Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, се сретна со претставници на Сојузот на борци од НОАВМ, и рече дека аманетот од народноослободителната борба не е целосно исполнет и дека борбата за подобро општество мора да продолжи. На средбата, на која присуствуваа директни потомци на народни херои и првоборци, Филипче кажа и дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на ...

Летонија им нареди на 841 руски државјани да ја напуштат земјата најдоцна до 13 октомври, откако не успеале да докажат познавање на летонскиот јазик и да ги поминат задолжителните безбедносни проверки. Оваа мерка доаѓа како резултат на заострените имиграциски закони во балтичката земја, воведени по целосната руска инвазија на Украина. По инвазијата во 2022, Летонија го измени Законот за имиграција, а дополнително го заостри во 2024 година, со ...

Патниците кои од утре ќе пристигнуваат во Европската Унија од земји што не се членки, вклучително и од Македонија, треба да се подготват за подолги чекања поради стапувањето во сила на новиот автоматизиран Систем за влез/излез (ЕЕС). Овој систем ќе го замени досегашното рачно печатирање на пасошите. Новата процедура предвидува државјаните на трети земји да застанат пред службеник за пасошка контрола или да користат киосци за самопослужување на ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе разговара со комесарот Оливер Вархеjи во врска со обвинувањата за унгарска шпионажа, но ја отфрли можноста за негова суспензија во оваа фаза. Европската комисија во четвртокот соопшти дека ќе ги испита извештаите во кои се тврди дека владата на премиерот Виктор Орбан распоредила разузнавачи во Брисел за да собираат информации за институциите на ЕУ и да регрутираат функционер на ...

На Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, кој заедно со фирмата е осомничен за злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“, му е изречена мерка притвор од 30 дена. По жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство во Битола, преиначена е одлуката на судијата на претходна постапка кој вчера му одреди само куќен притвор. „Кривичниот совет на Основен суд Битола, одлучувајќи по жалбата на основниот јавен обвинител, истата ја уважи ...

19 лица се водат како исчезнати по огромна експлозија што во петокот целосно уништи фабрика за производство на воен експлозив во Бакснорт, Тенеси, САД. Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, потврди дека неколку лица загинале, а четири до петмина се пренесени во болница. „Нема зборови со кои може да се опише, фабриката ја нема“, изјави шерифот Дејвис на прес-конференција. Фабриката, лоцирана на околу 90 километри југозападно од Нешвил, е во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека од следниот месец ќе воведе дополнителни царини од 100% за увоз на стоки од Кина, обвинувајќи го Пекинг за „многу непријателски“ потези за ограничување на извозот на ретки метали неопходни за американската индустрија. По неговата објава, берзите на Волстрит забележаа остар пад поради стравувањата од нова трговска војна меѓу двете најголеми светски економии. Односите меѓу Вашингтон и Пекинг се ...

Разрешен е директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски, соопшти Министерството за здравство. На социјалнитe мрежи вечерва се појави видео со Кузмановски, во домашна атмосфера, каде меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице. „Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спид и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го ...

На Универзитетскиот институт за радиологија во Скопје и по два месеца на пациентите не им се готови резултатите од магнетна резонанца на мозок, а доцнат извештаите и од снимањата на другите апарати. „Доаѓам петти пат, сопругот има рак на мозокот, трет стадиум“, моли граѓанка на шалтерот на Радиологија. „Детево се снимаше на 25 август. На 15 октомври му е терминот за преглед на Неврологија. Со што да оди, кога тој го прати на снимање? Со празни ...

