Гевгелиското јавно обвинителство отвори истражна постапка за лицето од Богданци кое завчера ја уби мајка си во станот во којшто живееле. Убиството се случи на 11 јануари околу 21 часот, кога меѓу синот и мајката имало расправија која брзо преминала во физичка пресметка, при што 39-годишниот П. С. ѝ нанел повеќе убодни рани на 58-годишната М. С. од Богданци. „Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале ...

Македонските државјани кои престојуваат во Иран треба да ја напуштат земјата во прва можна и безбедна прилика, апелираше денеска Министерството за надворешни работи (МНР) поради влошување на безбедносната состојба во оваа држава. Од Министерството истовремено препорачуваат да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. За асистенција на македонските граѓани кои се наоѓаат таму, МНР ги стави на располагање сите свои капацитети преку ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишно лице, осомничено за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичниот законик. „На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка ...

Четири претстави ќе се изведат на Деновите на претстави од независна продукција, кои од 14 до 17 јануари ќе се одржуваат во Драмскиот театар во Скопје. Драмскиот театар втора година по ред ја отстапува сцената во овој период за неависната продукција. На Големата сцена „Ристо Стефановски“ и на Малата сцена ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Делириум тременс“ (Delirium tremens) на „Театарска ...

Околу 2.000 луѓе, вклучувајќи припадници на безбедносните сили, загинале во антивладините протести во Иран, изјави еден ирански функционер за „Ројтерс“. Активистичките групи досега наведуваа бројка од над 600 убиени, додавајќи дека точната бројка е веројатно многу поголема. Иранскиот функционер кажа дека за смртта на демонстрантите и припадниците на безбедносните сили се виновни терористи, без да навлегува во детали. Најголемите немири во ...

Русија ноќеска одново ја нападна енергетската инфраструктура на Украина, лансирајќи речиси 300 дронови и 25 балистички проектили кон повеќе региони, вклучувајќи ги Киев, Харкив, Одеса, Днипро и Доњецк. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека четворица луѓе загинале во Харкив и дека стотици илјади домаќинства во Киев останале без струја. „Ситуацијата не е лесна, зашто температурите во Киев утрово беа до -12 степени. Секој ваков напад е ...

Владата на Гренланд изјави дека ќе ги зголеми напорите за да се обезбеди неговата одбрана да биде под покровителство на НАТО и повторно ја отфрли амбицијата на Доналд Трамп да го преземе островот. Трамп вели дека САД мора да го поседуваат Гренланд за да спречат Русија или Кина да ја окупираат стратешки лоцираната територија која е и богата со минерали. Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус порача дека американско преземање на Гренланд ќе ...

„Зошто го сакаме филмот?“ е мотото на свеченото доделување на 38. Европски филмски награди што ќе се одржи на 17 јануари во прочуената зграда Куќа на светските култури во Берлин. На гала вечерта на Европската филмска академија (ЕФА) ќе се објават најдобрите филмови за 2025 од 88 номинирани во 22 категории, а најавени се 1.000 гости. „Сентиментална вредност“ на норвешкиот автор Јоаким Триер е фаворит со пет номинации, шпанскиот „Сират“ на ...

На 108-годишна возраст во Бостон, САД, почина Рејчел Нахмијас, најстарата Еврејка од Битола која го преживеа Холокаустот. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзината роднина, познатата американска ладино-пејачка Сара Ароести, која исто така има битолско потекло. „Како единствена преживеана од своето семејство по Холокаустот и една од само два процента Евреи кои преживеале од нејзиниот град, Битола (Манастир), таа беше инспирација за сите што ...

Доналд Трамп бил информиран за широк спектар на тајни и воени алатки што би можеле да се употребат против Иран поради крвавото задушување на антивладините протести, изјавија двајца претставници на Министерството за одбрана за „Си-Би-Ес њуз“. Во опција се напади со проектили со долг дострел, но и кибернетички операции и психолошка кампања. Трамп засега најави царини од 25% за сите држави кои одржуваат комерцијални врски со Иран, откако групите ...

