Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ги решиле сите несогласувања околу Украина со САД, по средбата на Владимир Путин со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва. Кремљ го пофали состанокот од 2 декември како конструктивен, иако не беше постигнат напредок околу завршување на војната во Украина. „На средбата беше потврдено заемното разбирање постигнато помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп на нивниот ...

Данската служба за воено разузнавање за првпат ги означи САД како безбедносна закана. Таа предупреди дека САД сè повеќе им даваат предност на сопствените интереси и ја користат својата економска и технолошка сила како алатка на моќ, вклучително и кон сојузниците и партнерите. „Америка користи економска моќ, вклучително и во форма на закани со високи царини, за да ја спроведе својата волја и повеќе не ја исклучува употребата на воена сила, ...

Ќе се модернизира и дигитално збогатува Природнонаучниот музеј во Скопје, најави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Министерот денеска заедно со Ивица Заркадов, директор на Природнонаучниот музеј, со Хрисула Кутуди, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Стопанска банка АД“ Скопје, потпишаа ново тригодишно стратешко партнерство. „Посебна благодарност упатувам до ‘Стопанска банка’, која ја препозна ...

Половина од јавните претпријатија во државата ја завршиле 2024 година со загуба. Според податоците од завршните сметки за 2024, од вкупно 128 јавни претпријатија чии основачи се Општините, дури 71, односно 55% ја завршиле годината со загуба. Вкупните загуби на овие 71 претпријатие изнесуваат 17,4 милиони евра, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Истражувањето покажува дека вкупните загуби само на првите ...

Европската Унија предупреди дека ќе ја третира Белгија како Унгарија ако продолжи да го блокира планот за користење на замрзнатите руски милијарди како заем за Украина. На самитот на 18 декември, главната задача на лидерите на ЕУ ќе биде да го придобијат белгискиот премиер Берт де Вевер, кој досега се противеше на планот како да се соберат 210 милијарди евра за да се покрие огромната финансиска црна дупка во Украина. Дел од планот е да се ...

Лиценцата од 2012 година имала важност од само една година и не значела дозвола за дискотеката „Пулс“ да работи на друга локација или да прима прекумерен број луѓе, тврдеше денеска одбраната на поранешниот министер за економија Ваљон Сараќини во воведниот говор на судењето за пожарот во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Адвокатот Даниел Георгиевски рече дека обвинението против Сараќини е правно и логички неиздржано, ...

Синоќа лице ги нападна новинарите на порталот „Инфомакс“ додека од студиото на редакцијата одеше во живо емисијата „Тешки муабети“. Додека новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски заедно со гостинот, ексградоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, разговарале во студиото, била скршена влезната врата на редакцијата и биле нападнати затоа што, како што кажа Митовски, го критикувале премиерот Христијан Мицкоски. „Партиска будала ...

„Силјан“ на Тамара Котевска, кој е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, а иствремено е во конкуренција и за Оскар во категоријата Најдобар документарец, доби номинација за награда на Здружението на продуценти на Америја (Producers Guild of America -PGA). Котевска и кинематограферот Жан Дакар, кои се продуценти на филмот, се номинирани во категоријата Најдобар продуцент на документарен филм, за наградите кои се ...

Доналд Трамп ја претстави шемата која на богатите странци им нуди брзо добивање американска виза ако платат еден милион долари. „Картата ќе даде директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени луѓе. Нашите одлични компании конечно можат да го задржат својот непроценлив талент“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Златната карта „Трамп“ е американска виза доделена на оние кои можат да докажат дека ќе обезбедат значителна ...

Венецуелската влада ги обвини САД за кражба и пиратство откако американските сили запленија танкер под санкции покрај брегот на Венецуела. Таа рече дека ќе ги брани своите сувереност, природни ресурси и национално достоинство со апсолутна решителност и дека ќе го осуди запленувањето на танкерот пред меѓународните тела. Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо ги нарече САД „убијци, крадци, пирати“ и се осврна на филмот „Пиратите од ...

САД запленија танкер покрај брегот на Венецуела, објави Доналд Трамп, потег што веројатно ќе ги покачи цените на нафтата и ќе ги зголеми тензиите помеѓу двете земји. „Тукушто запленивме танкер покрај брегот на Венецуела, голем, многу голем танкер, најголем досега. И други работи се случуваат“, кажа Трамп, додавајќи дека танкерот бил запленет од многу добра причина. Тој претходно нареди масовно распоредување на американските сили во регионот, ...

