
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид ќе се одржи 36-то издание на поетскиот фестивал Поетска ноќ во Велестово. Организаторите најавија дека годинава со поетски портрет ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија. „Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, ...
Повеќе од половина од површината на Националниот парк „Маврово“ ќе биде зона на строга заштита и активно управување, а остатокот зона на одржливо користење и тампон зона, пишува новинската агенција Мета. Според новата Студија за ревалоризација, ова е зголемување за над 20 отсто на најстрого заштитените делови на паркот, во споредба со истиот документ што беше изработен во 2012 година. Студијата, која беше завршена во декември минатата година, ...
Осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“ ќе се одржи од 8 до 11 август во Струга. „Осум лета, една идеја за бесконечност. ‘Слободата’ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од ‘слободниот свет’“, се посочува во најавата за настанот. Оттука, тие велат дека осмото издание на фестивалот ќе се одржи со ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… „Борбата“ за студентско легло во Скопје годинава уште поголема Матурантите кои се одлучуваат да студираат во Македонија, претежно, се запишуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. За сместувањето да го плаќаат три пати помалку и да живеат во пристојни услови, поголемиот дел од ...
Од 15 до 22 август во Скопје ќе се одржи петнаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Овогодишното издание е посветено на архивите, за кое од „МакеДокс“ велат дека е скапоцено наследство што нè претвора во времепловци како ретко што друго. „Толку е скапоцено што доволно е да отвориме очи за да се наежиме, да начулиме уши за да засолзиме или, пак, да ги брцнеме прстите за да посакаме од него да создадеме нешто ...
Со измени на Законот за високо образование и со поголем ангажман на универзитетските професори, може да се подобри квалитетот на високото образование, а потоа и академското рангирање на македонските универзитети, рече министерската за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција Мета. Министерката посочи дека измените на Законот ќе дадат одредени услови за постоењето и функционирањето на универзитетите, но ќе се ...
Водата во крајбрежниот појас на Охридското Езеро, делот кој најчесто се користи за капење, спорт и рекреација се категоризира хемиски на прва, а микробиолошки на одлично ниво, што според соодветната законска регулатива, оваа површинска вода може да се користи за капење, спорт и рекреација, соопштија од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид. Ова следува откако ЦЈЗ во периодот од 10 до 24 јули изврши узоркување и физичко-хемиска и микробиолошка ...
Третина од Европејците веруваат дека животната средина и климатските промени треба да бидат приоритет за ЕУ, покажува новото истражување на Евробарометар објавено вчера, пренесува Данас. Во девет земји-членки на ЕУ, најголем дел од испитаниците ги навеле еколошките и климатските прашања како една од областите на кои ЕУ треба да се фокусира. Уделот на испитаниците кои сметаат дека овие прашања треба да имаат приоритет се движи од 11 проценти во ...
Со свечена церемонија вчера беа отворени Летните олимписките игри во Париз. Свеченото отворање беше уникатно бидејќи за разлика од вообичаената програма на олимписки стадион, овојпат се одржа на реката Сена и на плоштадот Трокадеро, јавува Радио Слободна Европа. Помеѓу 6.000 и 7.000 спортисти (од вкупно 10.714), кои ги претставуваат земјите-учеснички, продефилираа во 85 чамци на Сена во боите на нивната делегација, од мостот Аустерлиц до ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информираше дека во последното деноноќие имало вкупно 16 пожари, од кои изгаснати се 13, а 2 сè уште се активни и еден е под контрола. Двата активни пожара на отворено се кај селото Тажево, во општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје „Јасен“ од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Таму, како што велат од ЦУК се ...
Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година кој денеска беше доставен до Собранието, пишува новинската агенција Мета. „Овој број претставува само просек и приливот и обемот на работа во одредени обвинителства е значително поголем“, се вели во Годишниот извештај. Предвидениот број на јавни ...
На овогодинешните Олимписки игри ќе се натпреваруваат 10.500 спортисти од 206 земји во 32 спортови, 329 дисциплини и на 35 арени. Париз од 26 јули до 11 август ќе биде домаќин на Летните олимписки игри по трет пат во историјата, 33-ти по ред, точно еден век откако последен пат беше домаќин на најдобрите светски спортисти на игрите во 1924 година, пренесува Ал Џазира Балканс. Во споредба со претходните игри, на овие Олимписки игри ќе има уште ...
„Секоја година кога го гледаме новогодишниот концерт на Виенската филхармонија замислуваме како би било да настапиш таму“. На овој начин хористот Петар Узунов раскажува за настапот во „Музикферајн“, „златната“ сала во Виена каде академскиот хор „Мирче Ацев“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) го одржа последниот гала концерт на „Светскиот хорски фестивал на мирот“, а на кој ја освоија првата златна награда. Хорот предводен од ...
Јована Трифуновска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид освоија бронзени медали на четвртата Европската олимпијада по информатика за девојки која од 21 до 27 јули се одржува во Велдховен, Холандија, соопштија од Здружение на информатичарите на Македонија (ЗИМ). Достоен резултат, како што соопштија оттаму, постигнаа и останатите две членки на македонскиот тим Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Тимот е предводен ...
Ученичката во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито“ од Скопје Aна Котевска е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија. Котевска го освои златниот медал во категоријата на натпреварувачи на Б2 ниво. Првото место на јазични нивоа Б2, А2 и Б3 таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од ...
