Жизел Пелико, Французинката која лани доби меѓународно признание откако како жртва на масовно силување јавно сведочеше на судењето, ја доби највисоката награда на Франција. 72-годишната Пелико е прогласена за витез на Легијата на честа на листата објавена пред Денот на Бастилја, 14 јули во Франција. Пелико се откажа од правото на анонимност за време на високопрофилираното судење против нејзиниот сопруг кој ја дрогирал и силувал, покрај тоа што ...

Во новата студиска година на Универзитетот„Гоце Делчев“ во Штип треба да почне и изградбата на нова зграда на Факултетот за медицински науки, што ќе биде во непосредна близина на зградата на Клиничката болница која десет години е во изградба. Според одлуката на Владата, а и како што во неколку наврати најави премиерот Христијан Мицкоски, предвидено е со новите инвестициски фондови напоредно со доизградбата на Клиничката болница во нејзина ...

Две години реата на измет е секојдневие за жителите на населбата Стопанство и дел од Градско, откако започнала со работа блиската биогасна централа лоцирана во нивно соседство, преку пат. Освен неподносливата смредеа има и инсекти кои ги привлекува ѓубрето, а се опасност по здравјето. „Смрдеата ни предизвикува потешкотии на здравјето. Амонијакот кој потекнува од распаѓањето на животинските или растителните материи кои се користат во процесот за ...

Прилепскиот убиец ги убил внукот и негвиот 13-годишен син и по час и пол објавил на Фејсбук за убиството, соопшти СВР Битола за двојното убиство и самоубиство во Прилеп. Убиецот се самоубил околу 5 часа подоцна откако претходно пукал во полицајци и фрлил бомба. Од СВР Битола вела дека на 12.07.2025 година околу 15:00 часот П. Ѓ.(62) од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра П. Ч.(43) од Прилеп, при што истиот го поканил да оди ...

Деветмината штипјани со девет „фиќовци“, произведени во 1960-тите години, по изминати 3.000 километри до Виена и назад, се вратија во Штип без никаков проблем на патувањето, дури и на планинските превои во Словенија и Австрија. „Планиравме да заминеме со 8 ‘фиќовци’, но во последен момент ни се приклучи уште едно, па за Австрија при крајот на јуни заминавме со девет автомобили ‘застава 750’. Месец дена ги подготвувавме за пат долг и во двете ...

Десет лица, меѓу кои шест деца, денеска се убиени во израелски воздушен напад додека чекале да наполнат контејнери со вода во централна Газа, соопштија претставници на службата за итни случаи. Нивните тела се испратени во болницата Ал-Авда во Нусејрат, каде што биле згрижени и 16 повредени лица, од кои седум деца, според лекар во болницата. Очевидци рекоа дека дрон истрелал проектил кон толпа луѓе кои чекале во ред со празни канти за вода покрај ...

Претседателот Доналд Трамп вели дека размислува да ѝ го „одземе“ американското државјанство на долгогодишната соперничка, актерката и комичарка Роузи О’Донел, и покрај децениската пресуда на Врховниот суд која изрично забранува таков чин од страна на владата. „Поради фактот дека Роузи О’Донел не е во најдобар интерес на нашата Велика Земја, сериозно размислувам да ѝ го одземам државјанството“, напиша вчера Трамп во објава на социјалните мрежи. ...

Американска и македонска музика свиреа оркестарот на Филхармонијата и американската пијанистка Клер Хуангчи под диригентство на Едвин Аутвотер од САД, на отварањето на јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето во Античкиот театар во Охрид. Музиката, визуелните ефекти и сликите и видеата на видеобим беа во знакот на македонската и на американската традиција. Хуангчи, која е во поодмината бременост, и оркестарот добија голем аплауз ...

Во Прилеп, 63-годишен маж вчера ги убил својот 43-годишен внук од сестра и 11-годишниот син на внукот, а потоа се самоубил, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО). Оттаму велат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Според првичните сознанија, 63-годишникот ...

