Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека отворањето на Турскиот театар во Скопје се очекува на крајот на 2026 или во почетокот на 2027 година. „За таа зграда процесот беше запрен околу пет-шест години. Во 2023 почна да се става фасадата, сега работиме со многу забрзано темпо за да го завршиме. Се работи третата, последна фаза – ентериерното уредување и сценската технологија. која оди малку побрзо. Сè зависи од временските ...

Најмалку четворица луѓе се убиени, а 14 се ранети во масовно пукање на детска роденденска забава во Калифорнија. Инцидентот се случи во ресторан во градот Стоктон и полицијата кажа дека напаѓачот е во бегство. „Веруваме дека пукањето било планирано, иако мотивот засега не е познат. Меѓу жртвите има и возрасни и деца“, соопшти полицијата, додавајќи дека состојбата на ранетите не е потврдена. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин кажа ...

1 Пензионерите се солидна бројка лојални гласачи, ама не треба да си ни просечен правник или економист за да знаеш дека линеарно покачување на пензиите, едноставно, не држи вода во држава која одлучила да се развива како капиталистичко општество со пазарна економија. Особено ако на власт е конзервативна партија, во чијашто идеологија по природата на нештата би требало да е запишано дека капиталот и личните примања се светиња. Не треба да си ...

Том Стопард, еден од најпознатите британски драмски автори, почина на 88 години, објавија неговите менаџери. Стопард доби Оскар и Златен глобус за најдобро сценарио за филмот „Вљубениот Шекспир“. Меѓу неговите најпознати драмски дела се „Вистинската работа“ и „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“. „Тој ќе биде запаметен по неговите дела и нивната брилијантност и човечност, по неговите досетливост, великодушност и длабока љубов кон англискиот ...

Попладнево Брегалница поплави делови од пешачката патека кај населбата 8 Ноември во Штип, а долж течението на реката од браната Калиманци до градот поплавени се голем број ниви и бавчи, при што водата навлезе и во повеќе домови во селата кои гравитираат кон Брегалница. Жителите од оваа штипска населба и од населбата Ново Село стравуваат да не се повтори 2013 година, кога Брегалница го загрози стариот камен мост на реката изграден уште во ...

Довчерашниот шеф на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, кажа дека ќе оди на фронт и ќе се бори за Украина откако вчера поднесе оставка среде големиот корупциски скандал во земјата. Јермак, кој важеше за вториот највлијателен човек во Украина, поднесе оставка неколку часа откако антикорупциските агенции извршија претрес во неговиот дом, иако против него не се покренати обвиненија. „Ме осквернавија, а моето достоинство не е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воздушниот простор над и околу Венецуела треба да се смета за целосно затворен, не давајќи други детали, додека Вашингтон го зголемува притисокот врз режимот на Николас Мадуро. „До сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе, ве молам, земете предвид дека воздушниот простот над и околу Венецуела е целосно затворен“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. САД со месеци ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска вчера ја имаше американската премиера во САД, во преполната сала во Меѓународниот филмски центар во Њујорк. Филмот веќе почна да собира номинации во сезоната на филмски награди во САД, но и позитивни критики. „Спојувајќи мит и реализам со извонредна чувствителност, Котевска создава дело со ретка поетска моќ, филм што набљудува, слуша и на крајот ја осветлува тивката, тврдоглава ...

Украина кажа дека погодила два танкера што Русија ги користи за превоз на нафта за да ги избегне западните санкции. Нападот со поморски дронови бил изведен во Црното Море, кажа функционер на Украинската безбедносна служба (СБУ), која соработувала во акцијата со украинската морнарица. Турските власти потврдија дека имало експлозии на два брода од руската флота во сенка во близина на Босфор, при што тие се запалиле. СБУ кажа дека бродовите ...

