САД сакаат Европа да преземе поголем дел од конвенционалните одбранбени капацитети на НАТО, од разузнавање до ракети, до 2027 година, изјавија претставници на Пентагон пред дипломатите во Вашингтон оваа недела, краток рок што на некои европски претставници им се чини нереален. Пораката, потврдена од пет извори запознаени со дискусијата, вклучувајќи и еден американски функционер, беше пренесена на состанок во Вашингтон оваа недела на ...

Френк Гери, кој во втората половина на 20 век создаде нов јазик во архитектурата, станувајќи еден од најславните архитекти на своето време, почина на 96 години, потврди портпаролот на „Гери партнерс“. Тој почина во својот дом во Санта Моника по кратка респираторна болест. Гери е роден во Торонто, Канада. Откако студирал архитектура на Универзитетот во Јужна Калифорнија и урбанистичко планирање на Харвард, ја основал својата канцеларија во Лос ...

Со години Македонија е на врвот на листата на најзагадени земји во Европа и светот. Мерните станици, онаму каде што ги има или каде не се расипани, деновиве почнаа да покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Средствата кои ги одвојуваат Општините за решавање на овој проблем се недоволни и не даваат никакви резултати. САКАМДАКАЖАМ.МК ги анализираше буџетите заштита на животната средина за 2025 година на Град Скопје и трите ...

Доналд Трамп е првиот добитник на Наградата за мир на ФИФА, востановена пред неколку месеци од нејзиниот претседател Џани Инфантино. Трамп ја прими наградата на церемонијата во центарот „Кенеди“ во Вашингтон, во пресрет на ждрепката на групите од Светското фудбалско првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. „Ова е навистина една од најголемите почести во мојот живот. Спасивме милиони животи. На пример, во Конго умреа 10 милиони луѓе, за многу ...

Неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на преминувањата низ Ла Манш, објави британкиот весник „Дејли мејл“. Македонија влезе во формални разговори со Велика Британија за да биде домаќин на „центар за враќање“ на мигранти наесен, според новите извештаи, вели весникот. Според предлогот, Велика Британија би ѝ плаќала на Северна Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, ...

Од 11 декември до 10 јуни догодина нема да сообраќаат повеќе возови, соопштија денеска од Железници. Се укинуваат дел од возовите поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково. „Нема да сообраќаат возот број 601 на релација Скопје-Велес, со време на тргнување во 8 часот, возот број 2081 на релација Скопје- Велес со време на тргнување во 13.20 часот, возот број 643 на релација Скопје-Битола, со време на тргнување во 14.30 ...

„Нетфликс“ се согласи да ги купи филмските и стриминг бизниси на „Ворнер брос Дискавери“ за 72 милијарди долари. „Ворнер брос“ ги поседува франшизите „Хари Потер“, „Супермен“, „Бетмен“, „Игра на тронови“ и „Белиот лотус“ и стриминг услугата „Ејч-Би-О макс“. Преземањето би можело да доведе до радикално преобликување на американската филмска и медиумска индустрија, но останува нејасно дали овој потег ќе биде одобрен од американските регулатори. ...

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%, рече на денешната прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Министерката кажа дека во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска. „Ова претставува дополнително забрзување ...

Германскиот парламент го усвои законот за нова доброволна воена служба, чија цел е да се зајакнат војската и одбранбените капацитети на Европа среде засилените тензии со Русија. Законот, кој беше одобрен по неколкумесечна дебата, има за цел да привлече млади регрути, но ако нивниот број биде недоволен, парламентот ќе може да активира мобилизација според потребите. Министерството за одбрана ќе го известува парламентот за обемот на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави формирање на нов антикорупциски тим во рамките на програмата „Нова сила“ и објавување на нови, како што ги нарече, „бомби 2.0“ за коруптивни скандали на власта. Филипче рече дека партијата отвора нов фронт за борба против криминалот заедно со граѓаните, бидејќи превенцијата не успеала, а корупцијата ескалирала. Тој најави дека утре ќе биде објавен нов скандал поврзан ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација ги обвинуваат Европската Унија и миграцијата за „неизбежно целосно културно пропаѓање во Европа“. Експлозивното тврдење е изнесено во Стратегијата за национална безбедност на САД, во која се наведува дека Европа има економски проблеми, но тие се „засенети од реалната и остра перспектива за цивилизациско бришење во следните 20 години“. „Поголемите проблеми со кои се соочува ...

