
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



На 47-годишна возраст, по долги и тешки здравствени компликации почина новинарот Саше Димовски. Во неговата кариера известуваше за случувањата во правосудниот систем. Димовски беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување. Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и ТВ 24 Вести. Работел во неделникот и дневниот весник „Фокус“ ...
Долгометражниот игран филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец, е во официјалната програма „Open Air“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Светската премиера на филмот ќе се одржи во амфитеатарот „Open Air“ на 19 август, со почеток во 21:45 часот. Се работи за комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во ...
Мексикански новинар кој известуваше за насилен криминал е убиен додека бил под полициска заштита, јавува „Би-Би-Си“. Засега непознати вооружени лица го застрелале Алехандро Мартинез додека патувал во автомобил со двајца телохранители во централната држава Гванахуато. Мартинез, познат како „Синот на осамениот ренџер“ починал во болница од раните од куршуми што ги здобил во нападот. Мексико е една од најнебезбедните држави за новинари во своетот, ...
Годинешното, јубилејно петто издание на фестивалот на анимирани филмови Флипбук филм фестивал ќе се одржи од 8 до 11 август на веќе препознатливата локација – летното кино на Кинотеката на Северна Македонија. Фестивалската програма годинава е исполнета со речиси 100 анимирани филмови поделени во пет категории. Во главната селекција годинава влегуваат 16 анимирани филмови, меѓу кои португалскиот филм „De Imperio“ во режија на Алесандро Новели и ...
Британската академија за филм (БАФТА) објави нова категорија за најдобар филм за деца и семеен филм. Во оваа категорија може да конкурираат филмовите кои имаат рејтинг на сертификат „U“, „PG“ или „12A“. Новата категорија ќе ги „слави најдобрите филмови кои се наменети за меѓугенерациска публика“ и „претставуваат суштински креативни придонеси на детскиот медиумски сектор“, се вели во соопштението на БАФТА. Ова е првпат во пет години БАФТА да ...
Повеќе од 300 луѓе загинаа а стотици се повредени во бранот насилства во Бангладеш, пишува пишува „АлЏезира“. Протестите започнаа минатиот месец кога студентите излегоа на улиците поради владините квоти за работни места и оттогаш се проширија на немири низ целата земја. Демонстрантите денеска повикаа на масовен марш кон главниот град Дака. Бројот на загинати е најголем во еден ден од кој било протест во поновата историја на Бангладеш, ...
Месецов македонскиот бенд „Фолтин“ ќе одржи три самостојни концерти во Струга, Битола и Кавадарци. Најпрво членовите на бендот ќе настапат во склоп на осмото издание на фестивалот за краток филм „Дрим Шорт“ кое ќе се одржи на 8 август во Домот на културата, на летната сцена во Струга. Влезниците за овој концерт можат да се купат во „Kingston bar“. Додека пак, концертот на битолскиот бенд „Фолтин“ во Битола ќе го отворат младите битолски бендови ...
Во Скопје денеска ќе се отвори хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите во Свети Николско и Источна Македонија. Пунктот ќе биде лоциран до „Ист Гејт Мол“, до комуналното претпријатие и супермаркетот „Еконас“ во канцелариите на КСОМ веднаш до пешачкиот премин. Волонтерите на пунктот ќе работат од 16 до 20 часот, а материјалните добра кои се најпотребни се конзервирана храна, душеци , ќебиња, чаршафи, перници и сочувана исперена ...
Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, пишува „АлЏезира“. Владата на САД ја обвини кинеската компанија дека незаконски собира податоци за деца. Министерството за правда соопшти дека практика на таа социјална мрежа е „масовно“ да навлегува во приватноста на децата. Официјалните лица рекоа дека ТикТок и матичната компанија БитДенс се „повторливи престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен во 2019 година. Од ТикТок соопштија ...
