Пред општонародниот протест со блокада на магистралниот пат меѓу Виница и Берово закажан за 20 февруари од 15 до 17 часот, денеска селото Блатец повеќе од пет часа остана без струја. Протестот е најавен како израз на револт поради изградбата на мини-хидроцентрала на селската река Блатешница. Од Месната заедница прекинот на струјата го коментираат настанот во контекст на најавениот протест. „Намерно или случајно поради дефект, но факт е дека ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе прави свеченост во салата на Филхармонијата за 100 дена откако е на функцијата. Од неговиот кабинет утрово до медиумите испратија покана, во која се вели дека Ѓорѓиевски ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата. „На настанот ќе бидат презентирани реализираните проекти, тековните активности и приоритетите во насока на развој и модернизација на градот“, ...

Светската премиера на филмот „17“, дебито на режисерката Косара Митиќ, синоќа помина со долги аплаузи во преполната сала во киното „Блумакс“ на 76. издание на филмскиот фестивал Берлинале, соопшти Агенцијата за филм. Премиерата беше во програмата Перспективи, натпреврувачка платформа на Берлинале посветена на нови и перспективни филмски автори. „Му благодарам на Берлиналето што ни даде шанса во оваа селекција Перспективи да ја покажеме ...

Општина Центар засега не може да издаде градежна дозвола за изградба на 25-катница и 10-катница на местото на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“. Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката да се изврши техничка исправка во градежната парцела и со тоа Општината нема техничка можност да издаде одобрение за градба ако тоа го побара градежникот. Како што стои во објаснувањето од Општината, техничката исправка треба да се направи ...

Регионалната депонија „Русино“ денеска доби нова специјална механизација за поуспешно управување со цврст отпад и зајакнување на оперативниот капацитет на депонијата. Механизацијата вредност од 1.114.200 евр се состои од нови компактори, товарачи, трактори со приколки, камиони за транспорт и одложување на сметот. Депонијата „Русино“ е регионална депонија и во неа се одложува отпадот од деветте општини од Полошкиот Регион. Механизацијата е ...

Градоначалникот на Струга Менди Ќура, на денешната вонредна седница на струшкиот Совет поднесе извештај за преземените активности во врска со актуелната состојба со водата за пиење во селото Шум и тешката состојба што ги остави стружани 11 дена без питка вода од градскиот водовод. Кажа дека според експертите, главниот причинител за проблемот е човечки фактор. „Констатиравме дека ископувањата извршени од две компании, низ годините, се ...

Кралот Чарлс Трети се огласи по апсењето на неговиот помлад брат Ендрју Маунтбатен-Виндзор, велејќи дека кралското семејство целосно ќе соработува со властите. Поранешниот британски принц е уапсен под сомнение за злоупотреба на службена должност, во врска со наводите дека споделувал чувствителни информации со милијардерот и сексуален престапник Џефри Епстин додека бил трговски претставник на Велика Британија. „Со најдлабока загриженост ја ...

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова денеска нарекувајќи го во деминутив, рече дека владиниот авион е стар 25 години, купен е на старо и смета оти треба да се купи нов авион, но поголем, за да може како што рече да се носат и новинари. „Да ве насмеам, владиното авионче моите колеги претседатели од регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене. Употребата на ...

Ленче Делова беше светска актерка. Голема актерка, голема жена, голема мајка. Македонскиот театар изгуби многу, рече актерот Благоја Чоревски на денешната комеморација во Драмскиот театар во Скопје. Делова почина на 15 февруари на 77 години. Чоревски говореше дека со Делова се знаат речиси од деца, првпат работеле во Битолскиот театар, кога таа имала 13 години, па продолжиле да работат во Скопје, кога имала 16 години. Делова играше во 60-ина ...

Јованчо Мечкароски е именуван за нов директор на Јавното претпријатие (ЈП) „Водовод и Канализација“ во Струга, по оставката на Меџијаит Јусуфоски поднесена од морални причини поради загадената вода од градскиот водовод, која 11 дена е забранета за користење. Мечкароски е магистер по банкарски финансии и менаџмент, со професионално искуство повеќе од 10 години работа на раководни позиции, кажаа од Општината. „Ова именување доаѓа како дел од ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, на 26 февруари ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на државата пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Во документот Вајц бара од Европскиот совет јасно и недвосмислено да сигнализира дека има намера брзо и безусловно да ја донесе одлуката за влез во следната фаза од пристапните преговори, штом ќе бидат исполнети условите од заклучоците од јули 2022 година. Вајц ...

