Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Асоцијацијата на приватни градинки „Полет“ им предлага на државните надлежни институции да го субвенционираат престојот на деца во приватни градинки, бидејќи се долги листите за упис во државните, а од друга страна се и преполни. Целта на проектот е да овозможи пристап до градинка за 1.260 деца, преку субвенционирање на нивниот престој во 20 приватни градинки низ државата. Проектот предвидува годишен буџет од 3.780.000 евра. „Овие средства се ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е во стабилна состојба откако вчера бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, потврдија од неговиот кабинет. Според соопштението, Гаши е во стабилна здравствена состојба и во моментов се вршат детални лекарски прегледи за да се утврди точната дијагноза. „Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието на ...
„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги Унковски, ќе има регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржува од 15 до 22 август. Во официјалната програма е и словенечко-македонската копродкција „Фантази“ на режисерката Кукла (Катерина Рашек) чиј македонски копродуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Во програмата за краток филм е и „Очите на Берна“, косовско-македонска ...
Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да пријават ако таксисти не им издаваат фискални сметки. Сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, може да се пријави на бесплатната телефонска линија 198 или на [email protected]. Од УЈП велат секој такси превозник е должен да издаде фискална сметка и најавуваат засилени контроли. „Контролите ќе се спроведуваат во соработка со ...
Археолошкиот локалитет Стоби е домаќин на десетина студенти, за првата Летна школа за фотограметрија. Тоа е вештина на одредување на големината на фотографираните предмети врз основа на фотографија, особено во топографијата. Посетителите учат како да ја документираат историјата користејќи најсовремени дигитални методи. Студентите се обучуваат и за компјутерска, терестријална и воздушна фотограметрија – техники што овозможуваат креирање и анализа ...
Министерот за здравство Азир Алиу им вети брзо вработување на неопределено време, а потоа со медицинските сестри кои со години работат со договор за дело си направија заедничка фотографија пред тетовската Клиничка болница. Ветувањето беше дека сите 155 медицински сестри и технички персонал од Клиничката болница дека ќе добијат решение за вработување на неопределено време, но откако ќе положат административен тест. „Некои од овие 155 лица работат ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ ќе формира партија бидејќи тоа е единствен начин независните да учествуваат на претстојните локални избори. Овој чекор од „Зелен хуман град“ го прават бидејќи големите партии од власта и опозицијата лани здружено донесоа измени на Изборниот законик со кој се зголемува прагот на потребни потписи за нивно учество на изборите. Ова законски решение во март годинава го укина Уставниот суд, но оттогаш не е ...
Повеќе од 100 хуманитарни организации и групи за човекови права апелираа до владите да преземат мерки, додека глад се шири во Газа. Тие бараат итен и траен прекин на огнот и укинување на сите ограничувања за протокот на хуманитарна помош. Во соопштение потпишано од 111 организации се предупредува дека масовен глад се шири низ енклавата, додека тони храна, чиста вода, медицински материјали и други производи стојат надвор од Газа бидејќи на ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши ноќеска е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија, откако дошол со силни болки во стомакот. Како што за порталот „Скопје1“ изјавиле од Клиниката, се работи за дијагноза преплетување на цревата, за која засега собранискиот спикер не е опериран. Гаши на средбата со новинарите во понеделникот одговараше на прашања, беше во добра здравствена состојба, но ослабен. За вториот човек во ...
Руска фабрика, опишана од нејзиниот директор како најголемиот производител на напаѓачки дронови, е прикажана од ТВ-каналот на руската војска, при што тинејџери помагаат да се прават камиказе дронови што се користат во војната против Украина. Снимките покажуваат стотици довршени самоубиствени дронови „геран-2“ во рамките на тајниот објект, кој веќе беше мета на украинските дронови со долг дострел. Украина вели дека Русија ги користи овие дронови ...
Најмалку 25 деца се меѓу 27-те тела извлечени од уништените згради откако авион на воздушните сили на Бангладеш вчера се урна во училиштен кампус во главниот град Дака. Властите кажаа дека 88 луѓе, најголем дел ученици, се во болница. Авионот „Ф-7“, кој бил на рутински тренинг-лет, се урна набргу по полетувањето од воздушната база во градот. Војската кажа дека авионот претрпел механички дефект пред да се урне и дека пилотот е меѓу загинатите. ...