Најголемата санта мраз во светот А23а веќе со месеци се врти во место северно од Антартикот, додека според научниците треба да движи во тек со најмоќниот океан на Земјата. Тие додаваат замрзнатиот блок кој е повеќе од два пати поголем од Голем Лондон, е заглавен на врвот на огромен ротирачки цилиндар со вода. Ова е феномен што океаногграфите го нарекуваат Тејлор Колона – и тоа значи дека е возможно А23а со години да не се ослободи од ваквата ...
Во изминативе неколку дена, среде празничната сезона, климатски активисти ги нападнаа аеродромите и го блокираа сообраќајот прилепувајќи се на пистите. Најголемата авиокомпанија во Европа Луфтанза очекува климатските активисти да спроведат акции на самите летови, пренесува Ал Џазира Балканс. „Активистите, како редовни патници, би можеле да влезат во авионот и да го нарушат летот, па дури и да го спречат“, стои во интерното предупредување ...
Стихозбирките „Малечката Ана“ и „Две сонца“ од поетесата Благица Велковска ќе бидат промовирани утре (6 август), со почеток во 18:00 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка. Промоторки на стихозбирките ќе бидат Оливера Станковска и Марица Митева Станковска. Поетесата Велковска досега има објавено 7 стихозбирки и, како што стои во соопштението, уште неколку се во подготовка. „Малечката Ана“ и „Две сонца“ , пак, се посветени на внуката и на ...
Во текот на вчерашниот ден, имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и кракот кон Јасен, потоа на Илинска Планина кај селото Базерник, кај селото селото Фурка кон Каравалија, кај селата Драчевица, Црвена Вода и местото викано Темна Бука, како и кај селата Зелениград и ...
Србија се подготвува да го испрати својот прв сателит во вселената, пишува „Политика.рс“. Сателитот „Мозаик“ освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, ќе ја снима и Србија оддалеку. Планот е „Мозаик“ да биде лансиран кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и да се задржи во орбитата две до три години. Според научниот соработник на српската Астрономска опсерваторија во Белград – Милан Стојановиќ, споредната цел ...
Порталб.мк спроведе aнкета за вознемирувањата на работното место во јавниот сектор во Република Северна Македонија. Од 45 лица кои одговориле на анкетата, 24 изјавиле дека доживеале вербално, физичко и родово базирано вознемирување на работното место. Но, тие не ги пријавуваат овие случаи поради разни лични, политички и други стравувања. Обвинителството и МВР немаат статистика за бројот на случаи на вознемирување на работното место. Сојузот на ...
Две нови студии покажаа дека проблематичната употреба на паметни телефони кај тинејџерите е поврзана со анксиозност, депресија и несоница, јавува Евроњуз. Тинејџерите кои пријавиле подолга употреба на паметни телефони имаат поголема веројатност да имаат анксиозност, депресија или несоница, според две нови студии во училишта во Велика Британија. Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон ги собраа одговорите на 657 тинејџери на возраст меѓу 16 и ...
Социјалната мрежа Инстаграм сè уште е блокирана во Турција, по обвинувањата за цензура испратени од висок турски функционер до американската платформа, пренесува Н1. Директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун во средата остро го критикуваше Инстаграм, тврдејќи дека платформата ги спречува луѓето да објавуваат пораки со сочувство за „маченикот (Исмаил) Ханија“, шефот на Хамас. Одлуката на својата веб-страница ја објави ...
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 4 се под контрола и 33 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и кракот кон Јасен, потоа на Илинска планина кај селото Базерник и помеѓу Косел, Расино, Опеница и Валина на 4 точки. Дополнително, пожар има и кај местото викано Погана кон ветерниот парк Богданци и помеѓу ...
Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во државата, да ја напуштат во првата можна прилика. Дополнително, тие апелираа до граѓаните да ги одложат и патувањата кои не се неопходни кон Израел, имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток. „Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… [Видео] Кризите низ објективот на акциските фотографи на ЦУК Каде што има пожари, поплави и земјотреси, таму се и акциските фотографи на Центарот за управување со кризи. Еден од нив е и Борјан Михајловски кој е ангажиран како надворешен фото и видео соработник за екстремна фотографија. Што носи самата акциска ...
