По два случаи на семејно насилство во Скопје за втори и трети мај, од кои едното заврши со убиство на жена, но и по секојдневни статистики за претепувани жени во домашно насилство, Собранието денеска на дневен ред на 34-та седница ги стави измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, но само за да го смени називот на министерството. Според предложените измени, секаде каде што стои старото име ...

Римокатоличките кардинали денеска попладне ќе ја започнат мисијата за избор на новиот папа, изолирајќи се од светот додека не го изберат човекот за кој се надеваат дека може да ја обедини разновидната, но поделена црква. Во процес кој датира од средновековно време, кардиналите ќе се пријават во Систинската капела во Ватикан по јавната миса во базиликата „Свети Петар“ и ќе ја започнат тајната конклава за избор на наследникот на папата Фрањо, кој ...

Индија ги нападна Пакистан и пакистанскиот Кашмир, a Пакистан соопшти дека соборил пет индиски борбени авиони, во најтешкиот судир по повеќе од две децении меѓу непријателските земји со нуклеарно оружје. Индија соопшти дека нападнала девет локации на пакистанска „терористичка инфраструктура“, некои од нив се поврзани со нападот на исламистичките милитанти врз хинду туристите во кој минатиот месец загинаа 26 лица во индиски Кашмир. Исламабад го ...

Канадскиот премиер Марк Карни за првпат ја посети Белата куќа и јасно му стави на знаење на Доналд Трамп дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Иако Карни претходно ги опиша новите американски царини како предавство, помеѓу двајцата лидери немаше непријателски тонови за време на средбата и дури се фалеа еден со друг. Трамп кажа дека тие нема да разговараат за присоединувањето на Канада кон САД, иако рече дека тоа би бил прекрасен брак. ...

Фридрих Мерц од втор обид е избран во парламентот за нов германски канцелар откако доживеа понижување во првото гласање претпладнево. Откако во првиот обид му недостигаа шест гласа за апсолутно мнозинство, по неколку часа неизвесност партиите и претседателот на Бундестагот договорија да има второ гласање, каде што Мерц доби 325 гласови, доволно за да биде потврден за канцелар. Неговата коалиција со левиот центар има доволно места во парламентот, ...

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против седум лица кои се товарат за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетиле буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола за 178.370.319 денари. Истовремено, обвинение е поднесено и против три службени лица од Бирото за јавни набавки за кривично дело Несовесно работење во службата, поради пропуштање на должен надзор при контрола на постапка за ...

Од денес во Скопје почнуваат пробите за претставата „Животот на провинциските плејбои по Втора светска војна“ од Душан Јовановиќ, регионална копродукција на Драмскиот театар од Скопје, Местно гледалишче од Љубљана (МГЛ), Будва Град театар и Београдско драмско позориште (БДП). Овој копродукциски проект, како што рече на денешната прес-конференција директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, е зачнат во Регионалната унија на театри РУТА и со ...

Професори од Градежен факултет предводени од деканот Горан Марковски, како и нивни колеги од други факултети, ќе бараат решение како да се доградат зградите на Факултетот за физичка култута и на ФИНКИ во Скопје. Изградбата на овие два објекта во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) почна во 2015 , а беше сопрена во 2019 кога изведувачот „Бетон Штип“ отиде во стечај. Оттогаш зградите не се чепнати, а и она што е ...

Над 65 издавачи, од кои најголем дел се од Македонија, и 110 промоции ќе има на 37. издание на Саемот на книга, кој ќе се одржува од 8 до 14 мај во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Годинава слоганот е „Храна за душа“, најавија на денешната прес-конференција организаторите, извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска и проект-менаџерката на Саемот Сања Кондарко. Саемот ќе се отвори на 8 мај во 12 часот, ќе работи секој ден до ...

Српските студенти побараа да се одржат вонредни избори по неколку месеци секојдневни протести и блокади кои ја разнишаа власта на Александар Вучиќ. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, студентите кажаа дека изборите се единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во Србија, поттикната од трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога во уривањето на настрешницата починаа 16 луѓе. Оваа трагедија доведе до ...

