Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Неделава започна чистењето на брегот на езерото Младост од тиња и сува трска. Работите ги изведува механизација од АД „Водостопанство“. Тоа е една од препораките на Хидробиолошкиот завод од Охрид за обнова на водата. „Се врши механичко отстранување на наслагите од крајбрежјето. Машината е отстапена со меморандум за соработка и ќе се користи до завршувањето на работите. Тие ќе се одвиваат фазно. До крајот на годинава чистиме од оваа страна, ...
Најмалку четворица луѓе загинаа откако голем пожар зафати неколку станбени висококатници во Хонгконг. Се верува дека огнот се проширил преку бамбусовите скелиња поставени на надворешната на зградите, кои биле во фаза на реновирање. Меѓу загинатите е и еден пожарникар. Станбениот комплекс „Таи По“ се состои од 1.984 станови, во кои живеат околу 4.000 луѓе. Локалните медиуми објавија дека има заглавени луѓе во зградите, додека пожарникарите не ...
Специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, минатиот месец му рекол на високиот функционер на Кремљ Јури Ушаков дека за да се постигне мир во Украина треба Русија да го добие целиот Доњецк и можеби да се направи уште една размена на територии, според протечен разговор објавен од „Блумберг“. Во телефонски разговор од 14 октомври, Виткоф му рекол на советникот за надворешна политика на Путин дека територијални отстапки се неопходни, ...
По Скопје и Њујорк, изложбата „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ на авторите Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски вчера беше отворена пред многубројна публика во галерија во Берлин. Фокусот на изложбата е придонесот на жените на архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје. Галеријата ...
Чарна Невзати, 20-годишната студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје која во мај ја претставуваше Македонија на Мис на светот во Индија, вели дека денешното модерно додворување почнува на Инстаграм. „Се случува на машките да им се допаднат моите приказни на Инстаграм, а да не ми пишат да излеземе. Има разни игри. Тој ќе ми ‘лајкне’, па јас, па тој ќе ми пише, па јас ќе чекам 20 минути, и нема да ја отворам пораката. Тоа се ...
Италијанскиот парламент го прогласи фемицидот, односно убиството на жена мотивирано од полот, за посебно кривично дело за кое ќе се добива доживотна затворска казна. Законот симболично беше усвоен на денот посветен на елиминирањето на насилството врз жени низ светот. Идејата за закон за фемицид се разгледувала во Италија и порано, но нејзината реализација била забрзана по убиството на Џулија Чекетин од нејзиното поранешно момче. Трагедијата ...
Доналд Трамп го повлече својот претходен краен рок за потпишување мировен договор за Украина на 27 ноември и го отфрли извештајот дека американскиот преговарач Стив Виткоф ги советувал Русите како да му пристапат за оваа тема. Тој кажа дека американските преговарачи напредуваат во разговорите со Русија и Украина и дека Москва се согласила со некои отстапки, за што не изнесе детали. Американска мировна рамка, за која првпат беше известено ...
Застапниците на роднините на загинатите, повредените, на сите оштетени во катастрофалниот пожар во клубот „Пулс” во Кочани кој за миг одзеде 63 млади животи, на второто судско рочиште денеска позитивно се изјаснија за приклучување кон кривичен прогон, заедно со државата (Обвинителството), по што им беше кажано од судот дека надоместокот на материјална и душевна штета ќе го бараат во идна постапка, пред граѓански суд. Патем, денеска обвинетите ...
Италијанските власти покренаа истрага за измама и криење тело против маж кој се облекувал како неговата почината мајка за да ја добива нејзината пензија. Педесет и шестгодишниот маж од северното гратче Борго Вирџилио примил илјадници евра по смртта на неговата мајка во 2022. Наместо да ја пријави нејзината смрт, тој го скрил нејзиното тело во својот дом. Тој бил разоткриен дури овој месец, кога се преправил во мајка му во обид да ја обнови ...