Илјадници раселени Палестинци пешачат низ руините на Газа за да се вратат во своите напуштени и уништени домови, откако стапи во сила прекинот на огнот, а израелските трупи почнаа да се повлекуваат според договорот за завршување на војната. Огромна колона луѓе се движи кон север по крајбрежниот пат кон градот Газа, најголемата урбана област во енклавата, која пред само неколку дена беше мета на една од најголемите израелски офанзиви во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Шпанија да биде исфрлена од НАТО кога се сретна со својот фински колега Александер Стуб во Белата куќа. Средбата, која требаше да биде вовед во купувањето американски бродови за кршење мраз од страна на Финска, доведе до дискусија за НАТО, при што Трамп се обиде повторно да го разгори својот повеќемесечен спор со Шпанија поради несогласувањата околу трошоците за одбрана. Трамп долго време е во ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение дека во земјава извршил кривично дело Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Обвинителството, осомничениот во периодот од јули 2024 до 9 октомври 2025 година во Скопје во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека дека не го врати неговиот наводен долг кон ...

Mладите денес повеќе се грижат за своето ментално здравје отколку во минатото, рече директорката на Клиниката за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје. „Имаме сѐ повеќе луѓе кои бараат помош, психијатриско-психолошка помош, и тука не се исклучени младите. Младите веќе се поосвестени во однос на своето ментално здравје и знаат да препознаат кога не им е добро или кога се наоѓаат само во ...

Докторот Зекирија Шаини, носител на советничката листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Општина Липково на претстојните Локални избори, во кого беше пукано на 7 октомври во Куманово, денеска рече дека се неосновани и невистините тврдењата оти зад случајот стои неговата сопруга Арјета Адили и побара од истражните органи итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот. Ден по пукањето, МВР соошти ...

Белата куќа ја критикуваше одлуката на Нобеловиот комитет да ѝ ја додели Нобеловата награда за мир на венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо, а не на американскиот претседател Доналд Трамп. „Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да завршува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никогаш нема да има некој како него што може да поместува планини со чистата сила на својата волја. Нобеловиот ...

Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска од 16 октомври ќе почне да се прикажува во сите кина низ Македонија. „Мајка“, инспириран од животот на Мјака Тереза, е прв филм на Митевска на англиски јазик, по сценарио нејзино и на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ. Филмот, кој имаше светска премиера на Венецискиот филмски фестивал, на отворањето на програмата Хоризонти, е за седум дена од животот на Мајка Тереза во 1948 во Индија, со сите ...

Од јануари досега, извршени се трансплантации на бубрези кај шест пациенти од починат дарител, две трансплантации на црн дроб од починат дарител, како и експлантации на коски и лигаменти, соопшти Министерството за здравство, во чест на Европскиот викенд на органодонорство. Изминатиот период, седум доктори хирурзи и специјалист-нефролог биле упатени на обука во Турција за трансплантација на бубрези. Во сегментот на трансплантација на црн дроб, ...

Во Детското одделение при Општа болница во Охрид повторно е воведена трета смена. Поради недостиг на лекари-педијатри, таму скоро четири години се вршеа само прегледи и се даваше инфузиона терапија, но не и хоспитализација оти немаше дежурства во ноќните часови, па болните деца се носеа во Струга. Сега, за еден месец се направени 500 прегледи, а во текот на септември се хоспитализирани 20 деца. Одделот за лекување деца ќе се доекипира по ...

Израелската војска објави дека прекинот на огнот во Газа стапи во сила откако таа почна да се повлекува на претходно договорената линија. „Нашите војници почнаа да се позиционираат на ажурираните линии за распоредување од пладне по локално време. Војниците на Израелските одбранбени сили се распоредени во областа и ќе продолжат да отстрануваат каква било непосредна закана“, соопшти ИДФ. Израелската војска сега контролира 53% од Појасот Газа, но ...

Опозициската политичарка од Венецуела, Марија Корина Мачадо, ја доби Нобеловата награда за мир. Норвешкиот Нобелов комитет ја истакна некогашната претседателска кандидатка на опозицијата како „клучна, обединувачка фигура во политичката опозиција која некогаш беше длабоко поделена, опозиција која најде заедничка основа во барањето слободни избори и претставничка влада“. „Во изминатата година, Мачадо беше принудена да живее во тајност. И покрај ...

