Помалку пари за гасификација, за патна инфраструктура, за изградба и реконструкција на училишта. Повеќе средства за железница, нова милионска ставка за општините, за дигитализација. Пред пратениците е новиот ребалансиран Буџет, прв со потпис на новата влада. Во дел од ресорите има позначајни поместувања во Развојниот буџетски дел со кој се опфатени капиталните инвестиции. Порталб.мк во првиот дел на анализата ги става „под лупа“ ресорите кои ...

Руско-американската новинарка на Радио Слободна Европа (РСЕ) Алса Курмашева е осудена на шест и пол години затвор за ширење дезинформации за руската војска, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на судот каде се одржа рочиштето, пренесува Ал Џазира Балканс. Портпаролот на судот во Казан рече дека Курмашева била осудена во петокот, истиот ден кога судот во Екатеринбург го осудил новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович на 16 години ...

Високите температури и долготрајниот сушен период деновиве резултираат со катастрофални пожари низ целата земја. Огнената стихија ги голта шумите, го уништува биодиверзитетот и живеалиштата на многу животински и растителни видови, а се заканува и на луѓето и нивните домови, пишува новинската агенција Мета. Климатските промени се реалност од поодамна, а нивните последици ги гледаме и ги чувствуваме секојдневно. Температурите, сушата, пожарите не ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај во Македонија изнесувала 41.252 денари, според последниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 113.1. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: ...

На петтиот ден од „Beach Film Festival“ во Охрид кој се одржа во неделата, 21 јули, беа доделени наградите за најдобар долгометражен и краткометражен филм според жири комисијата, најдобар краткометражен студентски филм според публиката, наградата за најдобро актерско остварување, а во истите категории и посебно се споменаа одредени филмови. Наградата „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм жирито ја додели на филмот „Милк“ (Milk) на Стефани ...

Во ситуација каде централизацијата во главниот град негативно влијае врз развојот на градовите и руралните средини, ефективно поврзување преку железничка мрежа може да ја промени сликата. Македонија како мала земја е централизирана во главниот град до тој степен што доведува до оптеретување на едно подрачје повлекувајќи низа други проблеми како нарушување на животната средина и неденаков развој на руралните средини. Како причина за ова не може ...

Наташа Јанчиќ-Менкоски најмалку еднаш месечно ја води својата шестгодишна ќерка, Петра, на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Скопје, бидејќи нешто кај неа предизвикува алергиски ринитис, односно поленска треска. Можеби инфекција, но најчесто тоа е загадениот воздух. Наташа, со куп медицински документи во рацете, нервозно чека. „Оваa документација не е од една година, туку за само од неколку месеци“, вели таа. ...

Минималната синдикална кошничка за јули изнесувала 60.570 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Ова претставува зголемување за 245 денари од јуни кога таа изнесувала 60.325 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни, минималната синдикална кошничка изнесува 75.945 денари. На храна и пијалаци отпаѓаат 22.008 денари, односно 36.3 отсто. Најголемиот трошок потоа се однесува на образованието – 7.022 денари по домаќинство ...

Владата ги објави платите на претседателот на Владата и министрите. Податоците се објавени во делот „отчетност“ на владиниот сајт, каде што се истакнува дека висината на платата на министрите е јавен податок, како и дека ова е дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност. Највисока нето плата зема претседателот на Владата Христијан Мицкоски, односно 140.450 денари. Сите останати министри земаат плата во износ од 115.540 ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништи 8.700 килограми небезбедна храна, по вонредните контроли кои ги спроведе од 16 до 19 јули во хотели, ресторани, времени кетеринг објекти, месарници и маркети во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа. Со контролите се проверувала имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спровеле и ...

Со цел да се намали одливот на младите од земјава, особено од руралните средини, Здружението на жени менаџерки „Елит“ во изминатите две години спровело повеќе од 30 обуки со млади во Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион. Тие формирале 15 рурални младински клубови и работеле на подобрување на квалитетот на животот на младите, поттикнувајќи и зголемувајќи го младинскиот активизам и волонтерство. „Целта на овие ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на соопштението на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во кое се оправдува барањето дипломатски пасош, а притоа се изнесуваат критики за работата на претходниот состав на антикорупционерите и нивните активности се квалификуваат како паушални и популистички. „Платформата ја потсетува комисијата дека според член 17 од Законот за спречување на корупцијата и ...

Утрово низ Македонија се активни седум пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Вклучително со нив, во последното деноноќие биле регистрирани 29 пожари на отворено. Активни пожари има во: Оттаму соопштија дека седум пожари се под контрола и се настојува да се доведат во фаза на локализирање за потоа и да се изгаснат. Дополнително, во последното деноноќие се изгаснати 15 пожари. Инаку, од ЦУК соопштија и дека на единствениот ...

Второто издание на мултимедијалниот алтернативен фестивал „Гига Фест“ ќе трае три вечери (24, 25 и 31 јули) во Крива Паланка. Фестивалот е посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски, основач и раководител на Драмското студио и драмската дејност при Националната установа Центар за култура во Крива Паланка. Првата фестивалска вечер е на 24 јули (среда), а на програмата е дуодрамата „Кенди“ од Лук Дејвис, во продукција на „Златен ...

Актуелниот претседател на САД Џо Бајден вчера објави дека ја повлекува својата кандидатура на изборите закажани за во ноември и ја поддржа потпретседателката Камала Харис како кандидатка на Демократската партија, пренесува Радио Слободна Европа. „Иако имав намера да барам повторен избор, верувам дека во најдобар интерес на мојата партија и земја да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на своите должности како претседател до ...