Институцијата Народен правобранител е пред распаѓање поради политичките партии, зашто нема Бадентерово мнозинство во Собранието за избор на нов омбудсман. Вработените кажуваат дека институцијата нема платено 4 кирии за канцелариите на улица „Македонија” во Скопје кај што е сместено седиштето и најголемиот број од вработените, а секој месец фрчат опомени од страна на компанијата-сопственик на зградата. Ист е случајот и со Канцелариите на ...

Министерството за внатрешни работи денеска ја објави меѓународната потерница по 18-годишникот кој возејќи без возачка дозвола на 9 јануари удри и усмрти жена во скопски Капиштец. Потерницата е распишана за Саит Саитов од Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Тој избега од местото на несреќата и ја напушти државата. „Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од ...

Професорката по право Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за нови членки на Судскиот совет, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова избрани денеска со апсолутно мнозинство во Собранието. Со овој избор се реализира уставното право на претседателот да предложи двајца членови и се комплетира составот на Советот, при што акцентот беше ставен на истакнати правници кои не доаѓаат директно од судската ...

Доналд Трамп се нарече себеси „вршител на должноста претседател на Венецуела“, објавувајќи лажна страница од „Википедија“ на својата социјална мрежа Трут соушл. Таму е наведено дека ја презел функцијата во јануари 2026, а Џеј-Ди Венс е потпретседател. Тоа е последното во серијата тврдења дека Трамп и САД управуваат со Венецуела по американската воена акција во која беше заробен претседателот Николас Мадуро. Минатата недела, Трамп кажа дека ...

Молдавската претседателка Маја Санду изјави дека би гласала за обединување со Романија ако ова прашање некогаш дојде до референдум, велејќи дека на Молдавија ѝ станува сѐ потешко сама да опстане. Со население од 2,4 милиони жители сместени меѓу Романија и Украина, Молдавија стана една од главните мети на руското хибридно војување, вклучувајќи дезинформации и мешање во избори. „Ако имаме референдум, ќе гласам за обединување со Романија. ...

Граѓаните од Куманово, кој добиле решенија за ретроактивно оданочување за 2020 година поради работа во американските бази во Ирак и Авганистан, од денеска до 16 јануари ќе протестираат секој ден пред канцеларијата на Упрвата за јавни приходи (УЈП), со цел да ги натераат надлежните институции да најдат решение за нивниот проблем. Тие денеска јавно ги повикаа премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот Максим Димитриевски и директорката на ...

Здравствените работници и студентите на медицина и стоматологија ќе може да се пријават и бесплатно да се вакцинираат со вакцина против хепатитис Б, кои Министерството за здравство му ги донираше на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институтот д-р Марија Андоновска денеска потпишаа договори за донација на 7.500 вакцини, со кои ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници. Министерството ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски го осуди нападот на амбасадата на Бугарија во земјава и вели дека станува збор за изолиран случај и институциите реагирале брзо и ефикасно. „Секој чин во таква форма ние како институција ќе го осудиме. Според првичните информации се работи за изолиран инцидент, создадена е некоја материјална штета која не е голема. Но, независно од тоа, го осудуваме максимално инцидентот. ...

Предлог-законот за заштита од пушењето, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување европски стандарди за заштита на здравјето. Намерата на законот не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, вели министерот за здравство Азир Алиу. Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на ...

Најголемата бугарска парламентарна група ГЕРБ-СДС ја одби понудата од претседателот Румен Радев да се обиде да формира влада, со што станува извесно дека ќе има нови избори во најсиромашната членка на Европската Унија. Владата на Росен Жељазков, поддржана од ГЕРБ и СДС, поднесе оставка минатиот месец по неколку недели улични протести против корупција и предложениот буџет. Жељазков веднаш го врати понудениот мандат од Радев, велејќи дека нема ...

Горан Михајловски е постар од Интернетот, а колумната „Сакам да кажам“ е постара од независна Македонија. Првата колумна е напишана на 12 јануари 1991, на неговата прва машина за пишување купена во 1983. Објавена е точно 8 месеци пред Референдумот за осамостојување на државата. И не само тоа: „Сакам да кажам“ е најдолготрајната колумна во историјата на македонското новинарство, излегува непрекинато 35 години. Од првата објавена во саботното ...

На двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2025 се 3.5 милиони патници, што е зголемување од 9отсто во однос на 2024 година. Лани двата аеродрома опслужија 26.500 летови, што е за 4 отсто повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември 2024. „Успехот што го постигнавме во 2025 година не е случаен. Тој е резултат на јасна стратешка насока, фокусирани инвестиции и ...

Со комбиња се носат кучиња од други градови и општини околу Скопје и се истовараат во скопските населбите, велат од ЈП „Лајка“. Викендов, во скопски Карпош беше донесена глутница од над 20 кучиња, кои не се чипирани и стерилизирани, па затоа од јавното претпријатие претпоставуваат дека се донесени од други градови. Од „Лајка“ велат дека досега се заловени 19 кучиња, но екипите и денеска работат за да ги разбијат глутниците и да ги чипираат ...

Во врска со отворениот муабет за предвремени парламентарни избори, претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарско прашање денеска кажа дека е против. „Лично сум поборник за редовни избори, не само поради економска и политичка стабилност, но и заради мерливост на резултатите. Предвремени избори секогаш се алиби за тоа: ‘Немавме време да го реализираме тоа и тоа од програмата, фати предизборен период’ и слични изговори”, рече Гаши на ...

Со кампањата „Дали ќе нѐ посетиш годинава?“ Националната установа (НУ) „Стоби“ сака да ги поттикне домашните туристи да го посетат археолошкиот локалитет Стоби. Кампањата следува по податоците за посетеност во изминатата година, кои покажуваат значителна несразмерност меѓу бројот на странски и домашни посетители. Минатата година локалитетот го посетиле речиси 12 илјади странски туристи (11.994), наспроти само 1.703 домашни посетители. Вкупно ...

Иран кажа дека е спремен и за војна и за дијалог откако Доналд Трамп објави дека разгледува силни опции против Техеран среде најголемите протести во земјата во последните три години, во кои веќе загинале над 500 луѓе. „Ние сме спремни за војна, но и за дијалог“, изјави денеска министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Тој додаде дека ситуацијата во Иран е под целосна контрола откако насилствата на протестите се зголемиле во текот на ...

„Една битка по друга“ се издвои како фаворит на претстојните Оскари откако победи во четири категории на 83. доделување на Златни глобуси. Акционата црна комедија беше прогласена за најдобар филм во категоријата мјузикл/комедија, Пол Томас Андерсон ги собра наградите за режија и сценарио, а доби и една актерска награда, за Тејана Тејлор за најдобра споредна женска улога. Сепак, Тимоти Шаламе го победи Леонардо ДиКаприо за најдобар актер, ...

Доналд Трамп изјави дека американската војска разгледува многу силни опции против Иран откако стотици луѓе загинаа во тамошните антивладини протести, кои влегоа во третата недела. Активистичката организација ХРАНА со седиште во САД објави дека досега е потврдена смртта на речиси 500 демонстранти и на 48 припадници на безбедносните сили. Трамп се закани дека ќе интервенира и кажа дека ирански функционери му се јавиле за да преговараат, но дека ...

Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во Општина Гостивар. Според првичните податоци по преброени над 95 отсто од гласовите, Лимани освоил 61,52 отсто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата Влен добил 30,29 отсто од гласовите. Изборите во Гостивар се повторија откако претходниот обид пред шест месеци беше неуспешен бидејќи не беше исполнет законскиот цензус, ...

Непознато лице извршило напад врз бугарската амбасада во Скопје на 11 јануари, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија. Според фотографиите во соопштението, станува збор за скршено стакло на влезната врата. Бугарското МНР вели дека овој чин е недозволив напад врз статусот на дипломатското претставништво и претставува грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи. „Изразуваме длабока загриженост дека ваквото дрско ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
48%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.78
45%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
91%
1022
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
48%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
35%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
8.23
47%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
30%
1021
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
59%
1018
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Иридиум

253540.09

Бакар

11.92

Сребро

2365.28

Калај

49.49

Рутениум

52984.43

Паладиум

46200.62

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

321507.47

Алуминиум

3.54

Платина

62147.39

Злато

147447.44