Македонија треба да донесе нова стратегија и да формира посебна национална институција за борба против хибридните закани, беше кажано на конференцијата „Хибридни и информациски закани: од препознавање кон национален системски одговор“ во Скопје, што ја организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС). Воспоставувањето национален модел за справување со странско мешање и манипулирање со информации ќе ѝ овозможи на Македонија да премине кон ...

Нема пореметување на летовите на унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ од аеродромите во Скопје и Охрид. Компанијата преку нејзините официјални страници на социјалните мрежи објави соопштение, во кое се вели дека е извршено ажурирање на софтверите на сите авиони од фамилијата „ербас 320“. „Ажурирањето на софтверот успешно е имплементирано во текот на ноќта на сите засегнати авиони од фамилијата ‘ербас А320‘. Сите летови се одвиваат без ...

Започнаа, ама кратко траеја градежните работи на реконструкцијата на куќата на Аликара во Велес. На почетокот на септември се отстранија градежните скелиња кои две години беа поставени на објектот. Нешто се работело, активностите траеле неколку дена и потоа застој. Уште еден месец можат да се искористат средствата од четири милиони денари, што Министерството за култура ги доделени за санација за оваа година. „Во тек е изработка на ...

Владата на Доналд Трамп ги запре сите одлуки за азил по пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон, изјави директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС), Џозеф Едлоу. Тој рече дека паузата ќе биде во сила „сè додека сите странци не бидат проверени до максимален можен степен“. Ова уследи неколку часа откако Трамп вети трајно паузирање на миграцијата од сите „земји од третиот свет“ по смртта на еден ...

Љупчо Петровски, кој на локалните избори беше кандидатот за советник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и за време на кампањата напиша „ја прогласувам нусето Габриела за умрено“, е назначен за в. д. член на Управниот одбор (УО) во Јавното претпријатие Комуналец во Битола. Петровски заедно со петмина други, на предлог на градоначалникот Тони Коњановски беа изгласани вчера на седница на Советот од мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата и ...

„Ербас“ ќе приземји илјадници авиони откако било утврдено дека силна сончева радијација може да влијае врз компјутерите за контрола на летот во авионот, што доведе до одложувања низ целиот свет. Се верува дека ќе бидат погодени околу 6.000 авиони, половина од светската флота на оваа компанија, но тие ќе се вратат во функција по брзо ажурирање на софтверот. „Ербас“ објави дека го открил проблемот за време на истрага на инцидент од минатиот ...

Шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, поднесе оставка по рацијата на антикорупциските агенции во неговиот дом денеска. Јермак беше најблискиот советник на Зеленски од почетокот на војната и главен украински преговарач во мировните разговори со САД. Важеше за втората највлијателна личност во земјата и неретко го нарекуваа потпретседател. Тој се најде под силен притисок на јавноста поради големиот корупциски скандал во ...

Судот во Струмица одреди 30 дена притвор за 48-годишниот струмичанец кој во семејната куќа во Просениково се обидел да ја убие сопругата. Прво се обидел да ѝ стави пестицид во устата, а потоа со нож ѝ нанел посекотини во пределот на вратот. Инцидентот се случил пред очите на двете малолетни деца, кои откако не успеале да ја одбранат мајка си, повикале роднини за да го оттргнат разбеснетиот маж. „Осомничениот 48-годишник при вршење на семејно ...

Грам негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae, фекални бактерии се најдени во примерок од мусаката која се служела во прва смена во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, а исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „-Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа сѐ уште пристигнуваат“, велат од ИЈЗ. Во ОУ „Димо Хаџи ...

Парното греење во Скопје ќе поскапи од 1 декември, цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а ...

Две години по покачувањето на ДДВ-то за сончогледот од 10 отсто, тоа сè уште не е намалено. Ова штетно влијае врз земјоделците-одгледувачи на оваа индустриска култура, како и врз работата на единствениот производител на масло за јадење преработено од сончоглед во земјава. За разлика од домашниот сончоглед, ДДВ-то на суровото масло кое се увезува изнесува само 5 отсто. Ова на прес-конференција го истакна Горан Лазов, директор на велешки ...

