Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Володимир Зеленски ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа денеска, додека Трамп размислува дали да ја снабди Украина со проектили „томахавк“, со кои Украина би можела да напаѓа подлабоко во Русија. Нивната средба следува ден по телефонскиот разговор на Трамп со Владимир Путин, за кој кажа дека бил многу продуктивен и бил постигнат прогрес. Тие притоа договориле нова средба, што треба да се одржи во Будимпешта следната недела. „На Москва ѝ ...
Доналд Трамп кажа дека договорил нова средба со Владимир Путин за да разговараат за завршување на војната во Украина. Американскиот претседател утре ќе се сретне со Володимир Зеленски во Белата куќа. Трамп кажа дека средбата со Путин ќе се одржи во Будимпешта, а ја договориле во денешен двочасовен телефонски разговор, што го опиша како многу продуктивен. Кремљ ја потврди средбата, чиј датум засега не е утврден. Изненадувачкиот развој на ...
„Го прогласувам нусето Габриела за умрено“, напиша кандидатот за советник Љупчо Петровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на Фејсбук за кандидатката за градоначалничка Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“. Коментарот го напиша на фејсбук профилот на градоначалникот Тони Коњановски од истата партија, под објава на која Коњановски ги повикува граѓаните да проследат ТВ дебата со кандидатите за градоначалници. Откако реагираа ...
Политички активисти од СДСМ денеска напладне биле нападнати од политички противници на Движењето ЗНАМ во кумановската населба Средорек. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека кај нив било пријавено оти активисти на една партија нападнале активисти од друга партија, додека делеле изборен материјал. „Денеска околу 11:40 часот, А. К. (32) и И. С. (33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле ...
Грчкиот парламент го одобри спорниот закон за труд кој дозволува 13-часовен работен ден, и покрај жестокото противење и националните штрајкови. Владата изјави дека ќе ги модернизира грчките закони за труд, но портпаролот на левичарската опозициска партија Сириза го опиша законот како монструозен. Според новиот закон, годишната прекувремена работа се ограничува на 150 часа, а стандардната 40-часовна работна недела останува во сила. Владата ...
Главната расправа за катастрофалниот пожар во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 63 главно млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени, почнува на 19 ноември, во судницата во Казнено-поправната установа (КПУ) „Идризово“, соопшти Кривичниот суд. Обвинителниот акт беше поднесен на втори јули, а Судот на 3 октомври соопшти дека е во целост одобрен. Оценката на обвинителниот акт траеше подолго од истрагата, што е преседан во ...
Жителите на населените места Велмеј, Брежани и Лешани во Општина Дебарца веќе 10 дена се без сигнал за мобилна телефонија и интернет од двата оператори, А1 и Телеком, а претплатниците на Телеком немаат ниту телевизиски сигнал. На 6 октомври дошло до неколкукратен прекин на електрична енергиј, по што настанал проблемот во овие села со главно стари и изнемоштени жители. Жителите велат дека иако е реагирано до операторите А1, Телеком, компанијата ...
Полицијата во опрема за разбивање нереди се судри со лекарскиот персонал од државна болница во Атина при посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Полицајците фрлија солзавец и употребија палки и штитови за да ги потиснат лекарите од универзитетската клиника „Атикон“, кои бараа да се сретнат со Мицотакис, објавија грчките медиуми. Здравствените работници протестираа поради недостиг на кадар, ниски плати и лоши услови за работа. Придружуван ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побара помош од Европската Унија за пронаоѓање на „креативно решение“ со кое би се деблокирал патот на Македонија кон членство. Според денешното соопштение од нејзиниот кабинет, Сиљановска-Давкова изразила очекување Унијата да помогне во изнаоѓање на излезно решение, бидејќи, како што кажала, прифаќањето на земјите од ...
Судијката Сашка Трајковска од Основниот граѓански суд Скопје по поднесената тужба од тројцата директори на М-НАВ со Предлог за забрана за организирање на штрајк, денеска го забрани најавениот штрајк за 20 октомври (понеделник), од страна на Синдикатот на контролори на летање. Во решението судијката Трајковска се повикува на „Тужба со барање за времена мерка – забрана за штрајк“, а тужбата од Управниот одбор на М-НАВ е само „Предлог за забрана за ...
