
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Ова не е само обично соопштение. Ова е нашиот крик да покажеме низ што вистински поминавме овој месец: омраза, закани по живот, повици за линч и, финално, наше истерување од град во кој работевме и инвестиравме речиси 7 години, се вели во писмото на „Еквалис“ што го испрати до јавноста во однос на летната школа за ЛГБТИК+ млади и сојузниц(чк)и. Во прилог, целото писмо на „Еквалис“ го објавуваме интегрално: Што се случи: На почетокот на месец ...
Министерството за здравство (МЗ) отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари. Граѓаните, како што велат од МЗ, имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899-001. Исто така, оттаму истакнаа дека граѓаните имаат можност и за лична ...
Организацијата „Македонија 2025“ спроведе камп на кој деца од 11 до 15 години учеа вештини по роботика, програмирање и кодирање од 7 до 13 јули во Охрид. Оваа година кампот броеше 21 дете од Македонија, САД, Катар, Италија, Хрватска, Шведска и Малта. „Кампот за високотехнолошка извонредност е комбинација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и ...
Целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште денеска воведе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на ЈП „Национални шуми“ поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната започнува денеска и ќе трае се до денот на ...
Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) организираше дискусија за законската регулатива на волонтерството, на која млади волонтери и активисти, претставници на граѓански организации, млади вработени во државните институции, како и претеничката Марија Петрушевска, дискутираа за Законот за волонтерство и дадоа препораки за вреднување на волонтерството како работно искуство при државно вработување. На дискусијата, ...
Од 17 до 21 јули на четири локации во Охрид ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“ (БФФ). Овогодинешното издание, како што велат организаторите, нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, односно на плажата Славија, бродот Армада, плажата Сараиште и Младинскиот Центар Охрид. Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на филмот ...
Вечерва, 15 јули, е петтиот ден од фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој се одржува во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ). Со почеток од 19 и 30 часот во просториите на МКЦ ќе може да се погледат вкупно седум филмови, а фестивалската вечер ќе заврши со концерт на „СИЗ“. Прв ќе се прикаже „Надвор од сината граница“ (Beyond the blue border) на Сара Неуман кој е филмска адаптација на книгата за млада група пријатели кои сакаат да ...
Од денеска започна Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за студиската 2024/2025 година. За претстојната академска година, достапни се вкупно 4.303 легла, од кои 1.034 за студентите од прва година, односно 3.269 легла за студентите од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и за апсолвентите. Според податоците на Министерството за образование и наука (МОН), најмногу ...
На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, екологија… [Интервју] Јаневска: Образованието го гледам како стабилен систем за четири години отсега Подобрување на наставните планови и програми за основно и гимназиско образование, фокусирање да се забрза напредокот во средното стручно образование. Промени во високото образование со модернизирање на ...
На 53-годишна возраст почина актерката Шенон Доерти, или како што многумина ја знаеја – Бренда од серијата „Беверли Хилс 90210“, со која растеа милион тинејџери во текот на деведесеттите. Смртта на Доерти за „Пипл“ ја потврди нејзината публицистка Лесли Слоун. „Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, изјави Слоун. „Посветената ќерка, ...
Европската унија го повика Илон Маск да одговори како ја претвори социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) во рај за дезинформации и нелегални содржини, пренесува агенцијата Мета.мк. Комисијата на ЕУ го обвини „Икс“ за непочитување на законот на ЕУ за социјалните медиуми. Платформата може да се соочи со голема парична казна од повеќе милиони евра во пионерски случај според новиот Закон за дигитални услуги, закон за сузбивање на токсичните и ...
Поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден по истрелите на почетокот на митингот во Батлер, Пенсилванија, вчеравечер. Од Тајната служба, како што пренесе Си-Ен-Ен изјавија дека Трамп е безбеден и под заштитни мерки. Трамп беше преплавен од агенти на сцената на митингот откако се слушнаа истрелите. Тој се фати за увото, а на неговото лице можеше да се види крв. Кратко после тоа, тој, опкружен со агенти, стана и ја крена тупаницата кон ...
Во книжарница „Илика“ од 15 до 17 јули ќе се одржи „Јулски вечери на архитектурата“, тридневен вечерен настан кој ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје. „Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од ...
Во Хотел „Оаза“ во Штип се одржа завршната конференција од проектот „Зелена генерација: училишта за климатска акција“ насловена – Зелена образовна трансформација. Од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) информираат дека конференцијата завршила со заклучокот дека поставувањето на соларни панели ќе ја зголеми финансиската одржливост и моќ на училиштата. Истовремено, заштедите од струјата ќе им овозможат на учениците, училишните ...
Како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, Владата синоќа заседаваше и донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена. Од Владата го задолжуваат Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите. Истовремено, се задолжува Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11 од 17 часот – мерка која, велат од ССНМ, не ја почитуваат ниту владини претставници, ниту претставници на политичките ...
