Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. „Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се наведува во соопштението од ...

Интерактивно предавање на тема театар ќе одржи Ана Стојаноска, професорка по македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, на 10 декември, вторник, со почеток во 19 часот главната сала во Друштвото на писателита на Македонија (ДПМ). Предавањето е од отворен тип, a поканети се сите љубители на штиците што живот значат. „Театарот е најубавата уметност и најспецифичната: живее само во мигот додека се игра ...

Читачката промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска ќе се одржи во четврток, 12 декември, со почеток во 20 и 30 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното љубопитство за поместување и надраснување на веќе освоените стандарди во компонирањето лирска песна кај нас. Затоа и беше за ...

Американскиот федерален апелационен суд го потврди законот според кој кинеската фирма „ByteDance“ мора да се откаже од својата популарна апликација ТикТок во Соединетите американски држави (САД) до почетокот на следната година или ќе се соочи со забрана, пренесува Ал Џазира Балканс. Пресудата може да се обжали до Врховниот суд или до целосниот совет на Апелациониот суд. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го потпиша законот во април, може ...

Самостојната изложба „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска ќе се отвори во вторник, 10 декември, во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, а во соработка со галерија „Грал“. „’1000 добро изодени патеки’ ја испитува променливата врска помеѓу телата, објектите и светот околу нас. Преку слики, текст и звук, Елена ги истражува темите на распаѓање, трансформација и постојаните промени што го обликуваат нашето ...

Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на гласање на претседателските избори само неколку дена пред одржувањето на вториот круг, поради руско влијание. Тоа значи дека процесот ќе биде рестартиран од почеток, а владата треба да одреди датум за ново гласање, пишува Би-Би-Си. Првиот круг го освои Калин Георгеску, „речиси непознат екстремен десничар и натоскептик“ кој претходно го пофали Владимир Путин. Одлуката на судот ...

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека испратила свои експерти да им помогнат на здравствените власти во Демократска Република Конго да истражат сè уште непозната болест која предизвика неколку смртни случаи во оддалечен дел од африканската земја, пренесува Ал Џазира Балканс. Во соопштението се вели дека експертите на СЗО се на пат за Панзи во југозападната провинција Кванго во Конго каде ќе ги достават потребните лекови и опрема ...

Здружението „Гоу грин“ пред месец дена изработи и јавно презентираше Предлог-правилник за велосипедска инфраструктура и Предлог-измени за Правилникот за урбанистичко планирање, каде би се вметнале прописите за проектирање, изведување и одржување на велосипедската мрежа. Но, од Министерството за транспорт и врски немаше присутни да ги слушнат предлозите, а молкот од таму уште трае. Од ресорното Министерство една недела не одговараат на прашањата ...

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од вчера е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, информираат од Министерството за култура и туризам. Мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на сесијата на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, ...

Репортери без граници (РСФ) повика на независна истрага за убиствата на двајца новинари во Сирија, пишува „Анадолу“. Сирискиот новинар Анас Алхарбутли беше убиен во воздушен напад на Башар ал Асад во западна Сирија во средата, а Мустафа ал Курди, дописник на информативната веб-страница Фокус Алепо, беше застрелан од војниците минатата недела. „Тероризирањето на медиумските работници е воено злосторство“, изјавија од РСФ и од Сирискиот центар за ...

Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на „Генералка викенд“. Денеска се пошумени последните 3.500 садници од вкупните 51 хектари (црн бор, бел бор и Аризона Чемпрес), засадени од страна на Национални шуми. Пошумувањето е именувано „Сончева гора“. „Оваа година во буџетот на Министерството се издвоени околу 20 ...

Во канцеларијата на Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ во Скопје, во периодот од 22 до 24 ноември, се одржа обука за наставници од основни училишта. „Целта на едукативната програма ‘МакеДокс во училница’ е преку практична обука наставниците да добијат алатки и материјали за обработка на чувствителни теми од наставната програма по Граѓанско образование за VIII и IX одделение, но и да се поттикне поширока примена на овој ...

Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистрибутери на нафтени деривати, итн. На дел од компаниите кои се на листата на 50 најголеми добитници на тендери, речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки со централните и со локалните институции во земјава. Последното истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажа дека во периодот 2019-2023 година во земјава се склучени договори ...

Граѓаните на Србија денеска во 11 часот и 52 минути застанаа 15 минути за да им оддадат почит на загинатите при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Студентите кои блокираа неколку белградски факултети, барајќи одговорност за смртта на 15 лица и тешките повреди на двајца, организирано блокираа неколку патишта, известува Н1. На иницијатива на „Проглас“, од 22 ноември во Србија секој петок во 11:52 часот се ...

Владата да го предвиди неопходниот минимален буџет за Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2025 година со 130 милиони денари, наместо сега најавените 90 милиони денари, побара Платформата за ХИВ денес на прес-конференција пред зградата на Владата. Од 130 милиони денари, 109 се потребни за лекови и 21 милион за да се одржат на сегашното минимално ниво за услугите за превенција, велат од Платформата за ХИВ. „Со износот од 90 ...

Вечерва, со почеток во 19,00 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Ре(откружено)“ на уметниците Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова. (Ре)откружено“ е третиот заеднички ликовен циклус на овие визуелни уметници, кои со своите размисли и идеи за поимот на „откруженото“ и „реоткруженото“, ги транспонираат во самостојни и групни ликовни композиции. Притоа, ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека од почетокот на годината забележани биле повеќе од 1.200 напади врз здравствените установи во земјите каде што има воени конфликти и војни, пишува „Анадолу“. Гебрејесус на социјалната мрежа Икс ги објави најновите информации за нападите врз здравствените услуги ширум светот од почетокот на годината. Тој предупреди дека нападите врз ...

