
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



На денешното одбележување на 153-годишнината од раќањето на македонскиот револуционер и деец, Гоце Делчев пред Ректорската управа на Универзитетот во Штип што го носи неговотo име, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема друга таква личност во историјата како него. „Најверојатно нема во историјата да најдете човек за кој толку многу се пишувало и зборувало, но и се плачело и радувало како што е Гоце Делчев. Тој е ...
Во втората половина од годината би можело да се почне со радиoтерапија на онколoшки пациенти во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, рече денеска директорот д-р Синиша Стојаноски, на прес-конференција во Владата за одбележување на 4 февруари, Светски ден на борба против ракот. Акцелераторот во „8 Септември“ беше промовиран за 8 Септември 2022, со тогашниот премиер Димитар Ковачевски, тогашниот министер за здравство Беким Сали и ...
Основното обвинителство во Битола бара притворската мерка да остане, иако органите на прогонот сѐ уште не го нашле 40-годишниот битолчанец кој пред три и пол месеци крвнички ја претепал поранешната девојка во неговата викенд куќа во потпелистерското село Ниже Поле, кога таа посегнала по нож и си ги пресекла вените. Девојката со тешки телесни повреди ја преживеа траумата, а битолчанецот побегна. Обвинителството поднесе обвинение против ...
Министерството за здравство ја разреши директорката на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле, Каролина Симоновска, и на нејзино место ја назначи Катерина Бошкова, која над 20 години е дел од тимот на оваа установа, соопштија од министерството. Разрешувањето на Симоновска, која вчера преку соопштение им забрани на медиумите да ѝ го споменуваат името, доаѓа по препукување помеѓу директорката и Лекарскиот колегиум на клиниката, кои ...
Новото раководство на Центарот за култура во Штип го утврди репертоарот за фавруари, кој содржи десет театарски претстави, од кои две на театри од други градови. Директорот Филип Стевановски вели дека за реализацијата на богатата театарска и друга програма билетарницата во Домот на културата ќе работи секој ден од 9 до 19 часот, а во деновите кога ќе има претстави ќе работи од 17 до 20 часот. Од богатата програма за 2025, тој како посебна ...
Денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со видеоснимки од патот кој води од Визбегово кон Горно Оризари, на кои во 7.49 часот, односно во 7.55 часот, се гледа движењето, како на „ситроен” во чиј гепек веќе се наоѓа грабнатото девојче Вања Ѓорчевска, така и на “рено кангу” со едно лице, Љупчо Палевски. Во „ситроенот” се Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, а во багажникот е врзана и Вања. Натаму од ...
Доналд Трамп кажа дека е спремен да склучи договор со Украина, според кој САД би продолжиле да ја снабдуваат со помош во замена за ретки минерали со кои таа располага. „Сакаме да направиме договор со Украина, со кој ќе ѝ го обезбедиме она што го бара во замена за ретки земјени минерали и други работи. Сакаме гаранција“, кажа Трамп од Белата куќа. Украина е богата со ретки минерали како литиум, ураниум и титаниум, кои се клучни за производството ...
Административна пречка била причината поради која Менде Доневски, неодaмнешниот в.д. директор на Универзитетската библиотека во Битола не можел да биде тргнат од претседателското место на подружницата на СОНК во оваа установа, додека бил на раководната функција. Од СОНК за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека во периодот кога тој бил директор траела реорганизацијата на Секторот за труд од Министерството за труд и социјална политика во Министерството за ...
Владата на Доналд Трамп наводно планира да ја спои Американската агенција за меѓународна помош (УСАИД) со Стејт департментот, додека на вработените им било кажано да не доаѓаат во нејзиното седиште во Вашингтон. Државниот секретар Марко Рубио изјави дека тој сега е шеф на УСАИД, која распределува помош низ светот вредна милијарди долари. Демократските конгресмени го опишаа ова како незаконски и неуставен потег кој би можел ги повреди сиромашните ...
