Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги прифати обвинувањата од САД дека Европа во минатото не инвестирала доволно во сопствената одбрана и безбедност, признавајќи дека се „возеле за беспари“. Сепак, тој сега верува дека двете страни се на иста линија. „Знаеме дека мораме повеќе да правиме сами и дека во минатото се возевме за беспари. Тие бараат од нас да направиме повеќе и ние го правиме тоа“, изјави Мерц во интервју за „Би-Би-Си“. Мерц ...
1 Премиерот Мицкоски во интервју на Канал 5 Телевизија најави дека ќе му предложи на бугарскиот претседател Румен Радев, заедно со Бугарија да поднесат заедничка Резолуција во Европскиот парламент, во која „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик… и да почнеме да испорачуваме“. Одлично. Да ѝ дадеме на Бугарија можност да ја држи темата отворена со дебата на европско ниво дали постоиме, или не постоиме. Да дебатираат за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна 10 милијарди долари против „Дау Џонс“, компанијата во чија сопственост е весникот „Волстрит џурнал“, и нејзиниот сопственик Руперт Мардок. Причина за тужбата е наводна клевета и кршење на законите за клевета поради напис во кој се тврди дека Трамп му испратил „непристојна“ порака на сексуалниот престапник Џефри Епстин. Според весникот, Трамп му испратил роденденска честитка на покојниот ...
Непристрасноста е еден од главните критериуми кои се оценуваат при акредитирањето на лабораториите кои тестираат градежни материјали, велат до Инстутутот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ). Меѓу материјалите што се тестираат е и асфалтот кој се става на коловозите низ државата. Во Битола, во изминатиот период имаше повеќе случаи во кои по асфалтирање на реконструирани коловози се јавуваа проблеми со изведбата. По неполн ...
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова ќе биде кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Скопје. Докторката Маја Мојсова-Мијовска, која беше Национална координаторка за трансплантација ќе биде кандидатка за градоначалничка на Општина Карпош. Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за 16 ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски синоќа направил сообраќаен прекршок паркирајќи се погрешно на улицата Новачки пат кај влезот на ресторанот „Фелиција“. Фотографиите со погрешно паркираното возило беа објавени уште синоќа во еден часот по полноќ на социјалните мрежи. „Градоначалник за ‘пример!’ Без разлика што е во заминување, Коњановски треба да ги почитува прописите секогаш. Се надевам нема да се правда дека не е негова колата, дека ...
Италија би можела да пушти 10.000 од своите затвори, што е околу 15% од вкупната бројка затвореници, за да го растовари системот, најави министерството за правда. Оттаму кажаа дека 10.105 затвореници ги исполнуваат условите за алтернативно служење на казната, како домашен притвор или условна казна. Опцијата би се однесувала на луѓе чии пресуди се конечни и повеќе не подлежат на жалба, им остануваат помалку од две години казна за отслужување и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Бит пазар ја напдна градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Поднесено е обвинение за кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што велат од Обвинителството, на 11 јули, на улицата Севастополска во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал ...
За уште пет дена е продолжен рокот за пријавување на огласот на Владата за 400 привремени пожарникари. Како што кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, освен во Скопје во другите градови има голем интерес. „Во Скопје имаме најслаб интерес, а во главниот град има најмногу жители. Јас апелирам граѓаните кои се здрави и физички спремни да се пријават на овој оглас. Знам дека сумата од 24.000 денари е мала, но ...
Изминативе денови беа вандалски оштетени неколку јавни чешми во Битола, од кои дел се целосно нефункционални, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод“. Од таму велат дека освен што се нанесува материјална штета, се оневозможува пристап до вода за пиење особено во овие жешки денови, кога јавните чешми се неопходни за освежување и разладување. Чешмите кај Новиот парк и спроти Офицерскиот дом се со скршени славини, додека чешмата пред „Кеопс“ е ...
