Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Многу лекари и научници беа шокирани откако претседателот Доналд Трамп се појави на телевизија и кажа дека бремените жени не треба да го земаат лекот против болки „тиленол“ и ги повтори побиените теории за вакцините и аутизмот. Трамп отиде подалеку од поскромниот совет на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) дека лекарите треба да размислат за минимизирање на употребата на парацетамолот во бременоста, што владата на Трамп го поврза со ...
Во Молдавија се уапсени 74 луѓе обвинети дека планирале масовни нереди во земјата, додека прозападната претседателка Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз претстојните парламентарни избори. Полицијата кажа дека осомничените биле приведени по повеќе од 250 претреси низ земјата. Јавниот обвинител на Молдавија Виктор Фуртуна кажа дека уапсените се на возраст од 19 до 45 години и дека најголемиот дел од нив биле обучувани во ...
Данска и Норвешка ги затворија своите главни аеродроми синоќа поради забележани дронови. Данската полиција кажа дека не може да ги потврди типот и бројот на дронови видени над аеродромот во Копенхаген, но додаде дека веројатно биле управувани од способен оператор. Притоа биле активирани и вооружени сили, но според полицијата, се чини дека дроновите немале намера да предизвикаат штета. И покрај тоа, работата на аеродромот беше прекината на четири ...
Доналд Трамп кажа дека лекарите во САД ќе бидат советувани да не им го даваат лекот против болки „тиленол“ на бремените жени, поврзувајќи го со појавата на аутизам кај децата. Американскиот претседател тврди дека земањето парацетамол, што е главната состојка на „тиленолот“, не е добро и смета дека трудниците би требало да го земаат само во случај на многу силна треска. Некои истражувања покажале дека има врска помеѓу бремените жени кои земаат ...
Џими Кимел се враќа во своето вечерно шоу на Еј-Би-Си откако беше суспендиран минатата недела поради неговите коментари за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. „Дизни“, во чија сопственост е ТВ-мрежата, соопшти дека шоуто беше суспендирано зашто сметаше дека некои коментари биле лошо темпирани и нечувствителни. „Последните денови ги поминавме во внимателни разговори со Џими и по тие разговори донесовме одлука да ја вратиме емисијата ...
Франција вечерва и формално ја призна палестинската држава, придружувајќи им се на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои го сторија тоа вчера. Обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединетите нации, претседателот Емануел Макрон кажа дека дојде време да се заврши војната во Газа и да се ослободат преостанатите 48 израелски заложници. „Не можеме веќе да чекаме. Светот е оддалечен неколку моменти од точката кога веќе нема да ...
Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат. Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа. Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, ќе мора контролорите ...
„Силјан“, третиот документарец на режисерката Тамара Котевска, е откупен за прикажување од „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци. „Во срцето на руралната Северна Македонија, Никола, земјоделец кој се бори со суровата реалност на новите владини политики, спасува ранет бел штрк од депонија, трансформирајќи ги животите на двајцата на подобро. Од ...
Демонстрантите против израелската офанзива во Газа се судрија со полицијата во Милано и други италијански градови денеска, додека десетици илјади луѓе се придружија на маршот во Рим, а пристанишните работници ги блокираа пристаништата во знак на солидарност со Палестина. Полицијата фрли солзавец за да ги растера демонстрантите кај железничката станица во Милано, од кои некои вееја палестински знамиња. Властите кажаа дека се повредени околу 60 ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец кој ја повредил мајка си барајќи ѝ пари. За него постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. Насилството е се случило на 21 септември во дворот на семејниот дом на улицата Славејко Арсов, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите ...
САД размислуваат да воведат санкции против целиот Меѓународен кривичен суд во Хаг, што би можело да ја наруши неговата секојдневна работа. Ваквата одлука би била одмазда за истрагите на потенцијални израелски воени злосторства во Газа. Вашингтон веќе воведе санкции за неколкумина обвинители и судии од судот, но ставањето на целиот суд под санкции би била значајна ескалација. Шест добро упатени извори кажаа за „Ројтерс“ дека одлуката ќе биде ...
