На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, инклузија… Просечната оценка на државната матура била 3,25, најниска во последните неколку години Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава e 3,25, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Споредбено со минатите години, постои намалување на оценката на ...

Mинистерот за здравство Арбен Таравари вчера ја посети Клиниката за онкологија заедно со Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека приоритет засега ќе ѝ се даде на оваа клиника. Тој рече дека располага со информација дека во државата нема повеќе од 50 онколози, но и патолози, пренесува новинската агенција Мета. „Веројатно ќе треба да се направи мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност ...

На вчерашната трета седница, Владата донесе одлука за нови именувања во државните институции. Дополнително, Владата ги разреши досегашните национални координатори. Во делот на државните институции, Владата го именуваше Васе Анакиев за в.д. директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Анакиев е дипломиран инженер агроном и магистер на економски науки, со работно искуство во Министерството за шумарство и водостопанство, а бил претседател и ...

Научниците на Европската вселенска агенција (ЕСА) во соработка со компанијата Лего направија 3Д коцки од вселенска прашина. Материјалот и начинот на кој се составуваат лего коцките еден ден би можеле да помогнат во решавањето на проблемот со изградбата на објекти на Месечината, како засолништа за астронаутите, пренесува Индекс. „Никој никогаш не изградил структура на Месечината, така што мораме да откриеме не само како ќе ги изградиме, туку и од ...

Бранко Прља Овој напредок не е само академско достигнување. Тој има потенцијал да ги подобри алатките за автоматско преведување, создавање содржина и обработка на природен јазик за македонските говорници, како и зачувување и промовирање на македонскиот јазик во дигиталната ера. Во светот на вештачката интелигенција јазичните модели се наоѓаат во постојана трка за доминација. Оваа технолошка битка не е само прашање на престиж, туку и на реална ...

Социјалната мрежа Тредс, која произлезе од Инстаграм на Мета, беше лансирана на 5 јули минатата година. Во годината што следеше, новата социјална мрежа порасна на 175 милиони месечни активни корисници, сподели Марк Зукерберг, пренесува ГСМ Арена. На почетокот, Тредс растеше со вртоглава брзина, достигнувајќи 100 милиони корисници само 5 дена по лансирањето. Работите оттогаш се смирија, но мрежата продолжува да расте, па така, во февруари беа ...

На 13 јули во „BASE42“ ќе се одржи првиот настан за промоција на јапонските видео игри, насловен „JPRG“ (Japanese role playing games). Настанот кој ќе започне во 19 часот го организира „Пагода“, организација за промоција на источноазиски култури во Македонија, а во соработка со медиумот Комикс.мк Предвидена и панел дискусија на тема „Од пиксел до полигон: Како JRPGs повторно го освоија светот”, на која ќе зборуваат Николај Јануше, Андреја ...

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2024 година. Јавниот повик е отворен денеска и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на општината. „Со Јавниот повик ‘Цел Центар на точак’, Општина Центар – Скопје ќе ги субвенционира полнолетните жители на општината со 30% од цената, но најмногу до 3.000 ...

По неколкудневни разговори, Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) нашле решение за непречена реализација на воспитно–образовниот процес за учениците од седмо одделение. Од септември, како што велат од МОН, тие ќе можат да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали кои ќе бидат изработени од страна на Бирото за теми кои недостасуваат во истите, а предвидено е да се ...

Министерот за здравство Арбен Таравари именуваше нови в.д. медицински директори на 12 јавни здравствени установи. Нов директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ е д-р Небојша Настов, на клиниката за уво, нос и грло е д-р Игор Камшикоски, а д-р Катерина Дамевска е новата директорка на Унивезитетската клиника за дерматологија. Додека пак, Универзитетскиот институт за радиологија ќе го раководи д-р Соња Николова. ...

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава e 3,25, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Споредбено со минатите години, постои намалување на оценката на државната матура, односно просечната оценка лани била 3,65, во 2022 година била 3,78, а во 2021 година била 3,61. Според Државниот испитен центар (ДИЦ), ваквиот резултат се должи на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа ...

Финалната изложба на студентите на „Скала“ насловена како „Продор“ ќе се одржи утре (6 јули) со почеток во 20 часот во просториите на „Јавна соба“ во Скопје. Во рамки на изложбата, ќе бидат претставени повеќе од 500 дела на 140 студенти од генерацијата 2023/24 година, илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, фотографии, како и работни процеси, технички ...

Во Охрид денеска започнува шестото алтернативно културно-забавно лето на Културолошката иницијатива „5 до 12“, односно, оваа година настанот за првпат ќе има фестивалско издание. Фестивалот ќе се отвори вечерва, на скејт-паркот во Охрид, со почеток во 18 часот со настанот „Free Spirit Day“. Најавени се музички настапи на „Rootboy Selector“, слушачка промоција на новиот алубм на „Primitive Dread“ и концертен настап, настап на „Новиот Почеток“, а ...

Жителите и еколошките организации „Здрава котлина“ и „Еко долина“ од општините Ново Село, Босилово и Струмица денеска протестираат против отворање на капацитет кој ќе преработува алуминиум. За овие општини рудникот Иловица-Штука, против кој се борат неколку години сè уште не е завршена приказна, а само на десетина километри од таа локација им се отвора нов фронт кој се плашат дека исто така ќе им ги загрозува здравјето и животната средина ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска поднесе обвинение против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. „Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради ...