Десетици илјади бугарски граѓани вечерва излегоа на нов протест против владата и нејзиниот неуспех да се справи со ендемската корупција во најсиромашната членка на Европска Унија. Протестите во Софија и во десетици други градови се последните во серија демонстрации во пресрет на прифаќањето на еврото на 1 јануари, при што, според бугарските медиуми, стануваат сѐ поголеми. Демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на ...

Исланд стана петтата држава која ќе ја бојкотира следната Евровизија во Австрија, придружувајќи им се на Ирска, Словенија, Шпанија и Холандија. Тие донесоа ваква одлука откако минатата недела Израел доби дозвола да учествува. „Исландската радиодифузна служба (РУВ) одлучи да не учествува на Евровизија во Виена следната година. Учеството на Израел на натпреварот создаде неединство помеѓу членовите на Европската радиодифузна унија и пошироката ...

Општина Тетово и Националниот конзерваторски центар денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се предвидува изградба на разрушената Саат-кула во Тетово. Според градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, изградбата на овој важен објект од историското наследство на градот многу ќе придонесе за збогатување на културата и развојот на туризмот. „Денеска потпишуваме Меморандум за соработка со Центарот за културно наследство на ...

Годинава ќе има дочек на Нова година на Плоштадот Македонија во Скопје, а настапот на пејачите и организацијата ќе ја плати Државна лотарија. Градоначалникот Орце Ѓоршиевски денеска, одговарајќи на советнички прашања на седница на Советот на Град Скопје, рече дека од буџетот на Градот нема да се одвојат средства за прослава. „Во однос на новогодишната прослава, јас побарав да бидат исклучиво македонски изведувачи. Од она досега што е ...

На Филозофскиот факултет во Нитра, Словачка отворен е Лекторатот за македонски јазик, литература и култура. Станува збор за дванесетти лекторат на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на партнерски универзитети во светот. Во Словачка се отвора за првпат ваков лекторат, кој воедно е круна на дваесетгодишните огромни заложби на лекторот, професор Звонко Танески и неговиот влог ...

Адвокатката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, Сузана Јошевска-Анастасовска, денеска на судењето за кочанската дискотека „Пулс“ кажа дека обвинението против нејзиниот клиент е правно погрешно и без фактичка поврзаност со трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица и над 200 беа повредени. Во воведните зборови, таа рече дека постапката се темели на „попис претворен во обвинителен акт“ и дека ...

Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче најави дека партијата ќе поднесе резолуција до Собранието со цел да се спречи прием на мигранти во земјава. Тој рече дека ова е вториот чекор по започнатата петиција и упати ултиматум до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, или да ја изгласаат резолуцијата за да докажат дека нема договор за мигрантите, или СДСМ ќе организира масовни протести. „Денес најавувам и нов чекор. После оваа петиција, ќе излеземе ...

Повеќе од една деценија, на сите министри за земјоделство и на првите луѓе во власта им носевме мостри од кочанскиот ориз за да видат каква е разликата со оризот што долги години го има кај нас во маркетите како мешан и е крајно неквалитетен или е странски ориз со кочанска декларација, велат оризопроизводителите од Кочанско. „Ние не сме прости луѓе. Земјоделците будно ја следат земјоделската политика во државата. Ги знаеме законите во ...

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозициската СДСМ за наводен таен договор со Велика Британија за прифаќање мигранти, нарекувајќи ги обид за дефокус и „лажна тема“, наменета за политичко преживување на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски вети дека ќе се повлече од политиката доколку нивните тврдења се покажат како точни. „Оставам простор до пролет Венко Филипче, заедно со ...

Лекот против згрутчување на крвта „еноксапарин“, еден од двата лека популарно познати како „клексан“, би требало до пред Нова година да го има во аптеките, на позитивната листа на лекови, рече вчера директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Клековски на 31 октомври најави дека лековите против згрутчување на крвта „еноксапарин“ и „надропарин“, од крајот на ноември ќе бидат на позитивната листа на лекови. Овие лекови ...

