Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја осуди „сериозната несреќа“ што се случи на лансирањето нов воен брод, нарекувајќи ја „криминален чин што не може да се толерира“. Државните медиуми објавија дека делови од дното на 5.000 тони тешкиот разурнувач биле згмечени, што го извадило бродот од рамнотежа. Ким, кој бил присутен на лансирањето, наредил бродот да биде поправен до клучна партиска средба во јуни и побарал одговорност од оние кои биле ...

Двајца службеници на израелската амбасада во САД се убиени пред Еврејскиот музеј во Вашингтон. Напаѓачот е уапсен и идентификуван како 30-годишниот Елијас Родригес од Чикаго, кој при приведувањето извикувал „Слобода за Палестина“. „Осомничениот немал претходен контакт со полицијата. Не гледаме ништо во неговата позадина што би го ставило на нашиот радар“, кажа шефицата на полицијата на Вашингтон, Памела Смит. Таа додаде дека Родригес бил ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, сооштија од нејзиниот кабинет. „При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите ...

Доналд Трамп го нападна јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во Белата куќа, тврдејќи дека во неговата земја се случува „бел геноцид“. Јужна Африка ги отфрли обвинувањата дека белите луѓе се несразмерно цел на криминал. Стапката на убиства е висока, но огромно мнозинство жртви се црнци. По почетниот пријателски муабет, во кој Трамп ги пофали јужноафриканските голфери, а Рамафоса кажа дека сака да разговараат за критични минерали и ...

Израелските напади продолжија денеска во Појасот Газа, и покрај напливот на меѓународната осуда поради проширената офанзива на Израел. Во нападите загинаа најмалку 82 лица, меѓу кои и неколку жени и еднонеделно новороденче, според Министерството за здравство на Газа и регионалните болници. Израел вчера почна да дозволува десетици хуманитарни камиони да влезат во Газа, но помошта сè уште не стигнала до Палестинците кои имаат очајна потреба за ...

За една година откако почна со работа стационарот за кучиња скитници за Општина Тетово заловени се 204 кучиња. Од стационарот „Ана Агро“, кој се наоѓа во село Ратае, велат дека се свесни оти ова е само мал дел од кучињата кои скитаат по тетовските улици, но поради ограничениот капацитет на стационарот и лимитираните средства кои ги добиваат од Општина Тетово, не можат да третираат поголем број кучиња. „За периодот од една година, колку што ...

Ниту по месец и пол не е санирано оштетувањето на пругата Скопје-Велес. На 2 април, поројниот дожд и дотечената Маркова Река однесоа дел од насипот каде е поставена железничката пруга, на делницата помеѓу станиците Лисиче и Драчево. Тогаш од Македонски железници соопштија дека возовите на оваа релација ќе ја користат пругата преку Трубарево, ќе нема прекин, но патувањето ќе трае подолго. За овој период нема информации за активности за ...

Во Тетово, на просторот пред градскиот пазар, во секое време можат да се купат цигари без заштитни бандероли, а тука се продава и режен тутун. Ова со години е толерирано, сè до вчера кога во акција на тетовската полиција се приведени 6 лица кои продавале цигари и тутун, а за кои немале потребна документација. „На 20.05.2024 во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица Маршал Тито во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од ...

Со 27 милиони денари (околу 440 илјади евра) ќе се прави современ, модерен ин витро центар, најави денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), д-р Ирена Алексиоска-Папестиев. „ГАК секогаш ги воведувала најновите современи техники, и дијагностички и терапевтски. Во 2000 кај нас е направено првото ин витро и е родено првото ин витро бебе. За жал, 4 години немаше ин витро на нашата Клиника, но од ноември 2024 е почнато ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одбележува 18 години постоење под мотото „Партнерство и соработка“ и може да се пофали дека реалниот сектор и стопанството ги апсорбираат сите кадри што се образуваат на УГД, рече ректорот Дејан Мираковски. „Со тоа покажуваме дека ние можеме да учиме од стопанството и останатиот реален сектор околу нас, а и секторите можат да ги користат нашите ресурси и со нивна помош да се надоградуваат“ кажа Мираковски. ...

