
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



САД и Кина денеска соопштија дека договориле намалување на реципрочните царини засега, бидејќи двете најголеми светски економии се обидуваат да стават крај на трговската војна што ја наруши глобалната перспектива и ги загрози финансиските пазари. Говорејќи по разговорите со кинеските претставници во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека двете страни се договориле за 90-дневна пауза на мерките и дека царините ќе се ...
Милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК), која е во крвав конфликт со турската држава повеќе од четири децении, одлучи да се распушти и да ја прекине својата вооружена борба, објави во денеска новинска агенција блиска до групата. Одлуката на ПКК треба да има далекусежни политички и безбедносни последици за регионот, меѓу кои и во соседен Ирак и во Сирија, каде курдските сили се сојузници со американските сили. Повеќе од 40.000 ...
Му посакувам сѐ најдобро на Арбен Таравари, ќе го поканам на кафе во Владата и ќе сумираме што сѐ е направено досега, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски и со тоа потврди дека министерот за здравство, кој е од Алијанса за Албанците, излегува од Владата. На новинарско прашање по посетата на градинка во скопската општина Гази Баба, за преговорите на Таравари со Али Ахмети во врска со претстојните локални избори, Мицкоски рече: „Јас забележав ...
Преживеаната од холокаустот Маргот Фридлендер, една од последните живи еврејски преживеани од нацистичките концентрациони логори, почина на 103 години, објави Фондацијата „Маргот Фридлендер“. Фридлендер, која е родена во Берлин во 1921, се криела во градот и на крајот била испратена во концентрациониот логор Териезенштад во 1944 година, во тогашна Чехословачка. Нејзиниот татко, мајка и брат биле убиени во Аушвиц. Таа и нејзиниот сопруг, кого го ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне „лично“ со рускиот претседател Владимир Путин на 15 мај во Истанбул на разговори за завршување на војната. Неговата објава следеше веднаш откако Доналд Трамп побара од Украина да се согласи со понудата на Путин за директни разговори меѓу двете земји во Турција. „Нема смисла да се оддолжуваат убиствата. И јас ќе го чекам Путин в четврток во Турција. Лично“, напиша ...
„Премиерот Мицкоски во последно време беше и е под голем притисок поради неколку работи и жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на овие ‘уверувања’. Единствената вистина е дека ние како партија одлучивме да излеземе со посебни листи на советници на локалните избори“, рече денеска лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, откако премиерот денеска потврди дека Алијанса излегува од Владата. Мицкоски рече дека ...
Претседателот на САД Доналд Трамп, наводно, ќе прифати луксузен џамбо-џет „боинг 747-8“ како подарок од кралското семејство на Катар за време на неговата посета на Блискиот Исток оваа недела, а американските власти би можеле да го претворат авионот во потенцијален претседателски авион. „Еј-Би-Си њуз“ објави дека Трамп ќе го користи авионот како нова верзија на претседателскиот авион „ер форс 1“ до непосредно пред да ја напушти функцијата во ...
Над 650 овоштари пријавиле оштетување на родот во Градско и Росоман до надлежните комисии, Најмногу, 570 пријави, до Општинската комисија за штети од пролетни ниски утрински температури стигнале од Општина Росоман. Во Општина Градско 77 овоштари пријавиле насади кои се уништени до мразот. Пролетните мразови го уништија родот на овошките кои беа во фаза на цветање. Бројките покажуваат дека најголемиот одгледувач на праски и кајсии во земјава, ...
Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектура, со проектот „Страда бруталисима“ е вброен меѓу десетте најдобри павилјони и павилјони кои не смеат да се пропуштат на годинешната 19. меѓународна изложба, во списанието „Артрибуне“, соопшти Националната галерија на Македонија (НГМ), кој е носител на проектот. Станува збор за онлајн списание, кое има и бесплатна печатена верзија во 55 илјади примероци. Списанието е од областа на ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја изрази подготвеноста на Анкара да биде домаќин на разговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска турското претседателство на X. Путин претходно повика на „директни разговори“ со Украина на 15 мај во Истанбул, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев е „подготвен да се сретне“ и очекува Москва да ...
