Осум луѓе загинаа откако бомбардер на американските воздухопловни сили „Б-52“ се урна набргу по полетувањето од воената база „Едвардс“ во јужна Калифорнија. Меѓу загинатите се и двајца вработени во „Боинг“, потврди компанијата. Несреќата се случи додека авионот бил на рутински пробен лет. Полковникот Џејмс Хејс изјави дека екипажот бил мешавина од воени лица, владини цивили и владини изведувачи. „Несреќата се случи во рамките на базата, која ...

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран е општ документ кој содржи само една и пол страница. Тој додаде дека Доналд Трамп би можел да го објави пред петок, кога треба да се одржи негово официјално потпишување во Женева. Деталите од договорот засега не се објавени јавно, освен што беше кажано дека Иран повторно ќе го отвори Ормускиот Теснец в петок, а Трамп ќе ја укине поморската блокада ...

Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс и спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф по електронски пат го потпишале меморандумот за разбирање, а церемонијата на официјално потпишување ќе се одржи в петок во Женева, кажаа од Белата куќа. Тој чин ќе го означи почетокот на 60-дневен период, во кој двете страни ќе преговараат за конечен мировен договор. Еден американски функционер изјави дека деталите од меморандумот ќе бидат објавени јавно во ...

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, кажа дека Оман и Иран ќе преземат неопходни мерки за да обезбедат безбеден премин на бродовите низ Ормускиот Теснец откако САД и Иран постигнаа првичен договор за крај на војната. Тој рече дека ова ќе се спроведе во консултација со други засегнати страни. „САД се обврзаа да преземат мерки за обнова на Иран по штетите претрпени за време на војната и за укинување на ...

Опозициите на Украина и Молдавија не ја кочат владата и не работат за интересите на други држави, кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за денешниот старт на преговорите со Европската Унија на двете земји, а процесот на Македонија уште е закочен поради вето на Бугарија. Украина и Молдавија денеска ги почнаа преговорите за пристапување кон Европската Унија откако Унгарија, по промената на власта и доаѓањето за ...

Од полноќ се зголемуваат цените на бензините и дизел горивото. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е зголемена за 1,5 денари и ќе биде 87,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е зголемена за 2 денари и ќе биде 90 денари. Зголемување од половина денар има кај дизен гориво и цената од полноќ ќе биде 87,50 денари. „Во оваа пресметка Регулатроната ...

СВР Тетово соопшти дека вчера била приведена 42-годишна жена од Прилеп која го тепала своето тримесечно бебе и го удирала од асфалт. За среќа, веднаш интервенирале луѓето кои таму се затекле и ѝ го одзеле бебето, а случајот го пријавиле во тетовската полиција. Таа била приведена, а приведен бил и мажот со кого таа живеела во вонбрачна врска. „На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода В. М. ...

Од 16 јуни во „Штип Сити мол“ во Штип почнува караванот за вработување на „Лидл Северна Македонија“, како дел од кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“. Караванот ќе помнине во шест градови во Македонија, преку кој ќе ги претстави можностите за кариера во компанијата. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни места во логистичкиот центар на „Лидл“ во Куманово, како и во ...

Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ. Филмот, во продукција на „Синема Футура“ во ...

Во 16-те општински основни училишта во Куманово досега се запишани 863 првачиња. Од нив, 772 се запишани во централните, а 91 во подрачните училишта. Уписите започнаа на 1 мај и ова е првиот пресек на податоците. Процесот ќе трае до почетокот на учебната 2026/27 бидејќи практиката покажува дека дел од децата се запишуваат и подоцна. „Оваа бројка не е конечна. Со години наназад имаме уписи и непосредно пред почетокот на учебната година, ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од заземената територија во Либан, што потенцијално го загрозува прелиминарниот договор помеѓу Иран и САД, а вклучува отворање на Ормускиот Теснец и понатамошно продолжување на нестабилниот прекин на огнот. Деталите од договорот не беа веднаш објавени, а Иран најави дека неговата имплементација нема да започне до потпишувањето, кое, како што рече клучниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски во октомври ќе биде сослушан како сведок-правен застапник на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, против која поранешната обвинителка Ленче Ристоска поднесе тужба по објавеното партиско соопштение од 14 октомври 2025 во кое ѝ предвидува нејзин „крај“. Ристоска, која пред да си поднесе оставка беше изложена на напад и мобинг од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и од нејзиниот лидер Мицкоски, со тужба против партијата бара 300.000 ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека ќе се забранат социјалните мрежи за лица под 16 години и ќе се воведат ограничувања на платформите за гејминг и стримување во живо. „Овие сеопфатни промени ќе им го вратат детството на децата“, рече Стармер, воведувајќи мерки против платформи како што се Снепчет, ТикТок и Инстаграм, како и страници за видеоигри што им дозволуваат на непознати лица да комуницираат со деца. „Јасно ми е дека целосната ...