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ оваа година нуди уникатна колекција Новогодишни честитки, создадени со дизајни од истакнати македонски уметници: Андреа Бојковска, Ва Дот, Ване Костуранов, „Кокидо“, Зоран Инадески, Георги Равански и Иван Претрушевски – Флим. „Со секоја купена честитка, освен што испраќате празнична радост, директно поддржувате програми за економско зајакнување на ранливите сограѓани и промовирате одржливи вредности. ...

Насмеани луѓе, прекрасни улици и зеленила, нацртало дете на работилница на Кампот за лицата од Украина, кој Црвениот крст на Град Скопје го одржува во изминатите три години. Кога младата волонтерката Матеа Тунева го прашала што црта, тоа одговорило „Скопје“. „Во тој момент – се стаписав, знаејќи дека детето не може во својата земја да ги гледа прекрасните пејзажи, насмеаните луѓе… И јас сум дел од неговиот моментален мир и спокој, а тоа ми ...

„Колкава треба да биде платата во Македонија за да се смета за достоинствена?“ е темата на која „Вработување.мк“ направи анкета со 3407 испитаници. Како што информират оттаму, анкетата ја направиле на нивната веб страница поставувајќи го прашањето: „Од 500 до 2000 евра: Колкава треба да биде платата во Македонија за да се смета за достоинствена?“ Понудените опции биле: од 500 до 1000 евра, од 1000 до 1500 евра, од 1500 до 2000 евра и над 2000 ...

Младинската организација „Млади од семејна разновидност“ и Организацијата „Сојуз на извидници на Македонија“ се добитници на Златен сертификат за волонтерство за 2024 година, кој го доделува Младинскиот културен центар (МКЦ) – Битола по повод 5 декември Меѓународниот ден на волонтерите. Од МКЦ Битола информираат дека „Млади од семејна разновидност“ ја добиваат наградата за волонтерската иницијатива за намалување на партиципацијата на студентите ...

Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје организира утринска дискусија утре, 6 декември, со почеток во 10 часот, на која ќе го лансира новиот „Senior kLab“ – иницијатива посветена на создавање простор кој одговара на потребите и интересите на пензионерите. Настанот има за цел да ги слушне мислењата на повозрасните сограѓани, како и да ја засили меѓугенерациската соработка преку нови и инклузивни активности. „’Senior kLab’ е ...

„Shōnen: Херојството кое инспирира“ – Пагода ве кани во Лабораториум на настан кој спојува аниме, традиција и модерни трендови На 9 декември (понеделник) со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар „Лабораториум“, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се бави со промоција на источноазиски култури во Македонија. Настанот кој е предвиден да трае до полноќ, вклучува ...

Израелските сили повторно ја бомбардираа „безбедната зона“ во Газа ал-Маваса, при што загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици беа повредени. Дописниците јавуваат дека во нападот „изгореле“ жени и деца, пренесува Ал Џазира Балканс. Израелските сили продолжија со воздушните напади во јужен Либан и покрај договорот за прекин на огнот со Хезболах, тврдејќи дека нападнале, како што ја нарекоа, лансирната платформа во областа Мајдал Зун. „Нападот на ...

„Супермен челинџ“ е „играта“ поради која денеска средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ заврши во болница. Предизвикот кој е популарен меѓу тинејџерите и адолесцентите на „ТикТок“, група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе, пишува новинската агенција Мета. Во „играта“, денеска ученик во ...

Скопското трио „My Tear“ во петок (6 декември) во Станица 26 ќе одржи концертна промоција на новиот албум „Кога не се сакаме“. „My Tear“ се Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас). „Идејата на бендот е албумот да звучи како модерна варијанта на македонските бендови од осумдесетите како Хаос ин Лаос, Токму така, Падот на Византија, Мизар, Бадмингтонс…“, се вели во најавата. По домашната промоција ...

Третиот блок од серијата „Зимски МакеДокс“ ќе се одржи утре (5 декември), со почеток во 18 часот, во „Јуроп хаус Струга“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Чуварите на Амазон“ (We are guardians), а по проекцијата ќе следи дискусија за заштитата на животната средина, поврзувајќи ги предизвиците на дождовните шуми во Амазон со регионот Охрид-Струга. Со цел да се истражи значењето на активизмот и одржливите практики за заштита на ...

По неколку изведби низ државата, последната изведба на претставата „Види, летам!“ е закажана за утре (5 декември) на Академската Сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје со почеток во 20 часот. „Оваа изведба на „Види, летам!“ е во чест на 30-годишнината од отворањето на Претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во Северна Македонија“, се вели во најавата. „Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на ...

Со цел да се обезбеди институционален одговор на родово базираното насилство на интернет и да се овозможи подобра заштита на жртвите потребни се измени во правната рамка и зајакнување на меѓусекторската соработка. Ова се дел од заклучоците на Анализата на законодавството за родово-базирано насилство на интернет, изработена како дел од проектот „Сузбивање на сексуалното и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“. Во анализата се наведува ...

Дел од студентите ја блокираа зградата на Универзитетот во Ниш. Пред блокирањето, во 11:52 часот, тие им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад, а потоа ги прочитаа барањата кои му ги предадоа на проректорот Мирослав Лазиќ, пренесува Н1. Една од студентките истакнала дека академската заедница на Ниш треба да се огласи, дека студентите ги киднапираат во автомобили без регистарски таблички, а излегло дека тоа се органите на редот. „Го добив вашето ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
50%
1023
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
35%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.59
55%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
46%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
48%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
25%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
41%
1021
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
37%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
41%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60