Осумнаесетгодишен австриски државјанин по потекло од Македонија е уапсен во Австрија под обвинение дека планирал да направи бомба за да изврши терористички напад. Според австриските медиуми, властите почнале да го следат во средина на овој месец откако добиле дојава од странска разузнавачка агенција. Тој на интернет покажувал интерес за правење експлозивни направи и за напаѓање објекти на западот и неговите планови се сметале за конкретни. ...
САД повторно ќе ја напуштат агенцијата за култура и образование УНЕСКО, изјавија двајца европски дипломати, додека Доналд Трамп продолжува да ја повлекува земјата од институции што долго време ги критикува. „Претседателот Трамп одлучи да ги повлече САД од УНЕСКО, која поддржува воук и културни и социјални каузи кои се целосно спротивни на политиките на здрав разум за кои Американците гласаа во ноември“, изјави заменичка-портпаролката на Белата ...
Шестнеделно бебе е меѓу 15-те лица кои починале од глад во Газа во последните 24 часа, соопштија локалните здравствени службеници, при што неухранетоста сега ги убива Палестинците побрзо од кога било во 21-месечната војна. Бебето починало на болничко одделение во северна Газа, соопштија здравствените работници, именувајќи го како Јусеф ал-Сафади. Уште тројца од починатите се деца, од кои едно имало 13 години. Палестинските здравствени службеници ...
Крузер со израелски туристи го напушти грчкиот остров Сирос без патниците да се истоварат откако повеќе од 150 демонстранти протестираа на пристаништето, веејќи палестински знамиња и повикувајќи на крај на војната во Газа. Носејќи транспаренти на кои пишуваше „Стоп на геноцидот“ и „Без клима уред во пеколот“, демонстрантите извикуваа слогани во близина на местото каде што беше пристанат крузерот „Краун Ајрис“, соопштија локалните медиуми. Нема ...
Доналд Трамп изјави дека е време неговите политички непријатели да одговараат, обвинувајќи го бившиот претседател Барак Обама за предавство. Тој рече дека ја ослободил Хилари Клинтон од одговорност откако бил избран за претседател првиот пат и ги обвини Обама, некогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми и други високи функционери за нелегален заговор против него. „По она што ми го направија, без разлика дали е правилно или погрешно, време е да се ...
Во Украина избија најголемите протести од почетокот на војната во 2022 откако Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се ограничува автономијата на националните антикорупциски институции, што беше критикуван од меѓународната заедница. Критичарите велат дека законот ги поткопува овластувањата на Националното биро за борба против корупција (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупција, ставајќи ги под контрола на главниот ...
Републиканците од Претставничкиот дом сакаат да ја именуваат оперската куќа на центарот „Џон Кенеди“ во Вашингтон според првата дама Меланија Трамп. Тие предлагаат новото име на установата да биде „Оперска куќа првата дама Меланија Трамп“. Нејасно е дали предлогот ќе помине во Претставничкиот дом и дали ќе добие поддршка од двете партии во Сенатот за да може да стане закон. Во февруари, Доналд Трамп го промени раководството на оваа уметничка ...
Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род и мајчинство во областа на работата и работните односи, и тоа врз вработена во приватна фирма, која на 17 јуни 2024 година кажала дека е бремена, а веќе следниот ден добила отказ. Младата жена била ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, по истрагата „Синдром“ започната во април годинава, соопштија од обвинителството. Тие се товарат дека како дел од две криминални групи посредувале и овозможувале незаконско стекнување со право на туѓа нега и инвалидска пензија, за што наплаќале од 150 до 5.000 евра. Според обвинението, криминалните групи дејствувале во текот на 2023 и ...
