Новинарката на Радио Слободна Европа Алса Курмашева и новинарот на Вол Стрит журнал Еван Гершкович се ослободени од руски притвор, во најголемата размена на затвореници меѓу Русија и Западот од крајот на Студената војна, јавува Радио Слободна Европа. Покрај нив, ослободени се и американскиот маринец Пол Вилан и опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза кој е руско-британски државјанин. Вчера Русија, Соединетите Американски Држави и неколку други ...

Црвениот крст на Македонија отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП) за настраданото население од пожарите, која ќе ја обезбедуваат оспособени волонтери на организацијата. „Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните“, информираат од Црвен крст. Телефонските броеви по реони: – Скопски регион ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод празникот Илинден помилува пет осудени лица. Два од нив потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор. Петтемина осудени лица се помилувани во траење од два до четири месеци, кое кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор, соопштија од кабинетот на претседателката. Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот ...

Турските законодавци во вторникот го изгласаа законот кој има цел да отстрани милиони бездомни кучиња од улиците на земјата, а за кој љубителите на животни стравуваат дека многу од нив ќе бидат убиени или ќе завршат во запоставени, преполни засолништа, јавува Гардијан. Пратениците го одобрија законот кој владата се залагаше да биде усвоен пред летните одмори, по маратонската сесија во текот на ноќта. Илјадници луѓе се приклучија на протестите ...

Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата, за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (духовна поезија). Ќулавкова по вторпат го добива ова највисоко признание на фестивалот, откако во 1989 година ја доби наградата за стихозбирката „Жедби“. Жири комисијата составена од Ефтин Клетников, Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра ...

Поддршка на жените да дојат во секое време, да се нормализира и да не се цензурира доењето во јавност, ефективни породилни права кои не ги принудуваат жените да бираат помеѓу семејството и професијата, обучени здравствени работници кои можат да пружат почит, помош и поддршка на жените кои дојдат и крај на експлоататоски промоции на бебешко млеко во секој контекст. Ова се некои од работите кои ги препорачува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во ...

Репортерот на арапскиот Ал Џезира Исмаил ал-Гул и снимателот Рами ал-Рифи беа убиени во израелски напад врз Појасот Газа, пренесува Ал Џазира Балканс. Ал-Гул известуваше од кампот Ал-Шати, од каде што потекнува убиениот политички лидер на Хамас Исмаил Ханије. На враќање кон градот Газа, тие беа директно погодени од израелски дрон. Мохамед Моавад, главен уредник на Ал Џазира на арапски јазик, рече дека нападот бил насочен против тим кој „храбро ...

Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, a без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците, најави премиерот Христијан Мицкоски. На владината седница била задолжена министерката за образование и наука, заедно со телото да излезат на терен и да направат анализа на сите државни и приватни универзитети и факултети. „Онаму каде што ќе се констатираат ...

Во рамки на годинешното четврто издание на „Младински филмски фестивал“ (МФФ), кое ќе се одржи од 30 август до 1 септември во Скопје, се објавува повик за средношколци и студенти за реализација на долгометражен документарен омнибус за новата скопска музичка сцена. „Пријавените учесници ќе бидат поделени во групи и ќе работат на изработка на еден краток документарен филм за еден млад бенд, со еден ментор (млад и дипломиран филмски режисер)“, ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека детска парализа е откриена во Газа и предупреди дека децата во уништената од војна енклава наскоро ќе бидат загрозени од оваа болест доколку не се преземат превентивни мерки, известува Ројтерс. Еден ден откако СЗО соопшти дека има „многу веројатни“ случаи на детска парализа кај населението во Газа, Гебрејесус се огласи на платформата на ...

Јавното претпријатие Комуналната хигиена од 5 август до 11 септември ќе постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации во сите општини на Град Скопје, во близина на домовите на граѓаните. „Со тоа ќе се избегне грдата слика во населбите на нашиот град. Се надеваме дека во иднина жителите на сите општини во градот Скопје ќе ги почитуваат препораките на Претпријатието и дека овој тип на отпад во секое време можат бесплатно да го одложат во ...

Езерото Младост во Велес е загадено и е опасно за здравјето на луѓето, покажале анализите кои ги направил Државниот инспекторат за животна средина, пишува новинарската агенција Мета. Директорот Сретен Стојковски денеска информираше дека водата не е за употреба и од физичко-хемиски и од микробиолошки аспект и дека е опасна и за живиот свет, но и за луѓето кои се рекреираат во неа. Тој посочи дека е направен надзор на сите правни и физички ...

Мета платформите ќе лансираат нова алатка наречена „ВИ Студио“ (AI Studio) која ќе им овозможи на корисниците да креираат, споделуваат и персонализираат карактери со вештачка интелигенција и да ги користат „како продолжение на себе“, пренесува Ал Џазира Балканс. Студиото ќе им дозволи на креаторите на Инстаграм и нивните корисници да ја користат оваа услуга, која може да одговори на вообичаените прашања во пораките. Исто така, корисниците можат ...

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 66 пожари пожари на отворен простор, од кои во моментот 12 се активни, 3 се под контрола и 51 се изгаснати, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Активни пожари има во: Во утринската изјава, Ангелов истакна дека состојбата со пожарите е тешка, но не е алармантна и апелираше до граѓаните да не излегуваат, со, како што рече, непотребни апели за собирање луѓе. ...

Новата изложба на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори на 12 август со почеток во 20 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид. „Изложбата, која ќе трае до 27 август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, ...

