Жителите на преспанското село Љубојно, кои протестираа 128 дена против голата сеча во манастирската шума над селото, протестите ги ставија во мирување. Тие соопштија дека ваквиот чекор следува по добивањето допис од Министерство за земјоделство, шумарство и водостаопанство оти е побарано експертско мислење за состојбите во атарот на селото предизвикани со сечата, како и проценка колку таа е ризична по месното население, имотите и локалната ...

Во наколната населба во месноста Мрдаја во Дојран имало врвни занаетчии. Ова е констатацијата на тимот археолози предводен од Зоран Рујак од струмичкиот Завод и музеј, откако таму деновиве беа пронајдени остатоци од праисториски сад со соларна декорација. Според Рујак, ова е уникатен наод и на друго место ваков сад досега не е откриен. Наколната населба во Стар Дојран се истражува цела есен и пронајдени се голем број наоди кои укажуваат дека ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) изврши корекција на предлог-одлуката за финалната цена на струјата доставена од универзалниот снабдувач „ЕВН Хоме“. Од 1 јануари 2026 година, наместо бараните високи проценти на поскапување, граѓаните ќе плаќаат струја по значително помали цени од првично предложените, велат од РКЕ. Наместо зголемувањето од 7,66% кое го бараше „ЕВН Хоме“, РКЕ ...

1 Човек ќе си помисли дека во државава ни тече мед и млеко штом СДСМ толку фокусирано и жестоко се фати за темата за прифаќање на мигрантите на кои ќе им биде одбиен азил во Велика Британија, што ја објавија британските медиуми. Кога се појави Венко Филипче онака речиси избезумено на прес-конференција да најавува социјалдемократска битка против мигранти, некако се најдов во небрано. Море на мобилизација повика, ќе правеле протести, ќе ...

Се бара локација за изградба на кафилерија каде ќе се горат мрши на животни, како и за гробишта за миленици. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) Оливер Миланов, во интервју за МИА вели дека се решава проблемот со немање гробишта за домашни миленици и до средината на 2026 се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици. Сега милениците по смртта се оставаат од сопствениците на истите ...

Доналд Трамп најави дека САД ќе нарачаат нова серија тешко вооружени воени бродови именувани според него, како дел од новата „златна флота“. Изградбата на новиот брод од класата Трамп, што ќе биде способен да носи разни оружја, треба да почне наскоро, а првите пловила ќе бидат ставени во служба за две и пол години. Објавата е дел од планираното поголемо проширување на американската морнарица со пловила со и без посада. „Го одобрив почетокот ...

Русија ги нападна Киев и енергетската инфраструктура на Украина два дена по завршувањето на последните мировни разговори во Мајами, кои не донесоа напредок во напорите да се стави крај на војната. Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 600 дронови и 30 проектили во нападот во кој загинале најмалку тројца луѓе, вклучувајќи четиригодишно дете. „Нападите непосредно пред Божиќ, кога луѓето едноставно сакаат да бидат со своите ...

Македонија е на трето место во Европа по бројот на фемициди односно убиства на жени од нивните интимни партнери. Ова го покажуваат податоците за 2023 година на Генералниот директорат на Европската комисија задолжен за обезбедување на Европската унија со статистички податоци на европско ниво-Еуростат, за бројот на фемициди во земјите членки и земјите кандидатки за членство. Македонија се наоѓа на трето место, зад Латвија и Литванија. Во ...

Американската Агенција за храна и лекови го одобри лекот за слабеење „вегови“ во форма на таблета, објави неговиот производител „Ново нордиск“. Ова е прва ваква таблета одобрена од американските регулатори, што означува почеток на нова ера за лековите за слабеење. „Таблетата што се зема еднаш дневно е практична опција во однос на инјекцијата, а ќе обезбеди еднакво губење на тежината како и инјекцијата“, соопшти данскиот фармацевтски гигант. ...

Доналд Трамп кажа дека САД го требаат Гренланд поради нивната национална безбедност откако назначи специјален пратеник за островот, потег што ја вознемири Данска. Во оваа улога ќе биде гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, кој ги дели ставовите на Трамп и кажа дека ќе работи за да го направи Гренланд дел од САД. „Лендри ќе ја предводи промената“, изјави Трамп. Островот богат со минерали е најкратката рута меѓу Европа и Северна Америка и клучна ...