Два македонски филма ќе имаат светска премиера на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал (27 август-9 септември), соопшти денеска Фестивалот кој ја објавува прoграмата. „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ќе ја отвори натпреварувачката програма „Хоризонти“, а документарниот филм „Силјан“ на Тамара Котевска е се прикаже вон конкуренција во програмата за документарци. Првпат два македонски филма имаа премиера во Венеција во 2023, ...
Уметничкиот директор на Венецискиот филмски фестивал, Алберто Барбера, претстави богата мешавина од возбудливи филмови со големи ѕвезди – како и помали наслови со потенцијал за награди – кои ќе се борат за Златниот лав за време на претстојното 82. издание што ќе почне на 27 август. Многу очекуваните нови дела од Кетрин Бигелоу, Гилјермо дел Торо, Ноа Баумбах, Мона Фастволд, Лука Гвадањино, Јоргос Лантимос, Оливие Асајас, Парк Чан-вок, Бени ...
Ози Озборн, мрачниот, демонски главен пејач на пионерскиот бенд „Блек Сабат“, кој стана грлестиот, ‘ржечки глас на хеви металот (и опустошен од дрога и алкохол), почина денеска, само неколку недели по неговата проштална свирка во Бирмингем, Британија. Имаше 76 години. Во 2020 година, тој откри дека има Паркинсонова болест откако доживеал пад. „Со поголема тага отколку што можат да пренесат само зборовите, мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози ...
Пожарот во Паркот на природата Езерани во Преспа е ставен под целосна контрола, соопшти Стојанче Ангелов директор на Дирекцијата за заштита и спасување. „Сѐ уште на некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор, но нема опасност од негово ширење. Противпожарните екипи работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта“, рече Ангелов. Пожарот изби пред неколку дена и вчера беше ставен под ...
Концерт со рускиот диригент Валери Гергиев во Италија е откажан, објавија организаторите, по протестите против одлуката да се покани музичарот на кого му е забрането да настапува на европските сцени поради тоа што не ја осудил руската инвазија на Украина. Гергиев требаше да диригира на летен фестивал во Кралската палата во Казерта во близина на Неапол следната недела. Регионалниот гувернер Винченцо де Лука ја бранеше поканата, велејќи дека ...
Ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи е кандидат на Коалицијата „Европски фронт“ за градоначалник во скопската Општина Чаир. Бајрам Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на коалицијата предводен од ДУИ. Имињата беа соопштени денеска, по завршувањето на 21. седница на Централното претседателство на ДУИ, која се одржа во Тетово. Коалицијата „Европски фронт“, најави дека кандидатурите за градоначалници ќе бидат распределени ...
Најмалку 19 лица загинаа, а 164 се повредени откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училиштен кампус во главниот град Дака. Снимките од училиштето и колеџот „Мајлстоун“ во северното предградие Утара покажуваат огромен пожар и густ чад откако авионот се урнал во двокатна зграда. Војската соопшти дека авионот „Ф-7“ доживеал механички дефект по полетувањето и пилотот е меѓу загинатите. Повеќе од 50 лица, вклучувајќи ...
Политичарите мораат да ја намалат штетната реторика која е присутна и пренесувана во медиумите, кажаа на денешната презентација на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“ на Институтот за комуникациски студии (ИКС) пред пратениците, која ја организираше Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието. Политичарите треба да практикуваат етичка, транспарентна и професионална комуникација, базирана на ...
Кинескиот премиер Ли Kијанг објави дека започнала изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, што ќе се наоѓа на источниот раб на Тибетската Висорамнина. Се проценува дека ќе чини најмалку 170 милијарди долари. Почнувањето на проектот, најамбициозниот на Кина од браната „Три клисури“ на Јангце, предизвика позитивна реакција на кинеските пазари, зголемувајќи ги цените на акциите и на приходите од обврзниците денеска. Составена од пет ...
Со донација од околу 800.000 евра започнато е реновирањето на двата објекта од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во кој наставата се следи на македонски јазик. Донацијата е од скопската фирма „Уни промет“, која освен за Tетовската гимназија донирала средства и за реконструкција на канализационата мрежа во Теарце. Со донацијата предвидено е да се смени покривот на двата објекта како и целосно да се реновира нивната внатрешност. „Овие два ...