Административна пречка била причината поради која Менде Доневски, неодaмнешниот в.д. директор на Универзитетската библиотека во Битола не можел да биде тргнат од претседателското место на подружницата на СОНК во оваа установа, додека бил на раководната функција. Од СОНК за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека во периодот кога тој бил директор траела реорганизацијата на Секторот за труд од Министерството за труд и социјална политика во Министерството за ...
Пекинг им возврати на САД со царини откако на сила стапија новите американски давачки на увозот од Кина, обновувајќи трговска војна помеѓу двете најголеми светски економии. САД ѝ воведоа царини од 10% на Кина откако Доналд Трамп ја обвини дека не прави доволно за да спречи внесување на дроги во Америка. Веднаш откако тие стапија на сила, кинеското министерство за финансии објави дека воведува царини од 15% за американските јаглен и течен ...
Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“ д-р Каролина Симоновска испрати соопштение до медиумите со кое забранува да се споменува нејзиното име и вели дека ќе ги преземе сите законски мерки ако некој ја спомне во новинарски текст. На соопштението за личниот став е ставен печат од Клиниката. „Јас, д-р Каролина Симоновска, именувана за в.д. директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни ...
Стравувањата од голем земјотрес ги натераа луѓето да бегаат од Санторини додека популарниот грчки остров и натаму го погодуваат потреси. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика жителите да останат мирни по засилената сеизмичка активност во областа. Националниот авиопревозник „Ејџијан“ објави дека го удвоил бројот на летовите од Атина до Санторини во следните два дена, а патничките оператори велат дека „новите летови биле распродадени во ...
Во Франција е закажано судење на поранешен хирург обвинет дека сексуално злоставувал млади пациенти додека биле под анестезија. Тоа ќе биде најголемото судење за злоставување деца во Франција досега, а ќе почне подоцна овој месец. Седумдесет и тригодишниот Жоел Ле Скуарнек е обвинет дека нападнал или силувал 299 деца меѓу 1989 и 2014, што најмногу се случувало во Бретања. Најголемиот дел од децата биле негови пациенти. Тој призна некои ...
Доналд Трамп ќе ги одложи новите царини за Мексико за еден месец откако Мексико се согласил да ја зајакне својата северна граница со 10.000 војници со цел да се спречи внесување дроги во САД, особено фентанил. Мексиканската претседателка Клаудија Шеинабум изјави дека во рамките на договорот САД се согласиле да спречат шверц на оружје во Мексико. Двајцата лидери разговараа преку телефон неколку часа пред да стапат на сила новите царини за ...
По повеќечасовната презентација на видеоснимките како доказ за свирепите убиства на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинителките покажаа во судница дел од фото-документацијата со докази и меѓу нив, неколку со безживотното тело на Панче кој беше најден мртов на трети декември 2023 година. Беше убиен на 22.11.2023 година. Тоа беше на крајот на денешното рочиште и по овИе фотографии, никој не остана рамнодушен. По ова, ...
На продолжението на судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се презентираа снимки од 27.11.2023 година од автомобилот „ситроен” на тогаш веќе убиениот Панче од Велес, еден час пред грабнувањето на Вања, како врти кон зградата во која живее таа. Осум видеа се презентираа. Три снимки беа обезбедени од хотелот „Сити Парк“ во близина на зградата, каде што живееше Вања Ѓорчевска. Камерите се поставени на хотелот, кон ...
Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска-Илијевски си даде оставка. Таа беше на оваа функција шест и пол години и реализираше 4.196 културни настани на кои дојдоа 739.342 посетители, стои во нејзиното соопштение за оставката испратено до медиумите. Таа напиша дека е време како актерка да се врати на театарската сцената, таму каде што започнала и ќе заврши нејзината уметничка приказна. За в. д директор на културната установа ...
Мечка следела и гонела 15-годишно дете кое упеало да избега, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото Крапа во Општина Македонски Брод, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера е добиена пријава дека во период од 18.15 до 20.15 часот во атарот на с.Крапа, возрасна мечка следела и гонела ...
