Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Семејствата на израелските заложници кои сè уште ги држи Хамас изјавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „единствената пречка“ што го спречува нивното враќање и постигнување мировен договор. Форумот „Заложници и исчезнати семејства: Вратете ги дома сега“ напиша на социјалните медиуми дека нападот на Израел врз Катар минатата недела покажува оти „секојпат кога се приближува договор, Нетанјаху го саботира“. Коментарите на групата следат откако ...
Украински беспилотни летала ја нападнаа рафинеријата за нафта Кириши на северозападот на Русија, една од најголемите во земјата, предизвикувајќи пожар кога паднаа остатоците од соборениот дрон, соопштија руските власти во неделата. Додека големите сили разговараат за тоа како да го завршат најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, војната со беспилотни летала се загрева со соборените руски беспилотни летала во Полска, членка ...
За осум месеци во источна Македонија се затворени околу десет конфекциски фабрики поради намалување на порачките од странските партнери, кажа за МИА Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Они што функционираат, намалуваат број на работници, особено бидејќи постарите работници заминуваат во пензија, а не се планира нивна замена, со што индустријата се одржува на значително пониско ниво од порано. Текстилниот сектор во последните години ...
Владата вели дека се преземаат сите активности, сите институции во целост се посветени на разрешување на случајот со денешниот пожар каде гори опасен отпад во рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, за што директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов кажа дека Македонија е мета на хибриден напад. „Министерството за внатрешни работи истражува, институциите се на терен и навремено и постојано ќе ја ...
Не е измерена радијација во Трубарево по пожарот во рециклаторниот центар на „Ф-Групација“, а во непосредна близина е измерена висока концентрација на штетни супстанци, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Опасен отпад денеска гори во рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и ...
Македонија е мета на хибриден напад, бидејќи за толку кратко време се случија тешки пожари кои предизвикуваат големо загадување на взодухот, рече денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Опасен отпад денеска гори во рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги поврза понатамошните санкции на САД против Русија со тоа што сите земји од НАТО ќе треба наметнат високи царини за увоз од Кина и ќе престанат да купуваат руска нафта. „Подготвен сум да воведам големи санкции против Русија кога сите земји од НАТО ќе се согласат и ќе почнат да го прават истото, и кога сите земји од НАТО ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА КУПУВААТ НАФТА ОД РУСИЈА“, напиша Трамп на својата онлајн платформа ...
Опасен отпад гори во рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков електронски отпад. Пожарот почна денеска околу 13.30 часот, а густиот црн чад што се издига од пожарот е видлив од повеќе делови на Скопје и од центарот на градот. ...
Над 100.000 луѓе во центарот на Лондон се придружија на маршот организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, а се одржува и контрапротест од активисти против расизмот. Демонстрантите кои го формираат маршот „Обединете го Кралството“ се собраа во Вајтхол каде што слушаат серија говори од луѓе, вклучувајќи го и поранешниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон. Лондонската полиција соопшти дека полицајците биле ...
Гори фабриката „Нула отпад“ во селото Трубарево, во скопската Општина Гази Баба, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. „Нула отпад“ е компанија која по пријава на граѓани врши бесплатно преземање на електричен и електронски отпад од нивниот дом, којшто потоа го рециклира. Ангелов рече дека станува збор за сериозен пожар поради материјалите што горат, тежок за гаснење. Тој кажа дека е на пат за Трубарево. ...
На некои места на депонијата „Дрисла“ се поставени термални камери, со кои се набљудува просторот, за да се забележи движење на злонамерни лица кои сакаат да потпалат, а зголемен е бројот на патроли, рече денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. На 9 септември дена изби пожар на депонијата, која е лоцирана во југоисточниот дел од Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот. „Вчера изработивме ...
Сообраќајните камери кои се во тест период регистрирале по 100.000 сообраќајни прекршоци дневно на само неколку локации каде што се снима. Пресметано на месечно ниво тоа се 3 милиони сообраќајни прекршоци, според неофицијалните податоци до кои дојде САКАМДАКАЖАМ.МК. Камерите ги регистрираат прекршоците за брзо возење, погрешно престројување и поминување на црвено светло на семафор. Во тест периодот, пред системот да почне официјално да ...
Гори фабрика за пластични работи во селото Трубарево, во скопската Општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Преку бројот за итни повици на бројот 112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба поточно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи. Бригата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот. Состојбата се следи“, изјави ...
Матичните лекари и гинеколози во земјава го добија првиот национален Водич за перименопауза, со кој ќе добиваат основни насоки за симптомите и болестите што можат да настанат кај пациентките. Содржи повеќе анекси со прашалници што треба да ги пополнуваат пациентките во ординациите и врз основа на одговорите заедно со лекарот ќе се утврдува дали се во групата на перименопауза од низок, среден или висок ризик од можни последици од состојбата. ...
САД го суспендираа дијалогот за зајакнување на економските и дипломатските врски со Косово поради загриженост дека некои потези на преодната влада предизвикале „тензии и нестабилност“, соопшти вчера Амбасадата на САД во Приштина. Амбасадата не прецизираше кои потези ја поттикнале одлуката, но Вашингтон претходно го обвини премиерот Албин Курти за влошување на тензиите во северно Косово, каде што има мнозинско српско население, и за одложување на ...
Генералното собрание на Обединетите нации вчера со огромно мнозинство гласаше за одобрување на декларација во која се наведени „опипливи, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение со формирање две држави меѓу Израел и Палестинците пред состанокот на светските лидери. Декларацијата од седум страници е резултат на меѓународната конференција во ОН во јули – организирана од Саудиска Арабија и Франција – за деценискиот конфликт. САД и ...