Турскиот режисер Семи Капланоглу, добитник на Златна Камера 300 за особен придонес во светската кинематографија на годинешното издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, на прес-конференцијата рече дека браќата Манаки се дел и од турската кинематографија. „Голема е честа што сум тука, затоа што верувам дека турката конематографија започнала со браќата Манаки“, рече Капланоглу. Капланоглу е признат турски сценарист, ...
По пет и пол години застој во изградбата, зимскиот базен во Штип конечно ќе биде отворен, откако Општина Штип и инвеститорот Министерството за спорт ја продолжија работа пред неколку месеци. Општина Штип денеска почна да го асфалтира паркинг просторот околу базенот со капацитет за педесетина возила, што чини 1,4 милиони денари (околу 23.000 евра). Се завршуваат и работите внатре во базенот, па се очекува тој да биде пуштен до крајот на неделава. ...
„Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво за автобусите на ЈСП Скопје, соопштија од Град Скопје. Во соопштението од Градот се вели дека сопственикот на „Пуцко петрол“ Асмир Јахоски е под притисокот од ВМРО-ДПМНЕ да престане со испорака на нафта за намерно да се создаде повторно хаос во градот со немање автобуси. „Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од ‘Пуцко петрол‘, соочен со обвиненија затворска казна и ...
Потрагата по палестинска независност доби голем поттик вчера, откако Велика Британија, Канада и Австралија формално ја признаа државата Палестина, што денеска ќе го направи и Франција. Сепак, поради ситуацијата на терен, речиси е невозможно да се замисли остварувањето на решението со две држави, во кое суверена палестинска држава би постоела покрај Израел. Многумина аналитичари и активисти велат дека ова е резултат на повеќедецениското израелско ...
Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек, по два дена лекување во Клиничката болница во Тетово ѝ се влошила здравствената состојба и починало. Девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата, 20 септември нешто пред 21 часот, а починало во неделата, 21 септември. Семејството на девојчето и жители на Челопек, преку социјалните мрежи бараат од надлежните органи, здравствените власти и правосудството да го испитаат секој ...
Возилото „рено 4“ од Стојаково кое пред половина деценија беше реставрирано од страна на Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов е прогласено за ‘најсмело возило‘ на годинешниов четврти по ред Фестивал на „рено 4“ во Тоскана Италија а двајцата авантуристи за најдобар екипаж. Двајцата вљубеници на олдтајмери за фестивалот посветен на овој модел на рено во Италија, дознале пред неполн месец и веднаш одлучиле да го претстават легендарното „рено 4“ од ...
Ново челично јаже со должина од 90 метри е поставено на патеката Камењар (Rocky Trail) на Пелистер. Со него се опфатени повеќе секции на патеката од Видиковец (2.000 метри надморска височина) до врвот Стив (2.468 метри). „Со неговото поставување во голема мера се зголемуваат безбедноста и брзината на движење на планинарите”, соопштија од Националниот парк „Пелистер“. Камењар е една од најубавите и најживописни планински патеки во Македонија. ...
Франција и Саудиска Арабија ќе соберат десетици лидери денеска во Њујорк за да изразат поддршка за решение со две држави, при што неколку од нив најавија признавање на палестинската држава. Израел и САД ќе го бојкотираат самитот, додека израелскиот амбасадор со Вашингтон, Дани Данон, го опиша како циркус. Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера и формално ја признаа палестинската држава, што денеска би можеле да го направат уште ...
Доналд Трамп најави дека денеска ќе има важна објава за аутизмот. „Мислам дека ова ќе ви биде неверојатно. Пронајдовме одговор за аутизам“, кажа Трамп, обраќајќи се на комеморацијата за убиениот конзервативен активист Чарли Кирк. Иако не изнесе детали за тоа што планира да каже, тој рече дека неговата влада нема да дозволи тоа повеќе да се случува. „Тоа ќе биде една од најважните прес-конференции што ќе ги имам“, кажа Трамп. Според американските ...