Секоја година за 30 до 40 лица се зголемува бројот на новорегистрирани пациенти со рак на простата, рече денеска директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија д-р Игор Стојковски. Од вкупниот број новорегистрирани пациенти на Клиниката лани, половина, односно 2.540 пациенти се од машкиот пол. Најчести малигни заболувања кај мажите се рак на простата, на дигестивен систем и на белите дробови. Минатата година имало 494 новорегистрирани ...
По две одложувања започна главната расправа за злоупотреби при изградбата на новата зграда на театарот и библиотеката во Тетово. На обвинителната клупа се најдоа Сејди Шашивари, сопственик и управител на правното лице од Тетово „Урбан план констракшн“, самото правно лице, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово, Артан Арслани, претседател на Комисијата за јавни набавки и потоа в. д. директор на ...
Во делот „Потраги“ на сајтот на МВР, осамна фотографијата на Ремзи Мифтари кој и официјално е во бегство од затворската казна од 10 години, изречена за страшната сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, кога се преврте автобус на „Дурмо турс“, во која компанија Мифтари беше одговорен за возниот парк. По неколкукратно одложување на одењето во затворот „Идризово“, со образложенија дека е болен, па ...
Украина се надева дека ќе успее да договори средба Володимир Зеленски-Доналд Трамп во САД до крајот на месецот, додека се засилуваат дипломатските напори за крај на војната. Американски функционер изјави за „Си-Би-Ес њуз“ дека Украина го прифатила американскиот мировен план, но останува да се решат некои мали детали. Киев не го коментираше ова, а Белата куќа засега нема потврдено дека Зеленски и Трамп ќе се сретнат. Американска делегација, ...
После повеќе од 60 години, сменети се столчињата во Театар Комедија, со донација од Полската амбасада во Македонија. Театар Комедија се отвори во 2011, а сместен е во просториите на некогашниот Театар Центар, или објект на Македонскиот народен театар (МНТ). Денес Комедија ја дели сцената и просторите со Турскиот театар, чиј нов објект се гради повеќе од десет години. „Во Театар Комедија, на чија сцена настапува и ансамблот на турската драма, ...
Пропадна тендерот за изведувач на Универзалната сала во Скопје, кажа денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. На 15 септември, министерот кажа дека на 26 септември завршува повикот за јавна набавка за изведувач и очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“. Таа треба да биде готова до крајот на 2027 и со ...
Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка и со бројни сертификати и обуки во кои 14 години сама инвестирала, е избркана од работа веднаш штом кажала дека е бремена. Од силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа, и поради тоа дека по нејзиното бркање биле примени во Болницата 65 души на работа, таа го изгубила бебето во 27-та ...
Нафтената рафинерија во Панчево, единствената во Србија, денеска запре со производството, а нејзините погони влегоа во процес на топла циркулација за да остане системот функционален. Ова го потврди српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста, велејќи дека земјата се соочува со големи проблеми. Ова следува откако на 9 октомври стапија во сила американските санкции за Српска нафтена индустрија (НИС), воведени поради ...
Навремените прегледи се единствениот лек за заштита од т. н. машки болести, кажа урологот д-р Сашо Дохчев на трибината за машкото здравје одржана во Велес, во организација на здружението „Мовембер“. Под машки болести се подразбираат рак на простата, тестиси и на пенис. „Навреме, навреме, навреме, тоа е пораката не само за овој месец, туку преку цела година, која мажите, без оглед на возраста, треба да ја практикуваат“, порача Дохчев, кој 15 ...
Жените се соочуваат со сериозни економски последици поради насилството, односно 80 отсто од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер, а 42 отсто од жените го изгубиле своето работно место како директна последица од насилството, велат податоците на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ. Денеска почнува светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации ...
По Германија, и Франција ќе претстави нова доброволна воена служба, со што се согласуваат речиси сите политички партии. Проектот, кој не предвидува регрутација, е осмислен да го насочи обучениот персонал кон активните или резервните вооружени сили. Во последниве години политичарите ја предлагаа воената служба како начин на дисциплинирање на младите луѓе или создавање социјална кохезија. Сега, главниот мотив е да се зајакнат вооружените сили ...
