Вчера, 9 јули, беше десеттиот ден откако студентите од организацијата „Став“ (Студентите против авторитарните власти) ја блокираат работата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, а надлежните и понатаму не одговараат на нивните апели да се обезбедат регуларни услови за одржување на избори за Студентски парламент на Филозофскиот факултет, пренесува Бета. Тие спијат во зградата на Ректоратот одржувајќи протест под мотото „Една листа не е ...

„Затворив прозор за да проветрам дома“ се честите иронични коментари што се шират по социјалните мрежи откако вчера повторно, по којзнае кој пат, гореше некогашната депонија Вардариште, една од еколошките бомби на Скопје. Граѓани од Гази Баба, Лисиче, Аеродром и воопшто целиот град велат дека во време на летни горештини се гушат со токсични гасови и смрдеа на изгорена гума, пластика и отпад што веќе со години гори од Вардариште. Од Центарот за ...

Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје нема да работи следната академска година, јавува новинската агенција Мета. Комплексот ќе биде затворен во целост сè додека не се реновира. Откако пред десетина дена се отселија сите студенти, се затвори и третата зграда, од каде и ќе почне реконструкцијата. Нема да функционираат ниту бараките, и покрај тоа што во овие објекти е исправно сè, ниту пак студентската менза. Австриската компанија „Штрабаг“ која ...

Подобрување на наставните планови и програми за основно и гимназиско образование, фокусирање да се забрза напредокот во средното стручно образование. Промени во високото образование со модернизирање на студиските програми, запирање на практиката на купување дипломи. Исто така, декларација, односно стратегија во консензус со повеќе политички чинители, власт и опозиција за да се постават принципи на образованието во иднина, односно да се стави ...

Виолончелистот Александар Котевски е новиот в.д. директор на Македонска филхармонија. „Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева која изминатите неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата“, информираат од Филхармонија. Оттаму истакнуваат дека Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот од 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 година тој работел како Уметнички директор на Македонската ...

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година, па, како што велат, за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст. „Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и ...

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи во сабота, 13 јули, во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид со почеток во 19 и 30 часот. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова – Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее ...

Меморандум за соработка денеска ќе биде потпишан помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Потпишувањето на овој Меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, кој при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката“, велат од Судот. Меморандумот ...

Граѓаните на Скопје, физички и правни лица, кои имаат заостанат долг во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ можат да аплицираат за договори за отплата без пресметка на каматата за задоцнетото плаќање, заклучно до 31 јули. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, ...

Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија, меѓу кои и предизвиците со бирократијата, беа теми на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч. Од ФЗО велат дека приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. ...

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. „Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, ...

Повеќе од 90 организации за човекови права во Европа тврдат дека од неодамна се зголемени обидите на Европската Унија и нејзините земји-членки да ги избегнат своите одговорности за азил, со што ризикуваат да го поткопаат системот за меѓународна заштита. „За да бидеме сигурни дека бегалците имаат пристап до заштита, државите мора да го гарантираат нивното право да бараат и уживаат азил, како и да ги почитуваат своите обврски кон меѓународниот ...

Под слоганот „Како си? Навистина!“, УНИЦЕФ и партнерите подготвуваат кампања за да се прекине молкот околу менталното здравје и психолошките состојби со тоа што отворено ќе се зборува за нив. „Во текот на животот децата и младите, како и возрасните, доживуваат различни нивоа на стрес, анксиозност, страв. Но, на младите понекогаш им е тешко да се отворат и да зборуваат за чувствата што ги доживуваат. Првиот чекор за да ја добиете помошта што ...

Приказната за малото храбро девојче кое има голема задача: да го спаси целиот океан – во неделата премиерно изведена пред младата струшка публика, покрај Охридското езеро. Претставата „Океанија“ е во режија на Мирослав Петковиќ, а во организација на здружението „Арт-Манија“. Јуроп Хаус Струга ги поддржа уметниците Милко Нестороски, Викторија Попоска и Бојан Секулоски во создавање сценографија која е создадена од отпад собран од плажите и езерото ...

Судскиот совет ја отфрли иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), оценувајќи ја како ненавремена. Од друга страна, ДКСК тврдат дека постапката за утврдување одговорност била иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата. „Имено, Иницијативата е ...

МОН и Бирото за развој на образование (БРО) започнуваат јавна консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение со цел оние кои се веќе изработени да се унапредат, а новите кои треба да се подготват да ги содржат сугестиите на, како што истакнуваат оттаму, оние чие мислење е најважно во процесот на обликување на воспитно-образовниот систем, односно наставниците – практичари. „Сите чинители на воспитно – образовниот процес, можат ...

Добитничка на поетската награда „Млада Струга“ на овогодинешните Струшки вечери на поезијата е Филипа Сара Попова за нејзината необјавена стихозбирка „Скршен терариум“. Свечениот настан се одржа на денеска (8 јули) во просториите на „Јуроп хаус“ во Струга. За тоа кој да ја добие наградата одлучила жири комисијата составена од Славе Ѓорѓо Димоски, Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади. „Станува збор за извонредно надарена поетеса, полна со ...