Минатата година во Европската Унија беа регистрирани 1.5 милиони нови електрични автомобили на батерии, со што нивниот вкупен број достигна 4.5 милиони. Бројот на електрични автомобили на батерии е зголемен за 48.5 отсто во споредба со 2022 година, кога во ЕУ имаше вкупно три милиони, објави Евростат, пренесува Ал Џазира Балканс. Уделот на електричните автомобили на батерии меѓу регистрациите на нови автомобили во ЕУ достигна 14.6 отсто во 2023 ...
Во Венеција се усвоени нови правила за големината на туристичките групи и е воведен забрана за користење звучници и мегафони за туристички водичи. Тоа е уште една од мерките во низата што градската власт на Венеција ги донесе во изминатата година, со цел да го заштити градот од преголемата посетеност, пренесува Данас. Локалните жители ја поздравија одлуката, која има исклучоци за деца под две години, училишни групи и образовни и професионални ...
Гугл мапс додаде нова корисна алатка за да им помогне на корисниците да паркираат во близина на нивната посакувана дестинација, што е особено корисно ако никогаш претходно не биле на тоа место, пренесува „Машабл“. Во новото ажурирање објавено во средата, Гугл мапс сега ќе повлекува информации за вашата дестинација во апликацијата додека се приближувате до неа и ќе ви покаже каде да паркирате или во кругот на зградата или во близина на неа. ...
Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти претпладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и крак кон Јасен, потоа кај селата Зелениград и Јамиште, кај селото Долно Барбарево и помеѓу селата Пласница и Латово. Пожар има и на Илинска планина, потоа кај селата Смесница, Страхојадица и Градовци, ...
Екстремните горештини убиваат најмалку 175.000 луѓе годишно во Европа, каде температурите и понатаму рапидно растат, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), јавува Политико. Европа е меѓу регионите со најбрзо затоплување во светот, а температурите се зголемуваат двојно побрзо од глобалниот просек. Луѓето во европскиот регион на СЗО „плаќаат највисока цена“ за екстремната горештина, предупреди директорот на СЗО за Европа. ...
Два месеци откако владејачката партија ги игнорираше протестите и меѓународните предупредувања, во Грузија стапи на сила законот за таканаречените „странски агенти“. Законот беше критикуван и се заканува јавно да дискредитира илјадници медиумски куќи и граѓански организации како „слуги“ на странски сили, јавува Радио Слободна Европа. Сè уште се чекаат неколку тужби за оспорување на уставноста на законот, вклучително и првата жалба на ...
„Ретроспектива“ е насловена изложбата на ликовниот уметник Даме Зауровски која вечерва од 20:30 часот ќе се отвори во Центарот за култура во Струга. Затуровски пред публиката ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. „ Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната ...
Полицијата на 31 јули го приведе М.Ј. (31) од Свети Николе затоа што истиот ден околу 13:30 часот кај местото викано „Крушки“ во атарот на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата. „Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители. По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека претпладнево се активни 6 пожари на отворено и шумски пожари. Еден од пожарите е во Општина Демир Хисар, каде врз пожарот на Илинска Планина се дејствува со 5 ер трактори – 1 на Дирекцијата за заштита и спасување, 2 германски и 2 шведски. На тешко пристапниот терен на земја пак, гаснат локални пожарникари со поддршка на месно население. Во меѓувреме, на пожарот кај селата Тажево и Брезница и крак кон ...
Турција вчера го блокираше пристапот до социјалната мрежа Инстаграм, соопшти националната агенција за комуникации без објаснување, откако висок турски функционер ја обвини американската компанија за цензура, јавува Радио Слободна Европа. Управата за комуникации (БТК) преку објава на својата веб-страница објави дека „instagram.com е блокиран со одлука од 2 август 2024 година“. Многу корисници кои живеат во Турција се пожалија на социјалната мрежа ...