Поранешниот британски принц Ендрју е уапсен под сомнение за злоупотреба на службена должност. Полицијата соопшти дека Ендрју Маунтбатен-Виндзор е уапсен утрово на имотот Сандрингам и дека останува во притвор, додека се вршат претреси на адреси во Беркшир и Норфолк. Полицијата ги проценува наводите дека Маунтбатен-Виндзор споделувал чувствителни информации со милијардерот и сексуален престапник Џефри Епстин додека бил трговски претставник на ...

Иран и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби оваа недела, објави руското министерство за одбрана, додека се засилуваат тензиите на Блиски Исток поради можен американски напад. Руската војска објави видео од пристигнувањето на воениот брод „Стојки“ во пристанишниот град Бандар Абас, каде што се наоѓа седиштето на иранската морнарица. „Руските и иранските морнари работат заедно за да ја осигураат безбедноста на цивилната пловидба“, соопшти ...

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека владата се откажува од набавка на нов владин авион, по критиките од опозициската СДСМ. Мицкоски рече дека на средбите што ги имал со лидерот на опозицијата Венко Филипче се договориле дека за оваа тема не треба да се критикува Владата бидејќи утре ќе биде друга влада, а воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни цели. „Но, гледам дека не си стојат на зборот и ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се ...

Бившиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јол е осуден на доживотен затвор откако беше прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност и за организирање бунт, поврзано со неговиот обид за воведување воена состојба во декември 2024. Обвинителите бараа смртна казна за Јун, чиј потег предизвика национална политичка криза и ја тестираше демократската отпорност на земјата. Во јануари, обвинителите изјавија дека „неуставната и нелегална ...

Белата куќа го предупреди Иран дека би му било многу мудро да склучи договор со САД, додека Доналд Трамп размислува за нова воена акција против земјата. Американските медиуми објавија дека Трамп разговарал за воените опции со своите советници и дека американски напад би можел да се случи најрано овој викенд. Според Ен-Би-Си, Трамп засега не донесол конечна одлука дали да нападне, а тековните разговори се опишани како течни. „Има многу причини ...

Агенцијата „Медиа центар маркетинг“, која ги постави и стопанисува со билбордите во Општина Центар, бара договорот да ѝ се продолжи за уште 2 години оти за време на пандемијата на ковид-19 не можела да работи и не остварувала профит. Општина Центар во март 2016, во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, склучи договор на 10 години со „Медиа центар маркетинг“ за поставување билборди низ општината. За ова барање треба да одлучи Советот ...

Повеќе од една година откако 33-годишна жена замрзна до смрт на највисоката планина во Австрија, на нејзиното момче ќе му се суди за грубо убиство од небрежност. Керстин Г. починала од хипотермија во раните утрински часови на 19 јануари 2025 додека се качувала кон врвот Глослокнер. Нејзиното момче се обвинува дека ја оставил незаштитена и исцрпена блиску до врвот во лоши временски услови, кога отишол да бара помош. Обвинителите велат дека тој ...

Исламската верска заедница (ИВЗ), во присуство на нејзиниот поглавар Шаќир ефенди Фетаи, го претстави новиот имотен лист за Арабати Баба Теќе, на кој може да се забележи дека правниот основ за запишување во Агенцијата за катастар е купопродажен договор заверен на нотар на 10 февруари 2026. Ова ИВЗ го објави на својот официјален фејсбук профил, а засега нема информација од кого е купено Теќето. „Со овој чин, се решава имотно-правниот контекст ...

Двајца македонски државјани од вчера се во притвор во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија на 29 јануари во регионот на селото Коњух кај Крушевац. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) се сомнева дека тие две лица преземале активности во Македонија во врска со запленетите 5 тони марихуана во Србија. Апсењето на македонските државјани следи откако на 5 февруари премиерот Христијан Мицкоски ги прекори ...

