
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Спасувачките екипи продолжуваат со големата потрага во Тексас откако во ненадејна поплава загинаа најмалку 24 луѓе, а десетици деца од христијански женски камп се водат како исчезнати. Државните власти кажаа дека се трага по 23 до 25 девојчиња од кампот близу гратчето Кервил, што го посетувале околу 750 деца. Без многу најави, реката Гвадалуп пораснала за 7,9 метри за помалку од еден час, што доведе до поплава, која однесе мобилни домови, ...
Мрежата за заштита од дискриминација ја осуди најавата на премиерот Хистијан Мицкоски дека Владата размислува за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица, ипредупреди дека тоа е закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода. Мицкоски мпжноста за ваков данок ја најави на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, зборувајќи за ...
Министерството за внетрешни работи постапува по пријавите на градоначалничката Данела Арсовска за дивоградби во Општина Чаир, кажа денеска министерот Панче Тошковски. „За разлика од претходно воспоставениот систем, сега МВР покажува дека можело да има бескомпромисна борба против секој кој ќе се огреши. За дивоградби во Чаир има наредба од јавен обвинител и Министерството постапува по неа. Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино. ...
Изминатата недела на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се спроведуваше избор на декани на 12-те факултети и на трите академии. Нивните наставно-научни совети (ННС) со тајно гласање ги избраа кандидатите кои во наредните три години ќе ги водат овие високо образовни институции. Процедурата сѐ до конечната потврда на изборот продолжува во Универзитетскиот сенат и Ректорската управа кои во наредните денови ќе направат формална верификација на ...
Хамас објави дека дал позитивен одговор на предлогот на Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските заложници. Палестинската група кажа дека е „сериозно спремна веднаш да почне со нова рунда преговори“. Висок палестински функционер изјави дека Хамас ја прифатил општата рамка, но побарал неколку измени, вклучувајќи американски гаранции дека борбите нема да продолжат ако пропаднат разговорите за траен крај на 20-месечната ...
Основното јавно обвинителство Скопје бара притвор за 25-годишен скопјанец кој со мотор прегази 68-годишник на кејот на Вардар кај Паркот на франкофонија. Како што соопштија од Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишниот. Тој е осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, но и за кривично дело Неукажување помош на лице ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал за воздушната одбрана со Доналд Трамп и се согласиле да работат на зголемување на капацитетот на Киев да го брани небото додека руските напади ескалираат. Украина бара од Вашингтон да ѝ продаде повеќе ракети и системи „патриот“, кои ги смета за клучни за одбрана на нејзините градови од руските воздушни напади. Киев го предупреди Вашингтон дека одлуката да запре со некои испораки ...
Потпретседателот на руската државна нафтена компанија „Транснефт“ Андреј Бадалов починал откако паднал од прозорец во својот дом во луксузното московско предградие Рубљовка. „Транснефт“ ја потврди смртта на 62-годишниот Бадалов, но не кажа ништо за околностите. Телото на Бадалов било пронајдено под прозорецот од неговиот дом, изјави неименуван извор од полицијата. „Првичниот заклучок е дека станува збор за самоубиство. Истрагата е во тек“, рекол ...
Со ребалансот на Буџетот е предвидено Агенцијата за филм да добие дополнителни 145 милиони денари (2,3 милиони евра), а уште 155 милиони денари (2,5 милиони евра) се предвидени за субвенции и поддршка на туризмот, рече денеска министерот за култура Зоран Љутков. „Согласно со ребалансот на буџетот за 2025, обезбедивме дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145 милиони за Агенцијата за филм. Исто така, со ...
1 Откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата сериозно размислува да воведе дополнителен данок за немажени и неженети, се прашувам: Што ли ќе прават сега вмровците? Дали сега одеднаш масовно ќе почнат да се мажат и да се женат? Дали ќе фаќаат врски да не плаќаат данок? И дали едноставно – ќе затајуваат данок? Или тоа за нив нема да важи. Тие се венчани за партијата. 2 Што се секирате? Душата не може да ви ја земат. Така некако си ја ...
Владата размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“ денеска во Скопје, без да образложи. „Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме – е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“, рече Мицкоски зборувајќи за демографската ...
На одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи со Казахстан, денеска беше отворена казахстанската амбасада во Скопје. Амбасадорот Сатибалди Буршаков кажа дека со отворањето на амбасадата ќе се зголеми билатералната соработка меѓу двете земји. „Казахстан и Северна Маледонија се земји кои ја стекнаа својата независност во 1991 година. Со нетрпение очекуваме да соработуваме за зголемување на билатералната трговија и ...
Од денеска во Тетово може да се изнајми електричен тротинет, а со помош на апликација на мобилен телефон ќе може да се стартува и плати користењето. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја промовираше оваа можност за користење 100 електрични тротинети во градот, за што ќе се плаќа шест денари по минута. Ова е важен чекор кон трансформирање на начинот на кој се движат луѓето во градот, рече Касами. „Не само ново превозно средство, туку нов ...
Амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка Мартин Памер, Јарослав Лудва и Хенрик Маркуш денеска го потпишаа проектот Славков/Аустерлиц за обележување планинарски патеки во Македонија. Секоја од земјите ќе биде одговорна за обележување на една пешачка патека, а ќе се постават и информативна табла за патеките. Проектот ќе се спроведе во Водно, Баба и Шар Планина. „Обележувањето пешачки патеки ќе им биде од корист на рекреативците, планинарите, ...
Американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА) суспендираше и покрена истрага против 139 вработени откако тие потпишале писмо во кое ги критикуваат политиките на Доналд Трамп. ЕПА кажа дека има нулта толеранција кон оние кои ја саботираат владината агенда. Писмото насловено „Изјава на несогласување“ излезе во јавност оваа недела и во него се обвинува владата за штетна дерегулација, игнорирање на научниот консензус во корист на ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд во Скопје против две лица, од кои првообвинетиот е Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, а се товари за кривично дело Примање поткуп. Второобвинетиот е обвинет за Примање награда за противзаконито влијание. Според наводите во обвинението, директорот побарал ...
Многу брзо ќе има нови лекови на позитивната листа, вели министерот за здравство Азир Алиу во интервју за МИА. За недостигот на таблетарна хормонска терапија, вели дека во оваа фаза тоа е веќе надминато или во некој случај има промена на лекот со соодветен лек, за пациентите да не останат без терапија. Рече дека се прават напори за промена на процесот на порано распишување тендер. „Сега, според законите, се распишува три месеци пред да заврши ...
Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули. На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки: – Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека бришењето на македонски јазик и идентитет од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата е подеднакво лошо како и да стои формулацијата „модерен“ пред нив, во реакција на објавата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дека е постигната согласност меѓу најголемите европски партии воопшто да не се споменуваат македонски јазик и идентитет во извештајот. „За нас е подеднакво лошо и тоа што се ...
Во Белград и други српски градови од утрово се поставуваат блокади на бројни локации откако студентите ги повикаа Белград, Нови Сад и Ниш целосно да запрат денеска. Министерството за внатрешни работи предупреди дека блокадите се незаконски и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се заштитат јавниот ред и мир. Блокади во Србија има веќе пет дена, како реакција на апсења на демонстранти. Полицијата кажа дека вчера биле приведени 79 ...
Русија стана првата држава која формално ја призна талибанската власт во Авганистан, што министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки го опиша како храбар потег. Тој се сретна со рускиот амбасадор во Кабул, Дмитри Жирнов, кој му ја предаде одлуката на Кремљ за признавање на Исламскиот Емират на Авганистан, „Ова е нова фаза на позитивни односи, меѓусебно почитување и конструктивен ангажман. Промената ќе послужи како пример за другите земји“, ...
Доналд Трамп изјави дека е разочаран од последниот телефонски разговор со Владимир Путин зашто тој немал намера да ја заврши војната во Украина. Откако вчера разговараше со рускиот претседател, Трамп денеска планира да се слушне и со Володимир Зеленски. „Многу сум разочаран од разговорот што го имав со Владимир Путин. Мислам дека тој не сака да ја запре војната и тоа е многу лошо. Нема никаков напредок со него“, кажа Трамп. Само неколку часа по ...
Со 218 гласа „за“ и 214“ против, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес конечно го усвои таканаречениот Голем прекрасен закон на Доналд Трамп, кој притискаше тоа да се случи до 4 јули. Покрај сите демократски пратеници, против законот за буџетот гласаа и двајца републиканци, што владејачката партија можеше да си го дозволи. Законот сега оди на потпис во Белата куќа пред да стапи во сила и Трамп најави дека ќе го направи тоа на 4 јули, кога ...
Почина Мајкл Мадсен, актерот познат по улогите во филмовите на Квентин Тарантино, меѓу кои и „Убиј го Бил: Томови 1 и 2“ и „Касапски кучиња“. Имаше 67 години. Мадсен беше пронајден без свест во својот дом во Малибу, а неговиот претставник рече дека се чини оти станува збор за срцев удар. „Во последните две години, Мајкл Мадсен работеше неверојатни дела во независниот филм, вклучувајќи ги претстојните филмови ‘Патот на воскресението’, ‘Отстапки’ ...
Илјадници туристи бегаат од југоисточниот дел на грчкиот остров Крит откако голем пожар во областа на Ласити доведе до масовни евакуации од хотели и домови. Властите кажаа дека досега се евакуирани повеќе од 1.000 луѓе од најмалку четири населени места, кои се сместени во привремено засолниште во спортска сала во градот Јерапетра. Некои заминале од Крит со брод, а шефот на хотелиерите во областа Јоргос Царакис процени дека избегале најмалку ...
Ликовната уметница Маргарета Спасов е именувана за директорка на Центарот за култура и Завод и Музеј Битола. Таа претходно не работеше во оваа установа, а од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК соопштија дека досегашниот директор Зоран Николовски бил вршител на должност (в. д. ), и по распишаниот конкурас избрано е ново лице кое ќе ја раководи институцијата. Николовски како в. д. на чело на Завод и музеј Битола, инстутуција задолжена за ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска ги повика граѓаните да му пријават лично нему ако некој од Дирекцијата им бара пари за да добијат одредено одобрение. „Во јавноста постојат многу шпекулации и оговарање дека инспекторите од Дирекцијата бараат пари за да завршат некоја работа.Јас такви информации сè уште немам, но ги повикувам граѓани на кои ќе им бидат побарани пари да ми се јават мене лично. Јас ќе ...
Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, одлучи Судскиот совет на денешната седница. Таа доаѓа на местото на досегашниот претседател Иван Џолев, кој беше избран за судија во повисокиот, Апелациски суд. Димовска, која досега работеше како судија во одделот за организиран криминал во истиот суд, ќе ја извршува функцијата од 6 јули до завршување на постапката за избор на нов ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово го повлекло обвиниението против градоначанико на Куманово, Максим Димитриевсаки, за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што во судската постапка што се водеше 15 месеци не било утврдено дека двете кумановски фирми претрпеле штета затоа што навремено не добиле дозвола за градба. По последното рочиште на 27 јуни, јавниот обвинител со поднесок од 30 јуни се откажа од обвинението против ...
Пет дена пред завршните зборови, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово се откажа од обвинението против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени за неиздавање дозвола за градба. Основниот суд во Куманово попладнево излезе со соопштение во кое наведува дека е донесена пресуда со која обвинението се одбива. „Основниот суд Куманово, заради ...