САД денеска ги воведоа санкциите за Српската нафтена индустрија (НИС), објави компанијата, што би можело да ги загрози нејзините напори за обезбедување нафта и гас на подолг рок. Србија не успеа да добие уште едно одложување на санкциите, кои беа воведени на 10 јуни поради мнозинското руско сопствеништво во НИС. Србија речиси целосно зависи од руските испораки на гас и нафта, кои ги добива главно преку цевководи во Хрватска и други соседни ...

Легендарната норвешка актерка Лив Улман (86) е добитничка на наградата за животно дело од Европската филмска академија (ЕФА). Наградата, како што соопшти Академијата, е признание за нејзиниот извонреден опус како актерка, режисерка и сценаристка и за придонесот во филмот, а ќе ѝ биде врачена на 38. доделување на Европските филмски награди на 17 јануари 2026 во Берлин. Родена во Токио, Улман пораснала во Канада пред да се пресели во Норвешка со ...

Израелската војска објави дека започнала со подготовките за повлекување на своите трупи од Газа откако денеска беше објавено дека е постигнат договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека договорот ќе стапи во сила откако ќе биде одобрен од израелската влада, која ќе се состане попладнево. „Израелските одбранбени сили започнаа оперативни подготовки пред спроведувањето на договорот. ...

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но истовремено ги повика властите во Софија да постигнат напредок во спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено оние кои се однесуваат на одбивањето да се регистрираат здруженија на лица кои се изјаснуваат како етнички Македонци. Во резолуцијата усвоена на почетокот на месецов, ПССЕ наведува дека иако е ...

Глувонемите лица ги толкуваат имињата според одредена карактеристика на личноста, вели Марија Башеска-Стојановска, толкувач на знаковен јазик во Македонската телевизија. Таа во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК објаснува како глувите лица ги кажуваат имињата на македонските политичари. Тие премиерот Христијан Мицкоски го опишуваат со очила, а лидерот на опозицијата Венко Филипче како доктор. Од поранешните премиери, Никола ...

Вкупно 165 крвни единици беа собрани во крводарителската акција „По патот на Гиго“, што се реализираше во Струмица во организација на Црвениот крст, во соработка со Службата за трансфузиона медицина. Во спортската сала на основното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица се чекаше ред за да се дарува крв во чест на Глигор Новачевски-Гиго, поранешен член и волонтер во струмичкиот Црвен крст. Акцијата траеше рекордни седум часа. Покрај долгогодишни ...

Секоја година од 1901 тие се состануваат во тајност, дури не откриваат кога и сега за првпат им дозволија на новинарите да влезат во нивниот ексклузивен круг. Членовите на норвешкиот Нобелов комитет тука ја носат одлуката кој ќе ја добие Нобеловата награда за мир, што ќе биде објавено утре. Петтемина членови и секретарот се сретнаа во собата на Комитетот во Нобеловиот институт во Осло, украсена со истите лустер и мебел од даб од првото ...

Девојчето на возраст меѓу 14 и 15 години, кое со воспитно-поправни мерки судот го прати во затворот во Идризово каде 9 месеци беше заклучено по 22 часа, денеска е префрлено во Воспитно-поправниот дом (ВПД) „Тетово“ во Волковија. Тоа е единственото девојче во Македонија кое во моментов има изречено воспитно-поправни мерки (што не е затворска казна), па затоа во „Тетово“ доби цела зграда само за неа. Од јануари годинава, тоа мораше да седи ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Турција дека не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува да го обнови Отоманското Царство откако Косово ги доби првите борбени дронови од турско производство. Вучиќ, кој пред една година се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш збореше за златна доба во односите помеѓу двете земји, сега изјави дека е згрозен од однесувањето на Турција. „Турција брутално ги крши ...

Две газдарици на приватни домови за стари лица во Центар и во Бутел во Скопје се во притвор, поради нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на згрижените, за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување, соопшти Обвинителството. „При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата Рудо во Бутел, а другата на улица Козара во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во ...