Со дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои се овозможува да работат пензионери, студенти и странци, се носи можност за излегување од сивата економија и поголема сигурност за многу работници во земјава, вели Давид Оберхубер, директор на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Изработката на овој закон беше поддржана од проектот „Подобри услови за вработување за сезонските работници во Северна Македонија“, ...

Поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски и претседател на ВМРО-Народна партија, денеска се појави во Основниот суд во Битола каде беше повикан како сведок од одбраната на Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Ѓоргиевски како претседател на бугарскиот клуб, се суди за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. ...

Јапонскиот министер за земјоделство Таку Ето поднесе оставка поради неговите изјави за оризот кои беа критикувани од гласачите и пратениците. Ето беше во немилост на јавноста откако на политички настан викендов кажа дека никогаш не мора да купува ориз благодарение на подароци од поддржувачите. „Никогаш самиот не сум купил ориз. Да бидам искрен, моите поддржувачи ми даваат доста ориз. Имам толку многу ориз дома што би можел да го продавам“, рекол ...

Обвинителката за врски во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичната правда (Еуроџаст) Ленче Ристоска, упати барање до Драган Павловиќ-Латас да ѝ се извини за јавно кажани клевети и навреди за неа во интервју, за кои таа смета дека ги кажал поради нејзината апликација за кандидатка за судијка во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Павловиќ-Латас кажа дека неовластено зела 100.000 евра и немала стаж за судија во ...

Од утрово, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со екипи од Градот шета низ Општина Чаир и лови дивоградби. Таа од локациите се вклучуваше во живо на нејзиниот фејсбук профил и го викаше градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу да дојде за да објасни како дозволува секаде низ неговата Општина да се гради на диво. „Денеска на Висар му фативме две дивоградби. Еве, погледнете ја оваа градба што се гради на државно земјиште, без градежна ...

Поранешниот украински политичар Андриј Портнов, кој беше висок функционер во мандатот на претседателот Виктор Јанукович, е убиен од непознати напаѓачи пред американско училиште во Мадрид, објавија локалните власти. Портнов служеше во администрацијата на Јанукович од 2010 до 2014 и потоа избегал во странство. Во 2021, САД воведоа санкции за Портнов за учество во корупција во Украина, особено во судството. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека ...

Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот на потребни потписи за независните кандидати и листи да учествуваат на избори, место со 1.000 потписи од конкретна изборна единица, на 1 процент од вкушно запишаните избирачи во изборната единица. Со одлука на Уставен суд независните листи и кандидати за да се кандидираат на избори повторно ќе треба да соберат 1.000 потписи како и на сите ...

Почина американскиот актер Џорџ Венд, еден од главните ликови во комичната серија „Кафулето На здравје“ (Cheers) од 1980-тите, а кој подоцна направи театарска кариера на Бродвеј во мјузиклите „Уметност“, „Лак за коса“ и „Елф“. Имаше 76 години. И покрај долгата кариера, тој остана познат по ликот на Норм Петерсон во „Кафулето На здравје“, улога со која најмногу го поврзуваа. За неа доби шест номинации за наградата „Еми“ за најдобар спореден актер ...

Владимир Путин го посети пограничниот руски регион Курск за првпат откако руската војска ги истера украинските сили по неколкумесечните борби. Кремљ објави видеоснимка од посетата на Путин, при што се сретнал со локални доброволни организации, вклучувајќи членови на Серускиот народен фронт, но не е прецизирано кога се случила. За време на посетата, Путин ги обвини украинските војници за уништување споменици од Втората светска војна, опишувајќи ...

Заради заштита на авторските права, 41 интернет портал и 5 телевизии од денеска ги повлекоа содржините од агрегаторите на вести како Тајм.мк, Грид.мк и Вести.мк, соопшти Здружението Онлајнмедиа.мк. Повлекувањето следи по добиените известувања и предлог-договори од агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест. „Според последните измени на Законот за авторски и сродни права („Службен весник на РСМ“ број 87/2005), ве известуваме дека ...

