На странците кои ќе направат прекршок на патиштата низ земјава не може да им се забрани излез, но ќе добијат известување дека нема да можат да влезат на граница ако не ја платат казната, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вчера почна пробниот период на проектот „Безбеден град“ кој ќе трае еден месец, а од 1 јануари 2026 ќе стартува и казнувањето. Од вчера камерите поставени на улиците снимаат сообраќајни прекршоци. ...

Десетици илјади луѓе се собраа во Софија и во неколку други бугарски града вчера, протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра, пред земјата да ја усвои заедничката валута на 1 јануари. Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги штитеше канцелариите на владејачките партии во Софија и фрлаа камења, шишиња и петарди врз полицајците. Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, ги опиша демонстрациите во ...

Доналд Трамп наводно му дал ултиматум на Николас Мадуро да ја предаде власта, што венецуелскиот претседател го одбил, барајќи глобална амнестија за себеси и своите соработници. Трамп во неделата потврди дека телефонски разговарал со Мадуро, без да изнесе детали. „Нема да кажам дали поминал добро или лошо, тоа беше телефонски разговор“, кратко кажа Трамп. И од американската и од венецуелската влада не кажаа ништо повеќе за повикот, што наводно ...

Воените заповедници го известија Владимир Путин дека руските сили ги зазеле градовите Покровск и Вовчанск на првата линија на фронтот и дека напредуваат на други места. Украина досега не го признала падот на двата града, кои се наоѓаат во регионите Доњецк и Харкив. Објавата дојде во пресрет на посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, каде што ќе разговара со Путин за ревидираниот американски мировен план за ...

Емануел Макрон кажа дека само Украина може да решава за своите територии во мировните разговори со Русија откако денеска го прими Володимир Зеленски во Париз, ден пред средбата на американската делегација со Владимир Путин во Москва. Европските лидери му дадоа поддршка на Зеленски по американско-украинските разговори за ревидирање на мировниот план за Украина, кој во прв момент силно ја фаворизираше Русија. Зеленски кажа дека изменетиот план ...

Стотици илјади овци и кози се уништуваат во Грција поради ширењето на заразна болест, што би можело да влијае врз производството и извозот на светски познатото сирење фета. Овчи и козји сипаници се вирусна инфекција. Првите случаи беа откриени во северна Грција во август 2024, а болеста оттогаш се прошири низ многу региони во земјата. Според најновите податоци од Министерството за рурален развој и храна, до средината на ноември биле ...

Босанската поп пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд од четворица музичари добија казни од по сто евра, затоа што на 29 ноември без работа дозвола настапиле во локал во Кичево. Ова е пресудата на Основен суд Кичево по прекршочната пријава која ја поднесе СВР Охрид. Настапот во локалот бил прекинат пред самиот крај. „На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов ...

Учениците од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, позната и какао Горна гимназија, ќе го изведат уметничкиот перформанс „Слово љубве“ како завршна манифестација од Државната програма за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Перформансот ќе биде дел од настаните на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола за одбележување на патрониот празник. Свеченоста ќе се одржи на 4 декември, на ...

Во првите 12 часа од пробното снимање на улиците се регистрирани 65.000 сообраќајни прекршоци, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од нив, за поминување на црвено светло се 2.800 прекршоци, а нерегистриран автомобил возел 1.000 граѓани. „Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите ...

Новогодишна латино-музичка идила, вели пијанистот Симон Трпчески за Новогодишниот концерт на 20 декември во Скопје, со кој ќе прослави 25 години кариера. Концертот на пијанистот со светска кариера го организира „Прагма продукција“ во соработка со Националната опера и балет (НОБ), а ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“. На концертот ќе диригира Сашо Татарчевски, а ќе настапи ансамблот „Македонисимо“, Оркестарот на НОБ, концерт-мајсторот ...

