Жена и нејзиното малолетно дете попладнево во 14.15 часот скокнале од тераса во скопски Карпош. Од Министерсрвото за внатрешни работи (МВР) потврдија дека двете лица починале на самото место, без детали за возраста на жената и детето. „Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, велат од МВР. Повеќе детали се очекуваат откако ќе заврши увидната постапка. Жена и нејзиното малолетно дете попладнево во 14.15 часот скокнале од ...

Иранската револуционерна гарда соопшти дека досега нападнале 500 американски и израелски локации. „Од почетокот на конфликтот, храбрите војници на иранските вооружени сили нападнаа 60 стратешки цели и 500 американски воени цели и цели на ционистичкиот режим“, се вели во соопштението на гардата. Таа додаде дека биле лансирани повеќе од 700 беспилотни летала и стотици ракети. Иранските власти ја сметаат ракетната програма за столб на ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет кажа дека САД не ја почнале војната во Иран, туку ја завршуваат, додавајќи дека тековната воена операција нема да прерасне во бесконечна војна. Тој збореше откако беше објавено дека четврти американски војник загинал од почетокот на војната во саботата. „Операцијата во Иран, што лично ја нареди Доналд Трамп, е најсмртоносната, најсложена и најпрецизна воздушна операција во историјата. Ние не ја ...

Владата треба да прогласи кризна состојба во Општина Струга, зашто недостигот на безбедна вода за пиење веќе не е краткорочен технички проблем, туку сериозна и продолжена криза која трае безмалку месец дена и директно го засега здравјето и основните услови за живот на граѓаните, смета струшкиот адвокат Глигорие Ќатоски. „Тоа би овозможило централизирана координација на сите надлежни институции, мобилизација на државни и приватни ресурси, итни ...

Петнаесет американски борбени авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако почнаа американско-израелските напади на Иран во саботата. Ова следува откако шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините бази да се користат за напади врз Иран, што Мадрид ги осуди. САД и Шпанија заеднички управуваат со двете бази, но тие остануваат под шпански суверенитет. Сајтот ...

Во мачна и тажна атмосфера, во Основниот суд Велес продолжи судењето за сообраќајката кај тунелот Катланово, на автопатот Скопје-Велес. Беа сослушани мајките на починатите Ангел Ников и Јованче Ангелов и сопругата на починатиот Димче Царев, како и четворицата тешко повредени патници, сите вработени во „Феромонт“, кои се враќале од работа од Скопје. Сведоците не можеа да ги сопрат емоциите и солзите, навраќајќи се на кобниот 16 октомври 2024. ...

Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, соопштија од Министерството за надворшени работи. Од таму велат дека се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. „Согласно податоците добиени од ...

Во Велешко е расте бројот на пријави за семејно насилство. Бројките од надлежните институции за 2025 се повисоки во однос на 2024 година. Во велешката полиција лани имало 93 пријавени случаи, 76 во 2024, а во 2023 биле евидентирани 59 пријави. Во Центарот за социјални работи (ЈУ МЦСР) Велес лани имале пријави за 86 случаи, во 2024 се 73, а во 2023 се 68. Податоците се однесуваат на општините Велес, Чашка и Градско. „Не расте бројот на случаи, ...

Американската војска потврди дека три американски борбени авиони биле соборени во Кувајт за време на операцијата „Епски бес“, но дека инцидентите се резултат на „пријателски оган“. Централната команда соопшти дека трите авиони „Ф-15Е“ биле погодени по грешка од кувајтската противвоздушна одбрана. „Сите шестмина членови на екипажите навреме се катапултирале, тие се на безбедно и во стабилна состојба. Причината за инцидентот се истражува“, ...

Одбранбениот штит на Грција ќе добие значајно засилување бидејќи Емануел Макрон планира да ја стави земјата под францускиот „нуклеарен чадор“, објави весникот „Катимерини“. Грција е една од осумте европски држави кои ќе бидат вклучени во планот, што Макрон треба да го објави денеска, при посетата на поморската база Ил Лонг, која е дом на четири француски нуклеарни подморници. Францускиот план е поддржан од другата европска нуклеарна сила ...

