Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, објави Геолошкиот институт на САД (УСГС). Тресењето се почувствувало и во Кина и Тајланд, при што снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како луѓе се евакуираат од згради во Бангкок, но и урнати згради во Мјанмар. Според УСГС, епицентарот на земјотресот бил 17 километри од градот Мандалеј, кој има 1,2 милиони жители. Тој се наоѓа во област оддалечена 100 ...

Владимир Путин предложи Украина да ја води привремена влада која би организирала избори и би потпишала клучни договори за да се заврши војната, објавија руските медиуми. При посетата на северното руско пристаниште Мурманск, Путин го повтори својот став дека актуелните украински власти не се легитимен преговарачки партнер зашто мандатот на претседателот Володимир Зеленски е истечен во мај 2024. „Би можела да се воведе привремена администрација во ...

Владимир Путин изјави дека Русија сериозно ги сфаќа зборовите на Доналд Трамп за можна американска анексија на Гренланд. Зборувајќи на Меѓународниот арктички форум во рускиот град Мурманск, Путин потсети дека слични планови имало и во 19. век, кога Конгресот се спротивставил на идејата на претседателот Ендрју Џонсон. „Ова само на прв поглед би можело да биде изненадување за некого. Би било голема грешка кога би верувале дека тоа е само некаков ...

Петмина луѓе се ранети во напад со нож во центарот на Амстердам, објави полицијата. Мотивот на нападот е непознат, а напаѓачот е уапсен на самото место. Холандската полиција ја загради областа, вклучувајќи го централниот плоштад Дам и испратен е хеликоптер на итни служби. Засега нема детали за состојбата на повредените. Очевидци кажаа дека слушнале вресок, по што настанала паника. Видео објавено на социјалните мрежи покажува како хеликоптер ...

Во Битола до 2021 имаше 29.345 возила, од кои над 87 проценти патнички, според податоците на денешната промоција на апликацијата за техничкото решение „Битола сити бас“ (Bitola City Bus), за следење на движењето на автобусите кое треба да ја подобри услугата во општинскиот линиски превоз. Според податоците од последниот попис во Општина Битола има 85.164 жители, што значи на три жители има по едно возило. „Во Битола приближно 80 проценти од ...

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на 19-годишниот средношколец Јован Костадинов од Виница, кој во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ спаси 21 лице. Јован во наредните четири години ќе добива стипенција за студии од „Алкалоид“ во висина од 18.000 денари месечно. Јован е матурант, во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница.Тој при пожарот во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени, ставил мокра маица на уста и нос и влегол во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на работната средба со амбасадорите од земјите членки и партнерите на НАТО, по повод петгодишнината од членството на Македонија во Алијансата, се заблагодари за помошта по неодамнешната трагедија во Кочани. „Брзата реакција покажа колку е силна солидарноста, која е клучна карактеристика на нашиот сојуз и беше демонстрирана од срце. Овој настан ја потврди важноста на ...

По вторпат е одложен почетокот на судењето против Менсур Пајазити, кој во август 2022 на пешачки премин на улица во Тетово ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Како и при првото одложување, така и на ова судијата Елведин Ферати наведе дека обвинетиот доставил поднесок до судот во кој навел дека од здравствени причини нема да присуства на рочиштето. Потоа судијата донесе решение со кое ја одложи главната расправа за 7 април во 12,30 часот. ...

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска денеска апелираше до повредените во пожарот во Кочани да не земаат мелеми од домашно производство за третман на изгорениците. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 59 лица, од кои 6 деца, а над 200 беа повредени, меѓу кои 25 деца. Директорката кажа дека тим од Клиниката вчера бил во Кочанската болница и утврдиле дека нема доволно ...

Најмалку шест луѓе загинаа откако потона туристичка подморница покрај брегот на Египет. Уште девет лица се повредени во несреќата, што се случи кај популарната туристичка дестинација Хургада. Властите кажаа дека четворица од повредените се во критична состојба. Во подморницата на компанијата „Синдбад“ имало 45 туристи, вклучувајќи деца, кога потонала близу пристаништето. Руската амбасада во Каиро потврди дека најмалку четворица од загинатите се ...