Стефан Митиќ Позадината на Харис како обвинител ѝ дава уникатна перспектива и таа најверојатно ќе создаде динамика обвинител-престапник во однос на Трамп и ќе го таргетира, користејќи ги емпириските податоци и техниките на испрашување, за да извлече од него одговори. По одлуката на Џо Бајден да се повлече од претседателската трка во САД, демократите, еден по еден, почнаа да го опишуваат како несебичен американски херој – и многу од нив ја ...

Второстепената комисија за управни постапки ја отфрлила жалбата на компанијата Кепс Монт Груп која се жалеше што не доби Б- интегрирана дозвола од Општината Велес за да може да воведе уште две дејности во расчистувањето на депонијата со згура од некогашната топилница за олово и цинк. Компанијата, која има концесија да ја ископа и извезе згурата како техногена минерална суровина, поседуваше Б-интегрирана дозвола која и дозволуваше ископ, сеење и ...

Неодамнешната одлука на Владата на Србија да одобри продолжување на проектот за изградба на рудникот за литиум во долината Јадар, кој беше стопиран пред две и пол години, предизвика протести во централна Србија, пренесува Би-Би-Си на српски јазик. Плашејќи се дека проектот на британско-австралиската компанија Рио Тинто во западна Србија непоправливо ќе ги загади водата и почвата, еколошките активисти и граѓани изминатите седум дена излегоа на ...

УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во превенција, заштита, прогон на сторителите и склучување партнерства за да се стави крај на трговијата со деца, по повод 30 јули, Светскиот ден на борбата против трговијата со луѓе. „Ниедно дете да не се изостави во борбата против трговијата со луѓе“ е овогодинешната порака на глобалната заедница УНИЦЕФ за денешниот ден. „И покрај тоа што децата-жртви на трговија со луѓе често остануваат неоткриени и ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означи официјалниот почеток на работата на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност за периодот 2024-2028 година. Сајбер безбедноста е клучен аспект на националната безбедност и стабилност во ерата на рапидна дигитализација, рече Андоновски. „Новата Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучен документ кој ќе ја трасира ...

Во Виена, поради промената на климатските услови, односно повеќето топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, соопштија градските власти. Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја во градот. Младите дрвца кои не се полеваат со помош на автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се премачкуваат со бела облога за да се заштитат од големите горештини. Во Виена се применува и релативно нов ...

Гласен синдикат и Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ од Штип изразија загриженост поради, како што велат грубото прекршување на работничките права низ целата држава и упатија јавен апел до премиерот Христијан Мицкоски за итна средба на која тие би ги образложиле барањата и проблемите со кои се соочуваат работниците. Активни случаи на грубо прекршување на работничките права, од Гласен синдикат велат дека во моментот ...

Од 1 август сметките за парно за домаќинствата ќе бидат пониски за 3.16%, додека околу 1.200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). „Одлуката е позитивна за потрошувачите, но состојбата на терен е загрижувачка. Цевката на мостот Беласица не ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири. При изборот и именувањето на членовите на Комисијата ...

Македонскиот хеви-метал состав „Конспираси“ (Conspiracy) неодамна се претстави и пред публиката во Србија, во склоп на нивната прва „огнена“ турнеја надвор од дома. Оттаму соопштија дека посетиле четири градови во соседна Србија, односно дека нивниот енергичен перформанс за првпат можеше да го почувствува публиката во Ниш, Вршац, Белград и Књажевац. Првата станица беше Ниш, каде бендот настапи во рамките на меѓународниот фестивал „Asymmetry ...

Бојан Лазаревски По промената на составите на парламентарните мнозинства и кај нас и во ЕУ, препреките на патот кон членство во Унијата остануваат исти. Сега кога топката е фрлена, движењето на нејзиниот правец во голема мера ќе зависи и од рацете на ЕУ и насоката која ќе ја фати Европското лидерство. Во овластувањата на ЕУ е да ѝ овозможи непречен евроинтеграциски пат на Македонија, но сè додека опстојува позицијата на релативна индиферентност, ...

Општина Аеродром од денеска, 29 јули, почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември. „Во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел“, известуваат од општината. Акцијата ќе започне од населба Мичурин каде во денеска и ...

На 1 август (четврток) започнува петтото издание на „Галичник филм фестивал“ во срцето на Бистра, каде „воздухот е свеж, а природата го буди секое сетило“, а ќе трае до 4 август (недела). „Ова не е само филмски фестивал, туку вистинска магија на големиот екран која ги спојува љубителите на филмот од регионот“, се вели во соопштението за фестивалот. Во овогодинешната програма селектирани се 28 краткометражни филмови, кои доаѓаат директно од ...

Од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид ќе се одржи 36-то издание на поетскиот фестивал Поетска ноќ во Велестово. Организаторите најавија дека годинава со поетски портрет ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија. „Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, ...

Повеќе од половина од површината на Националниот парк „Маврово“ ќе биде зона на строга заштита и активно управување, а остатокот зона на одржливо користење и тампон зона, пишува новинската агенција Мета. Според новата Студија за ревалоризација, ова е зголемување за над 20 отсто на најстрого заштитените делови на паркот, во споредба со истиот документ што беше изработен во 2012 година. Студијата, која беше завршена во декември минатата година, ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
6.69
40%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
47%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.73
32%
1020
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.03
75%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.72
52%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
0.51
33%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
40%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
46%
1021
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
41%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
12.35
54%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088