Премирот Христијан Мицкоски рече дека ја прифаќа поканата на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ и дека ќе оди кај нив во Кочани. Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, од кои 6 малолетници, а 193 беа повредени, од кои 25 деца. Вчера, пред протестниот марш во Кочани, родителите преку соопштение до медиумите кажаа дека ја одбиле поканата од Кабинетот на премиерот Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Причината за ...
Жените во Македонија сакаат да зборуваат за менопауза, односно престанокот на менструацијата, и да добијат помош, ама не знаат каде да се обратат, покажа истражувањето на Здружението Новинари за човекови права. Наташа Доковска, програмска директорка на Здружението, вели дека спровеле онлајн истражување во 2022 со 230 жени за овој процес на природно стареење кај жената. Од 230 жени, нешто помалку од 20 одговориле дека посетиле специјалист за ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на праведен и траен мир во Украина и итен прекин на огнот во Газа со ослободување на заложниците и доставување хуманитарна помош, во неговиот прв благослов како понтиф денеска напладне. „Никогаш повеќе војна!“ рече Лав од чардакот на базиликата „Свети Петар“. Потсетувајќи на крајот на Втората светска војна пред 80 години, Лав го цитираше папата Фрањо во осудувањето на бројот конфликти што ја пустошат светот ...
Во здравствените установи во земјава сѐ помал е бројот на медицински сестри и акушерки, и тие ја повикаа државата да стори сѐ, ваквата состојба да се промени на подобро. Овие здравствени работници апелираа да се внимава, со ваков одлив на кадар да не останат здравствените установи и пациентите без нив. Централната прослава на Неделата на сестринството (5 -12 мај) се одржа во Велес. „Сѐ помалку сме на број, од ден на ден на работните места. Секој ...
Со години нема промена во квалитетот на водата за пиење од природните и селски чешми и селските водоводи во Велешко каде населението најчесто пие неисправна вода, според редовниот годишен извештај на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. Над 40.000 жители на Велес немаат никаков проблем со водата за пиење од градскиот водовод во надлежност на ЈКП „Дервен“. Центарот за јавно здравје Велес, согласно законската регулатива, врши редовна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да се сретне со Русија за разговори за прекин на огнот. Без да одговори директно на поканата на рускиот претседтел Владимир Путин за директни разговори во Истанбул на 15 мај, тој рече: „Позитивен знак е дека Русите конечно почнаа да размислуваат за завршување на војната“. „Целиот свет го чека ова многу долго. И првиот чекор во вистинскиот крај на секоја војна е прекин на ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи директни разговори со Украина на 15 мај во Турција кои, според него, треба да бидат насочени кон постигнување траен мир, иницијатива која ја поздрави американскиот претседател Доналд Трамп. Путин испрати илјадници војници во Украина во февруари 2022, покренувајќи војна во која загинаа стотици илјади војници и ја предизвика најтешката конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна ...
Цела публика беше на нозе кога Влатко Стефановски ја свиреше „Јовано, Јованке“, една од гитарските преработки на македонска народна песна кои ја одбележаа неговата кариера. Легендарниот гитарист со фантастичен концерт сношти во Филхармонијата прослави 50-годишен јубилеј, а одржа уште еден, ден претходно. „Ако во последниве 50 години не сум го броел ова, како да не сум броел ништо, а се брои вака“, рече Стефановски пред неговото карактеристично ...
„Инспекторите спиеле, нашите деца не се разбудија“, беше една од паролите на денешниот протест во Кочани на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. На денешниот петти по ред протест, по оној на 29 април во Скопје, родителите и роднините се движеа од Паркот на револуцијата, кон Општина Кочани, Полицијата и Обвинителството и Основниот кривичен суд во Кочани. Денеска родителите маршираа, а протестот заврши без ...
1 Нека извини Шведска, нека извини Норвешка, а богами и Данска, ама премиерот Христијан Мицкоски вели дека „покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба“. Мицкоски вели: „Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите и ...