Во Дојран идната година се очекува да почне изградба на Музеј на вода, најави вчера министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Идејниот проект е изработен од Заводот и музеј-Струмица. „Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на Музеј на вода, преку реконструкција на праисториска наколна населба во Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, додека основниот проект за ...
Криминалистичката полиција денеска разговара со вработените во депонијата „Дрисла“ во Скопје, да дојде до информации околу можни причинители на пожарот, рече денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Откако пред неколку дена изби пожарот, и воздухот во Скопје мириса на изгорена гума, на денешната прес-конференција во депонијата Ангелов рече дека има ...
НАТО, предводен од европските членки, соопшти дека ја зајакнува одбраната на својот источен дел по упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што ги зголеми тензиите. НАТО на 12 септември соопшти дека започнал нова „активност“, наречена „Источна стража“, со која ќе се распореди дополнителна воена опрема од Велика Британија, Данска, Франција и Германија за да се одврати потенцијална руска агресија. „Активноста во повеќе ...
Почна да се расчистува случајот со продажба на потврди за вакцинација против ковид, што се случи во Велес при крајот на задолжителната обвска за вакцинација во 2021 година. За осум лице веќе се изречени парични глоби, пресуди за кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина. Пресудите се објавени на веб страницата на Основен суд Велес. Од ОЈО Велес потврдија дека има осум пресуди, но и дека поднеле исто толку нови обвинителни ...
Албанија го претстави првиот владин министер со вештачка интелигенција на светот, кој треба да ѝ помогне на земјата да се ослободи од корупција. Дигиталниот асистент Диела, што значи Сонце, од јануари ги советува луѓето како да се снајдат со владините услуги преку интернет. Премиерот Еди Рама сега ја назначи за првиот дигитален министер во својата влада. „Диела е првиот член на владата кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница кажа дека години наназад биле следени политички противници, новинари, бизнисмени, па и членови на поранешната влада на СДСМ и праша дали претходните двајца премиери Димитар Ковачевски и Зоран Заев знаеле за тоа. Мицкоски одговараше на пратеничко прашање од лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче зошто не дозволува да се декласифицираат материјалите за да се утврди дали имало ...
ФБИ го објави идентитетот на убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, именувајќи го како 22-годишниот Тајлер Робинсон од јужна Јута. Директорот на ФБИ, Каш Пател и властите на Јута одржаа прес-конференција набргу откако Доналд Трамп кажа дека убиецот на Кирк е фатен. „Го фативме. Тој е во притвор“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Еден од најпознатите американски конзервативни активисти и близок сојузник на Трамп беше смртно ...
Скопските населби населбите Аеродром, Ново Лисиче утрово се во магла од чад, а воздухот мириса на гареж и во соседната Кисела Вода. Според мерните станици на мрежата Air Care, највисоки се вредностите на загадувачките честички во Лисиче, 90 микрограми на кубен метар ПМ 10 и 45 микрограми ПМ 2,5, и во Гази Баба 77 ПМ 10 и 32 Пм 2,5. Повисоки вредности на загадување има и во Аеродром, Мичурин и Реонски Центар. Загадувањето и чадот се последица на ...
Доналд Трамп објави дека е приведен убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, кој беше смртно застрелан пред два дена додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута. Трамп не го откри неговиот идентитет, туку само кажа дека има 28-29 години. „Со голема доза на сигурност можам да кажам дека го имаме во притвор“, кажа Трамп на „Фокс њуз“ и додаде: „Пет минути пред да влезам во студиото ми кажаа дека осомничениот е во притвор. ...
Покојниот дизајнер Џорџо Армани во тестаментот им наложил на наследниците постепено да го продаваат модниот бренд што го создал пред 50 години или да бараат котација на берзата, што означува изненадувачки пресврт за компанија која е многу заштитничка кон својата независност и италијански корени. Во тестаментот се наведува дека наследниците треба да продадат почетни 15% од акциите во италијанската модна куќа во рок од 18 месеци, а подоцна да ...
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ најави дека ќе ја затвори својата база во Виена, Австрија. Процесот на повлекување ќе се одвива постепено, во периодот меѓу октомври 2025 и март 2026 година. Како резултат на оваа одлука, неизвесна е и иднината на авионската линија Охрид-Виена, за која моментно може да се купат билети со последен лет закажан на 14 март 2026. Како што објавуваат специјализирани веб сајтови за цивилна авијација, ...
Русија објави дека соборила 221 дрон лансирани од Украина ноќеска, што е еден од најголемите воздушни напади врз руска територија во изминатите месеци, при што една жена загинала во Белгород. Повеќе од половина од нив биле пресретнати над регионите Брјанск и Смоленск, каде што мета биле постројките на нафтената компанија „Лукоил“, кажа руското министерство за одбрана. Властите на регионот Ленинград кажаа дека таму биле соборени 28 дронови, при ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази сомнеж дека повторното разгорување на пожарот во депонијата Дрисла е намерно предизвикано, посочувајќи ја одговорноста кај кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во јавните претпријатија. „Чудно е, чудно е како во одредени јавни претпријатија, каде што свои кадри има Демократската унија за интеграција, се случуваат вакви работи. Чудно е, и тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни ...
Утринава на експресниот пат Штип-Радовиш комбе со работници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река, висок 15-тина метри. Според првичните информации има неколку загинати и повредени кои се пренесени во Клиничката болница во Штип. На местото на настанот веднаш пристигнале две амбулантски возила, возило на протипожарната единица и на полицијата кои вршат увид. За два месеца ова трета сообракајна несреќа на овој експресен ...