Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Руското министерство за одбрана ги објави првите снимки од лансерот за новата хиперсонична балистичка ракета „орешник“ потврдувајќи го распоредувањето на оружјето во соседната Белорусија. Овој потег ја зајакнува способноста на Русија да напаѓа мети низ Европа. Белорускиот претседател Александар Лукашенко порано овој месец најави дека земјата ќе добие проектили „орешник“, кои можат да носат и нуклеарна глава. Москва не откри каде во Белорусија ...
Конечно заврши изградбата на продолжението од булеварот Видое Смилевски-Бато во Тетово, попознат како Индустриска улица. Булеварот, кој започнува од булеварот Илинденска и сега се спојува со регионалниот пат Тетово-Јажинце, всушност е своевидна обиколница бидејќи ги поврзува јужниот и северниот дел на градот, а воедно ќе ја намали сообраќајната гужва која е најприсутна кај селата Џепчиште и Порој. „Го промовираме продолжувањето на булеварот ...
Кина испали ракети во водите покрај северниот и јужниот дел на Тајван и распореди нови амфибиски јуришни бродови, бомбардерски авиони и разорувачи на вториот ден од своите најобемни воени вежби, кои се замислени како проба за блокада на островот. Источната команда на кинеската војска соопшти дека неколкучасовното пукање со боева муниција ќе влијае на морето и воздушниот простор на пет локации околу Тајван. Морнаричките и воздухопловните ...
Мнозинството во битолскиот Совет не го прифати предлогот на Левица од Буџетот за 2026 година да се издвојат 3 милиони денари (околу 50.000 евра) за обезбедување основни менструални производи за средношколките од Битола. Амандманот го поднесе советникот Горан Велевски, повикувајќи се на истражувањето спроведено од Организацијата на жени од Битола. „Според истражувањето на Организаација на жени од Битола, утврдено е дека 105 ученички кои ...
Доналд Трамп им се закани на Хамас и Иран на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида, каде што исто така изрази надеж дека многу брзо ќе почне втората фаза од неговиот мировен план за Газа. Тој предвидува и разоружување на Хамас и Трамп кажа дека палестинската група ќе плати висока цена ако не се согласи со тоа. И покрај повремените напади на израелската војска во Газа, Трамп истакна дека Израел „100% стои зад мировниот ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на Владимир Путин во северна Русија и затоа преговарачката позиција на Москва ќе биде преиспитана. Украина кажа дека тоа е лага. Русија тврди дека Украина ноќеска ја нападнала претседателската резиденција во регионот Новгород со 91 беспилотно летало со долг дострел, кои биле уништени од противвоздушната одбрана. „Никој не бил ...
Првиот црногорски сателит „Луча“ успешно беше лансиран во ниската земјина орбита, соопшти Филип Јовиќевиќ, директорот на организацијата Црногорски вселенски истражувања, која го реализираше проектот. „Црна Гора со ова испиша ново поглавје во својата технолошка и научна историја“, рече тој. Претходно беше најавено дека сателитот ќе биде лансиран со ракета „Сојуз“ од космодромот „Восточни“ близу руско-кинеската граница. „Следната фаза е ...
Владимир Путин ја повика војската да ги засили напорите за целосно освојување на јужниот украински регион Запорожје откако еден руски заповедник го извести дека руските сили се на 15 километри од тамошниот најголем град. Путин збореше на состанок во Кремљ ден по телефонскиот разговор со Доналд Трамп. Генерал-полковникот Михаил Теплински, кој раководи со воената групација „Днипро“, му кажа на Путин дека руските сили се доближуваат до градот ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за Фатон Љури (25) од Скопје, обвинет за тешка сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава, во која со мотоцикл го прегази пешакот Југослав Николовски (68), кој подоцна почина од добиените повреди. Обвинетиот Љури, кој претходно ја призна вината, судот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 11 години. Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата. ...
Иако веќе не е дел од новиот советнички состав, поранешната претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, денеска се појави во салата и како граѓанка ја следеше седницата на која ќе се носи Буџетот за 2026 година. Илиевска на Локалните избори во октомври беше кандидатката за градоначалничка од „Поинаку“ и освои 21, 80 проценти од гласовите, што беше првпат во политиката во Битола ...