Советот на Општина Куманово ја изгласа нацрт-измената и дополна на Деталниот уурбанистички план (ДУП) каде што треба да се гради маркетот на „Лидл“. Станува збор за парцела на влезот на Куманово со површина од 42.000 метри квадратни на местото на поранешен ЧИК „Куманово“. Иницијатори на измените во ДУП се Џино Реџина и Драган Митевски, кој е кум на градоначалникот Максим Димитриевски, а финанисер е „Лидл Македонија“. По неколкучасовната ...

Апелациониот суд Скопје му ја намали казната затвор на Дритон Мустафов (44) од велешко Бузалково од шест на четири години за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност. Претходно во првостепена пресуда, во Основен суд Велес му беше изречена казна затвор од шест години, откако Мустафов призна дека опожарил казино во Велес, при што сторил голема материјална штета а станарите кои биле над просторијата на клубот, ноќта ја минале по роднини, ...

Охриѓани ќе добијат затворен пливачки базен следната година. Ова е новиот рок кој за САКАМДАКАЖАМ.МК го изјавија од Министерството за спорт за објектот кој започна да се гради пред девет години. „Министерство за спорт прави сè што е во негова моќ и надлежност за охриѓани да го имаат на располагање затворениот пливачки базен во текот на 2026 година“, велат од Министерството за спорт. Министерството ја чешлаше работата на поранешната Агенција за ...

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц неочекувано не го доби потребното мнозинство во парламентот за да стане канцелар. На Мерц му беа потребни 316 гласови во Бундестагот со 630 места, но обезбеди само 310, што претставува значаен удар за лидерот на демохристијаните, два и пол месеци по победата на сојузните избори во Германија. Неговата коалиција со левиот центар има доволно места во парламентот, но не доби поддршка од уште 18 пратеници ...

Европската Унија ќе забрани да се склучуваат нови договори за руски гас до крајот на годината и ќе ги укине постоечките договори со Москва до крајот на 2027, кажаа три извори од Брисел. Ова е во согласност со целите што ЕУ си ги постави по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022. Овие законски предлози ќе треба да бидат одобрени во Европскиот парламент. ЕУ има воведено санкции за руските јаглен и поморски испораки на нафта, но ...

Во Скопје уште не е почнато прскањето против комарци, ниту од земја ниту авионски. Со години, прскањето почнуваше ко средината на април, по што се прскаше неколку пати авионски. Од Град Скопје не добивме одговор на нашето прашање зошто се доцни со прскање и кога се планира да се почне со оглед на тоа дека во Скопје веќе има комарци? И лани Градот доцнеше со прскањето, бидејќи пропадна дел од тендерот. Договорот за средство за уништување на ...

Русија кажа дека Украина ноќеска лансирала дронови кон Москва, напаѓајќи ја втор ден по ред. Сите четири главни аеродроми во градот биле затворени на неколку часа, но сега повторно работат, објавија воздухопловните власти. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот од различни насоки. Тој додаде дека остатоците од еден дрон паднале на еден од главните автопатишта ...

Романскиот премиер Марцел Чолаку поднесе оставка и неговата Социјалдемократска партија излезе од владата откако десничарот Џорџе Симион победи во првиот круг на претседателските избори вчера. Симион, кого често го нарекуваат романскиот Доналд Трамп, освои над 40% гласови и ќе биде голем фаворит во вториот круг на 18 мај, кога ќе се соочи со либералниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан. По ваквиот резултат на изборите, Чолаку кажа дека ...

Со средства од унгарскиот кредит на Владата и сопствени средства од буџетот на Општината, во близина на влезот во Штип од правец на Скопје почна да се гради нова транзитна обиколница за Струмица, која ќе овозможи за овие патни правци да се оди без да се минува низ центарот на градот. Обиколницата ќе биде поврзана со регионален пат со две ленти во должина од 3,2 километри и нов мост на реката Брегалница во близина на бањско-рекреативниот комплекс ...