Нискобуџетната холандско-француска компанија „Трансавиа“ од ноември ги укинува летовите меѓу Амстердам и Скопје. Последниот лет е закажан за 26 октомври. Летот на „Трансавиа“ од Скопје до Амстердам беше воведен од 2 март година. Компанијата не користеше субвенции од македонскиот државен буџет. Летот нема да биде обновен ниту со идниот летен ред на летање што почнува на крајот на март 2026. „‘Трансавија‘ нема да ја оперира линијата ...
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, доби јавна морална осуда од Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора. Министерот за здравство Азир Алиу на 10 октомври го разреши д-р Кузмановски, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое Кузмановски во домашна атмосфера меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице. Вчера, Државниот ...
Француската влада ги преживеа двете гласања за доверба во парламентот, што беа поднесени од левицата и десницата откако претседателот Емануел Макрон го врати Себастијан Лекорну на премиерската функција минатиот викенд. Првото гласање беше понеизвесно откако Лекорну се спаси за само 18 гласови, додека во второто гласање, побарано од крајната десница, разликата беше дури 145 гласови. Лекорну направи голема отстапка во пресрет на гласањето и ги ...
Обвинителката Ленче Ристоска, која е и македонска обвинителка во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичната правда (Еуроџаст / Европравда), дека се чувствува притисната, загрозена и нападната како обвинителка по соопштението од владејчката ВМРО-ДПМНЕ од 14 октовмри, во кое ѝ се заканува со „крај“ за неа, ја нарекува земачка на бонуси и соработничка со криминалци. Ристоска потсетува дека секојдневното навредување од највисоките ...
Во Драмскиот театар во Скопје, на 18 октомври премиерно ќе се изведе претставата на „Куршуми над Бродвеј“, работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, во режија на Ненад Витанов. Режисерот на денешната прес-конференција рече дека во текстот не е интервенирано ништо, како и дека костимите се автентични. „Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, ...
Во земјава се укинати клучни тестирања во програмите за мајки и деца, како на пример, за прееклампсија (состојба со висок притисок) во бременост, за слух кај новороденчиња, а намалени се средствата за медикаментозен абортус, заклучено е на форумот „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“, кој се одржа вчера со граѓански организации и институции од здравствениот сектор. Според извештаите, услугите за најранливите се недоволно ...
Денеска во Скопје беше погребан Владимир Блажев-Панчо од дуото „ДНК“ кој почина на 14 октомври, по компликации ОД повредите добиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Блажев седум месеци беше на лекување во приватна скопска болница. Според информациите од неговите блиски, состојбата му се влошила во последните неколку недели, кога почнале да му откажуваат органите. Тој соработуваше и снимаше дуети со повеќе домашни пејачи кои ...
Половина метар е најдолгото испечатен гласачко ливче за престојните Локални избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Поради бројноста на ливчињата за избор на градоначалници и советници и нивната должина вон стандард, ова беше една од најсложените постапки за печатење на избирачки материјал досега. Покрај партиските, на овие Локалните избори ќе има и 69 кандидати за градоначалници и 68 листи за советници од независните иницијативи. Утрово, со ...
Хамас кажа дека ги предал останките на сите израелски заложници до кои можел да стигне, а за наоѓање на останатите ќе биде потребна специјализирана опрема за барање по урнатините на Газа. Израел се закани дека ќе ги обнови борбите ако Хамас не го испочитува договорот да ги врати сите 28 тела. Уште две тела беа вратени вчера, со што Хамас досега предаде само девет тела, плус уште едно за кое се утврди дека не припаѓа на ниеден од заложниците. ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје кажа дека земјава мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кој Европската унија (ЕУ). Фон дер Лајен е во посета на земјава во рамките на нејзината балканска турнеја. „Целосно ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето ...