Министерството за финансии на САД суспендираше дел од санкциите за рускиот енергетски гигант „Лукоил“, овозможувајќи неговите бензински пумпи надвор од Русија да продолжат да работат. Овој потег ефикасно им овозможува на бензинските пумпи од брендот „Лукоил“ да продолжат да им служат на клиентите, а, сепак, спречува враќање на парите во Русија, која е под сеопфатни санкции од САД и ЕУ од почетокот на војната во Украина. Министерството за ...

Шефот на најпознатата палестинска фракција која се бори против Хамас во Газа е убиен, објави групата Народни сили. Јасер Абу Шабаб беше бедуински племенски водач од Рафа кој ја предводеше најпознатата од неколкуте мали групи кои се појавија во Газа за време на војната. Неговата смрт ќе биде поттик за Хамас, кој го означи како соработник на Израел и им нареди на своите борци да го убијат или да го заробат. Групата Народни сили објави дека ...

Поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, еден од обвинетите за страотниот пожар со 63 жртви во импровизираниот клуб „Пулс“ на 16 март, ја продолжи серијата воведни говори во кои отворено се прозиваат други одговорни лица или институции и во кои се напаѓа обвинението. „Не може да има правда со заменски обвинети“, рече Димитровски по воведниот говор на неговиот адвокат. Тој рече дека кога државен орган одобрува, градоначалник и ...

Гори стара куќа во близина на црквата „Свети Спас“ во Старата чаршија во Скопје. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али соопшти дека избувнал пожар во 19:43 часот во старата куќа. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 противпожарни возила. Црквата „Свети Спас“ — еден од најзначајните споменици на културата во Скопје, источно од тврдината Кале. Црквата е споменик на културата заштитен со закон, и во ...

Тројца тинејџери загинале кога нивниот автомобил излетал од пат во јужна Франција, поминал низ ѕид и паднал наопаку во приватен базен, заробувајќи ги внатре. Возилото било со слична големина како базенот, па тинејџерите на возраст од 14, 15 и 19 години не можеле да ги отворат вратите и се удавиле. Оваа бизарна несреќа се случи во градот Алес вчера во раните утрински часови. „Ова е навистина врвот на ужасот. Тие не починаа од последиците на ...

Ирска, Холандија, Шпанија и Словенија објавија дека ќе ја бојкотираат следната Евровизија во Австрија откако на денешен состанок беше одлучено дека Израел може да учествува. Овие држави ги предводеа повиците Израел да биде исфрлен од популарното музичко натпреварување поради предизвикување хуманитарна катастрофа во Газа и обвинувањата за неправични практики за гласање. Ирскиот радиодифузер РТЕ објави дека ќе ја бојкотира Евровизија и нема да ...

Белгискиот премиер Берт де Вевер изјави дека Русија не може да ја изгуби војната во Украина, спротивставувајќи се на планот на Европската Унија за користење на замрзнатите руски милијарди како заем за Киев. Тој кажа дека Русија се заканила со „вечна одмазда“ ако Белгија дозволи да се користат овие средства. „Очекувањата дека Русија ќе ја изгуби војната се бајка и илузија. Од таа причина, ние ќе мора да ѝ ги вратиме замрзнатите средства кога ...

Гондолата за Пелистер би поаѓала од Дихово, Ротино или Цапари, според дел од предлозите што пред битолчани ги презентираа странските експерти од Словенија и Франција вклучени во изработката на физибилити студијата за гондолата. Се предлага да стигнува до високите предели на планината, по можност и до Антена (2.601 мнв). Eкспертoт од Словенија Франц Фурлан рече дека потенцијалот на Пелистер е огромен, тој може да стане туристички бисер за ...

Документарецот „Силјан на Тамара Котевска е меѓу петте номинирани за престижната американска награда Независен дух (Independent Spirit), која е предвесник на Оскарите. „Силјан“ е номиниран за најдобар документарец заедно со „Дојди види ме во добро светло“ од Рајан Вајт, „Бескрајно колаче“ на Питер Кривер, „Мојот непосакуван пријател – Дел 1 – Последен пат во Москва“ на Џулија Локтев, „Перфектен сосед“ на Гита Гандбир. Најмногу номинации за ...

Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската Општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од „Пивара Скопје“. „Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри услови, туку дека мора и да ги создаваме. Токму тоа и го направивме овде, за иднината на нашите деца. Ова не е само еднократна акција, туку пример за посветено партнерство и доказ ...

Поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов и уште 5 лица се сомничат дека несовесно работеле и ја злоупотребиле постапката за набавка електричните автобуси со кои цела година се врши јавниот градски превоз во општината, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Костадинов доби пријава за Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приванто партнерство, кривично дело за кое се ...

Емануел Макрон ги предупредил европските лидери дека има шанса САД да ја предадат Украина во врска со територија без да ѝ понудат јасни безбедносни гаранции, објави германскиот магазин „Дер Шпигел“, повикувајќи се на забелешки од неодамнешен телефонски разговор. Според магазинот, Макрон им рекол на европските лидери, вклучувајќи го германскиот канцелар Фридрих Мерц, дека имало напнати моменти во разговорите и дека Володимир Зеленски би ...

Лани во Македонија се случиле 4 убиства на жени (фемицид), а изминативе 10 година 115 убиства и обиди за убиства на жени, велат од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Во моментов, се работи на увид на судските предмети за правосилно завршените предмети за да се види колку од овие случаи се фемициди. Од Националната мрежа велат дека реинтеграцијата на жртвата е најважна, но за тоа се потребни пари, а државата не ...

Операторот за храна „Ванила фуд“ е казнет со вкупно 2.450 евра, односно две казни по 900 евра и една од 650 евра, откако на 26 ноември, околу 40 ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае во скопски Карпош се пожалија на стомачни тегоби. Меѓу затруените ученици беше и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски. По извршените анализи, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 28 ноември соопшти дека грам негативни бактерии ...

Грчките земјоделци продолжија со блокадите на главните автопатишта, проширувајќи ги протестите од Тесалија до Македонија, Тракија, Епир и западните региони, додека бројот на трактори на патиштата продолжува да расте. Најголемото нарушување е во Тесалија, каде што националниот автопат Солун-Атина главно останува затворен за редовниот сообраќај. Во централна Македонија, земјоделците ги блокираат јужните ленти од автопатот Солун-Атина кај ...

Адвокатот Насер Рауфи, кој го брани Џеваир Камбери обвинет во предметот за пожарот со 63 жртви и над 200 повредени во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, на почетокот на денешното рочиште кажа дека најдените 13 мобилни телефони и лаптоп во неговата ќелија не се негови, туку на друг притвореник, кој сам се пријавил и признал. Дури, Рауфи ја упати судијката Диана Груевска-Илиевска да провери во затворот, место да го укорува неговиот клиент. ...

Лекар од Калифорнија е осуден на две и пол години затвор за нелегално снабдување на актерот Метју Пери со кетамин, непосредно пред неговата смрт во 2023. Салвадор Пласенсија, кој водел клиника за грижа кај Лос Анџелес, се изјасни како виновен во федерален суд во јули по четири обвиненија за илегална дистрибуција на овој анестетик. Тој се соочуваше со затворска казна до 40 години. Пери, кој се прослави како Чендлер Бинг во серијата ...

Владимир Путин порача дека Русија ќе го земе целиот регион Донбас со сила ако украинските сили не се повлечат. Русија денес го контролира целиот Луганск и повеќе од 80% од Доњецк, двата региона кои го сочинуваат Донбас. „Или ќе ги ослободиме тие територии со употреба на сила или украинските сили ќе ги напуштат“, кажа Путин пред посетата на Индија. Украина вели дека не сака да ѝ подарува територии на Русија што таа не успеала да ги освои со ...

Транспортен џамбо авион од типот „Боинг 747“ на американската компанија „Атлас ер“ утринава слета на Скопскиот аеродром. Долета од американската воена база Денвер на источниот брег на САД. Од Министерството за одбрана за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека транспортот е наменет за потребите на Армијата. Прекуокеански широкотрупни авиони како што е „боинг 747“ се ретки посетители на Скопскиот аеродром. Иако Меѓународниот Аеродром Скопје не е типично ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
48%
1007
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
59%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 5ᴼ
6.17
44%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.63
67%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
86%
1005
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
52%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1009
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1008
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
70%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
4.02
49%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
70%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Калај

48.18

Сребро

2590.59

Кобалт

3.86

Паладиум

49383.55

Злато

161442.17

Платина

65169.56

Иридиум

259874.72

Родиум

369733.59

Бакар

11.40

Алуминиум

3.42

Рутениум

54591.97

Цинк

0.00