Странските директни инвестиции (СДИ) во земјава за првите девет месеци од 2025 година изнесуваат 209,4 милиони евра, што претставува драстичен пад во споредба со истиот период минатата година, кога тие надминуваа 840 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка за позначајни движења во платниот биланс. Според податоците, состојбата е особено лоша во третиот квартал од 2025 година, кога наместо влез на пари, регистриран е ...

Кремљ потврди дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф утре ќе се сретне со Владимир Путин во Москва за да разговараат за последниот американски предлог за крај на војната во Украина. „Средбата со Виткоф е планирана за вторник и ќе се одржи во втората половина од денот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Виткоф треба да допатува со зетот на Трамп, Џеред Кушнер, за да разговараат за мировна рамка што американски и украински ...

Неколку дена откако јавно беше објавена пресудата за двајцата обвинети гинеколози за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе од Дојран, почина еден од нив, Венци Чалков од Гевгелија. Тој е третиот од четворицата обвинети кои починаа во текот на десетгодишниот судски процес. Породувањето беше извршено во Општата болница Гевгелија. Врховниот суд делумно ја прифати жалбата на Вишото обвинителство Скопје и условната затворска казна на ...

Од денеска камерите поставени на улиците ќе снимаат сообраќајни прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека почнува пробниот период на проектот „Безбеден град“ кој ќе трае еден месец, а од 1 јануари 2026 ќе стартува и казнувањето. „Од 1 декември ќе започне пробниот период каде сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, велат од МВР. Како што велат од МВР, на почеток ќе се евидентираат ...

И газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули не се појави денеска на први декември во затворот „Идризово“ да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Според судијата за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, Дурмиш Белули добил уште едно одложување во бесконечната серија ...

Државниот пазарен инспекторат најавува засилени контроли во кафеаните и кафулињата за новогодишните прослави и забави. Од Пазарната инспекција велат дека ќе биде контролирано и дали во објектите има поголем број на гости од дозволеното. „Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, Законот за заштита ...

Поплавите и свлечиштата што опустошија делови од Тајланд, Малезија, Индонезија и Шри Ланка во последните денови однесоа повеќе од 1.000 животи, според властите. Бројот на жртви во поплавите во Индонезија се искачи на 502, соопшти националната агенција за управување со катастрофи, а уште 508 лица се водат како исчезнати. Над 350 лица загинаа во Шри Ланка, а уште толку се водат како исчезнати. Поплавите во главниот град Коломбо достигнаа врв ...

Основачот на швајцарската организација за право на смрт „Дигнитас“ почина со асистирано самоубиство, соопшти групата. Лудвиг Минели починал неколку дена пред неговиот 93. роденден. Групата му оддаде почит на Минели, велејќи дека тој цел живот се борел за „слобода на избор, самоопределување и човекови права“. Минели ја основал „Дигнитас“ во 1998, која оттогаш им помогнала на илјадници луѓе да умрат. Во последните децении, некои земји го ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека имале продуктивни разговори со Украина за договор за крај на војната со Русија, но дека има уште работа. На четиричасовните разговори во Флорида, украинската делегација ја предводеше секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров, додека во американскиот тим беа и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер. Умеров беше назначен за главен ...

Десетина осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправнaта установа во Струмица се вклучија во процесот на дооформување на своето средно образование. Целиот процес се реализира преку ДСУ „Никола Карев“ од Струмица, кое од пред некоја година стана регионален центар за средно стручно образование. Професори од ова училиште во изминатиот период држеа консултации и предавања на осудените лица за општите предмети од тригодишно стручно ...

Француско-германската група за вооружување „КНДС“ добила 350 нарачки од пет земји за најновата верзија на борбениот тенк „леопард 2“, изјави нејзиниот портпарол. Германија, Холандија, Норвешка, Литванија и Чешка ја нарачале најновата надградба на тенкот, што првпат се појави во 1979 година. Германската војска нарачала 123 тенкови, за што владата очекува да потроши повеќе од 3,4 милијарди евра и министерот за одбрана Борис Писториус кажа дека ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинение против три лица кои им се заканувале на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и на неговото семејство. Обвинението е за кривичното дело Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик. Првообвинетиот, за кој се бара притвор и кој има македонско и бугарско државјанство, се товари и за Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски ...

