За деловен објект во кој 17 години работеле над 110 работници во две штипски конфекции на странска компанија од Германија со менаџери од Бугарија, веќе подолго време се врти оглас за продажба во износ од 2 милиони евра. Невладината „Гласен текстилец“ како синдикално здружение за заштита правата на вработените, заедно со поранешните вработени во овие две странски фирми организираа заеднички протест затоа што цела година од лани чекаат исплата ...
Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ вели дека долгот на овие конфекции кон работниците надминува 13 милиони денари или околу 211 000 евра. Според неа, случајот е веќе предмет на постапка во германските институции, бидејќи станува збор за компании со германски капитал, а управители биле лица од Бугарија Работниците од штипските конфекции „Фермактекст“ и „Европа фешн“ со поддршка на здружението „Гласен текстилец“ на денешниот протест побараа ...