Љубица Караманди Попчевски Во време кога фокусот на ЕУ се насочува кон Украина и Молдавија, не смееме да заостануваме. Ако не одиме напред, ќе одиме назад. Сеопфатни уставни измени се во прилог на целосна подготвеност за членство во Унијата. Мора да работиме напорно, организирано и мудро. По краткото затишје за време на изборите, повторно „на маса“ се врати дебатата околу уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Амбасадорот Гир ...

Левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) забележа изненадувачка победа со освоени 188 парламентарни места или 32,6% од гласовите, а по нив е центристичката коалицијата Заедно на претседателот Макрон со 161 место, односно 27,9% од гласовите, пренесува Ал Џазира Балканс. Десницата пак, освои 142 места во Парламентот или 24,6% од гласовите. Ле Пен и нејзината партија Национален собир (PH) беа фаворити, откако освоија најмногу гласови во ...

Министерството за образование и наука (МОН) објави Конкурс за стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката за академската 2024/2025 година. Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови: 1. Да има завршено ...

Виолинистот Џулијан Рахлин заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи на овогодинешното свечено отворање на фестивалот „Охридско лето“ на 12 јули (петок) со почеток во 21 часот на зданието на Античкиот театар. „Светскиот музичар Рахлин ќе се претстави и како диригент, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во e-moll оп. 64 од германскиот композитор Феликс Менделсон, како и класичната Увертира-фантазија ‘Ромео и ...

„Де бе за 100 денари, еднаш облечи го и фрли го!“ „Живо џабе, не ти се исплати да переш, носи – фрли“ „Ич не му се мисли, за тие пари супер е“ се реченичките кои најчесто се слушаат во продавничките за Second hand алишта, она што ние го велиме „втора рака“, користена гардероба или носени алишта. За дообјаснување на оние кои не знаат, цените на алиштата во овие продавници се движат од „се за 230 денари“ до „се за 50 денари“ по парче, кога има ...

Во „Јуроп хаус“ Струга утре ќе се одржи свечен настан по повод прогласувањето на добитникот на наградата „Млада Струга“ за 2024 година. Наградата се доделува во соработка со „Јуроп хаус“ и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија. Настанот за свеченото прогласување на добитникот на наградата „Млада Струга“ ќе се одржи утре (понеделник) со почеток во 11ː30 часот. Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024, ...

„Иноклин“ (Innoclean) e името на уредот кој го создале матуранти во училиштето „Михајло Пупин“, а чии „сини” UVB-LED светла, го спречуваат брзиот развој на бактерии во устата и забите, во време кога луѓето се на подолг пат и немаат услови за редовно одржување на оралната хигиена, пишува новинската агенција Мета. Фидан Маџоски, Марија Јованова, Зорица Геровска, Стефан Јанковски и Андреј Тодоров, се младите ентузијасти, на кои им биле потребни 20 ...

Голем број средношколци и нивните семејства ги истражуваа програмите и можностите што ги нудат високообразовните установи во земјава, на првото издание на саемот на универзитети „УниКомпас“ што се одржа вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Саемот, во организација на најголемата студентска заедница „СтудентаријаМК“, се покажа како трансформативно искуство кое на идните студенти им обезбеди платформа за да комуницираат директно со ...

Во спомен собата на Анте Поповски во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров во среда (10 јули) ќе се одржи седмото издание на „Антево слово“ и свечено ќе бидат доделени наградите. Наградите се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“. „Во соработка со ...

Центарот за современи уметности (ЦСУ) вчера кај Порта Буњаковец во Скопје постави „стапица за антиваксери“ на која се испишани дезинформации околу вакцинацијата. Акцијата е дел од низата уметнички акции на групата Урбани уметнички акции (Урбана герила), преку кои дел од македонските уметници активно се вклучуваат во борбата против лажните вести и дезинформациите. Акцијата „Стапица за антиваксери“ е посветена на борбата со лажните вести и ...

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) соопшти дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции и дека ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали тие се предвидени и дозволени. Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК најави дека преземе соодветни мерки и ќе ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници вчера најавија затворање на нестандардната депонија на Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Тој истакна дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион. „Овие ...

Џефри Д. Сакс Наредните 25 години може да бидат период на мир, брз технолошки напредок, одржливост на животната средина и крај на сиромаштијата – доколку се придржуваме до Повелбата на ОН и ги вложиме нашите ресурси во мир и одржлив развој, наместо во војна. Геополитиката во моментов се наоѓа на крстопат – дали светот ќе се обедини за да одговори на заедничките предизвици; дали ќе се подели долж ривалските блокови кои се предводени од САД и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.53
61%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
55%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
73%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
44%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
67%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
73%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048