Доналд Трамп ги прослави својот 80. роденден и 250. на Америка со екстравагантен ултимејт фајт настан на Јужниот тревник на Белата куќа, за што беше кренат кафез висок 28 метри. Трамп и илјадници други посетители гледаа како американскиот борач Џастин Гетје го победува шпанско-грузискиот предизвикувач Илја Топурија, освојувајќи ја титулата во лесна категорија на главниот меч од настанот. На Јужниот тревник на Белата куќа, беше кренат кафез ...

Секоја прва сабота по завршувањето на учебната година фамилијата со прекар Срндаци, распрсната низ целиот свет, а најмногу во Македонија, се собира во селото на нивните предци – Кнежево. Тие се потомци на фамилијата со прекар Срндаци (срндак е мажјак од срна), кои се над 1.000 души, а потекнуваат од Мите Николов-Срндак, кој живеел во селото Кнежево во првите години од 20. век и имал 12 деца. Срндаците и овој викенд повторно се собраа во ...

Мариус Борг Хојби, 29-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит, е прогласен за виновен по две точки од обвинението за силување, за што доби четири години затвор. Тројцата судии го ослободија по останатите две точки од обвинението, но го прогласија за виновен за многу други кривични дела за кои беше обвинет. Обвинителите побараа седум години и седум месеци затвор за Хојби, додека неговите адвокати побараа помала казна од 18 месеци и ...

Советот на Општина Битола ги изгласа завршните сметки за 2025 година за јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, „Комуналец“ и „Пазари“ кои имаат вкупна загуба од околу 130 милиони денари (2.1 милион евра). „За“ сметките гласаше советничкото мносинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, нивните коалициони партнери и ЗНАМ. Според изјавите на директорите на Комисијата за финансии и буџет, по околу 53 милиони денари должат „Водовод“ и „Комуналец“, ...

Најмалку девет луѓе загинаа во руските напади врз Украина ноќеска, при што беше запалено значајно верско обележје во Киев. Во главниот град загинаа четворица цивили, додека петмина припадници на итни служби беа убиени додека се обидувале да изгаснат пожар во Харкив. Во нападот врз Киев значително е оштетен Успенскиот манастир од 11. век, кој е дел од историскиот комплекс Киевско-печерска лавра, што украинската премиерка Јулија Свириденко го ...

Обезбедени се пари за реконструкција на Шалтер-салата во зградата на Централната пошта во Скопје, се чека одобрението за градба, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Министерот во 2024 најави дека зградата на Централната пошта во Скопје ќе биде реновирана и ќе има намена за мултифункционален комплекс кој ќе биде подготвен и за потребите на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. „Фазно е решавањето во овој дел, бидејќи ...

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, прелиминарен договор што ги намали цените на нафтата, но не ја реши судбината на иранската нуклеарна програма. Иако ова е само рамка, договорот е најголемиот напредок во решавањето на конфликтот во кој загинаа илјадници луѓе и кој предизвика потреси на енергетските пазари откако започна со заедничките напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. ...

Нова безбедносна кампања започната од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) ги потсетува патниците во авионот што треба да направат кога ќе им се наложи да се евакуираат од авионот. Тие треба да ги следат упатствата на екипажот, да го остават целиот багаж зад себе и брзо да се префрлат на најблискиот употреблив излез. Има сè поголем број случаи, потврдени преку интернет, на патници кои застануваат да земат лични предмети и ...