Од септември во средното образование ќе биде воведена вештачката интелигенција (ВИ), кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, на потпишувањето на меморандумот за соработка со Петар Ниновски од приватната високообразовна установа и друштво за интернет едукација „Бреинстер“. Вештачката интелигенција ќе се применува за различни теми по сите предмети и во слободните училишни активности. Министерката кажа дека ќе им биде ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска за кривично дело Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат, а се работи за праќање на тајни податоци на осомничен во истрагата „Адитив“, нејзин пријател. Таа е соизвршителка со уште едно лице, а главната обвинета за оддавање службена тајна, е раководителка на ...
Владата жали за впечатокот што некои родители го добиле и апелира да не се прави сензација од средба наменета за поддршка и сочувство, соопштија од Владата откако Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“ објави дека премиерот Христијан Мицкоски на 7 јули во Владата им рекол да си одредат цена за нивните деца. Од Владата велат дека не се точни овие наводи на родителите што беа пренесени во дел од медиумите и рекоа дека се прави злонамерно ...
Пред Основниот граѓански суд, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) вчера поднесе тужба против Владата и против Министерството за здравство зашто не сакаат во Законот за здравствено осигурување да ги додадат и земјоделките во членот кај што се набројуваат корисничките на надомест за породилно отсуство. Дури и собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените до Собранието има испратено заклучок од јавната ...
Во Скопје снемува вода бидејќи Општините даваат дозволи за згради, на секој чекор никнуваат висококатници кои се приклуваат на старата водоводна мрежа, а градоначалниците не прават нова, велат инженери кои над 20 години работат во ЈП „Водовод и канализација“. Тие велат дека од изворот „Рашче“ може да се добие 3.000 литри вода секунда, а во Скопје летно време се троши повеќе. Изминатиов месец, во голем број населби низ Скопје нема вода или ...
Поради проблем со водоснабдувањето, децата кои имаат потреба од хоспилатизација на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, времено ќе бидат згрижени на Клиниката за детски болести и Инфективната клиника, соопшти Министерството за здравство. Болницата „Козле“ во Скопје од вчера остана без вода, откако изминативе денови во болницата имале слаб притисок. Не станува збор за дефект туку, бидејќи болницата се наоѓа во висока зона, нема ...
„Му благодарам на Министерството за култура што не ни даде пари за овој концерт, уште еднаш нѐ увери мојот менаџер и мене дека можеме сами да си организираме“, рече Игор Џамбазов на прес-конференција во Охрид, пред утрешниот (19 јули) концерт на Антички театар од 21 часот. Ова е прв концерт на Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ во Охрид по 27 години. Актерот вели дека концертот му бил дамнешна желба која со годините му поминала, па сега му се вратила. ...
„Нетфликс“ потврди дека првпат употребил вештачка интелигенција (ВИ) во снимањето на една од своите оригинални содржини, технологија која предизвикува голема вознемиреност во Холивуд. Извршниот директор на „Нетфликс“, Тед Сарандос, ја бранеше ВИ, велејќи дека е неверојатна можност која им помага на креаторите да прават филмови и серии подобро, но и поевтино. Сарандос кажа дека ВИ била искористена за правење визуелни ефекти во аргентинската ...
На спорниот оглас, поради кој контролорите на летање во Македонска навигација (М-НАВ) се заканија дека ќе штрајкуваат на 10 јули, примени се: Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, Атанас Стамнов – сопругот на директорката на Централен регистар на Македонија Анита Стамнова, како и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, дознава ...
Родителите на децата кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во обраќање преку Фејсбук страницата на Здружението на граѓани 16 Март 2025 го обвинија премиерот Христијан Мицкоски дека длабоко ги навредил на состанок во Владата одржан на 7 јули. Според нив, кога го разгледувал барањето за еднократна парична помош за душевна болка, премиерот им рекол: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. ...
Градските власти на Берлин, германските вооружени сили и 12-те болници во градот вршат детални подготовки за мрачни сценарија, вклучително и воени судири што избувнуваат во главниот град на Германија. По две години подготовки, на болниците во Берлин им е презентиран план за да одговорат на разни сценарија за цивилна одбрана. Целосниот план останува во тајност од безбедносни причини. Сепак, берлинскиот сенат ги презентираше важните ставки и тие ...