Музејот Лувр соопшти дека ќе ги зголеми цените на влезниците за посетители од земји надвор од Европската Унија, при што туристите од Обединетото Кралство, САД и Кина ќе треба да платат 32 евра, 10 евра повеќе од сегашната цена на влезница. Се очекува дека зголемувањето од 45 отсто ќе ја зголеми годишната заработка за до 20 милиони евра, кои ќе се искористат за структурни обновувања по грабежот минатиот месец. Лувр одлучи да ја зголеми цената ...

„Реплек“ отвори подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во Македонија и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. КА-информативниот центар е дел од задачата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите сегменти на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека многу скоро ќе има одговор дали бил во право за вчерашното тврдење дека Уставниот суд ќе го укине линеарното покачување на пензиите. Тој вели дека би сакал да не е во право. „Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на ...

Американската премиера на документарниот филм „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е вечерва во Ај-Еф-Си (IFC) Центарот во Њујорк. Веднаш по проекцијата ќе следи разговор со публиката на која ќе учествуваат Котевска, која е и продуцентка, и Жан Дакар, кинематографер и продуцент). „Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a во септември „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic ...

Со наградна игра Комерцијална банка слави 30 години од првата Мастеркард картичка, а главната награда е патување на карневалот во Рио де Жанеиро, во Бразул. Наградната игра ќе трае до 15 јануари 2026. Секоја трансакција со Мастеркард, извршена со картичка, телефон или смарт часовник е шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро. Покрај главната, ќе се доделат и 5 мобилни телефони – iPhone 17 ...

Поради обилните дождови кои го зафатија западниот регион, дошло до свлечиште во селото Шипковица. Директно биле загрозени четири куќи, поради што од ЦУК на жителите им биле дадени насоки да ги напуштат живеалиштата заради опасност од појава на нови свлечишта. Жителите на Шипковица и денес се во недоумица што да прават, дали да се вратат во своите домови или да почекаат уште малку, бидејќи обилните дождови не престанаа, со што опасноста од ...

Додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од здравствени причини отсуствува од јавноста бидејќи мора да мирува по оперативен зафат, два табора во МВР, но и во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се во битка меѓу себе кој да го наследи министерот. Извори од МВР велат дека едниот табор го поддржувал директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Струмица, кој е во Министерството од времето на покојниот претседател Борис ...

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која ја одлежа затворската казна за случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес, во интервју за МИА изјави дека судскиот процес против неа се водел на брутален начин и дека правата на обвинетите биле на пониско ниво дури и од оние во Нирнбершките процеси по Втората светска војна. Јанкулоска смета дека постапката била поведена под притисок на „силна пропагандна ...

Романскиот министер за одбрана Јонуц Моштеану денеска си поднесе оставка по избивањето на скандал поврзан со несовпаѓања во неговата биографија, кои беа откриени преку новинарско истражување. Контроверзиите започнаа откако медиумот „Либертатеа“ објави дека Моштеану во својата прва официјална биографија (ЦВ) лажно навел оти дипломирал на Универзитетот „Атенеум“ – институција која негираше дека тој некогаш бил нејзин студент. Соочен со ...

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската Општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува, соопшти „Водовод и канализација“ Скопје. На 26 ноември околу 40 ученици од „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се пожалија на стомачни болки. Меѓу нив е и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски. „На ден 26.11.2025 година ‘Водовод и канализација’ изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
49%
1007
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1004
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
5.14
45%
1010
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.78
76%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
90%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
53%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
66%
1009
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1008
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
77%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
52%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
70%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Платина

65169.56

Кобалт

3.86

Калај

48.18

Иридиум

259874.72

Сребро

2590.59

Злато

161442.17

Паладиум

49383.55

Родиум

369733.59

Бакар

11.40

Алуминиум

3.42

Рутениум

54591.97

Цинк

0.00