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип изложени се 120 примероци уникатен накит од каменото, бронзеното, железното и римското време и средновековието. Станува збор за 120 примероци на специфичен и уникатен накит од неолитот до 20. век, почнувајќи од младото камено доба, 7000 година пред н. е. од културната група Амзабегово–Вршник, Светиниколско-Штипско, каде се пронајдени монисто од камен, амулети и белегзии од коска, ѓердани од школки, ...

Доналд Трамп објави дека Израел и Хамас се согласија со првата фаза од неговиот мировен план за Газа, што предвидува прекин на огнот и ослободување на заложниците во замена за стотици палестински затвореници. Ова следува по неколку дена индиректни разговори во Египет и дава надеж дека ќе се стави крај на војната, во која загинаа над 67.000 луѓе. Веста за договорот доведе до прослави во Израел, Газа и пошироко. Сепак, Трамп не изнесе детали кога ...

Девојчето на возраст меѓу 14 и 15 години, кое со воспитно-поправни мерки судот го прати во затворот во Идризово каде беше заклучено по 22 часа, денеска е префрлено во Воспитно-поправниот дом (ВПД) „Тетово“ во Волковија. Тоа е единственото девојче во Македонија кое во моментов има изречено воспитно-поправни мерки (што не е затворска казна), па затоа во „Тетово“ доби цела зграда само за неа. Со месеци, тоа мораше да седи заклучено по 22 часа на ...

Кандидатката за градоначалничка на Битола Габриела Илиевска, од независната граѓанска иницијатива Поинаку, изборната кампања за претстојните Локални избори ја започна возејќи камион. Таа праша: „Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат проблемите во градот?“ Илиевска, која изминативе 4 години беше претседателка на Советот на Општина Битола, најави дека со тој камион тргнуваат да си ја вратат Битола, па заедно ...

Германија ќе ѝ даде овластување на полицијата да соборува беспилотни летала како оние што ги нарушија аеродромите низ Европа, а кои некои европски лидери ги припишуваат на хибридна војна што ја води Русија. Новиот закон, кој владата го усвои денеска, ѝ одобрува на полицијата да соборува дронови што го нарушуваат воздушниот простор на Германија, особено ако претставуваат закана. „Инцидентите со беспилотни летала ја загрозуваат нашата безбедност. ...

Лицето П. Ѓ., 79-годишник од населбата Чашка, Велешко, од денеска започна да ја издржува казната домашен затвор со примена на опрема за електронски надзор, соопшти Управата за извршување на санкции (УИС). Ова е прв случај на изречена ваква казна во земјава. „На осуденото лице за првпат беше поставена опремата за електронски надзор, со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор. Врз осуденото лице беше поставена алка на ...

Приведена е 43-годишната сопруга на лекарот д-р Зекирија Шаини во кој вчера беше пукано во Куманово, соопшти МВР. Д-р Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија е носител на советничката листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Општина Липково на претстојните Локални избори. Тој е пренесен на лекување на Скопските клиники. „На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, ...

1 Кои се шансите двајца осуденици, од иста фирма, во ист судски процес, да не одат в затвор оти и двајцата имале кила на тестиси? Сопственикот на фирмата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, беа осудени на по 10 години затвор поради автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 на автопатот Скопје-Тетово во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Тие веќе петти месец требаше да бидат в ...

На 13 октомври ќе бидат донесени пресуди за незаконското назначување директори во училиштата во Велешта и во Струга, во која постапка првообвинет е струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Обвинителството бара ефективна казна затвор, а одбраната смета дека нема докази оти Мерко е виновен. Во струшкиот суд вчера во завршните зборови Мерко рече дека немал избор. Во услови на недостиг на кадар морал да назначува директори за непречно да тече ...

Ексклузивни настапи и актуелни имиња од светската џез сцена ќе го одбележат 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кое ќе има четири вечери од 16 до 19 октомври. Целата програма ќе се одвива во Националната опера и балет и оваа година нема да има полноќни концерти во Младински културен центар, што е последица на состојбата во која што се наоѓа оваа установа и немањето елементарни услови за одржување вакви концерти, како што појасни директорот на ...

Поради сомнителен куфер оставен на Плоштадот ВМРО, каде е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје, евакуирани се сите околни згради. Вработените од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кое се наоѓа веднаш до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека им било речено веднаш да ја напуштат зградата поради закана за бомба. Пред зградата во моментов има голем број луѓе кои се евакуираат и полиција. Од ...