Место да одиме напред, ние во политичката комуникација но и во збогатувањето на јазикот одиме назад, беше констатирано на научниот собир на тема Мерење на политички штетни наративи, на Институтот за комуникациски студии (ИКС). Сè помасовна е употребата на неологизми односно новосздадени зборови или изрази, штетни наративи. Овие штетни наративи се со цел поткопување на довербата, напади на личности, пристрасно селектирање и дезинформации и ...

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2025, соопшти денеска претседателката на Управниот одбор на Фестивалот, Елизабет Барануаи-Кукунешоска. Таа кажа дека во 1960-тите години на минатиот век поетите Штрпка и Петер Репка ја основале индивидуалистичката поетска група „Осамени тркачи“. Го напишаа нејзиниот манифест „Враќањето на ангелите“, кој беше забранет. Во него стануваше збор за ...

Започнаа градежните работи за санација на мостот на реката Вардар кај Башино Село, како времено решение до изградба на нов мост. Санацијата на мостот треба да го продолжи неговиот век на користење за 5-10 години. „Изведувачот на работите за санација на мостот преку реката Вардар кај Башино Село е Друштво за градежништво и проектирање ‘Синтек инженеринг ДООЕЛ ‘кој е воведен во работа на 21.03.2025 година. Рокот на изведба е три месеци. Вредноста ...

Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница по претседателот на Република Српска Милорад Додик и спикерот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ. Во потерницата е наведено дека тие кривично се гонат за напад врз уставниот поредок на БиХ. Двете потерници се внесени во системот на Интерпол, објавија босанските медиуми. Додик неодамна беше осуден на една година затвор и доби шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради ...

Озгур Озел, лидерот на главната турска опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП), кажа дека протестите ќе продолжат во секој град сѐ додека не бидат распишани предвремени претседателски избори или додека затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, не биде ослободен. Тој најави дека за оваа сабота се планирани многу големи демонстрации во Истанбул, кои ќе го означат почетокот на кампањата за претседателските избори во ...

„Театарот е сон, театарот е живот. Театарот чува, чисти, лета, сонува, нè разбудува. Сакајте го театарот, сакајте го животот, вели театарскиот, ТВ и филмски актер Емил Рубен, автор на македонската порака во чест на Светскиот ден на театарот, 27 Март. Денеска сите претстави во Македонија и во светот ќе почнат со читање на националната и на светската порака. „Се будам, приоѓам до прозорецот, погледнувам – часовникот сè уште не работи. Поставен е ...

Емануел Макрон вети нова воена помош за Украина од две милијарди евра. На средбата со Володимир Зеленски во Елисејската палата, Макрон кажа дека Украина ќе добие противтенковски проектили, ракети „МИЦА“ и „мистрал“, возила, дронови, набљудувачки сателити и муниција. Запрашан од каде Франција ќе најде пари за ова, Макрон одговори дека ќе испратат воена опрема од сопствените резерви и нов материјал што го произведуваат француските воени компании. ...

Доналд Трамп објави нови царини од 25% за увоз на автомобили и автоделови во САД, потег кој би можел да ја прошири светската трговска војна. Тој кажа дека новите царини за автомобили ќе стапат во сила на 2 април, а за автоделови во мај или подоцна. „Оваа мерка ќе доведе до неверојатен раст на автомобилската индустрија и ќе ги зголеми работните места и инвестициите во САД“, кажа Трамп. За разлика од него, екепертите сметаат дека царините ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата ретерираа од секојдневните јавни прозивки Љупчо Коцевски да си даде оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Каков и да биде одговорот од Советот на јавни обвинители, тој нема да биде испратен до Собранието, бидејќи Владата без објаснување ја запре постапката за разрешување на Коцевски. Ова се случува по истрагата за пожарот во кочанската дискотека со 59 жртви. „Она на што се ...

Кочанскиот основен суд ги прифати жалбите на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиjев, како и на поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска-Димоска, па ефективниот им го замени во куќен притвор. Мерка притвор од 30 дена доби и актуелниот градоначалник во оставка Љупчо Папазов. Беа уапсени по катастрофалниот пожар во дискотека „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 59 млади ...