Центарот за современи уметности информира дека во Скопје е поставена уметничката акција „Патот до вистината“, која претставува просторна интервенција преку која младиот уметник и скулптор Андреј Миневски ја третира темата на лажните вести. „Тие се присутни насекаде околу нас и кои неретко оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги спакувани во лажни веасти на кои наседнуват голем број ...

Билјана Ивановска, екс претседателката на Антикорупциската комисија, во име на членовите на претходниот состав на ДКСК, упати јавна реакција во однос на вчерашното соопштение на оваа институција, која рече дека дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, додека возењето велосипед и користењето автобус на Ивановска го окарактеризира како „популизам“. Исто така, новите антикорупционери вчера го критикуваа и начинот на работа на Ивановска и ...

Светскиот математички натпревар, 65. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2024), годинава се одржува во Бат, Велика Британија, во периодот 11-22 јули, каде македонската екипа се закити со еден златен медал, два бронзени медала и три пофалници. Сојузот на математичари на Македонија (СММ) информира дека на Олимпијадата се натпреварувале вкупно 609 млади умови од целиот свет во текот на два натпреварувачки денови, а СММ претходно организирал ...

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден, 20 јули, имаше вкупно 30 пожари на отворен простор, а од нив девет се’ уште се водат како активни. „Под контрола (пожари кои не можат да се шират, но се’ уште има горење) се ставени шест, а 15 пожари се целосно изгаснати, иако за жал во претходните денови имавме случаи кога изгаснати пожари повторно се разгоруваа“, информираше денеска првиот човек на ЦУК, Стојанче ...

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, екологија… Младинскиот активизам треба да се развива уште во локалните маала Преку шест акции низ Македонија во изминатите месеци, клубовите Артивизам на Младински образовен форум (МОФ) се обидоа да ги поттикнат младите да излезат од комфорната зона, од својот „меур“ и да се заангажираат за проблеми од ...

„Кога почна процесот на инклузија во 2019 година, ние бевме на ставот дека такви измени не се потребни и дека тие не се во интерес на децата и заедницата на лица со попреченост. Видовме дека тие не вродија со плод, односно децата со попрченост не можат да бидат функционални во редовното образование. Не секое дете може да следи редовно образование и не секое дете може да биде прифатено од останатите деца“. Ова го вели Суарет Алишан од Коалицијата ...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и сл. што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана ...

Младиот Јан Стојановски вчера го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика, која од 15 до 19 јули година се одржуваше во Кутаиси, Грузија. „Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги во предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, ...

Откако медиумите објавија, а во јавноста се појавија реакции за дипломатски пасоши на антикорупционерите, од Антикорупциска комисија тврдат дека дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право. „Тоа е право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели“, се вели денешното соопштение на Државната комисија за спречување корупција ...

Преку шест акции низ Македонија во изминатите месеци, клубовите Артивизам на Младински образовен форум (МОФ) се обидоа да ги поттикнат младите да излезат од комфорната зона, од својот „меур“ и да се заангажираат за проблеми од својата околина. Односно, младите да бидат проактивни, солидарни и креативни, а после тоа да се транформира во една колективна ангажираност за социјални, образовни, културни, еколошки, или воопшто меѓучовечки промени. Пред ...

Од следната година квотите на високообразовните установи ќе се дефинираат врз основа на анализа на пазарот на трудот и податоци кои ќе ги добиеме од Агенцијата за вработување и други институции, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата „Стадион“ на Канал 77. „Оваа година немавме време да интервенираме во конкурсот, бидејќи истиот веќе беше подготвен од претходното раководство, а поради краткиот рок новата Влада мораше ...

Американскиот новинар Еван Гершкович денеска беше осуден на 16 години затвор во Русија, откако беше прогласен за виновен за обвиненијата за шпионажа, за кои тој, медиумот каде што работи – „Волстрит журнал“ и американската влада ги отфрлија како политички мотивирани, пренесува Радио Слободна Европа. Судот ја донесе одлуката веднаш по сослушувањето на завршните зборови, односно еден ден откако медиумот и американскиот Стејт департмент побараа ...

Авиокомпанијата „Виз Ер“ денеска апелираше до патниците да пристигнат на аеродром најмалку 3 часа пред нивниот лет, по тековните проблеми со глобалните ИТ системите. „Како и сите авиокомпании денес, ‘Wizz Air’ се соочува со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ системи од трета страна. Патниците на ‘Wizz Air’ може да доживеат прекини низ мрежата бидејќи услугите на вебстраната и мобилните апликации привремено се недостапни“, ...

„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август, од 22 до 26 август во своето автентично издание на препознатливите локации. Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Дом на поезијата, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. „Мотото на ...

Во рамки на „Beach Film Festival“ во Охрид ќе се одржи панел дискусија на тема „Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри“ на 20 јули (сабота) со почеток во 17 часот на бродот „Армада“ во Охрид, во организација на Кинотека на Македонија и Гете-Институт „Оваа панел дискусија е дел од проектот „ФилмЕД“ (filmED) кој има за цел да развие и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
6.69
40%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
1.03
54%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 21ᴼ
3.6
40%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
5.48
41%
1020
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.51
84%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.72
53%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
39%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
40%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
48%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
43%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
11.32
57%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088