Македонската филмска критичарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Ова е првпат во 100-годишната историја на ФИПРЕСЦИ филмски критичар од Македонија да биде избран во раководството на една од најстарите професионални организации во светот, што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти. Изборот на новото раководство со 4-годишен мандат беше на ...
Ким Џонг Ун вели дека е отворен за средба со Доналд Трамп ако Вашингтон престане да инсистира неговата земја да се откаже од нуклеарно оружје. Тој додаде дека Северна Кореја никогаш не би се откажала од својот нуклеарен арсенал во замена за укинување на меѓународните санкции. „Лично, имам убави спомени од Доналд Трамп“, кажа Ким, кој се сретна со американскиот претседател трипати во неговиот прв мандат. Коментарите на Ким уследија откако новата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема да има палестинска држава откако таа денеска беше призната од Велика Британија, Австралија и Канада, што ќе го следат и други држави на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации. „Имам порака до лидерите кои ја признаа Палестина по ужасниот масакр на 7 октомври 2023: тоа нема да се случи. Палестинска држава нема да се формира западно од реката Јордан“, кажа Нетанјаху, обвинувајќи ...
Доналд Трамп ја назначи својата поранешна адвокатка Линдзи Халиган за обвинителка на Источниот округ на Вирџинија, неколку часа откако побара од јавната обвинителка Пем Бонди да биде поагресивна во прогонот на неговите политички непријатели. „Пем Бонди одлично си ја врши работата како јавна обвинителка на САД, но потребен е поцврст обвинител во Источниот округ на Вирџинија, како што е мојот предлог Линдзи Халиган, за да се придвижат работите“, ...
Велика Британија денеска ја призна палестинската држава откако Израел не ги испочитува условите поставени во јули од премиерот Кир Стармер, вклучувајќи прекин на огнот. „За да ја оживееме надежта за мир за Палестинците и Израелците и за решение со две држави, Обединетото Кралство денеска и формално ја признава Државата Палестина. Ова не е награда за Хамас, туку значи дека Хамас нема иднина“, кажа Стармер и го повика Хамас да ги ослободи ...
Над 100.000 посетители имаше синоќа на стадионот во Штип на концертот на Дино Мерлин во рамките на „Пастрмалијадата“. Не се знае колку чинело гостувањето на Мерлин бидејќи официјално не беше кажано од Општина Штип. Градоначалникот Иван Јорданов само кажа дека ова прашање не е во негов домен и дека тој нема ништо со музичкиот дел, туку тоа било под ингеренции на општествено одговорните компании, кои финансиски ја поддржале манифестацијата. ...
„Мајка“ синоќа го отвори фестивалот „Браќа Манки“ во Битола, а сестрите Теона и Лабина Митевски, едната режисерка, а другата продуцентка, рекоа дека филмот му го посветуваат на нивниот татко. „Солзи ми течат зашто во првата недела од снимањето почина нашиот татко. А, такво е снимањето филмови. Филмот е животот и ние моравме да продолжиме да снимаме. Кога се потсетуваме на снимањето, сите спомени се поврзани со нашиот татко, кој беше прекрасен ...
Министерот за здравство Азир Алиу вели дека ќе се укине дискреционото право на директорите на болниците со кое тие законски смеат наместо најдобро рангираниот доктор, да вработат кого сакаат. Алиу ова го изјави во интервју за Агенда 35 на МРТВ, откако две години Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, преку Граѓанската сила „Замисли“ и заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на ...
„Уште сум тука“ на прочуениот бразилски автор Валтер Салјес ја доби годинешната награда Гран при за најдобар филм на годината што традиционално ја доделува Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Салјес лично ја прими наградата на отворањето на 73. издание на филмскиот фестивал во Сан Себастијан. Гран при на ФИПРЕСЦИ се избира со гласање на членовите на федерацијата, а годинава гласаа 739 критичари од 75 земји. ФИПРЕСЦИ гоинава ...
Неготинчанец му се заканувал и преку пораки му праќал смртни закани на градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против лицето за кривичните дела Изнуда и Загрозување на сигурноста. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра. „Во периодот од 4 ...