Русија го нападна Киев набргу откако Володимир Зеленски ги поздрави измените на американскиот мировен план за Украина. Киев беше нападнат со дронови и проектили, што предизвикало пожари на најмалку две станбени згради и загинале најмалку шест лица. Во исто време, Украина ја нападнала јужна Русија со дронови, при што според локалните власти загинале тројца луѓе, а 16 биле повредени. Притоа биле оштетени станбени згради во црноморското ...
Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка и со бројни сертификати и обуки во кои 14 години сама инвестирала, е избркана од работа веднаш штом кажала дека е бремена. Од силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа, и поради тоа дека по нејзиното бркање биле примени во Болницата 65 души на работа, таа го изгубила бебето во 27-та ...
Четириесет и двегодишен тетовец, кој претходно бил пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во своето возило на регионалниот пат во атарот на селото Нераште. Полицискиот увид утврдил дека на возачкото стакло има прострелна дупка, а проектилот завршил во главата на жртвата. „На 24.11.2025 година во 02:00 часот во СВР Тетово, Б.Б. (33) пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б. (42) околу 18:00 часот се оддалечил од домот со возило ‘Ауди’ со тетовски ...
Велика Британија планира да ја забрани препродажбата на билети за концерти, претстави и спортски настани по надуени цени, справувајќи се со проблемот на препродавачи кои користат технологија за да набават билети за популарни настани, соопшти владата. Министерот за домување Стив Рид рече дека практиката на препродавање билети по повеќекратни цени од нивната номинална вредност е штетна за поединците кои мора да платат премногу за да ...
Украина значајно го изменила американскиот мировен план, отстранувајќи некои максималистички барања на Русија, изјави за „Гардијан“ извор запознат со разговорите во Женева, додека европските лидери предупредуваат дека никаков договор не може да се склучи брзо. Володимир Зеленски би можел да се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа оваа недела, при што Украина притиска и Европа да биде вклучена во разговорите. Оригиналниот план со 28 точки ...
Хрватските власти објавија дека ќе се урива зградата на „Вјесник“ во Загреб, која целосно изгоре во пожарот, што избувна на 17 ноември половина час пред полноќ. Ова го потврди потпретседателот на владата Бранко Бачиќ, велејќи дека поради статичките оштетувања на конструкцијата, едно од архитектонските обележја на Загреб не е сигурно. „Заклучокот на Центарот за земјотресно инженерство е дека треба да се урне зградата поради опасноста од ...
Агенцијата за филм на Македонија издвои 100 илјади евра за кампањата за Оскар за документарниот филм „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, кажа денеска в. д. директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски. „Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a во септември „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци го откупи за ...
Шеснаесетгодишник силувал 12- годишно девојче во Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До снимката дошло 14-годишно момче, кое го уценувало девојчето да биде во врска со него или ќе ја објави снимката. Како што дознаваме, девојчето добивало закани и од силувачот да не го пријавува случајот, но вчера, после 12 дена, не можејќи да го трпи психичкиот притисок, ѝ раскажало на својата мајка, која пријавила во полиција. „На 24.11.2025 во 10 ...
Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, денеска пред новинарите го претстави неговиот заменик Алби Ќамили. Касами кажа дека функцијата заменик-градоначалник постои во Статутот на Општината, но досега не била активирана. „Имајќи предвид дека јас сум ангажиран и надвор од функцијата градоначалник во политичкиот дел, ова ќе придонесе да нема застој во активностите во рамките на Општина Тетово и услугата за нашите граѓани да биде ...
Владата на Доналд Трамп тивко го укинала Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) осум месеци пред истекот на неговиот мандат, ставајќи крај на гласно најавуваната иницијатива која требаше да ги намали администрацијата и федералните трошоци. „Такво нешто не постои, повеќе не е централизиран субјект“, кажа директорот на Канцеларијата за управување со персонал Скот Купор. Агенцијата основана во јануари брзо делуваше во првите месеци од вториот ...