Покрај сите анализи, инфографици, следење проблематики и покривање дневни актуелности поврзани со сите млади и не-толку-млади, Радио МОФ пишуваше и дававаше светлина и на разни уметници, културни работници, активисти, волонтери, креативци, ентизијасти, разни борци, секој своето своето поле… кои ни даваа напредна мисла и здрав разум. Еве некои кои можеби поминаа „под радар“, а вредат да се издвојат од првата половина на 2024 година: [Интервју] ...
Новата министерка за образование и наука, Весна Јаневска смета дека е голем бенефитот од едносменското работење, кое таа го најави. Првиот бенефит е за децата наутро да научат, вели таа, а вториот, се покажало во поразвиените земји дека подолгиот престој на децата во училиште дава подобри резултати во образованието. „Кога велиме едносменски, тоа значи учениците да бидат на училиште осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано осум часа ...
„Шарла: 100 врати отворени“ е делумно ретроспективна музичка компилација по повод 100 изданија на независниот музички издавач „Шарла Рекордс“ (Sharla records). Од лабелот велат дека компилацијата претставува само мал дел од издавачкиот опус на „Шарла“, а критериумот за избор е направен давајќи им предност на вокални композиции изведени на македонски јазик. „Фокусот на изданието е лирскиот и раскажувачки аспект како своевиден запис за времето и ...
Матка никако да ја добие заштитата која и е неопходна и по две децении откако заштитените подрачја мораа да бидат репрогласени според обврските од законот за природа донесен во 2004 година. Законот за прогласување на кањонот за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата, повеќе од една година чека да се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието, пишува агенцијата Мета.мк. Откако десетина години се работеше на ...
Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, но и со настап на истоимениот ансамбл, синоќа беше отворен 23-от Меѓународен фестивал на европски филм – „Синедејс“ (Cinedays). Музичкиот документарен филм кој е во режија Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, а се снимаше во текот на април 2023 година, претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага ...
Најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“ кој се одржува во Нови Сад го започна своето 24. издание на 10 јули. Богатата програма се одржува на повеќе од 40 бини и зони, содржи звучни имиња, а ќе трае до 14 јули. Помеѓу големиот број на музичари кои се појавија или допрва ќе настапат на „Егзит“ се и македонскиот алтернативен рок бенд „Луфтанза“ кои гостуваа како финалисти на годинешните европски музички награди „Хеми“, а својот настап ...
Хелсиншки комитет за човекови права издаде ново истражување насловено како „Извештај за потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“. Според него, 60% од испитаниците дека културните институции и настаните во Македонија не се доволно инклузивни и не ги вклучуваат ЛГБТИ+ луѓето, па оттаму многу им е важно да се организираат посебни социо-културни настани. Речиси 90% од испитаните луѓе сметаат дека ЛГБТИ+ луѓето не се ...
Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71. издание на Пулскиот филмски фестивал. „Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од ‘Фокус Покус Филмс’, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција ‘4Филм’ и Хрватскиот ...
Во близина на детското одмаралиште Бунец, и некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси, реагираат од Здружението „Анима мунди“. Според активистите се гради стрелиште, во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без ...
„Од 23 јули до 1 август, во индустриската хала на центарот ‘Лабораториум’ ќе се одржи привремената изложба ‘Скопје вибрира поп ап’ чија што цел е да понуди содржини во културниот и социјалниот живот во летниот период во градот Скопје. Истовремено им дава можност на младите дизајнери и уметници да ги прикажат своите колекции и уметнички дела, при што им се дава предност на младите учесници и оние кои за прв пат се претставуваат во јавноста“, ...
Во рамки на овогодинешното трето издание на фестивалот „Зрно“ ќе се отвори изложбата „Еден“ на младата визуелна уметница Тијана Борбељ од Србија вечерва (12 јули) во Мобилната галерија во паркот на франкофонијата во Скопје со почеток во 20 часот. „Изложбата не враќа во некои минати времиња, ни поставува прашања за сегашноста и ја загатнува иднината, преку нејзините фотографии од стари семејни албуми на ‘фолксдојчери’ од Војводина, најдени на ...
Уставниот суд денеска поведе постапка за оценка на уставноста на одредби од Законот за заштита на децата кои се однесуваат на државна помош за новороденчиња. Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството. „Според Уставниот суд, во овој закон, конкретно во членот ...
Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) организира мини фестивал за човекови права утре, 11 јули, со почеток во 10 часот во просториите на Центарот за младински активизам Крик, а во рамки на Балканскиот караван на давателите на социјални услуги во заедниците. „Балканскиот караван е настан кој има за цел да собере учесници од организации, даватели на социјални услуги од земјите од Западен Балкан, кои ќе патуваат со караванот, ќе ја презентираат ...
Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење. Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40%. Ова го покажува новото истражување на водата за пиење на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), коe открива дека во Македонија има 67 снабдувачи на вода и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Според истражувањето, најниска цена за потрошената ...