Католицизмот ретко бил поистакнат во американската политика од сега, бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп отворено ги прифаќа советниците и официјалните лица кои гордо велат дека верата ги обликувала нивните ставови. Но, секоја радост за новиот папа на американската десница чие мото е „Да ја направиме Америка повторно велика“ (МАГА) оваа недела брзо исчезна, бидејќи клучните гласови од движењето МАГА на Доналд Трамп дојдоа до ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара притвор за 35-годишен турски државјанин осомничен за обид за убиство турски државјанин во Скопје. ОЈО соопшти дека донесе Наредба за спроведување истражна постапка оти постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. „Ноќеска по полноќ на улицата Метрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, ...
Македонија се приклучи кон иницијативата ЕУ и партнерските држави за формирање на специјален меѓународен трибунал кој ќе ги гони високите руски функционери за злосторства во војната против Украина. Иницијативата беше одобрена од ЕУ и сојузниците, а според заедничката декларација на повеќе од 30 дипломати кои вчера се состанаа во Лавов, Украина, панелот на судии ќе биде со седиште во Хаг и ќе ги повика на одговорност највисоките претставници на ...
Дваесет и четири дела од Мена Спировска (1928-2011), првата македонска академски образована сликарка, на 13 мај ќе се изложат во Културно информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Загреб (19 часот). Изложбата е насловена „Визуелна фасцинација со Загреб“, а е иницијатива на Музејот за уметности и занаети од Загреб во соработка со македонскиот КИЦ во Хрватска. Изложбата е во рамки на одбележувањето на 145-годишнината на загрепскиот музеј. „Како ...
Над 80 полициски службеници од Македонија и од десетина национални секции на Меѓународната полициска асоцијација (ИПА) од регионот, денеска во Штип на годишна конференција ги договараа наредните активности за сузбивање на криминалот и тероризмот, како и за поголема регионална безбедност. Во ИПА, формирана во 1950, членуваат 69 држави, а здружението во Македонија е формирано во 2011. На конференцијата беше речено дека ИПА разгледува 43 нови ...
Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе престанат со сите воени дејствија на копно, воздух и море“ од 17:00 часот по локално време. Претседателот на САД Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал рече дека прекинот на огнот е резултат на „долга ноќ на разговори со посредство на ...
Вселенско летало од советската ера денеска падна на Земјата, повеќе од половина век по неговото неуспешно лансирање до Венера. Телото за вселенски надзор и следење на Европската унија го потврди ненеконтролирано повторно влегување во орбитата. Канцеларијата за вселенски отпад на Европската вселенска агенција, исто така, посочи дека леталото повторно влегло во орбитата. Не беше веднаш познато каде влегло леталото или колкав дел, ако воопшто, од ...
Родителите на децата со попречености бараат да добијат статус на родител-негувател со законски измени идентично како и згрижувачите на лица со попречености. На иницијатива на Здружението на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, тие покренаа онлјан петиција, а во наредниот период ќе разговарат и со пратениците за да се донесат законски измени, бидејќи како биолошки родители за да ги негуваат своите деца мора да се откажат од работа. „Во ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ja предупреди Русија за време на денената посета на Киев, заканувајќи се со последици ако Москва одбие да се согласи на прекин на огнот во војната во Украина. „Праведен и траен мир започнува со целосен и безусловен прекин на огнот“, напиша Макрон на X. „Ако Москва продолжи да опструира, ние ќе го засилиме притисокот – заедно, како Европејци и во тесна координација со САД“. Макрон истакна дека Украина веќе ...
Завод и Музеј Штип овој месец ќе отвори изложба со над 60 експонати на појасен накит главно од женската носија изработуван во 19. и 20. век. Изложбата е дел од годишната програма на Музејот. Музејскиот етнолог Бети Иванова, која работи на подготвувањето на изложбата, вели дека во нивните депоа грижливо се чува богатиот појасен накит кој потекнува од Овчеполскиот, но има предмети и од Штипскиот и Кочанскиот Регион и сосема мал дел од останатите ...