Вчера на Македонската радио телевизија не се емитуваа централниот ТВ-дневник и друга програма поради технички проблем. Од МТВ кусо ни рекоа дека имаат технички проблем кој сѐ уште го решаваат и се надеваат оти наскоро програмската содржина ќе се врати според планот. Во моментов, на МТВ се емитуваат вести само со тон, без слика. На веб-страницата на МРТВ можат да се погледнат сите снимени емисии. Програмскиот директор Драган Николовски не ...
Доналд Трамп изјави дека Индија се согласила да престане да купува руска нафта, додека САД се обидуваат да извршат економски притисок врз Кремљ и да го натераат на преговори со Украина. Трамп кажа дека добил уверувања од индискиот претседател Нарендра Моди дека неговата земја ќе престане да купува руска нафта за брзо време, опишувајќи го тоа како голем чекор. „Индија не може веднаш да запре со испораките, тоа ќе биде процес, но процес што брзо ...
Доналд Трамп објави дека ѝ дозволил на ЦИА да спроведуваат тајни операции во Венецуела, предизвикувајќи осуда од јужноамериканските лидери. Американските сили досега имаат извршено најмалку пет напади врз пловила кои наводно превезувале дрога во Карибите, при што загинале 27 луѓе. Зборувајќи во Белата куќа, Трамп кажа дека САД би можеле да делуваат и на копното и размислуваат за нови напади врз наркокартели во регионот. Николас Мадуро, чија ...
Поради изградба на објект во Струга, оштетен е ѕид и кровот на куќата-музеј на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна, која е споменик заштитен како културно наследство. Од Министерството за култура и туризам велат дека се во координација со надлежните институции за преземање соодветни мерки. Јавното обвинителство во Струга и струшката полиција денеска беа на терен за да ја утврдат одговорноста на приватниот грдежник кој ги ...
Финската авиокомпанија „Финер“ откажа летови за илјадници патници откако откри дека можеби ги прекршила прописите за противпожарна безбедност така што ги чистела седиштата во авионите со вода. „Финер“ откажа околу 40 летови во изминатите два дена, што влијаеше на околу 5.000 патници, изјави портпарол на авиокомпанијата за „Бизнис инсајдер“. Финскиот национален авиопревозник привремено приземји осум од своите 15 авиони „ербас А321“ откако ...
Последната деценија во Македонија се регистрирани просечно околу 6.000 болнички случаи годишно поврзани со ментални и бихевиорални растројства, според класификацијата на Светската здравствена организација (СЗО) (ИЦД-10), се вели во Извештајот за ментални растројства во Македонија (2014–2023) подготвен од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најчести дијагнози се шизофренијата и сродните растројства (26,9%), како и растројствата предизвикани од ...
Апелационион суд ги прогласи за виновни гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица за смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години. За една седмица делото застарува. Обвинети се за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето и изречена им е затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело. Предметот сега е пред Врховен суд, по изјавена жалба од ...
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски ќе плати парична казна (глоба во износ од 500 до 1.000 евра), бидејќи како здравствен работник работел без важечка лиценца за работа, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Министерот за здравство Азир Алиу на 10 октомври го разреши д-р Кузмановски, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое Кузмановски во домашна атмосфера меша бела ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата најзадолжена во Западен Балкан, со јавен долг кој Светската банка предвидува дека ќе достигне 62,9% од БДП, кажа денеска претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Тој на прес-конференција рече и дека имаме историски најниска реализација на капиталните инвестиции, кои до крајот на септември изнесуваат 43,78%. „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 ...
Володимир Зеленски назначи нов градоначалник на Одеса, откако на неговиот претходник Генадиј Труханов му беше одземено украинското државјанство, што доведе до негово автоматско разрешување. Серхиј Лисак, кој досега беше гувернер на регионот Днипро, беше назначен ден по смената на Труханов, кого Украинската безбедносна служба го обвини дека поседува руско државјанство. Труханов го негираше ова и кажа дека ќе ја бара правдата на суд. Лисак ќе ја ...