Францускиот и светскиот кинематограф Бруно Делбонел е добитникот на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. „Бруно Делбонел е најновиот член во лубот на великаните на ‘Браќа Манаки’. Изодувајќи го патот на лауреат на ‘Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност’ што ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска изрази јавен апел до државните институции за преземање мерки, откако пред неколку дена беше објавен извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во кој беше посочено дека државата се наоѓа на петто место во Европа по одлив на мозоци. Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и ...

Во академската 2023/2024 година која изминува, биле запишани вкупно 52.316 студенти, што претставува намалување за 2.8% во однос на претходната академска година. Бројот на запишани студентки во тековната академска година бил 30.704 или 58.7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем број студенти 40.695 се запишале на државните високообразовни установи, по нив, следуваат приватните високообразовни установи со 11.298 ...

Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ годинава ќе го има своето 23 издание насловено како „Како е? Викај ура“ од 11 до 17 јули во Младинскиот културен центар (МКЦ). Ќе бидат прикажани повеќе од 40 филмски наслови, меѓу кои и дел од филмовите на овогодинешниот Кански филмски фестивал, ќе настапуваат повеќе бендови со различни жанрови, а ќе се спроведе и проектот „Living music“ на кој ќе работат студенти и млади режисери од Европа. ...

„Ок. Стигнавме до 100 изданија. Тоа значи сто пати сме го изговориле она наше – ново! во средина каде понекогаш тоа е прст во око. Среќа, сѐ уште ве има доволно со љубопитни уши, драги наши музички сопатници, и тоа е добра причина да прославиме, имаме и план. Скопските горештини ни се инспирација, никако проблем“. Вака независниот лабел „Шарла“ (Sharla) за утре (петок, 5 јули) од 21 часот го најавува настанот со акустични настапи во скопска „Ла ...

На вчерашната седница, Владата именуваше раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. „Димовски е доктор на науки, докторирал на тема ‘Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија’. Тој има долгогодишно работно искуство во институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, ...

Колку младите на локално ниво се вклучуваат иницијативите за млади, дали тие се доволно активни, но и како да се мотивираат за да се активираат, како и дали имаат доволно простори каде може да се здружуваат. Ова се некои од прашањата во аудио интервјуто со Ана Наумоска од Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга. За тоа каква е состојбата со младинскиот активизам во Струга, слушнете повеќе во аудио интервјуто во продолжение. Автори: ...

По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје – Битола – Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање. Исто така, повторно се враќа бесплатното патување за младите и пензиониерите со воз, пракса што беше прекината за време на пандемијата со Ковид-19, пишува новинската агенција Мета. Укинувањето првично се случи во октомври минатата година, каде што се укинаа по два воза дневно на ...

Летното аниме „Тунелот на летото, излезот на збогатувањата“ ќе се прикаже на три платна истовремено утре (4 јули) со почеток од 19 часот во просторот за креација и иновација „База42“. На настанот ќе има и мини базар за урбана облека од македонски и јапонски брендови, рачно изработен накит, маички и фигури, но и караоке на јапонски песни. „Овој пат во соработка со хакерскиот простор ‘База42’ најавуваме серија настани наречени ЈапанХ42 кои ќе се ...

Во рамки на деветтото издание на фестивалот за критичка култура „Крик“ насловено како „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“ денеска (3 јули) со почеток во 19 и 30 часот во националната галерија „Чифте амам“ ќе се одржи промоција на книгата „Уметност и револуција“ во превод на Катерина Шекутковска, низ дијалог помеѓу авторот Гералд Рауниг и социологот Ивана Драгшиќ. „’Уметност и револуција’ е своевидна алтернативна историја на уметноста ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска посочи дека до септември, како Влада не можат да стигнат да обезбедат учебници за седмо одделение, дури ако имаат и „волшебно стапче“. Јаневска истакна дека ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Во меѓувреме, таа посочи дека дел од нив не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. „Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Ниту една институција, според извештајот на ЦГК не се наоѓа во зелената зона, односно има висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %. Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени ...

За наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ годинава се номинирани вкупно 43 дела од 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 18 јазици. Опфатени се 40 странски автори од жанровските категории роман, расказ, книги за деца и драми. „Сето тоа сведочи за разгранета и опсежна преведувачка продукција, но и за многу силна конкуренција“, велат од издавачката куќа „Антолог“ која годинава го ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осуди директните закани кон новинарот од Канал 5 Александар Видиновски и побара од надлежните да постапуваат по очигледна закана по безбедноста на новинарот. Под објавата на својот Фејсбук профил на неговата репортажа од Пустец, Албанија, како што велат од ССНМ, Видиновски добил сериозни и застрашувачки закани од лицето Виктор Стојанов кое има забрана за влез во Македонија на ...

Уметничка инсталација „Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит“ како акција посветена на борбата против дезинформациите е поставена денеска на плочникот на трговскиот центар „Бисер“ во општина Аеродром, во организација на Центарот за современа уметност. „Кога ќе се спојат уметноста и дезинформациите, како феномен на кој овие простори паѓаат на испит, тогаш го добиваме уметничкиот поглед на Маја Танева, уметница која ги разложува ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.53
61%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
55%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
73%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
44%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
67%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
73%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048