Македонските власти заборавија да ја одбележат 730-годишнината од изградбата на црквата „Света Богородица Перивлепта“, еден од најзначајните средновековни духовни и уметнички споменици во Охрид, за чија реставрација САД дадоа 650.000 долари. Изградена и живописана во 1295 година во стариот дел од Охрид, кај Горна Порта, „Перивлепта“ се смета за зачеток на Ренесансата на овие простори. Позната по својот извонреден фрескоживопис и архитектура, ...

Германија нема да учествува во американско-израелските напади на Иран, изјави министерот за одбрана Јохан Вадепул, додека Франција кажа дека е спремна да придонесе за одбраната на заливските земји. „Германската влада нема намера да учествува. Исто така, ние ги немаме потребните воени ресурси“, изјави Вандепул. За разлика од Велика Британија, Германија нема воени бази во регионот, но единици на германската војска се стационирани во Јордан и ...

Стотици летови беа откажани денеска, продолжувајќи го хаосот во глобалниот воздушен сообраќај предизвикан од војната на САД и Израел против Иран, при што веќе се заглавени стотици илјади патници. Доналд Трамп најави дека воената акција би можела да трае со недели. Главните аеродроми на Блиски Исток, вклучувајќи го и Дубаи, најпрометниот меѓународен центар во светот, се затворени трет ден по ред, во најголемиот шок за воздухопловството откако ...

Средните стручни училишта во Штип сè поинтензивно го прифаќаат концептот на дуално образование, прилагодувајќи се на современите образовни трендови и потребите на пазарот на трудот. Учењето преку пракса во соработка со бизнис секторот добива на значење, а во изминатите години училиштата редовно склучуваат и реализираат меморандуми за соработка со компании од регионот. Електро-машинскиот училишен центар „Коле Нехтенин“ во Штип од минатата ...

Општина Центар ќе прави анализа дали на пешачките патеки и улиците на нејзина територија пак да се постават билборди. Актуелниот договор со агенцијата „Медиа центар маркетинг“ истекува на 15 март. Согласно одредбите ,кога ќе заврши договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани, со оглед дека се нејзина сопственост. „По истекот на договорот ќе се отвори прашањето за идниот начин на постапување, имајќи предвид дека ...

Пожар и чад се забележани на просторот на американската амбасада во Кувајт по денешниот ирански напад врз малата блискоисточна држава. Од амбасадата не потврдија дека била погодена, но оттаму претходно ги предупредија американските граѓани да не доаѓаат и да побараат засолниште во затворено. Министерството за здравство на Кувајт објави дека во досегашните ирански одмазднички напади загинало едно лице, а 32 биле повредени. Двајца американски ...

Британското министерство за одбрана потврди дека британска воена база на Кипар била нападната со дрон, при што била предизвикана минимална штета и немало жртви. Истрагата е во тек за да се утврди од каде бил лансиран дронот. „Нашите вооружени сили реагираа на напад со беспилотно летало врз базата на Кралските воздухопловни сили Акротири на Кипар на полноќ. Базата реагираше за да ги одбрани нашите луѓе“, соопшти британското министерство за ...

Израел лансираше нови воздушни напади врз Техеран и ја прошири својот воена кампања на Либан, додека Доналд Трамп најави дека американско-израелските напади врз мети во Иран би можеле да траат со недели. Иран порача дека нема да преговара со САД откако се појавија извештаи дека Техеран планирал да ги обнови разговорите со Вашингтон. „Трамп е во заблуда и сега е загрижен за американските жртви“, изјави Али Ларџани, кој му беше советник на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва по одржување на седницата на Советот за безбедност кажа дека состојбата во државата е стабилна и безбедна. Седницата се одржа поради нападите на САД и Израел врз Иран во кои вчера беа убиени иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, и други високи функционери, а кои продолжија и денеска. Претседателката кажа дека оваа проценка е направена според информациите на Агенциите за разузнавање ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил на разговори за завршување на војната откако американските напади го убија Врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Во интервју за списанието „Атлантик“ денеска Трамп, кој го охрабри иранскиот народ да ја собори владата, рече дека раководството на Иран сака да разговара со него и оти тој се согласил. Иран воспостави нов Совет на водачи за да ја преземе контролата врз ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) спречи малолетник да изврши самоубиство. Како што соопштија од МВР, синоќа Секторот за компјутерски криминал при редовните активности за следење на дигиталниот простор детектирал објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од малолетник. „Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за ...