Доналд Трамп го претстави дизајнот на американскиот футуристички противракетен систем „Златна купола“, за кој кажа дека ќе влезе во функција до крајот на неговиот мандат. Трамп го најави овој проект неколку дена по враќањето во Белата куќа во јануари и тој ќе ги штити САД од воздушните закани од следната генерација, вклучувајќи балистички и крстосувачки проектили. Во новиот буџет веќе е вклучена почетна сума од 25 милијарди долари за изградба на ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика да се поддржи преодната власт на Сирија, предупредувајќи дека земјата би можела да се распадне во рок од неколку недели и да избие сеопшта граѓанска војна од епски размери. На сослушувањето во Сенатот, Рубио ја бранеше одлуката на Доналд Трамп да ги укине санкциите за Сирија пред да се сретне со претседателот Ахмед ал-Шара, бившиот заповедник на Ал-Каеда кој ја предводеше бунтовничката офанзива ...

Собранието денеска едногласно со 73 гласа „за“ ги донесе дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои се овозможува да работат пензионери, студенти и странци. Со дополнувањата на законот, работно ангажирано лице може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено лице, лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, ...

Шпанската влада побара да се отстранат речиси 66.000 имоти од платформата за изнајмување „Ербиенби“, со образложение дека тие ги прекршуваат прописите за туристичко сместување. Ова следи откако започнаа протестите против прекумерниот туризам пред летната сезона. На демонстрациите на Канарските Острови во неделата учествуваа илјадници луѓе. Министерот за социјални права, потрошувачки прашања и Агенда 2030 година, Пабло Бустиндуј, рече дека ...

Шефот за хуманитарна помош на ОН, Том Флечер, рече дека 14.000 бебиња би можеле да умрат во Газа во следните 48 часа, ако не им стигне повеќе помош и додаде дека тоа е „крајно застрашувачко“. ОН изјавија: „Укажуваме на императивот да се набави храна за да се спасат околу 14.000 бебиња кои страдаат од тешка акутна неухранетост во Газа, како што предупреди партнерството ИПЦ (Класификација на фазата на интегрирана безбедност на храната). Во некои ...

Илон Маск планира да намали со политички донации откако во претседателската кампања беше главниот донатор на Доналд Трамп. Најбогатиот човек на светот, кој вложил 250 милиони долари во кампањата на Трамп, кажа дека во иднина ќе троши многу помалку. Запрашан дали ќе троши и на следните избори за Конгресот, Маск кажа: „Направив доволно. Ако најдам причина за трошење на политиката во иднина, ќе го направам тоа. Но, моментално немам причина за тоа“. ...

Тетовската комунална фирма „Заубмахер“, вработени во општинската администрација од Тетово, заедно со повеќе волонтери на кои им се придружија и неколку дипломати од странските амбасади во Македонија, се вклучија во акцијата „Генералка викенд 2025“ при што, освен во градот, се чистеа и дивите депонии во Националниот парк „Шар Планина“. Првин се чистеше во Тетово, а потоа акцијата продолжи на една од најголемите диви депонии во Националниот парк, ...

Давањето на Охридското Езеро под концесија го намали рибокрадството, велат инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство. Досегашното искуство укажувало дека кога не се доделуваат концесии за стопански риболов, рибниот фонд е помалку заштитен и поголема е опасноста од незаконски риболов. Контролите на терен биле постојани, и во период кога немало концесионери и сега кога има четири фирми кои стопанисуваат со езерото, но бројот на ...

Три возила, меѓу кои и „тојота хибрид“ на сопруга на битолски бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски, ноќта беа запалени на паркинг на улицата Леринска во Битола. Случајот во СВР Битола бил пријавен 20 минути по полноќ. Од таму потврдија дека се опожарени три возила со битолски, скопски и тетовски регистерски таблички. „Опожарени се патничко возило ‘тојота рав 4’ со битолски регистарски ознаки, ...

За Општина Битола да добие грант од милион евра од заемот што државата го зела од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за реконструкција на водоводни мрежи, според расправата на последната седница, Советот треба да донесе одлука за пренасочување на средства од општинскиот буџет ако не се испочитува договорот и да се достави изјава дека јавните претпријатие немаат загуба. Но „Водовод“ има загуба од над 987.000 евра, а „Нискоградба“ 340.000 евра. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
38%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
36%
1016
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
52%
1015
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
35%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.21
20%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
8.23
41%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
44%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
36%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
31%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.77
50%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8448

Currency

71.2376

Currency

34.3325

Currency

38.1999

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303