Владејачката конзервативна партија во Јапонија ја избра Санае Такаичи (64) за своја нова лидерка, позиционирајќи ја да биде првата премиерка на Јапонија. Такаичи е меѓу поконзервативните кандидати кои се наклонети кон десно од владејачката партија. Поранешна министерка во владата, ТВ водителка и страсна тапанарка на хеви метал, таа е една од најпознатите личности во јапонската политика – и тоа контроверзна. Таа се соочува со многу предизвици, ...

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, предупреди дека неколку мали и средни авиокомпании во Европа ќе банкротираат во наредните месеци, бидејќи конкуренцијата на пазарот на нискобуџетни летови станува сè пожестока. Во интервју за „Кориере дела сера“, О’Лири проценува дека пропаѓањето на оператори како што се „Плеј“ (Исланд) и „Братенс“ (Шведска) е само почеток на бран банкроти што ќе следат до крајот на годината. Шефот на „Рајанер“ го ...

Шон Диди Комбс e осуден на четири години и два месеци затвор по обвиненија поврзани со проституција односно транспорт на луѓе преку државните граници за сексуални средби, со што заврши судскиот процес за валканиот случај кој содржеше ужасни сведоштва за една од највлијателните личности во хип-хопот. Судијата го прекори хип-хоп могулот и за повеќегодишна злоупотреба на две поранешни девојки. Бидејќи Комбс (55) веќе отслужи една година затвор, ...

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа му нареди на Израел веднаш да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците и да прифати некои други услови во американскиот план за завршување на војната, но проблематичните прашања како разоружувањето се нерешени. Хамас изјави дека е подготвен да ги ослободи заложниците и да им ја предаде власта на други Палестинци, но дека другите аспекти од планот бараат ...

Почна наставата за основно образование во Воспитно-поправниот дом (ВПД) „Тетово“ во Волковија, објави на фејсбук Управата за извршување на санкциите. „На 01.10.2025 година Државното основно училиште за возрасни и деца во воспитно-поправните установи ‘Антон Семјонович Макаренко’ почна со спроведување на основно образование во ВПД Тетово во Волковија. Во наставата се вклучени 17 деца за кои има обезбедено лаптопи и училишен прибор и се реализира ...

Кејт Марш, искусна експертка во меѓународната дигитална и медиумска индустрија, беше еден од главните говорници на Дигиталниот самит WB6 во Скопје. Со над 30-годишна кариера и искуство на високи функции во глобални компании како „Амазон“, „Ем-Џи-Ем“, „Скај“ и „Би-Би-Си“, таа денес е претседателка на Одборот на инди-гејминг компанијата „Диволвер диџитал“ и независна директорка во „Гејмс воркшоп груп“. Таа ја започна својата кариера како ...

Судијката Диана Груевска-Илиевска од Oдделот кривично полнолетни во Кривичниот суд ќе го суди предметот за пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март со 62 жртви и 200 повредени. Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека во целост е одобрен обвинителниот акт за пожарот. Советот за оцена на обвинителен акт донел решение со кое го одобрува обвинението, по што е формиран кривичен предмет кој преку АКМИС-системот е распределен ...

Основното јавно обвинителство Прилеп побара притвор за маж во Крушево обвинет дека 2 години ја демнел бившата сопруга. По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднесе Обвинителен предлог за кривично дело Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштиОбвинителството. „Во временскиот период од август 2023 до август 2025, обвинетиот ...

За два дена, вчера и завчера, на подрачјето на СВР Велес се евидентирани се два случаи на измама преку социјална мрежа во потрага за стан, едниот во Скопје, а другиот во Велес. И во двата случаи биле измамени жени. „На 2 октомври во 19:30 часот во СВР Велес, 38-годишна жена од битолско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 28.400 денари. Според пријавеното, таа се зачленила во група на социјална мрежа со цел да најде стан под ...

Во целост е одобрен обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Советот за оцена на обвинителен акт донел решение со кое го одобрува обвинението, по што е формиран кривичен предмет кој преку АКМИС-системот е распределен кај надлежен судија за понатамошно постапување. Станува збор за предмет со 37 обвинети лица и 33 бранители, кој Врховниот суд на 25 јуни одлучи од Кочани да го премести во ...

