Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“. Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“ кои се стационирани во базата во Скопје вчера не успеа да ...
Општина Охрид набави нови електрични возила за превоз на жителите и гостите во стариот дел на градот, со цел намалување на сообраќајниот метеж и обезбедување на помирна и почиста животна средина, особено во летните месеци. Средствата се обезбедени преку проектот „Општина Охрид станува зелена, паметна и иновативна (OHRID GO)“, финансиран од ЕУ преку програмата „ЕУ за општините“. „Реализирана е набавката на седум електрични возила за потребите ...
Американската војска зазеде уште еден танкер кој испловил од Венецуела, објави министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, што е втор таков случај овој месец. Потегот уследи откако Доналд Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери кои влегуваат и излегуваат од Венецуела. Венецуела го осуди заземањето како кражба и киднапирање и вети дека тоа нема да помине неказнето. Операцијата била предводена од американската ...
Дел од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат во болницата за белодробни заболувања „Јасеново“ крај Велес. Таму нега и совети добиваат дваесетина пациенти, кои се здобиле со оштетувања на респираторните органи при вдишувањето на врелиот воздух и чадот во објектот ноќта на 16 март. „Од досегашните испитувања, кај повеќето млади резултатите се во границата на нормалата, поголемиот број се без трајни и дефинитивни ...
Стопиран е увозот на киви од Србија бидејќи е најдено присуство на ларви и инсекти. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека инспектор за храна неделава забранил увоз на 22,34 тони киви, наменети за индустриска преработка. „Станува збор за увоз од Република Србија. Со органолептички преглед од страна на инспектор за храна е утврдено дека пратката не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка“, велат од Агенцијата за храна и ...
Да се сакаме, да се почитуваме себеси, да си помагаме затоа што само тоа останува и сметам дека сега е многу убав период во кој навистина може да се свестиме за да си направиме да ни е поубаво, рече пијанистот со светска кариера Симон Трпчески на синоќешниот Новогодишен концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ), ансамблот „Македонисимо“ и повеќе гости, а под диригентство на ...
Еден странски турист загина, а тројца се спасени во несреќа на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора. Тамошните медиуми објавија дека двајца германски државјани испаднале од својата кабина, од кои еден починал, додека неговата сопруга е тешко повредена. По неколкучасовниот прекин на работата на жичницата поради несреќата, спасени се тројца странски туристи кои беа заглавени на стрмниот и непристапен дел на скијалиштето на Дурмитор. Тие ...
Во Газа повеќе нема глад откако се подобрил пристапот до хуманитарна и комерцијална храна по прогласувањето на кревкото примирје на 10 октомври. Најновата проценка од Интегрираната класификација на безбедност на храната (ИПЦ) следува четири месеци откако беше објавено дека 514.000 луѓе, речиси една четвртина од Палестинците во Појасот Газа, се соочуваат со глад, што беше отфрлено од Израел. ИПЦ, сепак, предупреди дека ситуацијата во енклавата ...
На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, објави неговата матична куќа Драмски театар од Скопје, каде што го помина целиот работен век. Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022. Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасков оствари плодна ...
Не користете петарди оти може да имате траен инвалидитет. Ова беше пораката што волонтерите од струмичкиот Црвен крст преку вежба ја упатија до граѓаните. Во вежбата беше вклучен и oтсекот за превенција при СВР Струмица. Тие на симболичен начин прикажаа дека користењето петарди може да предизвика тешки последици. На вежбата беше прикажано како младо лице со пукање петарда губи два прста. Вресоци од болка. Другарите беспомошни. Доаѓа полиција, ...
