката до Комисијата дека била вработена на определено време во конфекциската фабрика од 17 ...
Во Музејско–културниот центар „Лапидариум“ во Охрид синоќа беше отворена изложбата „Патот на фреската“ од Ангелина Спировска и Владо Мукоски. Авторите се претставија со 17 дела изработени во текот на годината, изведени во автентична фреско техника, но со мотиви и пораки кои говорат на јазикот на денешнината. „Изложбата на современи фреско слики претставува современ визуелен дијалог со традицијата“, велат авторите. „Идејата е од самата наша ...
Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. По добиената пријава за повреден планинар, тие итно го мобилизираа тимот за спасување од планина чии припадници се упатија кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило. Тие ќе се обидат да го ...
Европскиот комесар за правда, Мајкл Мекграт, вели дека е шокиран од токсичноста и опасноста на некои производи што се продаваат на популарните кинески платформи за онлајн трговија, како „Тему“ и „Шеин“, најавувајќи построги мерки против овие компании. Мекграт вети дека ќе се справи со продажбата на стоки кои флагрантно ги кршат законите на ЕУ, имајќи предвид дека дневно во Унијата пристигнуваат околу 12 милиони пакети со ниска вредност од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Киев ѝ предложил на Москва нова рунда мировни преговори за следната недела, откако преговорите заглавија на почетокот на јуни. Двата круга разговори што се одржаа во Истанбул не резултираа со напредок кон прекин на огнот, туку доведоа до размена на заробеници и договори за враќање на телата на убиените војници. „Секретарот на советот за безбедност, Рустем Умеров, извести дека предложил следна ...
Авион на американската компанија „Делта ерлајнс“ мораше принудно да се врати и да слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во петокот, откако беше пријавен пожар на еден од моторите. Инцидентот се случил кратко по полетувањето на авионот, кој летал кон Атланта. Од Федералната агенција за авијација (ФАА) соопштија дека авионот безбедно слетал назад на аеродромот во Лос Анџелес. Причината за пожарот сè уште се истражува. На видеоснимките се ...
Најмалку 37 лица загинаа, а неколкумина се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте поради силно невреме во заливот Ха Лонг, популарна туристичка дестинација во северен Виетнам. Бродот „Вондер Сис“ (Wonder Seas) превезувал 53 лица, повеќето виетнамски семејства од главниот град Ханој, кога бил зафатен од ненадејна бура, соопштија виетнамската крајбрежна стража и морнарицата. Спасувачите велат дека обилниот дожд ја отежнува ...
Здружението на родители на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ денеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја објави целосната видеоснимка од нивната средба во Владата на 7 јули. Во реакција на вчерашното соопштение на Владата, од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани велат дека целиот разговор бил снимен од негова страна. „Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве ...
Еден од најсовремените патнички авиони, Ербас А350, денеска за првпат слета на Меѓународниот Аеродром Скопје. Како што соопштија од аеродромот, авионот пристигна на редовната утринска линија на „Туркиш Ерлајнс“. Оттаму додаваат дека ова слетување на има и симболичен почеток, бидејќи меѓу патниците имаше и млади спортисти и делегации кои ќе учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал „Скопје 2025“. Широкотрупниот авион, кој вообичаено ...
Денеска околу пладне изби пожар на планината Жеден во Општина Желино. Горат грмушки и сува вегетација, а огнот се шири кон месноста Еребино каде се наоѓа база на АРМ. Во гаснењето на пожарот веднаш е вклучена противпожарната едииница од Тетово, како и пожарникари од Скопје, а од ДСЗ се интервенира со хеликоптер и друга механизација. „На пожарот помеѓу Желино и Еребино дејствуваат еден армиски хеликоптер, еден полициски камион марка МАН со ...
Со приклучувањето на хидросистемот „Злетовица“, Штип го реши прашањето за водоснабдување за следните педесет години, обезбедувајќи капацитет што ги надминува и најголемите потреби на градот. Филтер-станицата може да преработува над 300 литри вода во секунда, додека просечната дневна потрошувачка во летниот период е околу 180 литри во секунда, што теоретски овозможува градот да има вода и за извоз. Од 2022 година, филтер-станицата целосно ја ...
Сириското претседателство објави „итен прекин на огнот“ во јужниот град Сувеида во обид да се стави крај на еднонеделното секташко насилство во кое загинаа стотици луѓе. На улиците на градот се водеа хаотични вооружени битки меѓу локалните бедуински племиња и заедницата на Друзите, при што двете страни се обвинети за злосторства. Според Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) со седиште во Велика Британија, од избувнувањето на ...
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ –Охрид доби вредна донација во медицинска опрема и апарати обезбедена од донација од наши иселеници во Швајцарија, во висина од околу 100.000 евра. Обезбедени се болнички кревети, душеци, наткасни, апарати за анестезија, машини за механичко чистење на инструменти, апарати за електрокардиографија, негативоскопи, апарати за стерилизирање на опрема, фрижидери за лабораторија, светла ...
61-годишен маж починал од тешките повреди откако бил вовлечен во апарат за магнетна резонанца бидејќи носел метален синџир околу вратот, соопшти американската полиција. Инцидентот се случил во средата попладне во медицинска установа во Вестбери, Њујорк. Според полицискиот оддел на округот Насау, мажот влегол во просторијата каде што се наоѓал апаратот додека скенирањето било во тек. „Поради големиот метален синџир што го носел на вратот, силното ...