Кавадарчанецот С. И. (43) е осуден на доживотна казна затвор за убиство на својот помлад брат, извршено на денот на роденденот на жртвата, соопшти Основниот суд во Кавадарци. Обвинетиот го признал делото, по што Кривичниот совет го огласил за виновен и му ја изрекол најтешката законски предвидена казна – доживотен затвор. Тој останува во притвор сè до започнувањето на издржувањето на затворската казна. Против пресудата има право на жалба. С. ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има нов софтвер за plagijati.mon.gov.mk – алатката за откривање препишани трудови и најави т. н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат несоодветни трудови затоа што, како што рече, на разни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови. „Кога на страниците ќе излезе оглас дека некој пишува магистерска за 300 евра е работа на полиција и на ...
Володимир Зеленски изјави дека САД понудиле 15-годишни безбедносни гаранции за Украина, откако вчера се сретна со Доналд Трамп во Флорида. „Јас побарав од Доналд Трамп да обезбеди безбедносни гаранции од 50 години, но место тоа, нацрт-рамката на мировниот план предвидува гаранции од 15 години. Без безбедносни гаранции, оваа војна не може да заврши“, кажа Зеленски. Нејасно е во каква форма би биле овие обврски, но Зеленски притиска за гаранции ...
Собранието го усвои новиот Закон за Судски совет со 73 гласови „за“ и еден „воздржан“, соопшти Министерството за правда. Според ресорното министерство, ова законско решение ја поставува основата за воспоставување силен, независен и транспарентен Судски совет, со примарна цел зајакнување на довербата на граѓаните во домашниот правосуден систем. Според соопштението, една од клучните новини во законот е обезбедувањето јавност во постапката за ...
Со сведоштво на Марија Петрушева, мајка на загинатиот 24-годишен Андреј, денеска во Идризово продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ што се случи на 16 март. Во трагедијата загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени. Петрушева пред судот до детали ја опиша ноќта на пожарот. Таа раскажа дека нејзиниот син Андреј, кој работел во ресторан и планирал повторно да замине на работа во Хрватска, последен пат се ...
Режисерот Игор Алексов вчера почна да снима неговиот втор долгометражен игран филм, „Голиот рид“, по сценарио на Гоце Цветановски. Продукцијата е на „Сити стар“ , од каде велат сѐ уште нема да ја соопштат актерската и филмска екипа. „’Голиот рид’ е трилер кој акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап. Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се ...
Српскиот државјанин С. М. (52) е осуден на три години затвор за сообраќајната несреќа во која загинаа двајца кинески мигранти. Тој ја признал вината пред Основниот суд во Гевгелија, бил прогласен за виновен, а жалба на пресудата не била поднесена, поради што таа е правосилна. С. М. побарал веднаш да биде упатен на издржување на затворската казна. Обвинетиот е осуден за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во ...
За време на новогодишните и божиќните празници во Охрид ќе биде воведено засилено полициско обезбедување заради зачувување на јавниот ред и мир, безбедноста на граѓаните и посетителите, како и непречено одвивање на празничните настани, велат од СВР Охрид. Од таму велат дека на терен ќе бидат ангажирани зголемен број полициски службеници од градот, но и колеги од други градови. Патроли ќе има низ најфреквентните делови на градот, особено во ...
По дискусијата на Комисијата за јавни и комунални дејности дека јавниот превоз во Битола е нефункционален, на денешната седница на Советот советникот од ЛДП Димитар Кузмановски предложи градоначалникот Коњановски да упати барање до Владата за набавка на 20 електрични автобуси за Битола. „Го слушавме премиерот како најавува 100 електрични автобуси за Скопје. Кога може Скопје да добие 100 електрични автобуси, зошто Битола да не добие барем 20 и ...
Над 70 отсто од учениците веруваат дека поминуваат премногу време на социјалните медиуми, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), насловен „Европски проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги во Македонија“, објавено на 22 декември. Истражувањето ЕСПАД 2024 нуди преглед на однесувањата, ставовите и ризичните средини на учениците на возраст од 15 до 16 години во Македонија. Со национално репрезентативен ...
