Во Кумановскиот театар денес премиерно ќе се изведе претставата „Чичко Куплунг“ во режија на Јани Бојаџи, работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев. Чичко Куплунг е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996, кој го играше Јовица Михајловски, а кој беше и продуцент на филмот. „Самоуништување“ е црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија, чија премиера ...
Вечерва бев на премиерата на „Чичко Кумплунг“ во Театар Куманово, претстава инспирирана од култниот лик од „Самоуништување“, во режија на Јани Бојаџи и текст на Сашко Насев, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура Зоран Љутков. Црна комедија, сатира и сурово искрен приказ на транзициското општество во 90-тите, претставена со одлична актерска енергија и хумор. Честитки до целата екипа. Претставата „Чичко Куплунг“ во режија на ...