Уставниот суд денеска се комплетираше со изборот на професор Гоце Наумовски за нов уставен судија, на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе оставка лани во декември. Со 63 гласа „за“ од парламентарното мнозинство и со седум „против“, Наумовски денеска беше избран и веднаш положи заклетва во Собранието. Тој е актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни прашања, а е брат на поранешниот вицепремиер ...

На денешната седница за пратенички прашања од пратениците од опозицијата пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска се обрати прво до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бидејќи поради неспособноста, транспортните камионџиски фирми бегаат од Македонија и ги регистрираат фирмите во Бугарија за да можат да работат непречено. „Пред три недели ги излажавте превозниците дека проблемот е решен, дека министерот добил потврда од ...

Поради силен ветер летна лимената конструкција од кровот на Средното општинско училиште (СОУ) „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, а ги подигна и лимовите од кровот на една градинка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека нема повредени лица, побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. „За настанот се известени Територијалната противпожарна единици Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ...

Завршија мировните разговори помеѓу Русија и Украина во Женева, при што денеска траеле само два часа. „Преговорите траеја два дена, вчера беа долги, а денеска околу два часа. Беа тешки, но деловни. Следната средба ќе се одржи во блиска иднина“, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински. Володимир Зеленски исто така ги опиша разговорите како тешки и ја обвини Русија дека намерно ги одолговлекува преговорите за крај на војната, која ...

Вечерни вежби со маневарска муниција на Армијата се причина за синоќешните пукотници што ги вознемирија жителите на новиот дел од Велес. Од СВР Велес велат дека припадници на Армијата реализирале вежба во периодот од 18:00 до 21:30 часот, во делот на Јаворски Пат, во реонот на Горно Оризари и дека таа била навремено пријавена од Генералштабот на АРСМ. Станува збор за активности на новата генерација професионални војници која е на обука во ...

Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП „Скопје“ е намален за 30 милиони годишно, односно во 2015 се возеле 52 милиони патници, сега само 22 милиони. Континуирано се намалува и бројот на автобуси на ЈСП во последните десет години. Од вкупно 341 автобус, дневно се исправни 185, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно. Овие го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) спроведено ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) синоќа свечено одбележа 80-годишен јубилеј, при што беа доделени годишните награди за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за животно дело „Крсте Петков Мисирков“. За стории за катастрофалниот пожар во Кочани на 16 март 2025 со 63 жртви, наградата „Јашар Еребара“ ја поделија „Фокус“ односно новинарката Ирена Мулачка, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и емисијата КОД. Наградата ...

Висок американски функционер објави нови детали за она што кажа дека било подземно нуклеарно тестирање спроведено од Кина на 22 јуни 2020. Помошник-државниот секретар Кристофер Јиу рече дека далечна сеизмичка станица во Казахстан измерила експлозија со магнитуда од 2,75, чиј епицентар бил 720 километри подалеку, на полигонот за тестирање Лоп Нор во западна Кина. „Постои многу мала можност дека станувало збор за нешто друго освен за ...

Министерството за транспорт и врски го измени Правилникот за урбанистичко планирање, со кој хотели со 20 соби станаат објекти од државно значење и со тоа се олеснува постапката за нивна изградба. Министерството го донесе измените без да ги прифати забeлешките на урбанистите и граѓанските иницијативи, кои го критикуваа ваквото решение. Измените се донесени на 12 февруари, само два дена по одржување на стручната расправа на која беа изнесени ...

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека бил постигнат значаен напредок на првиот ден на мировните разговори помеѓу Украина и Русија во Женева, додека Володимир Зеленски го критикуваше Доналд Трамп дека постојано бара преголеми отстапки од Киев. Трамп претходно кажа дека успехот на разговорите зависи од Украина, без да ја спомне Русија, иако таа не се откажува од своите максималистички територијални барања. Во интервју за ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
66%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
79%
1020
weather icon

Софија

14ᴼ / 10ᴼ
0.51
50%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.36
66%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
96%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
61%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1018
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
59%
1019
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
36%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1020
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Цинк

0.00

Платина

62758.26

Алуминиум

3.58

Паладиум

46007.72

Рутениум

52984.43

Бакар

12.04

Калај

50.51

Злато

148834.32

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

321507.47

Сребро

2345.35