Густата магла денеска го затвори Скопскиот аеродром. Од утрово во скопската котлина има густа магла, па авиосообраќајот е целосно пореметен. Видливоста паѓа на околу 100 метри, што е далеку под стандардите за слетување во најниската категорија 1, каква што е онаа на Скопскиот аеродром. Во текот на денот, околу 13 часот кога видливоста накратко се подобрила, слетаа само три авиони. Летовите на повеќе авиокомпании се пренасочуваат кон ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривичните дела Телесна повреда од член 130, став 2, во врска со став 1 и Полов напад и силување од член 186, став 7, во врска со став 3 од Кривичниот законик. „Осомничениот на 18 декември попладне во заедничкиот дом на улицата Васко Карангелевски во Битола физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и главата, а зел и ...
Загадувањето на воздухот не е само од ПМ честичките од 10 и 2,5 микрометри, туку и од тоа што тие се сврзуваат со други штетни материи, кои со дишењето се внесуваат во човековиот организам и влијаат на здравјето. Ова беше кажано на научната трибина за загадувањето на животната средина во Велес, организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД). „Проблемот не е само присуството на суспендирани цврсти честички (ПМ), туку и токсичните ...
По кратко боледување на 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари во Македонија, ни потврдија негови пријатели и соработници. Во ноември минатата година, Костиќ прослави 50 години од радиоемисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“. Роден во Скопје во 1950 година, Костиќ ја започнал кариерата во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со ...
Aмериканските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Владимир Путин има намера да ја освои целата Украина и да ги врати деловите од Европа што му припаѓаа на Советскиот Сојуз, велат шест добро упатени извори. Ова е спротивно на убедувањата на Доналд Трамп и неговите мировни преговарачи дека Путин сака да ја заврши војната и спротивно на негирањата на рускиот лидер дека тој е закана за Европа. Наодите на САД не се променија ...
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ поднесе предлог-иницијативи за поголема безбедност на угостителските обjекти до пратениците во Собранието. Предлозите се поднесени по одржаната анкетна комисија на 9 декември во Собранието за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Доставивме предлози кои сметаме дека значително можат да ја подобрат безбедноста на секој граѓанин. Првиот предлог е секој објект да има лице за безбeдност коe ќе биде ...
Режисерот Оливер Мицевски обвини дека неговата претстава „Едмонд“ е забранета и тргната од репертоарот на Народниот театар во Битола (НТБ). Од таму изјавија дека тоа се паушални и невистинити обвинувања, па најавија дека ќе поднесат пријава за клевета. Претставата „Едмонд“ работена по текст на американскиот автор Дејвид Мемет, која Мицевски, македонски режисер кој живее во Лондон, Англија, ја режираше во Македонија по пауза од 14 години, ...
Министерството за правда на САД објави уште илјадници документи поврзани со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн, од кои дел се редактирани. Документите, кои вклучуваат фотографии, видеа и истражувачки материјали, се очекуваа со голем интерес откако американскиот Конгрес усвои закон за нивно објавување најдоцна до 19 декември. И покрај тоа, дел од документите ќе бидат објавени во следниот период. Во новообјавените документи се ...
Започнувањето на новиот шенгенски систем за влез и излез за патниците кои не се од ЕУ предизвика редици и чекања до три часа на граничните контролни точки на европските аеродроми. „АЦИ Јуроп“, здружение на компании за управување со аеродроми, побара итна интервенција од Европската комисија и членките на Унијата „за да се реши овој сериозен оперативен систем, што се појави откако системот стапи во сила на 12 октомври“. Новата процедура е ...
Американската војска изведе голем напад врз Исламска држава во Сирија како одговор на неодамнешното убиство на тројца Американци во земјата. Централната команда на војската објави дека борбени авиони, напаѓачки хеликоптери и артилерија погодиле повеќе од 70 мети на повеќе локации низ централна Сирија. Во акцијата учествувале и јордански авиони. Нападот уследи откако двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени во заседа во ...
Мажот кој спаси животи откако совлада еден од напаѓачите за време на масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј прими чек од повеќе од 2,5 милиони австралиски долари (1,65 милиони американски долари) откако десетици илјади луѓе донирале на веб-страница за донации. Четириесет и тригодишниот пиљар и татко на две деца Ахмед ал Ахмед се криел зад паркирани автомобили, по што му се нафрлил на еден од напаѓачите, му го одзел оружјето и го бутнал ...
Нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20.000 анализи годишно, отвори денеска компанијата „Алкалоид“ АД Скопје. Генералниот директор Живко Мукаетов кажа дека станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион евра. Според Мукаетов, новата инвестиција значи многу за проширување на портфолиото на лекови што ќе овозможи „Алкалоид“ да биде уште поконкурентна, не само во регионот туку и во светот. „Горди сме на новата инвестиција ...
Германец е прогласен за виновен за дрогирање и силување на својата онесвестена сопруга и за споделување видеа од неговите злосторства на интернет, случај што беше спореден со судењето на Доминик Пелико во Франција. Фернандо П., 61-годишен школски редар, беше прогласен за виновен за злоставување на својата сопруга во нивниот дом, за што доби осум и пол години затвор на судењето во Ахен, западна Германија. Судот соопшти дека мажот ги прекршил ...
Украина објави дека погодила танкер од руската флота во сенка во Средоземното Море. Украинската безбедносна служба (СБУ) кажа дека дронови погодиле танкер кој бил празен и се наоѓал околу 2.000 километри од брегот на Украина. Притоа му била нанесена сериозна штета. СБУ објави видео кое прикажува голем брод во пламен. „Нападот се случи во неутралните води на Средоземното Море и бродот не превезувал никаков товар“, кажаа од СБУ. Ова е прв ...
Наместо на шалтери ,граѓаните ќе можат плаќањата да ги вршат преку електронски киосци, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој денеска го промовираше новиот начин за плаќање, како дел од програмата за дигиталната трансформација. Терминалите ќе бидат поставени на фреквентни локации низ државата и да бидат достапни 24/7, со јасно воден процес и визуелни инструкции, прилагодени и за граѓани со пониско ниво на дигитални ...
Дефинирани се нови програми за специјализација со кои темелно се менува начнот на кој се создава медицинскиот кадар, најавија денеска министерот за здравство Азир Алиу, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје д-р Светозар Антовиќ и претседателката на Лекарската комора, д-р Калина Гривчева-Старделова. „Јас доаѓам од ИТ секторот, каде ако 15 години не го менувате моделот, вие повеќе не подготвувате кадар за иднината. Истото важи и за ...
На улицата Виенска во Битола, во присуство на австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Палмер и австрискиот почесен конзул Игор Божиновски, беше отворен новиот почесен австриски конзулат. Ова е продолжение на дипломатската традиција која Битола ја негувала со години со Виена, а токму австриското конзуларно преставништво било првото отворено во Битола во 1851 година. „Денес, кога повторно го отвораме овој конзултат, мојата амбиција е не само ...
Утрово е извршен хакерски напад на Зоолошката градина во Скопје. Како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во градината, утрово кога дошле на работа увидено е дека системот е нападнат и сите податоци се избришани. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во моментов се врши увид во Зоолошката. „Во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријавено е дека има хакерски напад на системот во скопската Зоолошка градина. Се ...
Владимир Путин изјави дека руските услови за завршување на војната во Украина остануваат исти како оние што ги изложи во јуни 2024, не нудејќи никакви знаци на компромис, додека САД продолжуваат со напорите за склучување прекин на огнот. Тој го повтори добро познатиот став на Кремљ на почетокот на својата традиционална годишна прес-конференција, која вообичаено трае со часови и на која прашања може да поставува и јавноста. „Не гледам ...
Годинава нема да се доделат државните награди за новинарство и публицистика „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и за човекови права „Мето Јовановски“, ни потврди Министерството за култура. „Мандатот на претходните состави на одборите за доделување на државните награди истече во ноември, а со тоа, во согласност со законските процедури, се создаде потреба од формирање нови одбори. Потенцираме дека врз основа на член 12 став 3 од Законот за државните ...