Судскиот совет, по спроведена постапка за утврдување одговорност на судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, на седницата одржана на 26 мај 2025 донел одлука со која го разреши од вршење на судиската функција. Беџети е разрешен за недолично однесување, односно за нарушување на јавниот ред и мир, откако претходно не беше разрешен што 9 месеци чуваше во фиока да застари предметот за масовното незаконско прислушување „Тврдина-Таргет“ каде ...

„Корупцијата не е апстрактен концепт, таа е реалност со која работниците живеат секојдневно, од злоупотребата на службените позиции, селективното спроведување на законите, клиентелистичкото вработување, игнорирањето на извештаите за кршење на работничките права… Но, бидејќи корупцијата не е мода и не смее да е наша релност, наместо затворање на фабрики, како што се случува во последните месеци, треба да се бориме за нивни опстанок, нивна ...

Во моментов, од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Според него, неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да се обезбеди натамошна ...

По синоќешните дождови настана оштетување на делови од новиот асфалт поставен на булеварскиот влез на Битола. Во должина од 200 метри на места асфалтот е подигнат од потребното ниво, а на места е спуштен во дупки. Ова е еден од капиталните проекти на сегашната локална власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски, која на локалните избори се бори за втор мандат. Пред седум дена на официјалната интернет страница на ...

Приватните превозници и директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски денеска се искараа на прес-конференцијата која ја свикаа поради долг кој претпријатието го има кон нив. Приватните превозници кажаа дека вкупниот долг на ЈСП кон нив е 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра), а доспеаниот изнесува 90 милиони денари (околу 1,45 милиони евра). Рекоа дека немаат пари за гориво и дека од понеделник ќе возат со редуциран возен ред од 5 до 10 часот ...

Сара Мулали е назначена за нов кантерберски надбискуп, со што Црквата на Англија за првпат ќе ја води жена во нејзината 1.400 години стара историја. Таа во исто време стана церемонијална шефица на околу 85 милиони англиканци низ светот, иако назначувањето на жена ризикува подлабоки теолошки поделби со некои од поконзервативните гранки на црквата во африканските земји. Реформите воведени пред 11 години овозможија жена да ја извршува функцијата, а ...

Европските лидери се шегуваа на сметка на Доналд Трамп на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген откако тој ги измеша Ерменија и Албанија во неколку ситуации. Зборувајќи колку војни решил откако се врати во Белата куќа, Трамп неодамна го спомна и конфликтот помеѓу Азербејџан и Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама беше снимен како се шегува за ова со францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот лидер Илхам Алиев. ...

Денеска се навршуваат 30 години откако на 3 октомври 1995 во Скопје беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата го преживеа нападот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и минувачот Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован ...

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која вети дека ќе ги користи сите мерки, вклучувајќи ја и американската војска, за да го брани Катар, главниот сојузник на САД на Блиски Исток. Според наредбата, Вашингтон ќе ги смета сите вооружени напади врз Катар како закана за себеси и ќе ги преземе сите законски мерки, дипломатски, економски и воени, за да ги одбрани интересите на САД и Катар. Безбедносниот пакт е речиси идентичен на односите помеѓу ...

Аеродромот во Минхен повторно работи откако ноќеска беше затворен поради неидентификувани дронови. Тоа доведе до откажување на повеќе од десет летови. Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното. Властите засега не потврдија од каде дошле дроновите. Неколку ...

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибина „Иднина за Кочани“ на која беа промовирани кандидатот за градоначалник и носителот на листа на советници од партијата, кажа дека на овие локални избори „ќе победи Кочани, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“. На 16 март, во катастрофалниот пожар во дивата кочанска дискотека „Пулс“ загинаа 62 главно млади лица, а над 200 беа повредени. Тогашниот градоначалник Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ ...

Поскапе водата за пиење во Скопје, за 3,2 денари по кубик. Наместо 31,81 денар, кубик вода сега чини 35,02 денари. Новата цена е на сила од септември и септемвриските сметки ќе бидат повисоки. Новата цена ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 25 август. Од таму за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека Комисијата морала да донесе нова цена на водата, бидејќи ЈП „Водовод и канализација“ не ги испочитувала препораките да се корегира ...