„Зарем малку ни се карциномите што ги добиваме од РЕК, уште од ѓубрето ни фалат нови“, реагираа битолчани кои попладнево излегоа на вториот протест против изградба на регионална депонија во близина на Битола. Протестот се одржа пред зградата на Општина, а се бара регионалната депонија каде смет ќе депонираат 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот Регион да не биде во рудникот Суводол во Општина Новаци, како што е предвидено во проектот. На ...

Четворица американски војници загинале за време на тренинг во Литванија, потврди генералниот секретар на НАТО Марк Руте, додавајќи дека не ги знае деталите. Литванската војска порано денеска кажа дека се трага по четворица американски војници и нивното возило, откако исчезнале вчера попладне. Канцеларијата на американската војска во германскиот град Висбаден објави дека војниците во тоа време спроведувале тактички тренинг. Литванската државна ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) планира да инвестира во изградба на нови објекти – брвнари-инфоцентри во националните паркови Пелистер и Шар Планина. За ваквите инсвестициски планови вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната работна средба ги известил директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски, соопшти ...

Магазинот „Атлантик“ денеска го објави целиот разговор помеѓу највисоките американски функционери воден на апликацијата Сигнал, кој покажува дека министерот за одбрана Пит Хегсет ги дал точните времиња на полетувањето на авионите и кога проектилите ќе паднат, што инаку би била строго чувана тајна. Откако се дозна дека уредникот на „Атлантик“ Џефри Голдберг по грешка бил вклучен во групен разговор на Сигнал, Хегсет постојано негираше дека ...

Шеесет бели балони, во знак на почит кон жртвите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концертот на во групата „ДНК“ на 16 март, беа пуштени од терасата на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје по комеморацијата на Сара Пројковска, која беше професорка на ФМУ и придружен вокал на групата. Студенти на Пројковска ги расплакаа присутните на комеморацијата со песната „Кога те нема“ од Хелена Благне, чија музика ...

Бојан Величковски е именуван за нов началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, а Игор Јаковлевски на Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Кочани. За нов командир на Полициската станица (ПС) во Кочани е Горан Миленковски. По катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 59 жртви на 16 март, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на 18 март разреши седум началници од СВР Штип и од ОВР Кочани, меѓу кои и началниците ...

Мустафа Имери е нов директор на Филхармнијата на Македонија, потврдија од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК. Имери е назначен за директор од министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во согласност со извештајот за селекција на кандидати и извршеното интервју со кандидатите што ги исполнуваат условите. Тој доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Александар Котевски. Имери е родум од Скопје, каде што во 2008 дипломирал на ...

По заштитата на ѕидното сликарство од внатрешниот дел на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, годинава Завод и музеј од Битола ќе продолжи со реставрација и конзервација на фасадното ѕидно сликарство од надворешниот дел од објектот. Воедно, ќе се врши и конзервација и реставрација во втора фаза на архитектурата на црквата со заштитни тремови и настрешница. Ова се дел од 40-те одобрени проекти на битолскиот Завод кои преку Годишната програма ...

Полицијата ги претресе домот и два угостителски објекти на сопственикот на кочанската дискотека „Пулс“ што изгоре со 59 жртви, како и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) – Канцеларија Кочани, во истрагата за катастрофалниот пожар на 16 март. „На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д. Ј., неговото возило ‘инсигниа’ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во ...

Најмалку 24 луѓе загинаа во повеќе пожари кои продолжуваат да пустошат низ југоистокот на Јужна Кореја. Властите кажаа дека најголемиот дел од жртвите се во 60-ти и 70-ти години и дека 12 од повредените се во критична состојба. Повеќе од 23.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. „Досега невидената криза и натаму е во критична фаза. Ова се најлошите шумски пожари во историјата на земјата“, изјави привремениот претседател на Јужна ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
64%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
68%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
68%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
88%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
82%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
92%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
42%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
78%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
36%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
79%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
6.69
67%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
73%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74