Компанијата „OpenAI“ тестира нов пребарувач кој користи генеративна вештачка интелигенција за да произведе резултати, со што се зголемува можноста за значителен предизвик за доминацијата на Гугл на пазарот на онлајн пребарување, јавува Гардијан. „SearchGPT“ ќе биде достапен на мала група корисници пред потенцијалното пошироко пуштање за јавноста, најави компанијата вчера. „OpenAI“ на крајот има намера да ги вклучи функциите за пребарување во ...
На глобално ниво, екстремните горештини предизвикуваат речиси 19.000 смртни случаи годишно, како и речиси 23 милиони повреди на работните места ширум светот. Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ги повика сите земји да се ангажираат на светско ниво во борбата против климатските промени откако беше забележана рекордна глобална температура, што е прв повик на светска организација за глобална акција поради екстремните ...
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Повторно поврзување на реките во Северна Македонија“ ќе ги идентификува и отстрани непотребните бариери на реките Крива Река и Пчиња. „Ова треба да доведе до подобрување на еколошката состојба на реката и безбедноста на локалните заедници и да послужат како прв пример за обновување на една река кој треба да се преслика низ државата“, велат од „Еко-свест“. ...
Активисти на еколошкото движење „Последна генерација“ (Letzte Generation) денеска ги блокираа пистите на најголемиот аеродром во Германија лепејќи се за пистата, по што прекинаа сите пристигнувања и полетувања. Климатските активисти ја повикуваат германската влада да се откаже од нафтата, гасот и јагленот до 2030 година, пренесува Ал Џазира Балканс. Аеродромот во Франкфурт, кој е еден од најпрометните и главен меѓународен центар во земјата, ги ...
Наместо очекуваната сеопфатна ревизија на медиумското законодавство, во првиот квартал од 2024 година повторно добивме парцијални интервенции, кои и самите се нецелосни и отвораат многу повеќе прашања отколку што затвораат, велат од Центарот за развој на медиуми кои денеска го објавија првиот квартален извештај за 2024 година. Тие наведуваат дека членот 102, кој им забрануваше на државните и владините институции, како и на други јавни институции ...
Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска го отвори повикот за учесници на овогодишната Летна академија која ќе се одржи од 19 до 24 август во Дојран. Повикот е отворен за сите млади на возраст од 15 до 29 години, а пријавувањето ќе трае до 8 август (четврток), со пополнување на прашалникот на овој ЛИНК. Летната академија, како што наведуваат од МОФ, е настан кој на учесниците ќе им понуди содржини за активно вклучување во социјални промени ...
Само три дена пред Летните олимписки игри во Париз, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во текот на својата 142-та седница официјално ја поддржа и одобри организацијата на првите Олимписки игри за еспорт играчи, кои ќе се одржат во 2025 година во Саудиска Арабија, пренесува „Рур“. Воведувањето на еспортот во олимпискиот екосистем гарантира големи промени во индустријата, и на национално и на глобално ниво. Неговиот развој ќе има позитивно ...
Извештајот на пет специјализирани агенции на ОН покажува дека светот уназадил за 15 години, споредено со нивоата на неухранетост од 2008 и 2009 година. Околу 733 милиони луѓе се соочуваат со глад во 2023 година, што е еднакво на еден од единаесет луѓе на глобално ниво и еден од пет луѓе во Африка. Ова го покажува најновиот извештај за состојбата на безбедноста на храната и исхраната во светот (СОФИ), објавен од пет специјализирани агенции на ...
На вчерашната седница, Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно. „На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на ...
Синоќа, 24 јули, на првата вечер од мултимедијалниот алтернативен фестивал „Гига Фест“ во Центарот за култура во Крива Паланка беше изведена дуодрамата „Кенди“. Потоа, режисерката Тамара Стојаноска ги посочи предизвиците со кои се соочува независната сцена во Македонија. „Актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски со својата брутално реалистична и експлицитна изведба на ликовите на Кенди и Даниел, буквално ги ‘истурија’ на малата сцена сите аномалии ...
Новиот државен врв е присутен на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер. Дополнително, и претседателката на Републиката, претседателот на Собранието, како и претседателот на Владата имаат и свои Тик Ток кориснички сметки, додека, пак, премиерот и претседателот на Собранието имаат и свои профили на мрежата за професионална комуникација и поврзување Линкедин. Ова го покажува анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ...
Како последица на сè повисоките температури во Европа и Централна Азија околу 377 деца починале во 2021 година, се вели во новата анализа на податоци од 23 земји од регионот објавена денеска од УНИЦЕФ. Анализата насловена „Победете ја горештината: детското здравје сред топлотните бранови во Европа и Централна Азија“ открива дека половина од овие деца починале во првата година од животот од болести предизвикани од топлина. Повеќето деца починале ...
По кусо боледување денеска во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија, пренесува новинската агенција Мета. Ѕалев, e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис. Во неговиот богат авторски и новинарски опус, Ѕалев работи и уредува во стопанската ...
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ го организира 17. издание на „Роднокрајни поетски средби“ во петок, 26 јули, со почеток од 17 часот под падините на Беласица, во камениот амфитеатар (ресторан Атлантис) во близина на Смоларски водопад. „Да го прославиме овој значаен ден за литературата која произлегува од нашите роднокрајни автори, да бидеме присутни на промоциите на двете нови поетски збирки ...
Матурантите кои се одлучуваат да студираат во Македонија, претежно, се запишуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. За сместувањето да го плаќаат три пати помалку и да живеат во пристојни услови, поголемиот дел од студентите од другите градови генерално посакуваат да бидат сместени во единствениот реновиран студентски дом „Гоце Делчев“. Но, годинава, сместувањето и во останатите студентски домови во Скопје, за одреден ...