
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Трансплантација на црн дроб од жив дарител на Клиниката за дигестивна хирургија, реконструкција на дојка на Торакална и пластика, потоа скрининг на крвта за западно-нилска треска, но и баријатрична хирургија за екстремна дебелина, се дел од новините кои денеска ги најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски, на презентацијата на годишниот план за 2025. Фондот во 2025 има почетен буџет од над 8 милиони евра (53,4 ...
Догодина ќе почне да се казнува за сообраќајни прекршоци врз основа на снимките од камерите поставени низ скопските улици. Како што велат од Владата, на овој проект интензивно се работи за да може што побрзо да почне примената на снимките и зголемување на безбедноста во сообраќајот. „Догодина системот комплетно ќе биде ставен во функција и сметам дека тоа ќе придонесе за поголема безбедност и помалку сообраќајни несреќи на улиците. Се размислува ...
Доналд Трамп изјави денеска дека Израел ќе им го предаде Појасот Газа на САД по завршувањето на борбите, додавајќи дека тамошното население е веќе раселено и нема да има потреба од испраќање американски трупи. Ден откако американскиот претседател го објави својот шокантен план за Газа, што беше осуден низ целиот свет, Израел ѝ нареди на војската да овозможи „доброволно заминување“ на жителите на Газа. „Појасот Газа ќе им биде предаден на САД од ...
Откако не ги добија декемвриската плата и К-15 за лани, протестираа вработените во велешка „Колска“. Објаснуваат дека трпеливо чекале две седмици да добијат плата и регрес за годишен одмор, но пари немало, а не им се платени ниту придонесите за здравствено. Во фабриката работат 50-ина работници. „Денеска протестот ќе биде во кругот на фабриката, а доколку не ги добиеме парите до петок или понеделник наутро, ќе го блокираме железничкиот сообраќај ...
Во конкуренција на десетина градови, Гевгелија ја доби титулата Град на културата за 2025 од Министерството за култура и туризам. Како што кажа министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Гевгелија, годинава ќе бидат одржани вкупно 142 културни настани од сите области, а Министерството ќе учествува со 3 милиони денари во нивната реализација. „Освен тековните годишни, ќе има и нови дополнителни настани. ...
Планираме Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје да стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Презентирајќи го буџетотот на Фондот за 2025, Клековски рече дека реорганизацијата на „8 Септември“ е дел од здравствтената стратегија, владина и партиска, и дека во моментов, идејата за нов Клинички центар е малку ...
Вината за системските проблеми во сообраќајот не може да се припише на судството, бидејќи сообраќајните несреќи се комплексен општествен проблем поврзан со инфраструктурата, превенцијата и свеста на учесниците во сообраќајот, предупредува Здружението на судии на Македонија (ЗСРСМ). „Изразувајќи искрено жалење за загубата на млад човечки живот, каде ниту еден збор не може да ја ублажи болката на семејството и блиските, ниту да ја надомести ...
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок кој го воведе Владата на Димитар Ковечевски во 2023, кој веќе не важи. За неважечкиот закон кој служеше едноократно, државата сега ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании, кои во еден наврат им ги наплати како најбогати компании во државата. Враќањето на средствата ќе треба да се одвива договорно, на барање на оданочените богати ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пеце Мирчевски е осомничен за кривичните дела Примање поткуп и Проневера во службата и поради опасност од бегство, за него е побаран притвор, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје. Како што велат од обвинителството, тој во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за ...
Десетици училишта во Хрватска утрово добија наредба за евакуација поради дојави за подметнати бомби. Дојавите стигнале во училишта во Загреб, Сплит, Задар, Чаковец, Пожега, Копривница и други градови. „Воспитно-образовни установи на подрачјето на Загреб ноќеска примија е-пошта за можно поставени експлозивни направи. Полициски службеници се испратени на тие локации и во тек се проверки на вистинитоста на тврдењата“, соопшти полицијата. Во ...
Државниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека раселувањето на Палестинците од Газа, што вчера го предложи Доналд Трамп, би било само привремено. Планот на американскиот претседател беше критикуван и осуден од Обединетите нации, бројни држави и групи за човекови права, арапските лидери и од самите Палестинци. Портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит појасни дека американските трупи не планираат да стапнат во палестинската енклава, која е ...
Силен земјотрес е регистриран меѓу островите Санторини и Аморгос по неколку дена континуирани потреси во оваа област. Поради стравувањата од голем земјотрес, на што предупредуваат грчките власти, повеќе од 11.000 луѓе веќе го напуштија Санторини, од кои 7.000 со траект, а 4.000 со авион. Синоќешниот земјотрес имал јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, со што е најсилен откако почнаа тресењата во морето пред неколку дена. Се случил на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема ништо лошо во планот на Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа и нејзино претворање во „блискоисточна ривиера“. Бројни држави и групи за човекови права го осудија планот како етничко чистење, кој предвидува и американско преземање на Газа. Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху не збореше директно за планот на Трамп, но ја поддржа идејата дека оние кои сакаат да ја напуштат Газа ...
Разговори помеѓу Москва и Вашингтон се во тек и почнаа да се зголемуваат, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. „Постојат контакти помеѓу некои оддели и тие се интензивираа во последно време. Не можам да ви кажам други детали“, изјави Песков. Песков на овој начин реагираше на изјавите на Доналд Трамп дека Вашингтон води активни преговори за војната во Украина и со Киев и со Москва. Руската инвазија врз Украина се ближи кон четвртата ...
Судиите од Основниот кривичен суд Скопје велат дека неказнивоста во нашето општество не е генерирана само од судската власт, туку е проблем на сите три власти (судска, извршна и законодавна, н.з.), а тоа може да се утврди доколку се имаат предвид сите Закони за амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик со кои целосно или делумно се ослободени голем број осуденици лица. Судиите и Подружницата на здружение на судии на Основен кривичен ...
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Министерството за внатрешни работи (МВР) презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу фирми и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи, околу спроведена јавна набавка во полицијата. Денеска, тие заедно со Финансовата полиција претресуваат и бараат докази и за примање поткуп и други кривични дела и против ...
Триесет и тригодишниот Игор Иванов кој го фати крстот на Водици во Велес, купи справа за вежбање за лицата со попреченост од собраните пари. Справата ја донираше на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ за општините Велес, Градско и Чашка. „Заедно со моите другари од Превалец одлучивме да дадеме мала донација за лицата со посебни потреби, оваа справа. Таа им е потребна за здрави навики“, рече Иванов, кој е ...
Министерството за внатрешни денеска поднесе нова кривична пријава за градежната инспекторка од Куманово која лани во ноември беше фатена како прима поткуп од 4.000 евра. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л. Т. (60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во Општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во ...
Откако предложи САД да ја преземат Газа и да ги преселат сите Палестинци кои живеат таму, Доналд Трамп го даде своето мислење и за Западен Брег, кој моментално е под израелска окупација. „На луѓето им се допаѓа идејата Израел да прогласи суверенитет над таа земја, но уште не сме зазеле став по ова прашање. Разговорите со израелски претставници се во тек и ќе се огласиме за ова прашање во следните недели“, кажа Трамп. Според меѓународното право, ...
Француската актерка Жилиет Бинош ќе биде претседателка на жирито на 78. издание на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 13 до 24 мај. Ова е вторпат жена две години по ред да биде на чело на фестивалското жири, откако лани претседателка беше американската режисерка Грета Гервиг. Легендарната француска глумица е ѕвезда на Кан низ годините. Таа првпат се појави на фестивалот пред 40 години, со премиерата на „Средба“ на Андре Тешине. ...
Со наредба од судија на претходна постапка, денеска се вршат претреси на неколку локации за обезбедување докази за сомневања за криминално работење на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Пеце Мирчевски. „Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и ...