Добиваме извештаи од акредитирани лаборатории дека асфалтот што се тура на реконструираните улици е добар, а на терен се гледа дека нешто не е е во ред, рече на комисиска расправа Маријана Спасевска, раководителка на Одделението за комунални дејности и уредување на градежно зејиште при Општина Битола. Општина Битола, со раблансот на буџетот кој пред советниците на гласање ќе биде на 14 јули, меѓу другото бара и издвојување половина милион денари ...

На државен трошок отсега ќе може да се прават шест ин витро оплодувања, наместо три како што беше досега, и тие се бесплатни за граѓаните, кажа денеска директорот за Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски. Станува збор за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули беа донесени во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и Фондот. „Првата измена е ...

1 Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на Европската Унија ќе ѝ покажеме дека „со реформите дома ќе покажеме дека сме најдобар ученик во одделението и да бидеме посакувани од страна на ЕУ“. Колку сме добар ученик се покажа уште дента кога премиерот ја даде оваа изјава. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ѝ даде на македонската Влада уште неколку месеци да преземе активности за Охридското крајбрежје да не биде ставено на списокот на ...

Почна да се чисти популарното излетничкото место Суитлак во Штип кое беше наполнето со градежен шут и друг отпад. Багери секојдневно и со часови товараат повеќе камиони кои градежниот отпад го дислоцираат, но не се знае каде. Суитлак, кое некогаш беше ливада и е дел од градот, за неколку години стана најголемата дива депонија на градежен шут и друг отпад кој се складираше веднаш до фудблското игралиште. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, ...

Џек Николсон не сакаше да оди на Оскарите. Беше 1976 година и тој беше номиниран за најдобар глумец во „Лет над кукавичјото гнездо“. Филмот на Милош Форман, кој ја слави својата 50-годишнина со нов кино живот на реставрирана копија на 13 и 16 јули, стана сензација – вториот филм со најголема заработка од 1975, веднаш зад „Ајкула“ – и доби девет номинации за Оскар. Но, Николсон не се чувствуваше оптимистички. За пет години, тој веќе беше ...

Десет патнички возила синоќа беа оштетени во Битола, од кои седум во експлозија од направа фрлена на улицата Охридска, а другите три опожарени од оган кој се проширил од запалена барака. Во двата случаја нема повредени лица, само причинета е материјална штета, освен на возила и на објекти во опкружувањето. Според СВР Битола, непознато лице синоќа околу два часот фрлило експлозивна направа на улицата Охридска во делот кој се наоѓа кај Дрвен ...

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска воведе царина од 30% за увоз од Мексико и Европската Унија почнувајќи од 1 август, откако неколкунеделните преговори со клучните трговски сојузници не успеаја да постигнат посеопфатен трговски договор. Новите царини се објавени во посебни писма на неговата социјална мрежа „Трут соушал“. На почетокот на неделава, Трамп издаде нови царински најави за голем број земји, меѓу кои и Јапонија, Јужна Кореја, ...

Во Тетово денеска беше одбележана 100-годишнината од осветувањето на црквата „Свети Кирил и Методиј“. Пред голем број верници од Тетовско, но и од други места од државата, со светата литургија чиноначалствуваше поглаварот на Македонската правоославна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) архиепископот охридски и македонски Стефан во сослужение на владиката тетовско-гостиварски Јосиф. „Честита годишнина, честит векот и дај Боже уште многу, многу ...

Граѓани повеќе од еден час седат во автомобилите на влезот пред Охрид, километарската колона возила не мрда и не може да се влезе ниту излезе од градот. Полицајците кусо им одговораат дека сообраќајот е закочен поради делегација. Денеска во 11 часот во посета на Заливот на коските беше владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски. Во 14:30 часот претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го прими претседателот на Албанија, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица кои вчера ја нападнаа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, на Бит Пазар при увид на дивоградба спроти Полициската станица во Чаир. Осомничени се за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За првосомничениот се бара притвор, а за вториот мерки на претпазливост. „Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) одобри 24-часовно обезбедување на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако таа вчера беше нападната на Бит Пазар при увид на дивоградба спроти Полициската станица во Чаир. „По вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на ...