Условна затворска казна доби В.И. (39 ) од Велес, негувателка во Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес, која дозволила децата да пробаат електронска цигара. Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донел првостепена пресуда против негователката во градинката, за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. „Вработената е прогласена за виновна бидејќи на децата им ...
Прорускиот паравоен лидер од источна Украина Артем Саркисјан е убиен кога експлодираше бомба во зграда со луксузни станови во Москва. Руската новинска агенција ТАСС објави дека станува збор за добро испланиран атентат. Бомбата била детонирана кога Саркисјан и неговиот телохранител влегувале во предворјето на станбен комплекс на брегот на реката Москва, 12 километри од Кремљ. Двајцата загинале на самото место, а уште три лица се ранети. ...
Делегиран буџет за 18 национални установи е новината во Годишната програма за култура од национален интерес за 2025, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Владата. Љутков кажа дека тие се обврзани да ги објават своите годишни програмски содржини на нивните веб-страници, а со овие промени ќе се создадат „услови за поефикасно планирање и реализација на програмските содржини од страна на директорите, ...
Илон Маск, кој ги предводи напорите на Доналд Трамп за намалување на федералната администрација, изјави дека ја почнале процедурата за укинување на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). „Не може да се поправи“, кажа Маск, додавајќи дека Трамп се согласил дека агенцијата треба да се згасне. Владата на Трамп викендов ги отпуштила двајцата шефови за безбедност во УСАИД кои се обиделе да ги запрат претставниците на Одделот за владина ...
Наместо да бришат фејсбук профили, човечки беше да се јават и да изразат сочувство, рече Росица, сестрата на трагично починатата Фросина Кулакова, на протестот на плоштадот во Кавадарци. Таа побара одговорност и од таткото на 20-годишниот Васил Јованов, кој е во притвор, бидејќи му озвозможил да вози автомобил, за кој немал сообраќајна дозвола. „Доделувањето на државни фукнции не смее да се сведува на формални образовни критериуми, јавните ...
Оркестарот на Филхармонијата на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена, дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. „Настапот на сцената на ‘Музикферајн’ во Виена е заокружување на прославата на 80 годишнината од формирањето на оркестарот, а воедно ќе се одбележат и 30 години од воспоставување ...
Викендов на Попова Шапка шест искусни планинари се нашле во ситуација да се борат за својот живот поради исцрпеност или поради лошите временски услови, информаираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во саботата ЦУК од фирмата „Ескимо Фрирајд“, која стопанисува со ратрак возила на Попова Шапка, добиле информација дека бил спасен еден планинар кој колабирал на високите предели кај Титов Врв на Шар Планина. Тој бил со група од 20 планинари ...
Грчките власти затворија школи и испратија спасувачки тимови, специјални сили, шатори и дронови на островот Санторини откако во областа беа регистрирани стотици тресења. Поради стравувањата дека би можел да уследи голем земјотрес, а со тоа и цунами, луѓето се советуваат да ги избегнуваат крајбрежјето и напуштените згради, да го испразнат базените и да не се собираат во голем број во затворени простори. Предупредување е издадено и за неколку ...
Доналд Трамп изјави дека многу брзо ќе воведе царини за добра увезени од Европската Унија, што следува откако тој почна трговска војна со Канада, Мексико и Кина, трите најголеми трговски партнери на САД. „Европската Унија ја искористува Америка. Тие не купуваат наши автомобили, не купуваат наши земјоделски производи. Не купуваат речиси ништо, а ние купуваме милиони нивни автомобили и огромни количини храна и земјоделски производи“, кажа Трамп. ...
Владата на Доналд Трамп отпуштила двајца безбедносни шефови на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) откако тие одбиле да ги предадат доверливите материјали на владините инспекциски тимови на Илон Маск. Членовите на новоформираниот Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), предводен од Маск, на крајот сепак добиле пристап до доверливите информации на агенцијата. Тимот на ДОГЕ ги немал потребните овластувања за пристап до таквите ...
Десет лица се приведени во акцијата „Вардар“ на заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, соопшти Јавното обвинителство на Македонија. Тие од утринава спроведувале координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на евра во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на ...