„Алфабет“, фирмата која го поседува „Гугл“, се откажа од ветувањето дека никогаш нема да ја користи вештачката интелигенција (ВИ) за развој на оружје и алатки за надзор. Компанијата ги преправи водечките принципи за користење на ВИ, отстранувајќи го делот во кој се отфрла нејзината употреба што „веројатно би предизвикала штета“. Потпретседателот на „Гугл“ Џејмс Мањика и шефот на лабораторијата за развој на ВИ Демис Хасабис го бранеа потегот. ...
Американската пошта објави дека престанала да прима пакети од Кина и Хонгконг до натамошна одлука. Писмата не се опфатени со оваа мерка, за која не беше дадено објаснување. Ова доаѓа откако Доналд Трамп стави крај на трговската одредба што ја користеа трговците на мало како „Шејн“ и „Тему“ за да испраќаат пакети со мала вредност во САД без царина. Владата на Трамп вчера воведе нови царини од 10% за целиот увоз од Кина, по што стапија на сила и ...
Во текот на една грејна сезона јавните државни и локални установи во Битола трошат 750 тони нафта, вели Љупчо Стојановски, магистер по инженерство на животна средина. Тој работеше во првиот Републички инспекторат за животна средина, а во својство на стручно лице на општинската Комисија за животна средина ѝпредлагаше мерки како да се намали аерозагадувањето во Битола. „Мерното место Битола 2 врши мерење на испуштени загадувачки материи во ...
Полицијата објави дека 11 луѓе загинаа во вчерашното пукање во образовна установа во шведскиот град Еребро, меѓу кои е и напаѓачот. Премиерот Улф Кристерсон кажа дека нападот во школото за возрасни „Рисбергска“ е најлошото масовно пукање во историјата на Шведска. Полицијата верува дека напаѓачот делувал сам и иако мотивот останува непознат, таа ја исклучи можноста дека станува збор за нешто идеолошко. Напаѓачот немал полициско досие, ниту бил ...
Доналд Трамп предложи САД да го преземат Појасот Газа и да ги раселат Палестинците кои живеат таму, што беше осудено како од американските сојузници, така и од непријателите. Тој го изнесе овој предлог во Белата куќа на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека САД би можеле да ја претворат уништената територија во „ривиера на Блиски Исток“. „САД ќе го преземат Појасот Газа и ќе завршиме добра работа ...
Шведската полиција потврди дека околу десет луѓе се убиени во денешното пукање во школо во градот Еребро. „Засега не можеме да кажеме попрецизно од ова. Во моментов се идентификуваат жртвите“, изјави шефот на локалната полиција Роберто Еид Форест. Полицијата верува дека и осомничениот напаѓач е меѓу мртвите. Запрашан дали тој се самоубил, Форест кажа дека засега ја нема таа информација. Шведските медиуми претходно објавија дека напаѓачот е ...
Административна пречка била причината поради која Менде Доневски, неодaмнешниот в.д. директор на Универзитетската библиотека во Битола не можел да биде тргнат од претседателското место на подружницата на СОНК во оваа установа, додека бил на раководната функција. Од СОНК за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека во периодот кога тој бил директор траела реорганизацијата на Секторот за труд од Министерството за труд и социјална политика во Министерството за ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на Фејсбук објави дека две фирми и нивните управители ќе добијат прекршочни платни налози бидејки општинскиот инспектор за животна средина при вонреден надзор констатирал неправилности и не била почитувана законската регулатива. Двете фирми ќе одговараат согласно член 37, став 4 од Законот за управување со отпад, при што правното лице ќе биде казнето со глоба од 9.000 евра, а управителот со 500 ...
Неколку луѓе се убиени во пукање во школо за возрасни во шведскиот град Еребро, објавија шведските медиуми. Властите досега не потврдија дека има мртви, туку само кажаа дека петмина луѓе се ранети, од кои еден е во критична состојба. Полицијата се сомнева дека еден од ранетите во болница е напаѓачот. „Засега не можеме да потврдиме дека има загинати. Немам информации за возраста на жртвите и дали се ученици. Знаеме со сигурност дека осомничениот ...