После години запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени 15 милиони денари (над 240.000 евра) од буџетот на Завод и Музеј Охрид, рече денеска директорот Горан Патчев. „Презедовме доста чекори за реставрација на самата инсталација, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли, за системот ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во скопско Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи. На отпадот за старо железо гореа хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се ...

Владата склучи договор вреден 1,7 милиони евра за осмислување и реализација на саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2027 во Белград, Србија, со здружението за културен и економски развој и поврзување „Јавна соба“ од Скопје, чиј претседател е Александар Велиновски. Договорот склучен на 9 јули 2025 е во вредност од 106.044.240 денари или 1.724.297 евра, а го склучил Генералниот секретаријат на Владата претставуван и застапуван од ...

Американскиот Стејт департмент вчера отпушти над 1.300 вработени, во согласност со драматичниот план за реорганизација од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, за кој критичарите велат дека ќе му наштети на глобалното лидерство на Америка и напорите за справување со заканите во странство. Според висок функционер на Стејт департментот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, Министерството испрати известувања за отпуштање до 1.107 ...

Жител на северна Аризона во САД почина од пневмонична чума, соопштија вчера здравствените власти. Чумата е ретка кај луѓето, со просечно околу седум случаи годишно пријавувани во САД, повеќето од нив во западните држави, според федералните здравствени службеници. Смртта во округот Коконино, кој го вклучува и Флагстаф, беше првата регистрирана смрт од пневмонична чума од 2007 година, соопштија локалните власти. Понатамошни детали, вклучително и ...

Прекинувачите за контрола на горивото на моторите на авионот на „Ер Индија“ што се урна минатиот месец биле преместени од позиција „работи“ во позиција „исклучи“ неколку моменти пред падот, со што двата мотора останале без гориво, се вели во прелиминарниот извештај од истрагата. Извештајот, издаден од Бирото за истрага на авионски несреќи на Индија, исто така посочува дека двајцата пилоти биле збунети околу промената на поставката на ...

По безмалку еден месец од големиот помор на риба во реката Тополка, институциите немаат одговор кој е сторителот. Уште на лице место, при вршењето на увидот, државниот инспектор за животна средина кажа сите информации за овој случај да се бараат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес. Но во одговорот од ОЈО Велес на нашето прашање нема детали за можен сторител. „Во однос на настанот, постапката е во тек. Изготвен е записник од ...

Под мотото „Трансформација на сетилата“ вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со концертот на американската пијанистка Клер Хуангчи и Филхармонијата на Македонија, под диригентство на Едвин Аутвотер од САД. На програмата се „Пајдушко” од Дамир Имери, симфониски танци од „Приказна од западната страна” од Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино” од Џорџ ...

За нападот врз градоначалничката Данела Арсовска при увид на дивоградба во скопски Чаир спроти Полициската станица на Бит Пазар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека физички имало контакт, но нејзиното тврдење дека било пред очите на полицијата е лага и повторен обид за манипулација на јавноста. Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, кажа дека Арсовска не го потпишала полицискиот записник. „Дошла во полициска ...

Пред очи на полицајци ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а цело семејство ќе ми го убие, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска откако излезе од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ каде денеска беше примена во Ургентниот центар, откако попладнево физички беше нападната на Бит Пазар при увид на дивoградба спроти полициската станица во Чаир. „Најпрво лицето ми се закануваше вербално, не можам да изговорам со ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.49
68%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.68
92%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
77%
1024
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
95%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Рутениум

29192.88

Калај

41.29

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Платина

59937.34

Сребро

2049.55

Алуминиум

2.88

Кобалт

58.42

Паладиум

50830.33

Злато

138322.05

Бакар

10.76