Крис Рија, британскиот кантавтор со препознатлив зарипнат глас, почина на 74 години. Семејството на авторот на хитовите „Driving Home for Christmas“, „On the Beach“ и „Josephine“ објави дека тој починал во болница по кратко боледување. Рија мешаше блуз, поп, соул и софт рок на своите 25 албуми, кои се продадоа во повеќе од 30 милиони примероци. Роден во 1951 во Мидлзбро, Рија му се придружил на својот прв бенд „Магдалена“ на 22 години, во кој ...

Со музичко-сценскиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МНТ“ во режија на Дејан Пројковски, на 29 декември Македонскиот народен театар (МНТ) ќе прослави 80 години постоење. Пројковски на денешната прес-конференција рече дека претставата ќе биде аудиовизуелно патување низ архетипски слики кои се дел од нашата колективна меморија, сè она што е поврзано со македонската драма, поезија, ликовната уметност, музиката, преведено на ...

Албанската министерка за Европа и надворешни работи Елиса Спиропали денеска во Скопје рече дека Албанија силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската Унија, бидејќи, како што кажа, двете земји делат заедничка иднина, но и поради фактот што во државата живее „државотворен народ“ кој според последниот попис изнесува 33 проценти. „Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка ...

Дел од медицинските сестри кои повеќе години работеа со договор на дело во Клиничката болница во Тетово повторно извисија и не добија решение за вработување на неодредено време. На конкурсот кој беше распишан во јули за прием на 119 медицински сестри и друг медицински персонал, а кој се реализира по локалните избори, тие требаше да имаат предност во вработувањето, но се пријавиле и други кандидати надвор од Клиничката болница и дел од нив ...

Доналд Трамп го именуваше гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, за специјален пратеник за Гренланд, кревајќи го алармот во Данска поради американските претензии кон оваа територија. Откако се врати во Белата куќа, Трамп неколкупати кажа дека Гренланд треба да биде дел од САД од безбедносни причини. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен кажа дека ќе го повика американскиот амбасадор во Данска, велејќи дека е вознемирен од ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе едногласна одлука Анита Тополова-Исајловска да биде именувана за вршителка на должноста државна јавна обвинителка на Република Северна Македонија. Таа доаѓа на оваа позиција на местото на Љупчо Коцевски, кој на 17 декември поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието во истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Иако изборот првично требаше да се одржи на 19 ...

Доналд Трамп ќе назначи нов американски амбасадор во Македонија зашто нема да биде продолжен мандатот на актуелната амбасадорка Анџела Агелер, која е на функцијата од август 2022. Според новинската агенција АП, владата на Трамп ќе ги промени амбасадорите во најмалку 29 држави низ целиот свет. Тие биле известени минатата недела дека нивните мандати ќе завршат следниот месец. Во Европа оваа одлука ќе ги погоди и Ерменија, Словачка и Црна Гора. ...

Рускиот генерал Фанил Сарваров е убиен во експлозија на бомба во Москва. Рускиот Истражен комитет соопшти дека генерал-полковникот Сарваров починал откако бил детониран експлозив подметнат под неговиот автомобил. Педесет и шестгодишниот Сарваров беше шеф на одделот за оперативна обука на руските вооружени сили. Комитетот кажа дека се истражува можноста дека нападот го извеле украинските безбедносни служби. Експлозијата се случи на паркинг во ...

Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67 години, е денеска на Градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат во капелата од 11:30 до 12:30 часот , соопшти Драмски театар од Скопје, неговата матична куќа. Комеморација во негова чест ќе се одржи во Драмски, на 24 декември во 12 часот. Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше ...

Дел од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат во болницата за белодробни заболувања „Јасеново“ крај Велес. Таму нега и совети добиваат дваесетина пациенти, кои се здобиле со оштетувања на респираторните органи при вдишувањето на врелиот воздух и чадот во објектот ноќта на 16 март. „Од досегашните испитувања, кај повеќето млади резултатите се во границата на нормалата, поголемиот број се без трајни и дефинитивни ...

