Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Српската полиција уапси 11 лица кои оставале свински глави пред џамии и одредени еврејски места во и околу Париз, што го правеле по наредба од странска разузнавачка агенција, објави српското министерство за внатрешни работи. Покрај тоа што оставиле свинска глава пред девет џамии, уапсените се сомничат и дека фрлиле зелена боја врз Музејот на Холокаустот, неколку синагоги и врз еврејски ресторан во Париз и дека поставиле бетонски „скелети“ пред ...
Хамас сѐ уште не одговорил на мировниот план за Газа, што Доналд Трамп го претстави вчера по средбата со Бенјамин Нетанјаху, кој го кажа дека го поддржува. Планот од 20 точки беше поздравен од европските и блискоисточните лидери и тој предвидува Газа да стане демилитаризирана зона која веќе нема да претставува закана за Израел. Трамп кажа дека планот ќе донесе мир не само во Газа, туку и на целиот Блиски Исток и го предупреди Хамас да го прифати ...
Доналд Трамп објави дека се многу блиску до постигнување мировен договор за Газа и мир на Блиски Исток откако денеска го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Таа претходно го објави мировниот документ што Трамп го замисли како „сеопфатен план за крај на војната во Газа“, кој се состои од 20 точки. Тој предвидува Газа да стане „дерадикализирана зона без терор која нема да претставува закана за своите соседи“. „Тесно ...
Русија кажа дека нејзината војска анализира дали САД ќе ѝ дадат на Украина проектили со долг дострел „томахавк“, што би била значајна ескалација во војната. Ова следува откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека САД размислуваат да го исполнат барањето на Украина и да ѝ испратат проектили „томахавк“ преку нивна продажба на европски земји, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесе Доналд Трамп. Овие проектили имаат дострел од ...
Бугарското министерство за транспорт отпушти двајца долгогодишни инспектори од извршната агенција „Автомобилска управа“ откако биле фатени како бараат мито од возачи на камиони кои превезувале опрема за концертот на Роби Вилијамс во Софија. Министерот за транспорт Гроздан Караџов потврди дека против нив веднаш била покрената дисциплинска постапка и биле отпуштени од своите работни места. Тој кажа дека неговото министерство целосно соработувало ...
Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини од 100% за сите филмови снимени во странство кои потоа се испраќаат во САД, повторувајќи ја заканата од мај дека ќе го наруши глобалниот бизнис модел на Холивуд. Овој чекор ја сигнализира подготвеноста на Трамп да ги прошири протекционистичките трговски политики и во културните индустрии, зголемувајќи ја неизвесноста за филмските студија, кои во голема мера зависат од странските копродукции и од ...
Место препукувања и префрлање на надлежностите на градските и општинските власти, на Скопје му требаат функционални и безбедни мостови, кои ќе придонесуваат за растеретување на сообраќајот во главниот град, рече денеска проф. Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“ за претстојните Локални избори. Марковски, професор на Градежниот факултет во Скопје, зборуваше пред мостот ...
Премиерот Христијан Мицкоски на промотивен настан во Градско изјави дека граѓаните на претстојните локални избори ќе избираат меѓу две опции, ставајќи ги СДСМ, ДУИ и Левица во една коалиција, наспроти коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека трета опција не постои, и покрај тоа што за изборите се пријавени десетици независни кандидати. „Граѓаните на овие избори имаат две опции. Едната опција е коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица, тоа е ...
Европската Унија ги поздрави резултатите од вчерашните парламентарни избори во Молдавија, велејќи дека тие покажуваат оти земјата се движи по патот кон ЕУ. И покрај тврдењата за силно руско мешање, проевропската Партија на акција и солидарност (ПАС) на претседателката Маја Санду убедливо го победи прорускиот Патриотски изборен блок, кој се обидува да ја доближи земјата до Москва. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ...
Порасна и бројот на насилства, семејни, врз жени, врз деца, има случаи на фемициди, претепување и повредување на бремени жени. Има и зачестено пријавување на силување на деца, а државата од 54 барања за надомест на жртви на насилство, одобрила само една исплата. Според статистиката што ни ја испрати Министерството за правда, граѓаните бадијала поверувале дека може да бидат обесштетени ако претрпеле насилство и го пријавиле во полиција. Иако, има ...