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо е безбедна и ќе биде во Осло, но ќе ја пропушти церемонијата на доделувањето на Нобелови награди, објавија организаторите. Мачадо е видена во јавност само еднаш од август минатата година, кога дојде во жесток судир со претседателот Николас Мадуро. Јавниот обвинител на Венецуела кажа дека Мачадо ќе се смета за бегалка ако ја напушти земјата за да ја прими Нобеловата награда за мир. Таа го ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Кривичната пријава е поврзана со несреќата на автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија на 5 октомври 2021 година, кога загинаа 45 лица. Последната контрола на запалениот автобус била извршена во ...

УНЕСКО ја призна италијанската кујна како нематеријално културно наследство и индустриските групи веруваат дека овој потег ќе го поттикне туризмот. Дваесеттата сесија за нематеријално културно наследство се одржува во Њу Делхи, а меѓу нови имиња на листата се хиндуистичкиот фестивал Дивали и неговите традиции и базенската култура во Исланд. „Ние сме првите во светот кои го добиваме ова признание, кое му оддава почит на нашиот идентитет, на ...

„Како не ви е срам да се препукувате пред родителите уште пред да почне седницата? Родителите чекаат девет месеци, вие барате еден час пауза“, рече коосновачот на граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ Иван Ивановски, како реакција на барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за час пауза на почетокот на седницата на собраниската Постојана анкетна комисија, на која денеска се расправаше по претставката од Здружението на граѓани „16 март 2025“, ...

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им беше наредено минатата недела да се повлечат од непрактични позиции надвор од градот, изјави шефот на украинската војска Олександр Сирски. Тој, сепак, признава дека ситуацијата во Покровск останува тешка бидејќи Русија распоредила 156.000 луѓе околу него. Руската војска минатата недела соопшти дека го освоила Покровск, но Киев го ...

Владата на Доналд Трамп планира да бара од сите странски туристи да ја достават својата историја на социјалните мрежи од последните пет години пред да влезат во земјата, според известување објавено во Федералниот регистар. Податоците би биле задолжителни за оние кои првпат влегуваат во САД, без оглед на тоа дали доаѓаат од земји на кои им се потребни визи. Овој драстичен потег е најновиот обид на Трамп за проверка на оние кои влегуваат во ...

Најстарото планинарско друштво во Македонија, Планинарско-спортскиот клуб (ПСК) „Пелистер“ формиран во 1935 како „Пелагонија“, деновиве слави 90 години. Се смета за основоположник на македонското планинарско движење. Вчера, во рамки на манифестацијата „Со душа за Пелистер“, беше отворена изложбата „Континуитетот на ПСК Пелистер“ на фотографот и планинар Сашо Ставрев, а беа доделени плакети и благодарници на поддржувачи на клубот и планинари. ...

Володимир Зеленски кажа дека е спремен да одржи избори во Украина во рок од три месеци ако САД и Европа можат да гарантираат безбедност на гласањето. Избори во воени услови се забранети во Украина, но Зеленски, чиј претседателски мандат истече лани, се наоѓа под нов притисок од Доналд Трамп да распише избори додека притиска за брзо решавање на речиси четиригодишната војна. Владимир Путин исто така го опишува Зеленски како нелегитимен ...

Србинот Милан Недељковиќ е назначен за нов извршен директор на „БМВ“, заменувајќи го долгогодишниот шеф Оливер Ципсе во периодот кога германскиот производител лансира нова генерација возила. Тој официјално ќе ја преземе функцијата на 14 мај следната година. Педесет и шестгодишниот Недељковиќ е роден во Крушевац, студирал во Германија и на Универзитетот Кембриџ во Масачусетс, по што ѝ се придружил на компанијата како практикат во 1993 и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
41%
1008
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
8.23
46%
1007
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
3.6
55%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
5.14
42%
1010
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.52
62%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
85%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
5.14
50%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1009
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
55%
1008
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
64%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
3.58
45%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
7.2
69%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Иридиум

259874.72

Сребро

2590.59

Калај

48.18

Родиум

369733.59

Кобалт

3.86

Паладиум

49383.55

Рутениум

54591.97

Алуминиум

3.42

Злато

161442.17

Цинк

0.00

Бакар

11.40

Платина

65169.56