Вирусот на птичји грип што се шири меѓу дивите птици, живината и цицачите би можел да доведе до пандемија полоша од ковид-19 ако мутира за да се пренесува меѓу луѓето, изјави раководителката на Центарот за респираторни инфекции на францускиот Институт „Пастер“, Мари-Ан Рамекс-Велти. Високо патогениот птичји грип доведе до уништување на стотици милиони птици во последните неколку години, нарушувајќи го снабдувањето со храна и зголемувајќи ги ...

Кумановецот Милан Терзиовски е првиот индустриски дизајнер кој работел во порцеланската индустрија на подрачјето на поранешна Југославија. До овој значен податок дошле авторите на проектот за изложбата „Порцелановите луѓе“, каде беше изложен дизајнот на производите на велешка „Порцеланка“. „Загрепската фабрика за порцелан има издадено монографија, каде пишува дека нивните дизајнери во раните 60-ти години се првите индустриски дизајнери во ...

Илјадници луѓе денеска се придружија на протестните маршеви во Хрватска против подемот на крајната десница по низата инциденти, што поттикнаа етнички и политички тензии во членката на Европската Унија. Собирите наречени „Обединети против фашизмот“ се организираа во Загреб, Риека, Пула и Задар. Толпата скандираше „Сите сме антифашисти!“, ветувајќи дека ќе се спротивстават на она што го опишаа како обид на десничарските групи да шират страв и ...

Венецуела го обвини Доналд Трамп за колонијалистичка закана откако тој кажа дека воздушниот простор над и околу земјата е целосно затворен. „Коментарите на Трамп се уште една екстравагантна, нелегална и неоправдана агресија против венецуелскиот народ. САД немаат законско овластување да го затворат воздушниот простор на друга земја“, кажа министерството за надворешни работи на Венецуела. САД со месеци напаѓаат бродови кои наводно превезуваат ...

Стотици луѓе загинаа и исчезнаа во Југоисточна Азија откако регионот го погодија некои од најсилните врнежи во изминатите децении. Монсуните влошени од тропските бури предизвикаа катастрофални поплави кои погодија милиони луѓе во Индонезија, Малезија и Тајланд. Бројот на загинати на индонезискиот остров Суматра порасна на најмалку 417, при што се наредени евакуации. Во Тајланд досега има 170 загинати, како и двајца во Малезија. Речиси 160 ...

Иако поминаа 180 години од неговата смрт, делото на големиот македонски просветител Кирил Пејчиновиќ и понатаму е тема на голем број научни истражувања. Во Духовно-културниот центар на Лешочкиот манастир, во организација на Глобалната македонска фондација „Вечна“, се одржа панел-дискусија насловена „Гласот на вечноста“, на која беа презентирани неколку аспекти на влијанието на делото на Пејчиновиќ врз македонското битие и македонската ...

Илјадници демонстранти се собраа вчера во западниот германски град Гисен, каде што крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) ја формираше својата нова младинска организација. Конвенцијата на партијата започна со двочасовно одложување откако демонстрантите блокираа патишта во и околу градот со 93.000 жители, поради што некои делегати доцнеле. Демонстрантите на едно место се судрија со полицијата, која употреби солзавец и ...

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Бројот на случаи во 2025 е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година, кога беше регистриран 51 случај. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ во 2024 била 5,3/100.000 жители. Од случаите во 2025, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
48%
1007
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
59%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 5ᴼ
6.17
44%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.63
67%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
86%
1005
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
52%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1009
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1008
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
70%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
4.02
49%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
70%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Иридиум

259874.72

Платина

65169.56

Паладиум

49383.55

Бакар

11.40

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Калај

48.18

Рутениум

54591.97

Сребро

2590.59

Алуминиум

3.42

Родиум

369733.59

Злато

161442.17