Тројца Бугари осудени за шпионирање за Русија присуствувале на настан во Вестминстерската палата, покажа истрага на Би-Би-Си. Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова биле присутни на дебата за Брегзит во мај 2016. На фотографиите објавени на социјалните мрежи и откриени од Би-Би-Си се гледаат шпионите со претставници на европски политички партии. Портпаролот на парламентот рече дека Парламентот е јавна зграда што ја посетуваат илјадници ...

Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. Јазикот мораме да го заштитиме со доследно почитување на уставната норма, но и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечената академија за 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во МАНУ. ...

Детската популација во Македонија се намалила за 18 проценти од 2011 до 2023 година, а се забележува и ниска стапка на фертилитет од 1,5, што укажува на намалување на населението, покажува анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите, којашто беше презентирана во Собранието. УНИЦЕФ укажува дека 32,7 проценти од децата живеат под прагот на сиромаштија на национално ниво (во споредба со 23 проценти од општото население), и особено ...

Фотографијата „Татко – Кочани“ на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ ја освои првата награда на годинешниот конкурс за најдобри фотографии по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Втората награда ја доби фотографијата „Канадер – Охридско Езеро” од фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева. Третата награда ја поделија фоторепортерите Ѓорѓи Личовски за фотографијата „Ловец на Персиди“ и Роберт ...

Владата на Доналд Трамп ја отповика одлуката од времето на Џо Бајден со која Романија беше вклучена во програмата за укинување визи за САД, наведувајќи ги „безбедносните грижи“. Одлуката беше поништена од министерството за домашна безбедност само четири месеци откако беше донесена од администрацијата на Бајден во заминување. Министерството ја критикуваше првичната одлука, што ќе им овозможеше на романските државјани да престојуваат во САД 90 ...

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип. Тој кажа дека е убеден во „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“. „Поминува ...

Актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски се годинашни добитници на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Педесет и деветотто издание на Фестивалот ќе се одржи од 6 до 13 јуни, под мотото „Смеј се и осмели се“, најави денеска уметничката директорка Ана Стојаноска. Стојаноска рече дека за ова издание на фестивалот, од одгледаните претстави (и во институционалните театри ...

Македонскиот јазик е единствен јазик од словенскиот свет што нема свој корпус. Нема етимолошки речник, затоа сега интензивно се работи и очекуваме до крајот на оваа година првиот том да излезе, рече директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. „Главниот предизвик е ...

За да се избегне недостатокот од инсулин поради долгите процедури за негова набавка, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабет одлучиле потребните количини инсулин да се набавуваат одеднаш за две години, кажа денеска во Тетово министерот за здравство Арбен Таравари. Целата административна процедура околу набавката е завршена, па со ова се очекува да се отстранат досегашните чести временски празнини во набавката кои некогаш ...

По 22 години поврзување луѓе низ целиот свет, Скајп денеска престана да функционира, што претставува крај за еден од пионерите на интернет комуникацијата. „Мајкрософт“ го најави ова на крајот на февруари, повикувајќи ги корисниците да се префрлат на апликацијата Тимс. Лансирана во 2003, Скајп не беше првата платформа која им овозможи на луѓето бесплатно да комуницираат преку компјутер, но помогна да се популаризира. Скајп беше купен од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 100% за сите филмови кои се снимени во странство. Тој кажа дека ја наложил оваа мерка зашто американската филмска индустрија умира со многу брза смрт. Трамп ги обвини другите земји дека со заеднички напори нудат стимулации за привлекување филмаџии и студија, што го опиша како „закана за националната безбедност“. „Тоа е уште еден облик на пропаганда. Сакаме филмовите повторно ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
40%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
45%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
37%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.19
22%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
84%
1015
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.12
28%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
41%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
39%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
64%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8448

Currency

71.2376

Currency

34.3325

Currency

38.1999

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303