Од вчера, без работа и без исплатени плати останаа вработените во модната конфекција „Мода ексклузив“ од Штип. За еден месец ова е четврта текстилна фабрика која се затвори преку ноќ и без никакво објаснување од работодавачите . „Се работи за мешовита холандско-македонска фабрика со над 30 вработени. Затворањата се обично од такви странски или мешовити фабрики кои во последно време се свртуваат кон Истокот во обезбедувањето на уште поевтина ...

Руинираната куќа на Петруш Вангелов од 19 век во Охрид, сместена во стариот дел на градот на тесниот сокак кој води до црквата „Свети Јован Канео“, е опасност за минувачите иако е објект заштитен со закон како културно наследство. Објектот со години се распаѓа, а институциите не презеле ништо за санација. Куќата на Петруш Вангелов e една од двете куќи кои се прогласени за културно добро во опасност во стариот дел на градот. Ова е последната ...

Иако главните виновници за големата сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 патници требаше досега да бидат веќе 5 месеци во затвор, тие за разлика од осудениот возач на автобусот Мануел Трифуновски, немаат дојдено ни до затворската капија. Сопственикот на фирмата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, осудени на по 10 години затвор, се разболеле. Во Основниот суд Тетово, од одделението за ...

Хуманитарната флотила „Сумуд“ не успеа во обидот да стигне до брегот на Газа, откако 39 бродови биле пресретнати и запрени од израелската морнарица во операција која почна синоќа. Од флотилата кажаа дека еден брод успеал да влезе во територијалните води на Газа, но запрел пред брегот, по што бил изгубен контактот со него. „Ниеден од бродовите не успеа да ја пробие блокадата. Провокацијата на Сумуд-Хамас е завршена“, соопшти израелското ...

Европската унија го подигнува степенот на борбата против тероризам и насилен екстремизам, против злоупотребата на вештачката интелигенција за мобилизација на луѓе за вршење на овие тешки кривични дела, како и против нивното финансирање во криптовалути. Но, тоа не го прави без државите од Западен Балкан. Македонија е потписничка на новиот Заеднички акциски план за спречување и справување со тероризам и насилен екстремизам за Западен Балкан. ...

Британската полиција објави дека четири лица се ранети откако автомобил влетал меѓу пешаци и биле избодени луѓе близу синагога во Манчестер. Напаѓачот е застрелан од полицијата и засега не е потврдено дали починал. Нападот се случи на Јом кипур, најсветиот ден во еврејскиот верски календар. Полицијата била повикана во северниот дел на Манчестер откако очевидци пријавиле дека автомобил удрил во пешаци и еден маж бил избоден. „Болничарите ...

САД ќе ѝ даваат на Украина разузнавачки податоци за метите на енергетската инфраструктура во внатрешноста на Русија, изјавија двајца функционери, додека Вашингтон размислува да го снабди Киев со проектили со долг дострел со кои би можел да изведува такви напади. САД побарале од сојузниците од НАТО да обезбедат слична поддршка, рекле функционерите, потврдувајќи го написот на „Вол стрит џурнал“. Вашингтон долго време споделува разузнавачки ...

За монографијата за неговиот син Филип Стевановски, музичарот кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, професорот Маријан Стевановски вели дека почнал да ја пишува од моментот кога се случил пожарот. Монографијата ќе се промовира на Џез фестивалот во Куманово, то ќе се оддржи во Занаетчискиот дом куманово на 14 и на 15 октомври. Првата вечер ќе биде посветена на Филип Стевановски со промоција на монографијата, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1022
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
84%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
8.23
71%
1025
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.32
86%
1023
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 3ᴼ
0.51
79%
1027
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
4.02
67%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
58%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
51%
1021
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.13
90%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.58084

Рутениум

29192.88

Калај

40.69

Платина

57093.34

Злато

139455.71

Родиум

256402.20

Никел

464385.38

Паладиум

48644.08

Цинк

3.32

Алуминиум

2.89

Кобалт

58.42

Бакар

10.99

Сребро

2065.03