САД размислуваат да го исполнат барањето на Украина и да ѝ испратат проектили со долг дострел „томахавк“, изјави американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс. Володимир Зеленски бараше од САД да ги продадат овие проектили на европските земји кои потоа би ги испратиле во Украина. Венс кажа дека Доналд Трамп ќе ја донесе конечната одлука по ова прашање. „Разгледуваме одреден број барања од Европејците“, изјави Венс. Овие проектили имаат дострел од ...
Оглас објавен на вработување.мк на кој скопска фирма за работното место финансиски менаџер бара исклучиво млади жени на возраст од 24-40 години, жени кои немаат деца, не планираат да имаат или кои се без новороденчиња, како и жени кои не се на студии, е прогласен за дискриминирачки откако жена го пријавила во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа во претставката се побунила и во име на мажите, зашто се дискриминирани и ...
Проевропската партија на претседателката Маја Санду е на прагот на јасна победа и ново мнозинство во парламентот по вчерашните избори во Молдавија, кои се сметаа за клучни за идниот пат на земјата кон Европска Унија. Санду предупреди на големо руско мешање на изборите и купување гласови и кажа дека иднината на земјата е во прашање. Нејзината Партија на акција и солидарност (ПАС) обезбеди 50% од гласовите, додека прорускиот Патриотски изборен ...
Мајсторот на герила акциите во Битола, советникот Иван Чулакоски од независната граѓанска иницијатива Поинаку, викендов преживеа срцев удар. По добиената потребна здравствена помош и третман на Клиничката болница во Битола, се чувствува добро. Веста ја сподели самиот на социјалните мрежи, пишувајќи: „Преживувањето не е случајност – тоа е доказ дека моето срце избра да продолжи“. Чулакоски, по два мандата поминати во Советот, и на претстојните ...
Оглас објавен на вработување.мк на кој скопска фирма за работното место финансиски менаџер бара исклучиво млади жени на возраст од 24-40 години, жени кои немаат деца, не планираат да имаат или кои се без новороденчиња, како и жени кои не се на студии, е прогласен за дискриминирачки откако жена го пријавила во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа во претставката се побунила и во име на мажите, зашто се дискриминирани и ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во неделата изјави дека неодамнешната промена во ставот на претседателот Доналд Трамп кон руско-украинската војна се должи на големите загуби на човечки животи и на штетите врз руската економија. „Руската економија е во хаос. Русите не напредуваат многу на бојното поле. Јасно е дека е време тие да го слушнат неговиот повик да седнат на маса и сериозно да разговараат за мир“, рече Венс во интервју за „Фокс ...
1 Политиката во принцип е валкана работа. И за очекување е да има валкани партиски подметнувања и игри, особено пред избори. Ама изборна стратегија да ти е стварање биохазард во главниот град со намерно несобирање комунално ѓубре, тоа нели е малку безобѕирно? Па ова е, бре, како власта да им објавила биолошка војна на скопјани. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека досега 10 пати им се извинил на граѓаните што на Локалните избори во 2021 ја ...
Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал најголем работен стаж во однос на колешките кои добиле решенија за трајно вработување. Директорот на училиштето одбил да му го транформира договорот на определено време во договор на неопределено, зашто претпоставувал дека е политички неподобен, односно е од СДСМ. Директорот пак, бил поставен од градоначалник од ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи мировен план за Газа во 21 точка, кој предвидува ослободување на сите заложници што ги држи Хамас во рок од 48 часа по постигнувањето на договорот и поставува патоказ за управување со енклавата по завршувањето на војната, открива извор запознаен со предлогот. Претседателот Трамп изрази оптимизам за решавање на конфликтот, изјавувајќи во петокот дека се „многу блиску“ до договор, ...
Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 90 беа повредени во стампедо на митинг на популарен индиски актер кој стана политичар. Трагедијата се случи во саботата во јужната индиска држава Тамил Наду, каде што десетици илјади луѓе се собраа на јавен настан на кој говорел актерот Виџај, познат во тамилската кинематографија. Видеата од локалните медиуми покажуваат огромна толпа луѓе собрана околу камионот од чиј покрив Виџај се обраќал на присутните. ...
НАТО се обврза да ја надгради својата мисија во Балтичкото Море, откако данските вооружени сили соопштија дека во текот на ноќта биле забележани неидентификувани беспилотни летала во близина на воените инсталации во земјата. Ова следува по неколку упади на дронови во близина на аеродроми и друга критична инфраструктура оваа недела, при што аеродромот во Копенхаген беше затворен неколку часа во понеделникот доцна навечер, а привремено беа ...
Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Иран да не ги ескалира тензиите и да се посвети на преговори, откако во саботата повторно беа воведени санкциите на Обединетите нации. Трите земји, познати како Е3, соопштија дека враќањето на сеопфатните мерки против Техеран било „крајна мерка“ поради „континуираната нуклеарна ескалација“ и недостатокот на соработка од иранска страна. „Го повикуваме Иран да се воздржи од каква било ескалаторна ...
Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и 12-годишно девојче, а најмалку 10 се повредени во масовните руски напади со стотици дронови и проектили врз Украина во неделата. Поради нападите, Полска ги активираше своите борбени авиони за да го обезбеди својот воздушен простор. Во текот на нападот, тревога за воздушен напад беше на сила во регионот на Киев. „Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украинските градови додека луѓето спиеја. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази сомнеж во најавените „црвени линии“ на опозициската СДСМ во однос на Бугарија, тврдејќи дека станува збор за обид за измама на народот. Според него, овие декларации се трикови и не се знае на кого му се испраќа сигнал и до кога ќе трае тој аранжман. „Народот не е наивен и добро ги памети сите нивни изјави, предавства и лаги. Затоа, овој пат казната ќе биде уште поголема“, изјави Мицкоски на ...
Клучната улога на фармацевтот во изборот меѓу традиционалната и иновативната терапија беше централна тема на вториот меѓународен симпозиум по фармација што се одржа во Штип. Настанот беше организиран во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на фармацевтите. Професорката Катерина Смилков, главен организатор на симпозиумот, рече дека настанот се води од постулатот „Помисли здравје – помисли фармацевт“, со цел да се нагласи дека граѓаните ...
Над 4.000 вработени во „Алкалоид“, заедно со членови на нивните семејства и пријатели на компанијата, собраа околу 1,8 милиони денари кои ќе бидат донирани на Црвениот крст на Град Скопје. Средствата се наменети за поддршка на социјалните сервиси за стари лица, а беа собрани во рамките на единаесеттата хумана мисија што се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Донацијата е резултат на хуманитарна акција во која учесниците, ...
Неидентификувани беспилотни летала во текот на ноќта во петокот надлетаа дански воени локации, вклучително и нејзината најголема база, во последниот од серијата инциденти што официјалните лица ги нарекоа „хибриден напад“ и навестија можна руска вмешаност. Дронови биле забележани на неколку воени локации, изјави портпарол на данската војска, одбивајќи да даде други детали. Полицијата соопшти дека еден до два дрона биле забележани во петокот околу ...
Пет од шесте пријавени кандидати за градоначалник на претстојните локални избори денеска во зградата на Општина Тетово го потпишаа Кодексот за фер демократски избори со што се обврзаа дела во предизборната кампања ќе ги почитуваат сите закони и прописи, ќе го почитуваат владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите, дека нема да вршат никаков притисок врз вработените во јавната администрација и во другите институции и ...
Надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација, е прекинато повеќе од три дена, што претставува рекорден прекин што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на локацијата со шест реактори, која се наоѓа на првата линија на фронтот во Украина. За напојување на клучните системи за ладење и безбедност се користат генератори за итни случаи, откако последната линија за напојување на централата беше ...
Денеска почнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), така што, пешаците кои преминуваат пешачки премин и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет ќе бидат казнети. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат ...