Во Основниот суд во Штип започна судењето на штипјанецот Денис Асанов (74) кој е обвинет дека ја киднапирал Борјанка Николова (79) со која бил во лични блиски односи, ја држел затворена во неговиот дом, а потоа со остар предмет ја усмртил и ја закопал во дворот од неговата куќа. Асанов пред судот се изјасни дека е невин и рече дека воопшто не знае како тоа се случило. „Апсолутно не сум го сторил кривичното дело. Да убиеш човек не е лесно“, ...

Низа неправилности покажа Ревизорскиот извештај за работата на Министерството за односи меѓу заедниците во 2024 година. Во Министерството фалат лаптопи, вработени земале плате, а не доаѓале на работа, се точело гориво со службена картичка за туѓи возила. Поранешниот прв вицепремиер на Владата Артан Груби беше и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во периодот од 30 август 2020 до 23 јуни 2024, кога со стапување на власт на ...

За непречено прибирање на доказите, како од податоците од мобилните телефони на Стојанче Јовановски и од жртвата – неговата сопруга Ивана која вчера си го одзеде животот во прегратка со 6-годишната ќерка, така и преку разговорите со соседите кои сведочат за континуирано тепање на Ивана од него, Кривичниот суд Скопје одобри 48-часовен притвор за осомничениот. Во наредните два дена треба изјави да дадат и полициските службени лица кои ...

Руски танкер кој превезувал течен природен гас се запали покрај брегот на Либија, а сите 30 членови на посадата се неповредени и спасени, објавија руските власти. Либиските власти кажаа дека танкерот потонал по ненадејна експлозија северно од пристаништето Сирте. Руското министерство за транспорт потврди дека бродот „Арктик метагаз“ бил погоден од украински поморски дрон, додавајќи дека нападот се случил близу територијалните води на Малта. ...

Повеќе од 100 луѓе се водат како исчезнати откако подморница нападнала ирански брод покрај брегот на Шри Ланка, кажаа извори од морнарицата и министерството за одбрана на Шри Ланка. Тие додаваат дека се повредени 78 луѓе. Шри Ланка ги испрати морнарицата и воздухопловните сили за да спасат морнари кои испратиле повик за помош откако нивниот брод почнал да тоне. Министерот за надворешни работи Виџита Херат изјави дека сигналот од бродот „ИРИС ...

Шпанскиот премиер Педро Санчес изјави дека позицијата на Шпанија во однос на војната во Иран е јасна и конзистентна, како што беше и во случајот со Украина и Газа. Тој се најде на удар на Доналд Трамп откако Мадрид не им дозволи на САД да ги користат заедничките воени бази во Шпанија за напади врз Иран, по што американскиот претседател се закани дека ќе ги прекине сите трговски односи со Шпанија. „Шпанија се противи на кршењето на ...

Израел кажа дека кој и да биде избран за нов ирански врховен водач ќе биде мета за елиминација. Засега не се знае кој би можел да го наследи 86-годишниот ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, но еден од главните кандидати е неговиот син Моџтаба. „Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го спроведува планот за уништување на Израел, да им се заканува на САД, ...

Американската војска објави дека погодила повеќе од 2.000 цели во Иран од почетокот на заедничката воена операција со Израел во саботата, при што била уништена целата иранска морнарица. Заповедникот на Централната команда, адмиралот Бред Купер, кажа дека во мисијата учествуваат 50.000 војници, 200 борбени авиони и два носача на авиони. „Американските сили уништија 17 ирански бродови, потопена е целата иранска морнарица. Фокусот е да се пука ...

Младата Ивана која вчера околу 14 часот си го одзеде животот заедно своето 6-годишно дете скокајќи од тераса на висококатница во скопски Карпош, дента била прво натепана од сопругот Стојанче Јовановски, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Има видеозапис каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден“, кажа денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додаде дека тоа се ...