Македонскиот актер Никола Ристановски доби Златна арена за споредна машка улога во хрватска малцинска копродукција на 72. издание на Филмскиот фестивал во Пула. Ристановски, првенец на Македонскиот народен театар (МНТ) е награден за улогата во филмот „Меѓу боговите“ во режија на Вук Ршумовиќ. Актерката од истиот филм, Ферештех Хосеини доби Златна арена за главна женска улога. „Меѓу боговите“ е хрватска малцинска копродукција, во партнерство со ...
Израелска граната вчера падна во комплексот на единствената католичка црква во Појасот Газа, при што загинаа три лица, а беа ранети уште 10, меѓу кои и и парохискиот свештеник, според црковните претставници. Покојниот папа Фрањо, кој почина во април, редовно разговарал со парохискиот свештеник за цивилните жртви од војната. Црковниот комплекс е засолниште и за христијани и за муслимани, меѓу кои и голем број деца со попреченост. Гранатирањето на ...
Доналд Трамп страда од хронична венска состојба, објави Белата куќа за да ги смири шпекулациите во врска со фотографиите кои покажаа модринка на неговата рака. „Откако неодамна му се појавило отекување на нозете, Трамп беше подложен на сеопфатно испитување, вклучувајќи васкуларно тестирање. Модринката на раката на Трамп одговара на оштетување на ткивото од често ракување. Тој зема аспирин како дел од стандардниот режим на кардиоваскуларна ...
Снимка од разговорот помеѓу двајцата пилоти на авионот на „Ер Индија“ што се урна минатиот месец ја поддржува тезата дека капетанот го прекинал дотокот на гориво до моторите, изјави еден извор информиран за раната американска проценка на доказите. Првиот офицер кој бил на контролите на „боингот“ го прашал капетанот зошто ги преместил прекинувачите за гориво во позиција што ги лишила моторите од гориво и побарал да го врати дотокот, изјавил ...
Феликс Баумгартнер, австрискиот екстремен спортист кој прв изведе скок од вселената, почина на 56 години по несреќа со параглајдер. Според австриските медиуми, Баумгартнер загинал во Италија додека летал со моторен параглајдер. На него нагло му се слошило среде лет, по што изгубил контрола врз параглајдерот и паднал во хотелски базен во селото Порто Сант‘Елпидо на јадранскиот брег. Тој наводно починал на самото место на несреќата, а притоа бил ...
Попладнево, поради искрење на жици пожар изби во селото Мршевци, Општина Илинден. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона. Во пожарот e запалена е црквата во селото Мршевци. Од овој пожар мирис на чад се чувствува и во Скопје. „Од густиот чад на автопатот имаше намалена видливост поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен. Поради силниот ветер не може да полетаат ...
Марк Закерберг објави дека неговата компанија „Мета“ ќе вложи стотици милијарди долари во изградба на центри за податоци за вештачка интелигенција. Првиот центар од неколку гигавати наречен „Прометеј“ треба да почне со работа во 2026. Закерберг кажа дека еден од центрите ќе биде голем речиси колку Менхетн и ќе зафаќа површина од 59 квадратни километри. „Мета“ наголемо инвестира во напорите да развие таканаречена технологија на ...
Бившиот руски претседател Дмитри Медведев изјави дека западот практички води целосна војна против Русија и дека Москва би можела да одговори со превентивни напади. Медведев, кој е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, е еден од највоинствените антизападни функционери на Кремљ. Дипломатите велат дека неговите забелешки навестуваат како размислува дел од руската политичка елита. „Она што се случува денес е прокси војна, но во суштина ...
Возраста за гласање во Велика Британија ќе биде намалена на 16 години до следните општи избори во 2029, што претставува голема промена во демократскиот систем на земјата. Владата изјави дека оваа реформа има за цел да воведе поголема праведност за лицата од 16 и 17 години, од кои многумина веќе работат и можат да одат во војска. Шкотска и Велс веќе ја тестираа оваа промена на последните локални избори. „Ова е сеизмичка промена која ќе овозможи ...