Таткото и синот кои го изведоа смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј минатата недела фрлиле четири експлозивни направи пред да почнат да пукаат, но тие не експлодирале, пишува во новообјавени документи. Една од бомбите имала големина на тениска топка. Навид Акрам (24) е обвинет за десетици прекршоци, вклучувајќи 15 обвиненија за убиство, во врска со масакрот на прославата на еврејскиот празник Ханука на 14 декември. Акрам, кој беше ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи неовластено поседувал пиштол и тепал полицаец во Градскиот парк во Скопје. Обвинителството соопшти дека по преземени повеќе истражни дејствија, во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и ...

Американските и украинските преговарачи, предводени од Стив Виткоф и Рустем Умеров, кажаа дека имале продуктивни и конструктивни тридневни разговори во Мајами, но не бил постигнат голем напредок во напорите да се заврши војната во Украина. Двајцата рекоа дека состанокот се фокусирал на усогласување на ставовите за план од 20 точки, мултилатерална рамка за безбедносни гаранции, рамка за американски безбедносни гаранции за Украина и на план за ...

Од билкарите во Африка кои собираат растенија за да прават облоги до акупунктуристите во Кина кои користат игли за лекување на мигрена и индиските јогини кои практикуваат медитација, традиционалните начини на лекување сè повеќе се покажуваат како ефикасни и заслужуваат поголемо внимание и истражување, вели Светската здравствена организација (СЗО). Историскиот недостаток на докази, поради што многумина ги отфрлаат народните практики, би можел ...

Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово одбележа значаен јубилеј, 80 години од своето постоење. Оваа национална установа се вбројува меѓу најголемите библиотеки по книжевен фонд во Македонија и е една со најголем број редовни читатели. „Во 2023 нашата библиотека беше прогласена за библиотека на годината во Македонија, со околу 5.000 активни читатели преку КОБИС платформата, а оваа година имаме околу 4.700 читатели. Библиотечниот фонд изнесува ...

Безбедносниот кабинет на Израел одобри изградба на 19 нови населби на окупираниот Западен Брег, прифаќајќи го предлогот на крајнодесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич и министерот за одбрана Израел Кац. Тие велат дека оваа одлука ќе го блокира формирањето на палестинската држава. Еврејските населби на Западен Брег се сметаат за нелегални според меѓународното право. Саудиска Арабија го осуди потегот, а Обединетите нации кажаа дека ...

Седум азиски слонови, вклучувајќи младенчиња, биле убиени кога брз воз се судрил со стадо што преминувало пруга во североисточна Индија, велат локалните власти. Североисточната гранична железница соопшти дека машиновозачот навреме забележал десетици слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но некои животни сепак биле удрени. Пет вагони излетале од шините по судирот, но немало повредени меѓу патниците и персоналот на експресниот воз ...

Во Штип е промовирана монографија од музикологот Наташа Диденко посветена на првата опера изведена во Македонија, „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало, која првпат била поставена во 1925 во Штип. Диденко е истражувачка од Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а пред две години ја објави монографијата за Сергеј Михајлов, основоположникот на музичката култура во Македонија, кој ја режирал „Палјачи“ во ...

Крадци влегле во куќата на гостиварец, при што му украле пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра. Гостиварската полиција ја расветлила кражбата и притворила две лица од Гостивар и едно од Тетово, кои се сомничат дека ја извршиле кражбата. „На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А. З. (24) и М. З. (27) од Гостивар поради основано сомнение дека на 14.12.2025 извршиле тешка кражба во ...

Причината за рушење на зградата на Работничкиот унвиерзитет во Велес е ископот на градежната јама веднаш до градежниот објект. Ова го констатирало вештото лице д-р Владимир Витанов, професор на Градежен факултет во Скопје, во наодот за рушењето на објектот. „Дека градежната јама е ископана веднаш до објектот може да се види и од увидот кој го извршив на самото место. Дополнително, имавме и фотографии доставени во доказите, направени од увидот ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
32%
1006
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1004
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
7.2
34%
1009
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.76
43%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
69%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.92
54%
1009
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1008
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
45%
1008
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
6.26
58%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
6.17
38%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
7.72
62%
1011
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Калај

48.18

Платина

65169.56

Злато

161442.17

Паладиум

49383.55

Бакар

11.40

Алуминиум

3.42

Иридиум

259874.72

Родиум

369733.59

Кобалт

3.86

Сребро

2590.59

Рутениум

54591.97

Цинк

0.00