За непречено прибирање на доказите, како од податоците од мобилните телефони на Стојанче Јовановски и од жртвата – неговата сопруга Ивана која вчера си го одзеде животот во прегратка со 6-годишната ќерка, така и преку разговорите со соседите кои сведочат за континуирано тепање на Ивана од него, Кривичниот суд Скопје одобри 48-часовен притвор за осомничениот. Во наредните два дена треба изјави да дадат и полициските службени лица кои ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вo денешното обраќање пред пратениците, државниот врв и дипломатскиот кор во Собранието изјави дека земјата повеќе не е само корисник, туку активен извозник на безбедност преку учеството во мисиите на Алијансата. Тој рече дека Северна Македонија не е сама во соочувањето со глобалните предизвици и дека сојузниците секогаш стојат зад нејзината стабилност, како што е примерот со воздушните патроли од ...

Доналд Трамп смета дека го спречил Иран прв да нападне и дека САД го натерале Израел да делува, побивајќи го својот државен секретар Марко Рубио дека Израел ги вовлекол САД во војната против Иран. „Преговаравме со тие лудаци и мое мислење беше дека тие први ќе нападнат. Не сакав да се случи тоа. Така што, можеби јас го присилив Израел да се вмеша“, кажа Трамп, кој го пречека германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа. И додека односите ...

Еден од најозлогласените и најбезмилосни италијански мафијашки босови Бенедето Сантапаола, за кого се верува дека го организирал убиството на најпознатиот антимафијашки обвинител Џовани Фалконе, почина во затворот во Милано на 87 години. Сантапаола беше фатен во 1993 по неколку години бегство и помина зад решетки над 30 години за низа убиства и други напади. Познат како Ил Качаторе (Ловец), тој од 1970-тите напредувал до врвот на ...

Утрово почина десетгодишно дете откако паднало од тераса од зградата каде живеело во Тетово. Според првичните информации, детето паднало од поголема височина. Иако веднаш било однесено во тетовската Клиничка болница, таму само ја констатирале смртта. Несреќата се случи на улицата Видое Смилевски-Бато, попозната како Индустриска улица во Тетово. „Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово ...

Најголема инвестиција и гаранција за мирот и безбедноста, не само на Западен Балкан туку и на Европа, е нашето членство во Европската унија, и тоа му го кажав денес на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата во Вила Водно. Таа кажа дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важно заради трајна отпорност на влијанија од трети сили. „Очекувам на Самитот на НАТО во Анкара ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај воскопската населба Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Сопругот на жената и татко на малото девојче е задржан во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, соопшти Обвинителството. „Обезбедена е наредба од ...

САД потврдија дека шестмина американски војници загинале во иранскиот напад врз воен објект во Кувајт во неделата. Централната команда на американската војска во прв момент кажа дека загинале три лица, но бројот на жртви се удвои откако еден војник им подлегнал на повредите, а уште две тела биле пронајдени под урнатините. Министерот за одбрана Пит Хегсет кажа дека ирански проектил ја избегнал противвоздушната одбрана и погодил американски ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Велес го повлекло обвинителниот предлог за кривично гонење на Лазар Нанев, поранешен судија и претседател на Основниот суд Кавадарци. Тој беше обвинет за кривичното дело Злоупотреба на службена должност. Пред почетокот на денешната главна расправа во Основниот суд Велес, судијата Ангел Трипчев го прочита писмениот поднесок од ОЈО Велес за повлекување и по него, во рок од три дена ќе изготви решение. Беше ...

Грција ќе префрли противракетен систем „патриот“ на островот Карпатос во југоисточниот дел на Егејското Море за да ја засили одбраната од воздушни напади. Грчкиот министер за одбрана Јоргос Герапетритис изјави дека во моментов нема опасност по американските објекти во земјата, вклучувајќи ја поморската база во Суда на Крит, но додаде дека властите преземаат превентивни мерки поради конфликтот на Блиски Исток. Тој ја опиша регионалната ...

На обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје денеска седнаа полициските службеници Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков, сите од Кочани, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Против нив обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог и постапката ќе се одвива по скратена постапка. Во периодот од 07.10.2023 до 07.02.2024 година, полициските ...

Во Иран се одржа масовна погребна церемонија за 165 ученички и вработени во школото за девојчиња во градот Минаб, кое беше погодено во саботата, на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран. Иранската државна телевизија прикажа илјадници луѓе собрани на плоштад во Минаб, додека министерот за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД и Израел за убивање на девојчињата. „Ова се гробови што се копаат за повеќе од 160 невини млади ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио призна дека САД се вклучиле во воената операција против Иран зашто Израел бил решен да го нападне, што, пак, би довело до одмазднички напади врз американските трупи во регионот. „Беше сосема јасно дека доколку Иран биде нападнат од кој било, САД, Израел или некој друг, тие ќе одговорат, и тоа против САД. Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили ...

Откако пред четири месеци призна дека на 10 мај 2025 ја запалил виекндичката во село Капиново, Општина Чашка, правосилно осудениот Сашо Муневски (40) сведочење во процесот во кој обвинети за истото дело се Ѓоре Петревски (56) од Ореше и Даниел Димески (37) од Прилеп. Во две и пол часовното детално и долго сведочење во Основниот суд во Велес, Муневски кажуваше како се се случило, кој бил налогодавачот, кој бил посредникот. Рее дека со ...

Израел објави дека испратил трупи во Либан за да заземат стратешки области и да спречат напади врз пограничните израелски заедници. „Една дивизија на израелската војска ќе дејствува во јужен Либан за да се зајакне напредниот одбранбен систем и да се создаде дополнителен слој на безбедност. Истовремено, израелската авијација ја напаѓа инфраструктурата на Хезболах во областа“, кажа портпаролот на војската Надав Шошани. Израелската операција во ...

Израел ја хакирал широката мрежа на сообраќајни камери во Техеран за да ги следи телохранителите на врховниот водач на Иран, Али Хамнеи и други високи ирански функционери, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два добро запознати извора. Се верува дека камерите се дел од државниот апарат за надзор, што овозможува да се идентификуваат и гонат демонстрантите и противниците на режимот. Израел добил пристап до камерите пред неколку години и ...

Израел лансираше нови напади врз Техеран и Бејрут, а Иран објави дека уништил американска воена база во Бахреин, додека Доналд Трамп предупреди дека САД имаат доволно оружје за долга војна. Четири дена откако Израел и САД заеднички го нападнаа Иран, конфликтот ескалира и не се гледа негова разврска. „Израелските одбранбени сили спроведуваат истовремени напади врз воени цели во Техеран и Бејрут. Во тек е бран опсежни воздушни напади“, изјави ...

По докажувањето на убиството со давење на првата жртва на 25-годишниот Трајко Бојковски од кумановското село Млатино, Јавното обвинителство во Куманово ја прошири истрагата под сомневање за уште едно свирепо дело. „Меѓу 16 и 17 јануари, тој влегол во домот на жртвата и со удари по главата ја усмртил 35-годишната жена. Форензичките траги потврдија дека убиството е извршено од истото лице“, изјави денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе. ...

Доналд Трамп кажа дека воената операција против Иран би можела да трае четири-пет недели, но САД имаат капацитети и за подолго. Зборувајќи за првпат од Белата куќа откако почнаа нападите во саботата, Трамп рече дека акцијата се одвива значително побрзо од првичните проекции. „Предвидувавме дека ќе требаат четири недели за да се уништи раководството на иранската војска, а ја завршивме работата за еден час“, кажа Трамп. Иран денеска ја потврди ...

Грција нареди испраќање воени сили на Кипар откако кон оваа членка на ЕУ беа лансирани неколку ирански дрона. Грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас изјави дека две фригати и два борбени авиона „Ф-16“ ќе бидат распоредени веднаш. „По неиспровоцираните напади на територијата на Кипар, Грција ќе придонесе на секој можен начин за одбраната на Република Кипар, со цел да се справи со заканите и нелегалните дејствија што се случуваат на нејзина ...

Францускиот претседател Емануел Макрон нареди зголемување на залихите на нуклеарни боеви глави во земјата и вети дека нема да се двоуми да ги употреби доколку виталните интереси на Франција бидат загрозени. „Наредив зголемување на нашиот нуклеарен арсенал. Повеќе нема да ја откриваме неговата големина како во минатото. Никогаш нема да се двоумам да ги донесам одлуките што се неопходни за заштита на нашите витални интереси. Доколку го ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
77%
1019
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.59
69%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
96%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
1.88
69%
1015
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
65%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
36%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
75%
1019
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Паладиум

46007.72

Алуминиум

3.58

Кобалт

45.39

Бакар

12.04

Платина

62758.26

Родиум

321507.47

Злато

148834.32

Цинк

0.00

Рутениум

52984.43

Иридиум

253540.09

Сребро

2345.35

Калај

50.51