Франција е земјата од која досега имало најмногу филмови, 29, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. По неа е Германија со 27, САД со 25, Русија со 23, Кина со 15. Ова се само дел од анализите и податоци содржани во интерактивната карта што за фестивалот ја изработија ученичките Јована Василевска и Миа Мицевска од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола под менторство на наставничката по географија ...

Владимир Путин изјави дека руската противвоздушна одбрана го соборила азербејџанскиот патнички авион во декември минатата година, што е првпат Русија да ја преземе одговорноста за инцидентот во кој загинаа 38 луѓе. Путин кажа дека проектил испукан од Русија кон украински дрон експлодирал близу авионот на „Азербејџан ерлајнс“ кој летал од Баку и бил пред слетување во Грозни, главниот град на Чеченија. На средбата со азербејџанскиот претседател ...

Студиото за јазици „Каста дива“ од Скопје доби Плакета на честа од кралот на Шпанија, од Редот за граѓански заслуги, за извонредниот труд вложен во наставата на шпански јазик во Македонија. Плакетата на приемот во Шпанската амбасада ја примија професорите по шпански јазик, Јасмина Никуљска, сопственичка на студиото, и директорот на студиото Ненад Велковски, а им ја додели шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортис. Во име на шпанскиот крал, ...

Во пресрет на Локалните избори, аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола на социјалните мрежи објави духовит повик до сите кандидати за градоначалници и советници, да не зборуваат само за височини, туку и да ги почувствуваат. Од клубот ги повикаа кндидатите да се приклучат на утрешната прослава за 100 години авијација во градот, која ќе се одржи на спортскиот аеродром Логоварди, но не на дебата, туку на лет. „Да видиме кој има визија од една ...

Израелската влада ноќеска после полноќ го потврди прекинот на огнот со Хамас, со што се создадоа услови за завршување на борбите во Газа во рок од 24 часа и за ослободување на заложниците. Владата на Бенјамин Нетанјаху ја одобри првата фаза од мировниот план на Доналд Трамп 24 часа откако тој беше објавен од посредниците и таа предвидува ослободување на сите заложници во замена за стотици палестински затвореници и постепено повлекување на ...

Основниот суд од Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за определување мерка притвор за двајцата од осумте осомничени во новата истрага поврзана со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“. Судот наместо тоа определи куќен притвор. Станува збор за еден од раководителите на ПЕ Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во ...

Две лица се уапсени по тепачка која вечерва се случила меѓу гости во познат ресторан во населбата Капиштец во ценарот на Скопје. На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вечерва имаше неколку полициски возила. Од МВР велат дека вечерва во 20 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов. „По интервенцијата на полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода ...

Помалку од 24 часа откако Европскиот парламент забрани храната со растителна основа да користи „месни“ имиња како бургер, колбас или стек, во неговата менза во Стразбур се служеше вегански бургер како опција за здрав ручек. Забраната е вклучена во поширока реформа на земјоделските правила на ЕУ. Додека поддржувачите го претставија ова како победа за транспарентност и признание за сточарите, невладините организации го оценија како глупаво и удар ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК „Битола“. Од Обвинителството соопштија дека со предистражните дејствија кои ги преземаше Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени, службени лица во РЕК „Битола“, ...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркај е годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература за „неговиот неодолив и визионерски опус“. Неколку негови дела добија филмска адаптација во режија на унгарскиот режисер Бела Тар. Седумдесет и едногодишниот Краснахоркај има добиено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја Букеровата за 2025 година. Краснахоркај има објавено девет романи во периодот од 1985 до 2024 година и неговите филозофски ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
71%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
5.09
79%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
57%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
58%
1021
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
54%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1021
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
96%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.58084

Бакар

10.84

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Паладиум

46650.73

Сребро

2008.67

Рутениум

29192.88

Цинк

3.26

Калај

40.84

Злато

135736.19

Иридиум

145787.60

Никел

467712.99

Платина

53749.14