Системот за автопилот презел авион во САД и извршил итно слетување целосно автономно, што е прв таков забележан случај. Интервенцијата се случила откако двомоторниот турбопропелер „бичкрафт супер кинг ер“ одеднаш го изгубил притисокот во кабината додека летал над Колорадо. Потоа системот за автоматско слетување (автоленд) на „Гармин“ ја презел контролата, управувал со авионот, комуницирал со контролорите на летање и направил безбедно ...
Кина започна воени вежби околу Тајван, симулирајќи заземање и блокада на клучни области на островот, за што вели дека е предупредување за „сепаратистичките сили“. Во вежбите се вклучени војската, морнарицата, воздушните сили и ракетните сили и се користи боева муниција, објави кинеската армија. Тие се одржуваат неколку дена откако САД објавија продажба на оружје за Тајван вредно 11 милијарди долари, по што Кина воведе санкции за американски ...
Со субвенции од Буџетот на Град Скопје ќе се консолидираат јавните претпријатија и културните установи. Од буџетот за субвенционирање на претпријатијата и установите се издвоени околу 18,5 милиони евра, од кои најмногу и тоа 15 милиони евра ќе добие ЈСП „Скопје“. Градоначачлникот Орце Ѓорѓиевски рече дека ова е рекордна висина на субвенции кои ги добива ЈСП од Градот. „Ветивме консолидирање на Буџетот на Град Скопје и помош кон претпријатија ...
Дел од превозниците не се придржуваат до договорените обврски во општинскиот линиски превоз во однос на саатница и број на возила. Некои, иако пријавиле одредени локации, биле затекнати дека не возат дотаму. Откако надлежната комисија им направила записник, извесен период го почитувале правилникот, но се појавувал друг транспортер кој грешел. Потребни се три записници во еден месец за ист прекршок за Општината да го раскине договорот, беше ...
Албин Курти вети брзо формирање влада откако неговата партија Самоопределување победи на вчерашните вонредни парламентарни избори во Косово. Според речиси 100% пребројани гласови, Самоопределување освои 49,3% гласови, што му носи трет мандат на Курти. Двете главни опозициски партии Демократска партија на Косово и Демократска лига на Косово (ЛДК) добија 21%, односно 13,6% гласови, со што има големи шанси да се стави крај на политичката криза ...
Доналд Трамп и Володимир Зеленски кажаа дека направиле прогрес во напорите да се заврши војната во Украина, но „остануваат едно-две спорни прашања“. Иако двајцата ги опишаа разговорите во Флорида како одлични, Трамп повтори дека клучното проблематично прашање е територија. По разговорите во Мар-а-Лаго, Зеленски изјави дека договориле 90% од мировен план од 20 точки, додека Трамп кажа дека безбедносните гаранции за Украина се договорени 95%. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Флорида на разговори за крај на војната меѓу Русија и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп во неговата резиденција во Мар-а-Лаго. „Склучуваме договор“, рече Трамп, додека двајцата се сретнаа на влезот. Зеленски рече дека се надева оти разговорите „ќе донесат мир што е можно побрзо“. Се очекува двајцата да разговараат за ажурирана верзија на мировниот план од 20 точки, посредуван од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Трут соушал дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа пред средбата со Зеленски што е закажана за денеска во Мар-а Лаго на Флорида. „Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот Путин на Русија“, објави Трамп и додаде дека средбата со Зеленски ќе се одржи во главната трпезарија на Мар-а-Лаго и дека новинарите се ...
Лицата со темна кожа и муслиманите се дискриминирани на германскиот пазар на недвижности, покажува ново истражување кое го објави Дојче веле. Ако нивното име звучи странско, значително е помала веројатноста да бидат поканети да разгледаат стан. Наоѓањето соодветно домување во Германија може да биде тешко, а уште е потешко за оние кои не се Германци и белци, откри студијата на Германскиот центар за истражување на интеграција и миграција ...
Кога ќе се гради новата зграда на Драмскиот театар во Скопје, вработените времено ќе се преселат во новиот објект на Турскиот театар, најави министерот за култура Зоран Љутков на средбата со медиумите на 26 декември. Зборувајќи за инвестициите и реконтрукциите на институциите, министерот кажа дека се надева оти до крајот на 2026 ќе биде готова новата зграда на Турскиот театар, која се гради од 2014 година. Ансамблот и вработените на Турски ...