Еден од најпознатите регионални режисери, Здравко Шотра, почина на 93 години во Белград. Шотра има опус од над 120 филмски и телевизиски дела што беа популарни кај пошитоката публика. Роден е на 13 февруари 1933 година во Кожице во близина на Столац. Откако дипломирал режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1954 во класата на професорот Вјекослав Африќ, бил дел од Телевизија Белград од нејзиното основање во 1958. ...

Три градинки и едно училиште во земјава добија парични казни поради несоодветно чување на храната која се готви за децата, а уништени се 24 килограми храна во градинките и 59 килограми храна во училиштата, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Инспекторите во септември спровеле контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени биле 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За ...

Научниците Сусуму Китагава (Јапонија), Ричард Робсон (Велика Британија) и Омар Јаги (Јордан/САД) се годинашните добитници на Нобеловата награда за хемија. Тие се наградени за нивното откритие на метални органски мрежи. „Тројцата лауреати создадоа молекуларни конструкции со големи простори низ кои можат да течат гасови и други хемикалии. Овие метално-органски рамки можат да се користат за собирање вода од пустинскиот воздух, заробување јаглероден ...

И третиот обид да започне судењето за судењето за сторени повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот татар и библиотека во Тетово беше неуспешен. Овој пат на рочиштето не присуствуваше обвинетиот Артан Арслани, кој беше претседател на комисијата за јавни набавки за изградбата на театарот и библиотеката, а исто така беше отсутен и претставник на Министерството за култура и туризам. Адвокат на Арслани пред судот приложи лекарско ...

Познатата битолска улица Широк Сокак била пробиена во 1835 со цел османлиската војска од касарните во Битола да може по најкраток пат да стигне до Безистенот ако некој го ограбува. Податокот дека амбиенталната улица има безмалку 200 години, беше посочен меѓу бројните факти за Битола во документаниот филм „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“ чија промоција се одржа синоќа во Битола. Видеопроекцијата беше придружена ...

Криза со собирањето на отпадот погоди над 300.000 жители во софиските населби „Љулин“ и „Красно село“, откако градските власти одбија да потпишат договор со компанијата што победила на јавната набавка поради понудени превисоки цени. Како решение на проблемот, лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, му понуди поддршка на градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, предлагајќи донесување на итен закон што ќе му овозможи на ...

Данската влада сака да забрани неколку социјални мрежи за децата под 15 години, објави премиерката Мете Фредериксен. „Мобилните телефони и социјалните мрежи им го крадат детството на нашите деца. Ослободивме чудовиште“, рече Фредериксен. Таа истакна дека речиси сите дански ученици од седмо одделение, каде што учениците обично имаат 13 или 14 години, поседуваат мобилен телефон. „Се надевам дека парламентот ќе помогне да се заостри законот за ...

„Дивата струшка депонија предизборно засилено чади. Палежите се скоро секојдневни секогаш кога има избори. Политички пресметки за да докажат кој колку е неспособен, но за жал, сето тоа за сметка на здравјето на граѓаните“, вели адвокатот Глигорие Ќатоски кој е еден од поднесителите на апликацијата до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако Основниот суд во Струга ја отфрли тужбата, а Апелациониот суд во Битола ја одби жалбата ...

Цената на златото достигна рекордни 4.000 долари за унца, додека инвеститорите бараат сигурни места за вложување на своите пари среде економската и политичката неизвесност во светот. Вредноста на златото расте најбрзо од 1970-тите и порасна за околу една третина од април, кога Доналд Трамп објави царини кои предизвикаа потрес во светската трговија. Златото се смета за безбедно засолниште за инвестирање, зашто се очекува да ја задржи или зголеми ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
71%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
5.09
79%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
57%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
58%
1021
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
54%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
96%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.58084

Иридиум

145787.60

Злато

135736.19

Паладиум

46650.73

Сребро

2008.67

Кобалт

58.42

Калај

40.84

Родиум

256402.20

Никел

467712.99

Бакар

10.84

Рутениум

29192.88

Платина

53749.14

Цинк

3.26