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, кој со семејството е заглавен на одмор во Дубаи поради нападите врз Иран од САД и Израел, рече дека ќе се врати со воен авион и сам ќе ги плати трошокот за летот. „Го оставам семејството во Дубаи. Ќе користам воен лет, плаќајќи тројно повеќе од цената, како што избрав“, објави Кросето на Икс. Според италијанските медиуми, Кросето ја преминал границата со Оман (каде што воздушниот простор е сè ...

Повеќе експлозии се слушнаа низ земјите од Персискиот Залив, а најмалку три лица загинаа во Обединетите Арапски Емирати (ОАР), додека Иран извршува напади како одмазда за нападите на САД и Израел во кои вчера беа убиени нивниот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, и други високи функционери. Експлозиите се слушнаа втор ден по ред денеска во Дубаи, ОАЕ; главниот град на Бахреин, Манама; и главниот град на Катар, Доха, зголемувајќи ги ...

Високи претставници на аеродромот во Минхен и германската авиокомпанија „Луфтханза“ се извинија за направените грешки поради кои стотици патници беа принудени да ја поминат ноќта во шест авиони заглавени на аеродромот поради лошото време. Истражувањата по инцидентот, кој се случи на 19 февруари, покажале дека десетици пожарникари, кои можеле да помогнат при симнувањето на патниците од авионите, се наоѓале во непосредна близина, но не биле ...

Тројца припадници на американската војска утринава се убиени во акција како дел од операцијата „Епски бес“, а уште петмина се „сериозно ранети“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на Икс. „Неколку други претрпеа помали повреди од шрапнели и потреси на мозокот – и се во процес на враќање на должност. Главните борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек“, сооптшти ЦЕНТКОМ. „Ситуацијата е флуидна, па од почит кон ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан рече дека новиот Совет на водачи „ја започнал својата работа“ по убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади. Пезешкијан го даде коментарот во претходно снимена порака емитувана на иранската државна телевизија. Советот е составен од актуелниот претседател на Иран, шефот на судството на земјата и член на Советот на чувари избран од Советот за целесообразност на ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ за нападите на САД и Израел врз Иран и ги повика двете страни да „ја запрат спиралата на насилство пред да стане непоправлива бездна“. Поглаварот на 1,4 милијарди католици ширум светот зборуваше за „трагедија од огромни размери“ на крајот од неговата неделна молитва во Ватикан пред десетици илјади луѓе на плоштадот „Свети Петар“. Во првата реакција на нападите папата, кој е ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка рече дека вакви проекти значат развој на економијата и враќање на иселениците дома. Обиколницата е во должина од 4,5 километри и е дел од Коридор 8. „Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји остро го критикуваше убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во нападите на САД и Израел врз Иран, во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров. „Безобразното убиство на лидерот на суверена држава и поттикнувањето на промена на режимот се неприфатливи“, го цитира Ји кинеската официјална новинска агенција Хсинхуа. „Овие дејствија го кршат меѓународното право и основните ...

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи е убиство и дека тоа ги прекршило сите норми на човечкиот морал и меѓународното право. „Ве молам прифатете го моето длабоко сочувство во врска со убиството на врховниот водач на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршено со цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
73%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
80%
1020
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.89
69%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
96%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
0.45
71%
1016
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1017
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
61%
1019
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
39%
1021
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1020
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Калај

50.51

Сребро

2345.35

Платина

62758.26

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

46007.72

Злато

148834.32

Алуминиум

3.58

Бакар

12.04

Рутениум

52984.43

Родиум

321507.47

Цинк

0.00