Швајцарија денеска го отфрли предлогот за ограничување на населението на 10 милиони жители, покажаа проекциите за резултатот на референдумот, бидејќи гласачите им дадоа предност на економската стабилност и односите со Европската Унија пред загриженоста дека имиграцијата ги оптоварува јавните услуги и ги зголемува кириите. Проекцијата на националниот радиодифузер СРФ, кој традиционално ги објавува резултатите од референдумите, покажа дека ...

Следната недела ќе разговараме за реконструкција на Владата со коалиционите партнери, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Следната недела е роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе биде на 17 јуни во Струмица, од 20 часот, на стадионот. После тоа, следниот ден, веќе почнуваме со разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, одговори премиерот на новинарско прашање по промоција на приватна инвестиција во ...

Апликацијата „МојДДВ“ за сканирање фискални сметки заради поврат на данокот не работи пет дена. Почнувајќи од 10 јуни, се добива порака „нема конекција со УЈП“ при внесување на пинкодот за влез во апликацијата. „Ве информираме дека апликацијата ‘МојДДВ’ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено ...

Во Домот на кулурата во Ресен, поранешен Сарај на Нијази-бег, поставена е изложба фотографии од Али Фети-Окјар (1881-1943) кој во два наврата бил премиер на Турција, претседател на турскиот парламент, министер за внатрешни работи и за правда, турски амбасадор во Франција, Велика Британија и балканските држави, пратеник во Парламентот во пет мандати. Тој бил роден во Прилеп, а го нарекувале Македонецот, што говори за неговата љубов кон родната ...

Името на американскиот претседател Доналд Трамп е симнато од предната страна на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон, откако судија нареди негово отстранување. Центарот за уметност во судскиот поднесок изјави дека сега целосно ја почитува пресудата и дека името на Трамп повеќе не се појавува на нивната зграда, веб-страница или други материјали. Името на претседателот Трамп е незаконски додадено на местото, утврди федерален судија минатиот месец и ...

Конзорциумот предводен од македонската градежна компанија „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце, соопшти Министерството за транспорт и врски. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Истанбул разговарал за автопатот со директорot на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу. На средбата во Истанбул, претставниците на ЕБОР информирале дека во соработка со Јавното ...

После 13 години, Општина Кичево повторно го организираше одбележувањето на годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. На 83-годишнината од неговото загинување, на Лопушник дојдоа бројни планинари, велосипедисти, мотористи, за да му оддадат почит на авторот на стихозбирката „Бели мугри“. Рацин загина застрелан во несреќен случај вечерта на 13 јуни, 1943, кога се враќал до главната база на мавровско-гостиварскиот ...

Упатниот акт го добив, но сѐ уште ја немам добиено пресудата, а тоа намерно се прави за да се пролонгира времето за поднесување на жалба за одлуката, рече денеска правосилно осудениот поранешен градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Тој треба да се јави на отслужување казна затвор на 2 јули оваа година. Судија за извршување санкции од Кривичниот суд Скопје му издаде упатен акт за издржување на казната затвор на осудениот ...

Академијата за филмска уметност и наука ќе им додели почесни Оскари на актерката Глен Клоуз, режисерот Ридли Скот, на првиот црномурест аниматор на „Дизни“, Флојд Норман, како и на продуцентките Кристин Вашон и Памела Кофлер. Наградите ќе им бидат врачени на 17. издание на Гуверенерските награди на 15 ноември во Холивуд. За Клоуз и Скот, оваа награда претставува долгоочекувано признание од Академијата, која ги номинирала повеќепати, но ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.72
53%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
56%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.44
66%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.98
63%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.31
58%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.87
89%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.03
32%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.48
46%
1013
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.23
71%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 22ᴼ
1.34
49%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
6.37
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Родиум

265243.66

Паладиум

41120.80

Злато

131085.02

Сребро

1880.63

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Платина

52437.87

Иридиум

252383.36

Калај

54.37

Рутениум

53852.50

Бакар

13.07